Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ : Власта го урнисува здравството и од него создава алатка за терање бизнис

Објавено пред

СДСМ и Филипче ја потценуваат интелигенцијата на пациентите и медицинскиот персонал, но и сите граѓани кои гледаат дека оваа власт го урнисува здравството и од него создава алатка за терање бизнис, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Венко Филипче.

,,Да потсетиме само на крвавиот тендер за набавка на реагенси вреден 35 милиони евра кој го доби фирма основана непосредно пред распишувањето, сомнителниот бизнис од 14 милиони евра за стерилизација, приватизирањето на службата за брза помош, сомнителните јавни приватни партнерства, набавките на лекови на скопската клиника каде што ќерката набавуваше од веледрогеријата на таткото и на крајот мега скандалот со криминогениот проект изградба на нов Клинички центар за кој нема јасни критериуми, проектна документација и слично, но затоа има 500 милионски кредит во најава.

За неуспесите во здравството на оваа власт доволно говорат епидемијата со морбили, скандалите со вакцините и десетиците смртни случаи кои ја брануваа јавноста, а кои се должеа на недостаток на лекови или несоодветно лекување.Политиките во здравството се насочени или кон приватизација или кон затворање на цели одделенија и здравствени домови ширум државата. Тоа е целосно спротивно на лагите кои ги кажуваа за време на изборите дека ќе овозможат бесплатно и квалитетно јавно здравство.Граѓаните ценат и казната за неодговорното работење и во сферата на здравството ќе ги стаса СДСМ на следните избори”, се вели во реакцијата.

Соопштенија

СДСМ: Македонското здравство реагираше навремено и добро се справи со пандемијата

Објавено пред

Македонското здравство реагираше навремено и добро се справи со пандемијата со коронавирусот, оценува владејачкиот СДСМ преку соопштение.

Оттука велат дека состојбата со епидемијата на коронавирусот е под контрола, а бројот на активни случаи е стабилен.

„Зголемениот број на новодијагностицирани изминатите денови е резултат на олабавување на рестриктивните мерки и поголемото движење на граѓаните. Тоа е очекувано и здравството има капацитет да се справи со ова. Благодарение на навремените мерки успешно го амортизиравме првиот удар на епидемијата. Ја стабилизиравме состојбата и во ниту еден случај не се оптовари капацитетот на здравствениот систем“, велат од СДСМ.

Додаваат дека, сепак, вирусот ќе биде присутен се додека не се стекне имунитет или се пронајде вакцина, па затоа од исклучително значење е граѓаните да се придржуваат до препораките и мерките на Владата, за неопходната физичка дистанца и носење заштитна опрема.

„Да бидеме свесни дека се уште може да се заразиме за што е потребно да ги почитуваме сите мерки за лична заштита. Да живееме со коронавирусот но на начин на којшто ќе бидеме заштитени а со тоа ќе го заштитиме здравјето и на оние околу нас. На тој начин се грижиме за нашето и за колективното здравје, но и директно им помагаме на здравствените работници, кои се во првата борбена линија со коронавирусот“, велат од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е на второто место по вкупниот број на заразени на милион жители во регионот

Објавено пред

Македонија е на второто место и по вкупниот број на заразени на милион жители во регионот, но и по бројот на активни случаи на 1 милион жители, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Опозоциската партија оценува дека Владата доживеала фијаско во справувањето со пандемијата, а статистичките показатели се поразителни.

„Речиси 2 илјади граѓани се заболени од почетокот на кризата, a 113 наши сограѓани ја загубија борбата со вирусот, голем дел на патот кон болницата. Дел од нив немаа шанса навреме да се тестираат. Додека Владата на СДСМ се фали со успесите во справувањето со пандемијата, во последните 5 дена Македонија има најголем број на новозаразени на 1 милион жители. Македонија е на второто место и по вкупниот број на заразени на милион жители во регионот, но и по бројот на активни случаи на 1 милион жители. Македонија е прва со црната статистика со најголем број починати на 1 милион жители во регионот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

Оттука додаваат дека додека македонските граѓани живеат со последиците од неспособноста на власта во справувањето со коронавирусот, Заев агитира за брзи избори, иако тоа го загрозува здравјето на граѓаните.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМР0-ДПМНЕ: Одлуката на Рама шамар за Заев и Спасовски

Објавено пред

Одлуката на Еди Рама за отворање на границите само за дел од граѓаните кои се со албанско потекло е уште еден шамар за владата на Спасовски и Заев, и огромен неуспех за умислениот прв човек на дипломатијата Димитров, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, ова е нов пораз на владата на Заев затоа што одлуката е дискриминаторска и навредлива.

„За само неколку месеци неспособната владата на Заев влезе во нетрпеливост и создава проблеми со сите соседи. Освен договорот со Грција, се случи блокада на интеграциите од Бугарија, Пендаровски доби врел шамар од Белград поради мешањето во внатрешните работи и преговори помеѓу Приштина и Белград, а еве сега нов пораз и од Албанија.Оттука прашуваме некадарната дипломатија на Димитров и неспособната влада на Заев на кој начин реагираа на одлуката на Албанија, превземаа ли нешто или и овој пат ќе си премолчат за овој нов пораз?За неколку месеци неколку порази и отворени прашања со соседите е резултатот на неспособноста на Заев и владата во заминување“, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион18 минути

Црна Гора дозволи свадби, крштевки, публика на стадионите…

За разлика од многу европски првенства, во Црна Гора натпреварите ќе се играат во присуство на публиката, рече премиерот Душан...

Европа30 минути

Германија и Франција повикаа на отворање на границите во Европa

Претседателот на францускиот парламент и неговиот германски колега побараа што поскоро отворање на границите меѓу европските земји, откако тие беа...

Македонија49 минути

Зоолошката градина од денеска е отворена за посети со нов протокол за движење

Од денеска скопската зоолошка градина повторно е отворена за посети, но со нов протокол за движење поради ситуацијата со коронавирусот....

Регион1 час

Брнабиќ ги повика Србите да не летуваат во Црна Гора

Откако Србија не се најде на списокот на земји за кои Црна Гора ќе ги отвори своите граници на 1...

Свет12 часа

Италија бара 60.000 доброволци кои ќе надгледуваат дали се држи физичка дистанца

Италија планира на улиците да испрати околу 60.000 доброволци кои би внимавале на одржување на правилата за физичка дистанца и...

Македонија13 часа

Чулев: Ако се потврди автентичноста на „орото во Чаир“ ќе следат казни

Намалување на бројот на заразени од вирусот Ковид-19 е возможно само доколку граѓаните се дисциплинирани и ги почитуваат мерките за...

Свет14 часа

(Видео) Додека претседателот на Бразил јадеше хот-дог на улица минувачите извикуваа „убиец“

Минувачите во Бразил извикуваа „убиец“ и „ѓубре“ кон бразилскиот претседател Жаир Болсонаро, кој во саботата опкружен со телохранители излезе на...

Европа15 часа

Виена: За првпат во Европа извршена трансплантација на белите дробови на заразен со коронавирус

На Медицинскиот универзитет во Виена деновиве била извршена итна и екстремно комплицирана трансплантација на белите дробови кај 45-годишна пациентка кој...

Свет15 часа

Боливиски министер во притвор – купил респиратори за трипати повисока цена од реалната

Боливискиот министер за здравство Марсел Навахас е задржан во тримесечен притвор поради обвинувањата дека купил респиратори за трипати повисока цела...

Свет16 часа

Во Вухан 6,5 милиони луѓе тестирани за десет дена

Во изминатите десетина дена, 6,5 милиони луѓе се тестирани за присуство на коронавирусот во Вухан, а целта е да се...

Европа16 часа

Психијатарот поради невозвратена љубов ги труел своите колеги со торта

Млад доктор со српско потекло им донел торта на колегите во психијатриска болница во австриски затвор, во која ставил разни...

Македонија20 часа

Двајцата пациенти на кои им беше трансплантиран бубрег се во добра здравствена состојба

Двајцата пациенти на кои во саботата им беше изведена трансплантација на бубрег од починат донор се во добра и стабилна...

Македонија21 час

Потврден 21 нов случај на коронавирус, нема починати пациенти

Во изминатите 24 часа потврден е 21 нов случај на коронавирус, а Министерството за здравство соопшти дека не се регистрирани починати...

Свет22 часа

Психијатар со српско потекло со торта отрул колеги во Австрија

Психијатар вработен во затвор со српско потекло е уапсен недалеку од Виена под сомнение дека на колегите им дал торта...

Регион22 часа

Албанија од 1 јуни ги отвора границите и плажите

Албанскиот премиер, Еди Рама, рече дека на хотелите во таа земја ќе им биде дозволено да ги отворат своите плажи...

Македонија23 часа

Претседателот на Стопанската комора за енергетика: Измамници нечесни, вирусот не е смртоносен

Претседателот на Стопанската комора за енергетика на Македонија, Ѓорѓи Манасков, тврди дека коронавирусот не е смртоносен и дека е обичен...

Македонија23 часа

Филипче: Коронавирусот ниту е мртов ниту е заминат

Фотографиите и прилозите од вчерашното празнување во верските храмови и пред нив се повторно загрижувачки. И покрај апелите на здравствените...

Економија24 часа

Најбогатите луѓе во светот го зголемија богатството за 255 милијарди долари за два месеца

Вкупното богатство на 25-те најбогати луѓе во светот се зголеми за 255 милијарди американски долари за два месеци, пишува „Форбс“....

Регион24 часа

Храповиќ: Црна Гора е прва „корона фри“ држава во Европа

Црногорскиот министер за здравство, Кенан Храповиќ, соопшти дека Црна Гора последна во Европа го регистрира првиот случај на Ковид-19 и...

Свет2 дена

САД ѝ се заканија на Кина поради ситуацијата во Хонгконг

Aмериканскиот советник за национална безбедност Роберт О’Брајан се закани дека Вашингтон ќе воведе санкции за Кина и Хонгконг доколку Пекинг...

Досие