Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ за овие две години стана симбол за неработа, криминал, непотизам и корупција

Објавено пред

Зоран Заев ја предводи најнеспособната Влада во историјата на Република Македонија. Владата на СДСМ за овие две години стана симбол за неработа, криминал, непотизам и корупција, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„Власта потроши 9 милијарди евра буџет, а ништо нема направено со што ќе го подобри животот на граѓаните. Нема никаква позитивна промена во економијата, напротив, сведоци сме на зголемени даноци, акцизи, поголеми трошоци и секојдневни задолжувања.

Во ситуација кога државата ги има најголемите буџети досега, наместо да стануваат побогати, власта ги товари граѓаните со дополнителни давачки и тие сè повеќе осиромашуваат. Како резултат на тоа над 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштијата и едвај врзуваат крај со крај во месецот.

СДСМ со своето расипничко работење и секојдневно задолжување ја надмина психолошката граница од 50 отсто од БДП на јавниот долг на државата и тој достигна над 5 милијарди евра, но никој не знае каде завршуваат овие пари што ќе мора да ги враќаат идните генерации.

Додека власта организира настани со кои се фали дека блеска, реалноста е дека Македонија има најнизок економски раст во Европа од срамни 2,05 отсто, а капиталните инвестиции забележуваат катастрофално ниво на реализација. Власта во првите 4 месеци од 2019 година реализира мизерни 9,83 отсто од капиталните инвестиции што самите ги планирале и ако продолжат со ова темпо, нема да стигнат ни до 30 отсто до крајот на годината.

Уште една потврда дека не блескаат ни говори и тоа што германските стопанственици во Македонија ја оценија со нула работата на Владата во економијата. Германските инвеститори го потврдија фактот дека оваа криминална власт ништо не работи и не е способна да ја води државната економија.

Во овие две години ништо не е сработено, наместо нови болници, тие ги доуништија постојните, нема нови училишта, а студентскиот град остана уште едно лажно ветување. Воедно, нема ниту 600 километри нов автопат ниту, пак, 550 километри магистрални патишта, а не се способни ниту тие што ги изгради ВМРО-ДПМНЕ да ги пуштат во употреба.

Република Македонија со оваа власт само уназадува. Граѓаните повеќе не може да живеат во бедата и мизеријата што ги донесе СДСМ. Потребни се промени и тоа веднаш, СДСМ мора да си замине. Граѓаните и Македонија заслужуваат подобро“, се наведува во партиското соопштение.

Соопштенија

Арсовски: Државата е во политичка криза, Заев е главниот виновник ако не добиеме датум за преговори

Објавено пред

Владеењето на Зоран Заев и она што се случува додека е тој премиер е еден вид на политичка криза, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, запрашан дали опозициската партија ќе чувствува одговорност доколку поради неусвојувањето на законот за Јавно обвинителство, пропадне шансата за датум за преговори со ЕУ во октомври и земјата западне во криза.

„Оваа афера на рекетирање е самa по себе политичка криза позади која што стои Зоран Заев и неговото раководство. Да бидеме реални таму се вклучени луѓе  кои што требаше на еден начин да го расчистат криминалот кој што говореа дека го има во Република Македонија“, рече Арсовски.

Според него, единствен виновник доколку земјата не добие датум за преговори во октомври, ќе биде Зоран Заев затоа што, како што кажа, во моментов тој е на чело на Владата и на партијата од каде што никнува најголемата афера за рекетирање во Република Македонија.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Како власт покажавме дека за нас криминалот не познава партиски бои

Објавено пред

Мицкоски побегна од лидерска средба, но од правдата нема бегање. Тој нема да може да го одбрани криминалот на Никола Груевски, вистинскиот негов шеф, се наведува во соопштение на владејачката СДСМ.

Од оваа партија додаваат дека од кога се на власт покажале оти за нив криминалот не познава партиски бои.

„Новиот предложен текст на Законот за Јавно Обвинителство е уште една потврда за тоа. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го бранат криминалот, а СДСМ бескомпромисно се бори против криминалот и корупцијата“, стои во соопштението.

Во него се додава дека сите случаи кои се пред судовите, за кои СЈО е надлежно согласно закон, ќе ги продолжат и нив ќе ги застапува новото ЈО.

„Одговорност за сите овие предмети ќе има. Нема одбрана на криминалот на Никола Груевски и режимот“, истакнуваат од владејачката партија додавајќи дека секој што го прекршил законот ќе се соочи со правдата.

 

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Аболицираниот Заев е на чело на криминален октопод

Објавено пред

Македонските граѓани се жртва на СДСМ кој своите криминални пипци ги рашири во секоја пора од општествениот живот, велат од ВМРО-ДПМНЕ од каде додаваат дека аболицираниот Зоран Заев е на чело на овој криминален октопод.

„Никој не може да ја убеди јавноста дека човек како Зоран Заев кој е веќе три пати аболициран за тежок криминал не е вмешан во случајот ‘Рекет’. Јавноста не верува дека Зоран Заев не е главата на криминалниот октопод на СДСМ. Одговори мора да има кои високи државни и партиски функционери на СДСМ се вмешани во скандалот со изнудата и рекетот на политичари, бизнисмени и граѓани“, се навадува во партиското соопштение.

Во него се додава и дека мора да има одговор зошто ниту еден обвинител не е осомничен во овој случај и покрај признанието на Вилма Рускоска дека на доказите кои обвинителството ги поседува се слуша гласот на обвинител.

„Дали овој обвинител е Катица Јанева, за која се шпекулира дека веќе ја има напуштено државата? Зошто доколку се работи за Јанева таа не е осомничена и не се наоѓа во притвор?“, прашуваат од опозициската партија и истакнуваат дека обвинителството мора да се ослободи од стегите на власта и да постапува во согласност законите.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион1 час

Мицотакис ја претстави владината програма, на соседите им порача дека соработката ќе го одреди нивниот пат кон ЕУ

Грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис денеска во грчкиот Парламент ја претстави владината програма, во рамки на  тридневната расправа за добивање доверба на...

Топ3 часа

Маж почина во сообраќајка кај Радовиш

Триесет и тригодишен маж од радовишко починал во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на патот Струмица-Радовиш. Тој удрил во патничко...

Македонија3 часа

Заев: Мицотакис е политичар кој размислува за доброто на неговата земја и соседите

Мицотакис е искусен политичар кој секако размислува за доброто на неговата земја и неговите соседи, како и на целиот балкански...

Македонија4 часа

Запленет глисерот на Зоран Кичеец

Запленетиот глисер во Охрид, е во сопственост на второосомничениот во случајот „Рекет“, Зоран Милевски познат како Зоки Кичеец, потврдуваат од...

Македонија4 часа

„Анима мунди“: Познат е сторителот кој свирепо уби куче во Стојаково, бараме најстрога казна

Монструозниот чин на кој сведоци беа жителите на селото Стојаково во Богданци, кога куче беше запалено со бензин е пријавен...

Македонија7 часа

(Видео) Жителите на Аеродром против центар за зависници, бараат тие да се лечат на периферијата

Жители на скопската населба Аеродром излегоа на протест, по иницијативата за преместување на зависниците од центарот во Кисела Вода, во...

Свет7 часа

(Видео) Иран објави снимка од заземањето на британскиот танкер

Иранската револуционерна гарда објави видеоснимки за кои тврдат дека ги покажуваат моментите кога нејзините припадници го заробиле британскиот танкер „Стена...

Свет8 часа

Шест лица починаа поради жешкото време во САД

Најмалку шест лица го загубиле животот поради рекордно високите температури во САД, објави „Гласот на Америка“. Според властите, жртвите се...

Македонија9 часа

Речиси 300 возачи санкционирани во Скопје поради брзо возење и алкохол

Сообраќајната полиција во Скопје, почнувајќи од синоќа, спровела акциски контроли за откривање на возачи кои возат под дејство на алкохол,...

Свет10 часа

(Видео) Нобеловка му зборуваше на Трамп за мртвите родители, а тој ја праша „Каде се тие сега?“

Американскиот претседател, Доналд Трамп, предизвика бурни реакции на социјалните мрежи поради неговите прашања за време на разговорот со добитничката на...

Свет22 часа

Половина век од првото слетување на Месечината

Во Америка со низа манифестации денеска се одбележува 50-годишнината од слетувањето на Месечината на американските астронаути, Нил Армстронг и Баз...

Свет23 часа

Путин: Го симпатизирав Трамп на изборите во 2016, што има тука лошо?

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека го „симпатизирал“ Доналд Трамп како кандидат на претседателските избори во 2016 година, бидејќи Трамп...

Македонија1 ден

Заев го промени телефонскиот број, дел од неговите соработници ќе бидат отпуштени

Премиерот Зоран Заев и неговиот Кабинет воведуваат мерки за зголемување на безбедноста и ефикасноста во спроведувањето на агендата и комуникациите....

Македонија1 ден

За ВМРО е прифатливо припојувањето на СЈО и ЈО, но не се согласуваат со предлогот за Русковска

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски изјави дека спојувањето на СЈО во ЈО во едно обвинителство, на некој начин е практично прифатливо...

Македонија1 ден

Охрид нема да ги враќа ингеренциите, туку проблемот со дивоградбите ќе гo решава заедно со Владата

Општина Охрид соопшти дека досега нема испратено официјално барање до Владата во врска со изземање или отстапување на ингеренции во...

Македонија1 ден

Возило со 34 лица од Авганистан се превртело кај Демир Капија

Товарно возило во кое имало 34 лица од Авганистан, се превртело вчера на патниот правец Демир Капија – Неготино, кај место викано...

Македонија1 ден

Подметната бомба во кафуле во Прилеп за време на „Пивофест“

Во кафе барот „Кафе Ин“ синоќа околу 23.30 часот била подметната бомба. Од Јавното обвинителство соопштија дека во присуство на...

Регион1 ден

Мета: Горд сум на Харадинај и убеден во неговата невиност

Aлбанскиот претседател Илир Мета, по неотповикливата оставка на косовскиот премиер Рамуш Харадинај нагласи дека не постоeел притисок кој може да го скрши,...

Македонија1 ден

Објавен новиот предлог-закон: СЈО и ОЈО за организиран криминал ќе се спојат во ново јавно обвинителство

Министерството за правда подготви нов Предлог-закон за Јавно обвинителство во кој се здружуваат постојните капацитети на СЈО и Основното јавно...

Македонија2 дена

Мицкоски на состанок со Беса: „Ја договоривме заедничката борба против актуелната власт“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со генералниот секретар Игор Јанушев оствари средба со претседателот на Движењето Беса, Биљал Касами,...

Досие