Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Бујар и Ахмети да се договорат дали ја праќале Теута Арифи како предлог за амбасадор или не и на колку места

Објавено пред

Бујар и Ахмети да се договорат дали ја праќале Теута Арифи како предлог за амбасадор или не и на колку места, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„СДСМ и ДУИ продолжуваат да ја бламираат државата, Османи да каже на колку места се обиде да ја направи Теута Арифи амбасадор, па ја вратија. По Вашингтон, Анкара, Теута Арифи не ја сакаат ниту во Брисел. Но, прашањето е што таа толку ги задолжила СДСМ и ДУИ за тие и покрај сите одбивања, упорно да сакаат од неа да направат амбасадор. Можеби Османи сака да го скрие срамот, но го издаде Ахмети, кој рече дека Теута Арифи била во игра за амбасадор. Очигледно никој не им кажал дека во САД, Турција и во ЕУ не сакаат политичари и амбасадори што држеле на платен список неколку стотици лица, без да одат на работа. Ниту, пак, поминуваат политичари што правеа матни дилови како тој со Миодраг Давидовиќ-Дака“, е наведено во соопштението од опозициската партија.

Арифи, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, очигледно може да продолжи да биде функционер само во ДУИ или ако Ковачевски по налог на Ахмети ја именува во Владата како утешна награда.

„Уште пофрапантно е што некои политичари не може да сфатат дека нивното време помина, дека со години го лажат народот, прават матни зделки и им ја уништуваат иднината на поколенијата, кои допрва треба да дојдат. Арифи, заедно со СДСМ и ДУИ, сега е одбиена од Вашингтон, Анкара и од Брисел, а набргу и од македонските граѓани на следните предвремени парламентарни избори“, потенцираат од партијата на Мицкоски.

Соопштенија

СДСМ: За 100 дена од мандатот на Ковачевски – поголеми плати, пензии и инвестиции

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се очајни што нивните градоначлници ништо не работат, што блокадите не им успеваат и што Владата предводена од Ковачевски има видлив резултат за 100 дена, се вели во соопштението од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

Од партијата наведуваат дека за 100 дена од мандатот на Ковачевски, иако е време на најголема светска економска иенергетска криза, има:

1. Највисок раст на минималната на 18.000 денари;
2. Историски најголемо зголемување на пензиите;
3. Историски најголемо покачување на платите во образованието од 15 %;
4. Раст на просечната плата, која достигна 30.000 денари;
5. 400 милиони евра за помош на граѓаните и компаниите;
6. Субвенионирање на цената на струјата, имаме најниска цена во регионот;
7. 26 мерки за заштита на стандардот на граѓаните;
8. Дополнителна финансиска помош од 1.000 денари месечно за пенизонерите;
9. Финансиска помош од 1.000 денари за ранливи граѓани;
10. Интервентен фонд за земјоделците и Национален план за храна;
11. Намалени цени на 230 лека;
12. Енергетска транзиција, нова фотоволтаична електрана „Осломеј“;
13. Нов 400 киловолтен далновод вреден 17,2 милиони евра;
14. Почеток на гасниот терминал „Александрополи“;
15. Успешно справување со кризата, нема недостиг на ништо, нема застој во исплатите.

И додека Владата предводена од СДСМ и Ковачевски сето ова го реализираа за помалку од четири месеци, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ:

1. Блокади;
2. Одбара на криминал;
3. Неспособни градоначлници.

Прикажи повеќе...

Скопје

Улица во Старата скопска чаршија го доби името „Укшин Хоти“

Објавено пред

Во Старата скопска чаршија денеска беше откриена таблата со новото име на улицата Укшин Хоти, која ќе го замени името на улицата Лазар Танев, а меѓу многуте гости беше и лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети.

dobivaj vesti na viber

„Оваа улица се наоѓа во едно од најубавите и најстари места на нашето Скопје и во срцето на Чаир – Старата чаршија“, изјави градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу. Тој потсети дека името на Укшин Хоти ќе го повторат илјадници туристи, кои секојдневно минуваат по оваа улица и доаѓаат од целиот свет.

„’Укшин Хоти’ е само едно од 66-те нови имиња со кои неодамна беа преименувани улиците на општина Чаир, меѓу кои има многу истакнати личности, кои ќе бидат траен белег и потсетување за сите нови генерации. Во оваа пригода сакам неизмерно да им се заблагодарам на сите соработници што помогнаа историскиот Чаир да биде со нови имиња“, рече Ганиу.

На откривањето на плочата со новото име на улицата Укшин Хоти присуствуваа и сестрата на Укшин Хоти, Мирвете Хоти, вицепремиерот Артан Груби, пратеници, претставници на институции, академици и граѓани.

По свеченото промовирање на улицата, во соработка со Општина Чаир, Државната агенција за архива на Косово и Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје, беше отворена изложбата „Направи или умри!“ посветена на животот и делото на Укшин Хоти.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Нека го завршат СДСМ автопатот Кичево – Охрид, па нека кажат и дека е нивен проект

Објавено пред

Нека го завршат СДСМ автопатот Кичево – Охрид, па нека кажат и дека е нивен проект, ако тоа им ја намалува фрустрацијата, но народот тешко дека ќе им верува, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Од опозициската партија оценуваат дека се гледа голема фрустрација во соопштенијата на СДСМ, за која како што наведуваат е пропратена со страв дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ работат со темпо кое владата никако не може да го следи, иако имаат 1.000 пати поголем буџет.

„ВМРО-ДПМНЕ го разбира немирот во СДСМ, па еве доколку тоа им значи да кажат дека нешто е нивен проект, нека го завршат автопатот Кичево – Охрид, може и Клиничката болница во Штип, Клиничкиот центар во Скопје, гасификацијата, нека завршат се што е почнато од ВМРО-ДПМНЕ уште пред пет години, и нека речат дека е нивен проект, само нека не крадат“ е посочено во нивната писмена реакција.

За разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, додаваат од оваа партија, не ги дели ниту граѓаните, ниту проектите.

„Партиите кои се на власт менаџираат народни пари и треба да испорачаат резултат. Тоа што СДСМ нема направено ништо и се е во застој не е вина на ВМРО-ДПМНЕ, а нема ниту како да им помогнеме, зошто ќе трева да не се работи ништо, за да не им се буди немир. Но еве нека стегнат заби, наскоро ќе има предвремени парламентарни избори кои ќе ги изгубат, па тогаш нема да имаат фрустрација и потреба да пишуваат соопштенија за тоа кој чиј проект е, туку ќе треба пред институциите да одговорат колку народни пари имаат украдено, и за тоа да одговараат“, се потенцира во нивното соопштение.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Димитров до Ковачевски: Не е точно дека земјите членки на ЕУ ја оправдуваат уцената на Бугарија со историјата

Никола Димитров ја критикува изјавата на премиерот Ковачевски дека сите земји членки на ЕУ ја оправдувале уцената на Бугарија со...

Европа4 часа

Шолц: Можна е измена на договорот за ЕУ

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека не ја исклучува можноста за измена на договорот за Европската Унија, договорот од...

Македонија5 часа

(Интервју) Александар Николоски: Бројката што ќе излезе на големиот митинг ќе биде доволна порака до власта

Наместо дијалог на маса, ние добивме во најлоша смисла на зборот едно балканско мачовистичко одбивање на нашиот предлог и немаме...

Свет6 часа

Земјите од Г7 одвоија 18,4 милијарди долари за помош на Украина

Седумте најразвиени земји во светот (Г7) издвоија 18,4 милијарди долари за трансфери и заеми за да ѝ помогнат на Украина...

Економија6 часа

Пендаровски: Со исполнување на приоритетите на „Македонија 2030“ ќе создадеме услови за одржлив раст и развој

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на затворањето на 11. издание на самитот „Македонија 2025“, на кое годинава во фокусот...

Македонија9 часа

МНР го поздрави повикот на ЕП за надминување на билатералните прашања надвор од пристапниот процес

Министерството за надворешни работи го поздравува усвојувањето на резолуцијата на Европскиот парламент за Република Северна Македонија на денешната пленарна седница...

Македонија9 часа

Ковачевски: Сопругата е родена во Крива Паланка, во однос на предците јас не можам да коментирам такви детали

Додека бугарскиот весник „Труд“ тврди дека Елена Ковачевска, сопруга на Димитар Ковачевски и нејзините дедо и татко се Бугари, премиерот...

Европа11 час

Полска: Ќе им помогнеме на Шведска и Финска доколку некој ги нападне

Полска ќе им помогне на Шведска и Финска доколку бидат нападнати уште пред да станат членки на НАТО, изјави денеска...

Македонија12 часа

Архиескопот Стефан во Белград: Денешниот чин е лек со кој се залечува раната на телото на црквата

Ѝ благодариме на СПЦ што ја поздрави одлуката на Вселенската патријаршија, рече архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан во...

Регион13 часа

Младиот човек чие тело беше пронајдено во Дунав е Матеј Периш, позната е и причината за смртта

Младиот човек чие тело е пронајдено во Дунав е Матеј Периш. Според српски „Телеграф“, ДНК анализата докажала дека се работи...

Македонија15 часа

Град Скопје со поддршка на 116 проекти oд 13,5 милиони денари за спортот и образованието

Градот Скопје донесе одлука за поддршка на програми, проекти, активности и манифестации во областа на спортот од интерес за Град...

Македонија15 часа

СДСМ: Обезбедивме историски најголемо покачување на платите во образованието

Во време на светска економска и енергетска криза постигнавме договор за зголемување на платите во образованието во висина од 15...

Македонија15 часа

ЕУ ги повика Бугарија и Македонија да најдат решение

Европските претставници од сите групи на ЕУ ги повикаа Бугарија и Северна Македонија да најдат решение за билатералните разлики, објави...

Свет16 часа

ОН: Светот би можел да се соочи со глад што ќе трае со години

Руската инвазија на Украина може да предизвика глобален недостиг на храна во наредните месеци, предупредија Обединетите нации. Генералниот секретар Антонио...

Свет16 часа

(Видео) Буш: Инвазијата на Ирак беше неоправдана… грешка, мислев на инвазијата на Украина

Поранешниот американски претседател Џорџ Буш ја нарече инвазијата на Ирак брутална и неоправдана, а потоа се поправи велејќи дека всушност...

Македонија18 часа

МПЦ и СПЦ на заедничка литургија во Белград

Поглаварот на Српската православна црква Порфириј доцна синоќа го пречека македонскиот – господин господин Стефан и тројца највозрасни митрополити. Тие...

Свет1 ден

Позната листата со барања на Турција, ниедно не е поврзано со Русија

Заканата на Турција да го блокира пристапот на Финска и Шведска во НАТО нема никаква врска со Русија, пренесува „Раша...

Регион1 ден

Генчовска: Нашиот став нема да се промени, не сме на фудбалски натпревар

Ставот на Бугарија за почеток на преговорите меѓу Македонија и ЕУ е јасен и не може да се менува на...

Свет1 ден

Русите објавија дека имаат ново моќно ласерско оружје и дека тоа е веќе во Украина

Русија денеска откри дека користи нова генерација моќно ласерско оружје за палење дронови во Украина. Исто така, објави дека распоредува...

Македонија1 ден

Ковачевски – Макрон: Нема време за губење

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, имаше телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон, кому му ја честита победата на претседателските...