Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Бислимовски пред два месеца тврдеше дека струјата нема да поскапи

Бислимовски пред два месеца тврдеше дека струјата нема да поскапи, а сега носи одлука за покачување од 1 јануари, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
На почетокот на октомври, објаснуваат тие, Бислимовски тврдеше дека нема причини за поскапување на струјата и дека таа нема да поскапи.
„Сега два месеца откако тврдеше дека нема да ја покачи цената на струјата, носи одлука за покачување. Бислимовски само ги лажеше граѓаните пред изборите дека струјата нема да ја покачи, за веднаш потоа да одобри покачување. Бислимовски се стави во улога на партиски послушник на Заеви. Бислимовски тврдеше и дека нема да се укине евтината тарифа“, е наведено во писменото соопштение од оваа партија.
„Сè што кажа Бислимовски излажа. Граѓаните од утре ќе ја плаќаат неспособноста на Бислимовски и власта“, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
СДСМ: СДСМ покачува плати и пензии, ВМРО-ДПМНЕ блокира

СДСМ на дело покажува вистинска грижа за сите граѓани. Во време кога државата сè уште се соочува со последиците од глобалната економска криза, СДСМ обезбедува раст на платите и пензиите. Пензиите од овој месец се покачуваат рекордни 8,4 отсто, со што просечната пензија се зголемува над 1.500 денари. Минималната плата од март годинава изнесува 20.175 денари, што е зголемување над 2.000 денари од досегашната минимална плата, која изнесуваше 18.000 денари, се вели во соопштението од СДСМ.
Од партијата наведуваат дека додека СДСМ како одговорна партија го унапредува животниот стандард на граѓаните, покачува плати и пензии, ВМРО-ДПМНЕ блокира и опструира сè што е во интерес на народот. Во времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ минималната плата беше 8.800 денари, а во текстилната кожарската и чевларската индустрија само 6.000 денари.
ВМРО-ДПМНЕ се противеше на раст на минималната плата, нејзини функционери велеа дека ќе колабира македонската економија ако минималната плата се покачи. ВМРО-ДПМНЕ останува против работниците, партија што во изминатите години блокира и сè уште блокира закони во интерес на граѓаните, се вели во соопштението.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Министерството на Груби исплатило пари на туристичката агенција на брат му Ветон Груби

Артан Груби безочно ја излажа јавноста. Тој рече дека министерството што го управува не исплатило средства на компанијата на брат му, а вистината е дека министерот Артан Груби директно плаќал на сметка на „ЕТЦ травел“ на брат му Ветон Груби. Народот вели дека тој што лаже – тој и краде. Ова не е единствена исплата на народни пари на име на „ЕТЦ травел“. И Владата во периодот од 2020/2021 година исплатила над 1 милион денари на туристичката агенција на Груби, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата потсетуваат дека оваа туристичка агенција на Груби беше дел од скандалот со деловниот простор во центарот на градот, кој го купиле за цена од багателни 700 евра за квадрат. И во овој случај, како и во случајот со директната исплата на средства од Груби за Груби, постои основан сомнеж за злоупотреба на позицијата.
Колку повеќе афери и криминали се поврзуваат со Артан Груби, толку тој стана многу понервозен. Затоа Груби со груби лаги сака да се вади, ама уште повеќе се заплеткува. Скандалозниот тендер за надзор на изградбата на автопатите од 22 милиона евра, сомнителната продажба на хотел на Попова Шапка, фирмата за баждарење и уште многу скандали се поврзуваат со Груби. Јавното обвинителство треба што побргу да се позанимава со овие случаи, а доколку ги забошотува, тогаш и самите тие стануваат негови соучесници, се вели во соопштението.
Македонија
Демократскиот сојуз: Стејт департментот алармира за корупција на Владата, а СДСМ го саботира предлог-законот за борба против високата корупција

Стејт департментот на САД во својот најнов извештај за човековите права во Македонија, меѓу другото, предупредува на корупцијата во која се вклучени Владата, судиите, затворските службеници и други функционери што ја злоупотребуваат службената положба, се вели во соопштението од Демократскиот сојуз.
Од партијата наведуваат дека анализата покажува дека во Македонија и натаму се зголемува корупцијата, дека отсуствува ефикасна и неселективна борба против организираниот криминал, пред сè, поради високата партизација и политизација на државните институции задолжени за откривање, гонење и пресудување.
Демократскиот сојуз до Собранието достави предлог-закон за борба против тешките облици на организиран криминал и висока корупција, со кој се предвидува формирање независна агенција за борба против корупцијата. Меѓутоа, според информациите, пратеничката група на СДСМ добила насоки од раководството на партијата прв да се развлекува ставањето на овој закон на дневен ред, а доколку се стави, да го отстранат од дневен ред, со што ќе спречат во парламентот да се отвори расправа.
Демократскиот сојуз ги повикува сите пратеници да го поддржат овој законски проект, со што ќе се отвори војна против криминалот и ќе почне искоренување на високата корупција, која ги кочи евроинтеграцииите и ги разорува државните институции, се вели во соопштението.