Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Бројката на починати од корона надмина 100 лица, а на Заев му се брза на избори

Објавено пред

„Заев и СДСМ ја користат епидемијата на коронавирусот да си делат милионски бизниси, концесии и да прават класичен изборен поткуп на гласачи. Поради нивното неодговорно однесување, во Македонија имавме црн викенд, а само вчера беа регистрирани нови 30 заболени и тројца починати. Со тоа Македонија ја надмина бројката од 100 жртви. Македонија е црн рекордер во регионот по смртност на милион жители и имаме повеќе жртви од Бугарија, Албанија и Грција заедно“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, Македонија е земја во која нема никаква стратегија за решавање на економската криза, која следува по здравствената, па така имаме најмал процент од БДП одвоен за помош на економијата и стопанството.

„Македонија е земја во која повеќе се одвојува за договорни услуги, стоки и услуги и други непродуктивни трансфери отколку што се одвојува за поддршка на здравствениот систем и изградба на капитални инвестиции. Македонија е земја во која буџетската дупка за првите месеци е 200 милиони евра, без притоа да се пресметаат економските последици од кризата. Тоа е нов долг за секое семејство од речиси 420 евра. Ете како неспособната власт на Заев и СДСМ се справуваат со здравствената и економската криза.

Заев и СДСМ и по цена на животи и по цена на економски колапс брзаат да одат на избори, само за да го ублажат поразот. ВМРО-ДПМНЕ ќе ги победи нивните штетните политики кога и да се одржат изборите, но интересот на граѓаните и на државата ни се, пред сè. ВМРО-ДПМНЕ е поинаква од СДСМ. Со СДСМ и Заев, добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија“, се вели во соопштението.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Здравствениот систем и разумот капитулираа пред политиката, на Заев му е поважна кариерата отколку здравјето на граѓаните

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини Владата поради олабавувањето на мерките зашто, како што велат од партијата, бројот на новозаболени од коронавирусот е сè уште голем.

„На 14 април биле дијагностицирани 26 заболени од Ковид-19. На Велигден 37 новозаболени, а само пред два дена беа дијагностицирани 40 инфицирани. Пред еден месец, за Велигден, Заев, Филипче и Владата го прогласија најдолгиот четиридневен карантин, а сега со истите бројки ги укинуваат сите мерки и препорачуваат избори.

Здравствените мерки на Филипче и власта на СДСМ доживуваат фијаско.

Македонија и понатаму е единствената земја во регионот каде што корона-епидемијата, наместо да се намалува, сè уште бележи црни биланси. Во последното деноноќие во Македонија има 16 новозаболени и тројца починати од коронавирусот.

Состојбата е далеку од нормализирана. Филипче, Заев и СДСМ сакаат да организираат брзи избори, само за да го ублажат поразот, иако секој ден наши граѓани се разболуваат и умираат од коронавирусот. Ним им е битно само да ја зачуваат политичката кариера, а не здравјето и животите на граѓаните.

Поради тоа што приоритет им е политиката, а не здравството, Македонија е рекордер во регионот по смртни случаи на милион жители. Поради нивната неодговорност и политиканство, Македонија е во врвот по бројот на заболени на милион жители. Поради тоа што не сакаат јавноста да ја дознае катастрофалната епидемиолошка слика, Македонија е на дното по спроведени тестирања.
Македонија првин мора да ја порази корона-епидемијата, а потоа ќе ја порази епидемијата од неодговорност и неспособност на Зоран Заев и неговата власт.

ВМРО-ДПМНЕ е поинаква од СДСМ. Со СДСМ и Заев, добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија“, се додава во партиското соопштение.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев да каже дали ги прифатил сите барања од бугарската држава за историјата и македонскиот јазик

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ јавно прашува дали е точно дека Заев ги прифатил сите барања од бугарската држава поврзани со историјата и македонскиот јазик.

„ВМРО-ДПМНЕ јавно прашува што договорил Зоран Заев и дали е точно дека ги прифатил сите барања од бугарската држава поврзани со историјата и македонскиот јазик? Од владејачката партија има молк за ова прашање, а отвора простор за сомнеж дека повторно на пазар се ставени македонската историја и македонскиот јазик? Дали дел од пакетот на договорот е фактот што Заев во честитката за Св. Кирил и Методиј ниту еднаш не го спомена зборот македонски јазик“, прашуваат од партијата.

За само неколку месеци, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, ретроградната политика на Заев создаде проблеми со сите соседи на Република Македонија.

„Освен проблемот со Бугарија и кочењето на евро-атлантските интеграции, Заев преку Пендаровски директно се замеша во разговорите помеѓу Белград и Приштина, а последно е што се создаваат и проблеми со западниот сосед. Заев со својата неспособна надворешна политика создаде спорови со сите соседи на Македонија“, пишува во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Коциќ: Со навремени мерки ја ставивме состојбата предизвикана од коронавирусот под контрола

Објавено пред

Со навремени мерки ја ставивме состојбата предизвикана од коронавирусот под контрола, успешно го амортизиравме првиот удар на епидемијата, а капацитетот на здравствениот систем во ниту еден случај не се оптовари, изјави Ненад Коциќ од СДСМ.

„Но, здравствените работници не може сами да се справат со епидемијата. Секој од нас е еднакво важен во битката против коронавирусот. За да ја одржиме епидемијата под контрола и да го заштитиме здравјето, мораме доследно да ги почитуваме мерките за заштита“, рече тој.

Коциќ рече дека СДСМ преку одговорни и стратешки политики ги зајакнал професионалните капацитети на здравствените работници и создал услови здравствените работници својата иднина и кариера да ја гледаат во нашето јавно здравство.

„Владата предводена од СДСМ сериозно вложи во човечкиот капитал во здравството во изминатите две и пол години. Влогот во здравствените работници е влог во нашето јавно здравје. За период од две години, дадени се повеќе од 5.000 согласности за вработувања во јавните здравствени установи, им ги зголеми платите на здравствените работници, даде повеќе од 1.000 согласности за специјализации и супспецијализации. Во периодот од септември 2018 до февруари 2020 четирипати е зголемена платата во здравството, основната плата на лекарот специјалист е зголемена 40 отсто, на медицинските сестри до 23 отсто, на општите лекари 25 отсто, а на другите здравствени соработници 15 отсто“, изјави Коциќ.

Тој потсети и дека вработените во здравството, кои се во првите борбени редови во битката со Ковид-19, ќе добијат награда од 20 отсто од основната плата за два месеца.

„Наградени ќе бидат сите здравствени и нездравствени работници вклучени во работата со пациентите заболени од коронавирусот – доктори, медицински сестри, но и болничари, транспортери, возачите во службата за итна медицинска помош во сите јавни здравствени институции, болниците, институтите, каде што се правеа испитувањата“, рече Коциќ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Кафеаните ќе работат до 22 часот, на маса ќе можат да седат четворица само ако се од исто семејство

Со одлука на Владата од утре може да отпочнат со работа кафетериите и угостителските објекти со посетители во отворените делови...

Македонија3 часа

Продолжува да важи платеното породилно отсуство до завршувањето на времените мерки

Владата донесе Уредба за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба, во која е предвидено отсуството...

Европа3 часа

Меркел: Уште сме на почетокот со пандемијата

Германската канцеларка Ангела Меркел ги оцени како позитивни досегашните постигнувања во борбата против коронавирусот, но како што рече, општеството е сè...

Европа6 часа

Европската комисија предлага 1.850 милијарди евра за заздравување на економиите

Европската комисија предложи инструмент за заздравување на економиите од корона-кризата, вреден 750 милијарди евра, и повеќегодишна финансиска рамка (ВФО) од...

Регион7 часа

Во Хрватска трет ден нема нови случаи, се укинува забраната за свадби

Трет ден по ред во Хрватска не е потврден ниту еден нов случај на коронавирус. Со ова вкупниот број на...

Македонија7 часа

Разрешен поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи

Ријасетот на Исламската верска заедница на денешната седница донел одлука да се разреши Сулејман ефенди Реџепи од позицијата реис-ул-улема, претседател...

Македонија8 часа

Тројца починати и 25 новозаболени од коронавирус

Тројца починати и 25 новозаболени се регистрирани денеска во државата. Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје...

Македонија8 часа

Бектеши: Угостителите ќе работат до 20 часот, на една маса само по четири лица

На една маса во угостителски објект може да седат до четири лица, а угостителите ќе работат до 20 часот, соопшти...

Македонија9 часа

Чулев: Владата да ја усвои уредбата со која е предвидена награда за полицајците

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, ја повика Владата да ја усвои уредбата со која е предвидена награда за полицајците....

Македонија9 часа

Чулев: Пријавите за семејно насилство за април-мај зголемени 44,6 отсто за разлика од лани

Министерството за внатрешни работи регистрира зголемен број поплаки од граѓани за извршено семејно насилство. Техничкиот министер, Наќе Чулев, рече дека...

Македонија11 час

Активистката Моника Ристеска објави дека татко ѝ сакал да ја убие, полицијата го уапси

Активистката Моника Ристеска, која минатата година беше уапсена бидејќи јавно пушеше марихуана, објави на социјалните мрежи дека вчера била натепана...

Свет11 час

ЕК ќе го објави планот за заздравување на економиите од пандемијата

Претседателката на Европската комисија, Урсула вон дер Лаен, денеска попладне ќе го објави долгоочекуваниот план за заздравување на економијата од...

Свет12 часа

Јужна, Централна и Северна Америка се светско жариште на пандемијата на коронавирусот

Јужна, Централна и Северна Америка станаа жариште на пандемијата на коронавирусот, изјави директорката на Панамериканската здравствена организација (ПАХО), Кариса Етиен....

Македонија12 часа

Маските, дезинфекцијата и растојанието од два метра остануваат задолжителни

Граѓаните мора во целост да ги почитуваат мерките и препораките на Министерството за здравство за заштита од коронавирусот покрај олабавувањето...

Економија13 часа

Србија забрани слетување на „Монтенегро ерлајнс“ на аеродромот во Белград

На авионите на црногорската авиокомпанија „Монтенегро ерлајнс“ ќе им биде одземена дозволата за слетување на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, потврдиле...

Македонија13 часа

Од денеска нема полициски час, од утре со работа почнуваат кафулињата

По 66 дена, од денеска се укинува полицискиот час во земјата воведен поради коронавирусот. Владата вчера на седница донесе и...

Забава15 часа

Андреа Бочели: Мојата сопруга, децата и јас оздравевме од коронавирусот и дониравме плазма

Италијанскиот пејач, текстописец и продуцент Андреа Бочели (61) беше заразен со коронавирус, но оздраве, пишуваат локалните медиуми. Музичарот вели дека...

Македонија1 ден

Караџовски: Изминатите 14 дена беше намален бројот на новозаболени затоа препорачавме олеснување

Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје, член на Комисијата за заразни болести ги објасни причините зошто Комисијата се одлучила...

Македонија1 ден

Филипче: Да бидеме одговорни, за да не се вратиме пак на рестриктивните мерки

Министерот за здравство, Венко Филипче по седницата на Владата за олабавување на мерките, рече дека граѓаните мора да ги почитуваат...

Македонија1 ден

Османи: И покрај пропустите, државата добро се справи со коронавирусот

Вицепремиерот Бујар Османи рече дека и покрај тоа што имало одредени пропусти, прекршувања на мерките и одредени критики, државата добро...

Досие