Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Власта е неспособна да ја гарантира безбедноста на граѓаните

Објавено пред

Зоран Заев да не бега од соочување со народот и да излезе на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските. СДСМ ги претвори улиците низ градовите во бојно поле, каде што криминалци се препукуваат, а граѓаните се жртви на убиства и грабежи, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, власта е неспособна да ги гарантира безбедноста и јавниот ред и мир. Во текот на вчерашниот ден на територија на Скопје беше фрлена бомба во објект на Бит-пазар и со автоматски пушки беше ограбена банка на Качанички пат. Штета има, а реакција од МВР нема.

,,Скопје и буквално цела држава се небезбедни. Власта наместо да ги штити граѓаните, се претвори во заштитник на криминалците. Власта не е повеќе во состојба да ја гарантира безбедноста на граѓаните. Граѓаните се исплашени за своите животи и за својот имот. Оливер Спасовски го претвори МВР во главен промотор на криминалот.

Спасовски е заинтересиран само за личната кариера и сомнителните тендери и лиценци.
МВР го распиша огласот за доделување  лиценца за возачки испитни центри, кои ги добија фирми формирани непосредно пред да се распише огласот. Полицијата се искористи за сè само за штитење на граѓаните не. Откако СДСМ е на власт, а Оливер Спасовски министер, имаме вкупно 9 нерасчистени убиства, голем број грабежи, запалени автомобили и други тешки кривични дела.

Државата континуирано тоне. Безбедноста е на најниско можно ниво од осамостојувањето до денес. Нарушената безбедност е една од многуте причини поради кои се потребни итни и неодложни предвремени парламентарни избори заедно со претседателските. Насилството и криминалот не смеат да бидат наше секојдневие. СДСМ мора да си замине. Граѓаните ќе им стават крај на црнилата”, се додава во соопштението.

Соопштенија

СДСМ: Фамилијарните инсталации на ВМРО-ДПМНЕ се спроведуваа во судството 11 години

Објавено пред

Фамилијарните инсталации на ВМРО-ДПМНЕ во судството 11 години се спроведуваа, реагираат од СДСМ на обвинувањата дека вработувањата во СЈО се вршеле според роднински врски.

„ВМРО-ДПМНЕ, партијата симбол на непотизмот и партизацијата на институциите, особено во судството и нема никаков кредибилитет да зборува на оваа тема. Да ја потсетиме ВМРО-ДПМНЕ на дел од бројните случаи на непотизам. Ексминистерот за правда Михајло Маневски, кој и денес е дел од структурите на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со неговата сопруга направија најголема ‘фамилијаризација’ на правосудните институции. Олгица Павловска –судиката во Основниот суд Штип, е прва братучетка на Филимена Маневска, сопругата на Михајло Маневски. Јово Вангеловски, кум на Трајко Вељановски, претседател на Собранието на РСМ , беше избран за претседател на Врховен суд.

Маја Маркова-Котевска, сопругата на Иво Котевски, портпарол на МВР е судија во Основен суд Скопје 2, ќерка на Љубинка Муратовска поранешен член на Врховен суд и актуелен член на антикорупциската комисија и сестра на Серјожа Марков, дежурен адвокат на фамилијата инсталирана во ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во реакцијата.

ВМРО-ДПМНЕ, додаваат од таму, е изворот на срамниот непотизам и партизација.

„Покрај тоа што нема кредибилитет да зборува на темата, во јавноста шири и дезинформации и лаги. Потврда за тоа е наведувањето дека син на Игор Милев, кумашинче на Лиле Стефанова бил вработен во СЈО. Лаги од овој тип веднаш се проверуваат и потврдуваат, Игор Милев нема син. ВМРО-ДПМНЕ останува да биде заробена во матрицата на груевизмот, на лаги, измислици и вештачки креирани случаи“, велат од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Колев: Потребна е реформа на изборниот процес и ограничување на пратеничките привилегии

Објавено пред

Визијата на Граѓанско-демократската унија (ГДУ) за ограничување на моќта на владата и нејзините инструменти е втемелена како двигател на нашето политичко дејствување, рече претседателот на партијата, Петар Колев, на прес-конференција.

„Ние како политичка партија секогаш истакнуваме дека е неопходна промена на политичкиот систем, рационализација на државните органи, нивните надлежности, буџет и одговорност. Првиот чекор за тоа е реформа на целиот изборен процес како на национално така и на локално ниво, проследено со намалување на бројот на пратениците и нивните привилегии“, посочи тој.

Колев истакна дека ГДУ ја поздравува секоја искрена иницијатива која може да придонесе во таквиот процес.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Затуроска: Вработувања во СЈО се вршеле според роднински врски

Објавено пред

Покрај огромните финансиски средства што си ги делеле вработените во СЈО помеѓу себе како додатоци, дневници, награди, фрапантни се податоците што дури сега излегуваат во јавноста, а се поврзани со личниот и партиски непотизам на СДСМ внатре во СЈО, рече денеска пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Затуроска, на прес-конференција.

Како што рече таа, СЈО била институција во која вработувањата се вршеле по три основи: ако сте роднина или близок на некој од обвинителите, ако сте роднина на функционер на СДСМ или добиете партиска препорака и ако сте дете на судија или обвинител кој треба да добие награда за послушност кон СДСМ и СЈО.

„Во изминатите години СЈО вршеше класично партизирање на своите редови со вработување членови на СДСМ, како и внуци, братучеди и други блиски и далечни роднини на самите обвинители, кои беа дел од тимот на Катица Јанева“, изјави пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение таа наведе повеќе примери за кои посочи дека се класични показатели за партизација и непотизам во редовите на СЈО.

„Ефимија и Љупчо Чучурски, први братучеди на обвинителот Гаврил Бубевски.

– Андријана Ристоска, прва братучетка на обвинителката Ленче Ристоска.

– Обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова, си го вработила своето кумашинче, кое случајно е и син на Игор Милев, близок соработник на Зоран Заев и член на ДИК по предлог од СДСМ од Радовиш.

– Елена Јосифовска, чија мајка Елизабета Јосифовска беше обвинител во СЈО.

– Владимир Миладиновски, внук на истата обвинителката Елизабета Јосифовска.

– Петре Бошков, вработен во СЈО, зет за прва братучетка на министерката Рената Дескоска.

– Ѓорге Делиџаков од Гевгелија, внук од сестра на Катица Јанева, вработен како економски приправник.

– Вработена во СЈО е и девојката на Лазар Јанев, син на Катица Јанева.

– Вработен беше и синот на врховната судијка Лидија Неделкова, Давид Неделков.

– Берниса Рахиќ, ќерка на директорот на затворот ‘Скопје, Есад Рахиќ.

– Ќерката на поранешниот директор на МЕПСО, Сашо Василевски, Марија Василевска.

– Синот на обвинителката Мира Ангелеска од Кичево, Стојан Ангелески.

– Ќерката на членот на Советот на јавните обвинители Коле Штериов, Теа Штериова.

– Близок роднина на Ахмед Рушити, судија во Апелација од Гостивар, Вулнет Рушити.

– На платниот список на СЈО е и Катерина Рамбабова, ќерка на кандидат за пратеник на СДСМ и ќерка на поранешен претседател на судот во Штип, Миланчо Рамбабов.

– Синот на судијата Лазар Ризов од Неготино.

– Во низата семејни вработувања е ќерката на Борис Тунџев, директор на Катастарот, Катерина Тунџева.

– Миле Трајковски, советник од редовите на СДСМ во Советот на Општина Крива Паланка.

– Катица Јанева призна исто така дека го вработила членот на СДСМ, Борче (Боки) Трајковски, лице осудено за измама, кое издржало една година затвор.

– Ѓорѓи Камчев, кој активно учествувал во протестите во организација на шарената револуција.

– Пане Нацев од Неготино, кој учествуваше во насилното демолирање и нагрдување државни и културни објекти, е дел од вработениите во СЈО.

– Ангажманот на Мирослав Грчев кој од СЈО е ангажиран да изготви вештачење за случајот Космос.

– Катица Јанева во СЈО си го вработила и шоферот од Основниот cyд во Гевгелија како личен шофер, а неговото име е Вили Јанев, случајно или не.

– Душко Димитреиески како возач во СЈО, сопруг на обвинителката Душица Димитриевска од ОЈО Гостивар, чиј зет за ќерка е Трајче Нешкоски, поранешен генерален секретар на СДММ“.

Со ова Затуроска ја заврши листата и порача дека токму од вакви причини Собранието е должно на македонската јавност да ѝ го обелодени досегашното функционирање на СЈО, кое требало да биде пример за институција имуна на партизација, непотизам и беззаконие.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт7 часа

Македонец станува селектор на светските шампиони САД?

Македонецот Влатко Андоновски, тренерот на НВСЛ тимот Рејн ФЦ е главен кандидат да стане нов тренер на светските шампиони во...

Македонија10 часа

Продолжен притворот на Катица Јанева

Судот ѝ го продолжи притворот на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, која е осомничена во случајот „Рекет“ на Основното јавно...

Македонија10 часа

Со лажна диплома од Приштина работел како професор по математика во Куманово

Педесет и едногодишен маж со фалсификувана диплома од универзитет во Приштина, Косово, се вработил како професор по математика во основно училиште во...

Македонија12 часа

Ексминистерот за правда, Беџети, одбил да ја потпише екстрадицијата за обвинети во „Монструм“

Ексминистерот за правда од ДУИ, Блерим Беџети, одбивал да го потпише барањето за екстрадиција за двајцата обвинети во „Монструм“, Африм...

Македонија14 часа

Случај „Монструм“: во судницата се слушаат разговори во врска со настанот на луѓе блиски до Груевски

Приватни и несуштински разговори беа пуштени во 13 од 25 бомби во судницата за случајот „Монструм“. Во разговорите се слушаат...

Македонија14 часа

(Видео) Филипче: Полицајци ќе патролираат кај најкритичните здравствени објекти

Министерот за здравство, Венко Филипче, го поддржа денешниот протест на здравствените работници против насилството врз нив. Тој рече дека почнале...

Македонија14 часа

(Видео) Лекарите на протестот предупредија: Ако не се спречи насилството, ќе престанеме со работа

Медицинските работници, во организација на Асоцијацијата на специјализантите и младите лекари, денеска излезегоа на протест во Клиничкиот центар по повод...

Топ15 часа

Воз прегази маж кај надвозникот на булеварот Србија

Триесет и едногодишен скопјанец загина кога во него удри воз на железничката пруга, пред надвозникот на булеварот Србија. Според информациите,...

Свет16 часа

Би-би-си: Зошто Саудиска Арабија и Иран се лути ривали?

Саудиска Арабија и Иран се два силни соседа и повеќегодишни ривали во борбата за регионална доминација, а неодамнешните напади врз...

Свет17 часа

Макрон испраќа експерти во Саудиска Арабија да испитаат кој го извршил нападот

Франција ќе испрати експерт во Саудиска Арабија, кој ќе помогне во истрагата за нападот на нафтеното постројување во Саудиска Арабија...

Свет18 часа

САД бараат конфискација на приходите од продажбата на книгата на Сноуден

Министерството за правда на САД соопшти дека поднеле тужба против Едвард Сноуден и бараат конфискација на сите приходи од продажбата...

Свет1 ден

Поради лекарски грешки годишно умираат 2,6 милиони луѓе

Околу 2,6 милиони луѓе годишно умираат од ненамерни грешки во амбулантите и болниците низ светот, се вели во анализата на...

Спорт1 ден

Драма во Љубљана! Македонија ја „собори“ и Словенија, остана во игра за осминафинале!

Откако вчера македонските одбојкари ја забележија историската прва победа на едно Европско првенство, денеска повторно на „крилата“ на Никола Ѓорѓиев,...

Регион1 ден

Кучиња намирисаа 11 килограми хероин во возило кај Драч

Албанец од Косово, Агим Сиљејмани (50), кој веќе неколку години живеел во Швајцарија, е уапсен во албанскиот пристаништен град Драч...

Македонија1 ден

Нов пожар во околината на Прилеп, гори шумата над манастирот во село Селце

Нов голем пожар денеска се појави кај село Селце, во непосредна близина на манастирот „Св.Димитрија“. Со пожарот е зафатена густа...

Македонија1 ден

Иванов: Антикорупциска манипулира, закупот е 1.950, а не 4.500 евра

Експретседателот Ѓорге Иванов реагира откако антикорупциската комисија даде препорака до Владата да се раскине договорот за закуп на неговите деловни...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ предлага анкетна комисија за работењето на СЈО

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска до Собранието поднесе предлог-одлука за основање анкетна комисија за утврдување на евентуалното нестручно, несовесно и...

Македонија1 ден

Апелациониот суд ги потврди доживотните затворски казни за „Диво Насеље“

Апелациониот суд Скопје ги одби жалбите на обвинетите во предметот „Диво Насеље“ и во целост ја потврди првостепената пресуда за...

Македонија1 ден

Антикорупциската комисија ќе побара Иванов да ја пресели канцеларијата од „Џеваир“

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе побара од Службата за општи и заеднички работи при Владата (СОЗР) да...

Македонија2 дена

(Видео) Туск: Северна Македонија направи сè што се очекуваше за влез во ЕУ

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, по денешната средба со премиерот, Зоран Заев, изјави дека Северна Македонија направила сè што...

Досие