Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Власта и нивни блиски си делат зделки и грантови, обвинителството молчи

Објавено пред

Зоран Заев е единствениот премиер во Европа кој е трипати аболициран за криминал. Тоа е човекот кој моделот на работи од типот – „едно евро за Вицето, едно евро за црквата“ од Струмица го преслика на територија на цела држава.Бизнисот тоне, 460 000 граѓани се во сиромаштија, но затоа власта и нивните блиски си делат зделки и грантови, за кои ЈО молчи иако постои сомнение за нерегуларности, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, ЈО молчи и не наоѓа ништо сомнително во фактот што фирма на Кочо Анѓушев, втор човек во владата на Заев,  доби 100 000 евра од Фондот за иновации.
ЈО молчи и за грантот од над 300 000 евра кој го доби снаата на Цветанка Ласкова, советничка на Зоран Заев.

,,ЈО молчи за сите скандали и афери обелоденети од страна на медиумите во изминатиов период, а индицираат на милионски криминал, но затоа врши политички прогон на партиските неистомисленици на Зоран Заев, давајќи му алатка во рацете за политички пазар.
Двојните стандарди на власта, преку кои се врши аболиција само на неа блиски луѓе, не носат помирување, туку раздор и гниење на македонското национално ткиво. На нашето општество не му се потребни нови расцепи. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ поднесе сеопфатен предлог закон за амнестија, кој доколку власта навистина се залага за владеење на правото и сака да создаде национално помирување треба да го поддржи, а не преку парцијални решенија да прави раздор. Беззаконието практикувано од оваа власт мора да запре. Република Македонија не смее да продолжи по патот на хаосот кон кој ја турка СДСМ. Државата мора да излезе на прав пат. СДСМ мора да си замине”, се додава во соопштението.

Соопштенија

СДСМ: Над 26 милиони евра завршија кај 309.000 граѓани кои добија платежни картички

Објавено пред

Владата предводена од СДСМ презеде ефикасни и навремени мерки за полесно справување со економските последици предизвикани од коронавирусот и покажа дека се грижи за секој еден граѓанин, а истовремено креира и развојна економија со цел успешно справување со кризата, соопшти СДСМ.

Само преку мерката „купувам домашно”, 26.8 милиони евра завршија кај 309.000 граѓани со цел да се поттикне приватната потрошувачка и да се зајакне куповната моќ.

„Од нив 16.5 милиони евра се наменети за 113.000 невработени граѓани и граѓани кои се приматели на социјална помош. Преку 5.4 милиони евра за 111.000 вработени граѓани со ниски примања. Над 4 милиони евра за 81.000 млади граѓани, како и преку 900.000 евра за 4.000 здравствени работници.

Паралелно, преку мерката „Дома си е дома” Владата предводена од СДСМ додели ваучери за туризам на 117.000 граѓани во висина од 12 милиони евра, како директна помош за туризмот и угостителството како едни од најпогодените стопански гранки“, се вели во соопштението.

СДСМ како одговорна партија останува посветена на креирање мерки што значат вистинска грижа за сите граѓани, обезбедуваат спас на работните места, како и помош и поддршка на компаниите во најпогодените сектори.Во тек е подготовката на четвртиот пакет антикризни мерки којшто има за цел да обезбеди уште поголема поддршка и на работниците и на компаниите, додаваат од партијата.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев треба да одговара многу повеќе, неговата мафија ја уништи економијата

Објавено пред

„Зоран Заев со казната од 50 евра за сообраќаен прекршок сака да ја залажува јавноста дека во Македонија има правна држава. Додека прават евтин театар јавноста сè уште очекува реакција од институциите за криминалниот бизнис што го направи Заев со контроверзниот бизнисмен Дака Давидовиќ тежок 200 милиони евра. Јавноста чека реакција од институциите и за аферата ‘Леонардо’ и за аферата ‘СВ Инвест’ и за десетици криминали на власта на Заев тешки стотици милиони евра“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, аболицираниот криминалец Заев треба да одговара многу повеќе од 50 евра казна.

„Со своето мафијашко владеење ја направи Македонија најкорумпирана држава во Европа во која мафијата се богати, а народот осиромашува. Ја задолжија државата за нови милијарда евра за само три месеци, период во кој 40.000 луѓе без работа, а економијата отиде во минус 12,7%. Тоа само покажува дека криминалот и корупцијата на мафијата на власта ги јадат економијата и стандардот.
Затоа изборот е или мафијата на Заев или Македонија. Народот ќе ја одбере Македонија“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-Народна: На попис да се утврдат етничките малцинства чиешто вработување би се субвенционирало

Објавено пред

Кога веќе ја цепкаме Македонија по етничка линија сакаме Владата да ја информира јавноста за тоа кои се сопствениците на првите 100 најпрофитабилни фирми во Македонија по национален состав, велат од ВМРО-Народна партија, реагирајќи на предлогот за субвенционирање на работни места по етничка основа.

„Ние сме длабоко уверени дека македонската нација учествува со многу мал процент во првите сто најпрофитабилни фирми, а ако се повтрди тоа ќе бараме со закон да им се овозможи на Македонците да бидат сопственици според процентуална застапеност“, велат од партијата.

Оттука порачуваат дека потребно би било да се направи и попис во кој точно ќе се утврди кои се етничките малцинства во Македонија на кои би се однесувал таквиот предлог и што ако застапеноста на Македонците е падната под 50 проценти.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија51 минута

Царовска на средба со наставниците: Важно е наставата да почне и покрај сите предизвици

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, и заменик-министерот Арафат Шабани со градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, и претседателот...

Регион2 часа

Земјотреси во Албанија и во Грција

Во Албанија утрово е регистриран земјотрес со јчина од 4,3 степени според Рихеривата скала, а земјотрес од 4,1 степен ја...

Топ3 часа

Маж загина по пад од покрив

Педесет и шестгодишен маж од село Злетово почина во болница, откако претходно паднал од покривот на куќата додека го чистел...

Македонија3 часа

Николоски: Заев нема да ме замолчи да зборувам за „Рекет“, денес ме тужеше, а не дојде на суд

Денес најмоќниот човек во државата, премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, ме тужи за клевета, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар...

Македонија3 часа

Фетаи ја ослободи Рангелова во „Насилство во Центар“

По три и пол години судења, обвинителката Фатиме Фетаи го повлече обвинението против експратеничката Даниела Рангелова, но и против Борче...

Македонија4 часа

Судењето за случајот „Меѓународен сојуз“ одложено за во октомври

Судењето за случајот познат во јавноста како „Меѓународен сојуз“ се одложува за во октомври. Како што соопшти кривичниот суд, главната...

Европа4 часа

Грците осудија двајца Руси на по 300 години затвор

Двајца Руси се осудени во Грција на по 300 години затвор за нелегален транспорт на мигранти, изјави потпретседателот на Комитетот...

Македонија5 часа

Комплетиран владиниот кабинет, избрани 16 заменик-министри

На предлог на претседателот на Владата, Зоран Заев, Собранието ги именуваше заменик-министри во Владата. Башким Хасани е избран за заменик...

Европа6 часа

Британската полиција заплени еден тон кокаин вреден 128 милиони долари

Британската полиција заплени речиси еден тон кокаин скриен во гајби со овошје од Јужна Америка и уапси двајца мажи. Вредноста...

Свет6 часа

Фаучи: Нормален живот на крајот на наредната година

Во Италија расте бројот на заразени со Ковид-19, па во последните 24 часа откриени се 1.670 нови случаи на инфекција,...

Свет16 часа

Уапсен германски лекар кој снимил силување на пациентка

Уапсен е болнички лекар од евангелистичката клиника „Бетел“ во Билефелд под сомнение дека им давал седативи на жени што доаѓале...

Македонија17 часа

(Видео) Мицкоски: Бараме да предложиме независен јавен обвинител за борба против мафијата

„Правдата во Македонија е нападната. Селективната правда денеска во Македонија е неправда. Имаме невини луѓе во затвори, луѓе што страдаат...

Свет17 часа

Нов Зеланд укина поголем дел од рестрикциите против пандемијата

Маските за лице повеќе не се задолжителни во поголем дел од Нов Зеланд бидејќи случаите на Ковид-19 продолжуваат да опаѓаат....

Свет20 часа

(Видео) Евакуирана Ајфеловата кула поради закана за бомба

Ајфеловата кула во Париз е евакуирана поради телефонски повик дека е поставена бомба, а целата област околу обележјето е блокирана....

Свет20 часа

Хајко Мас во карантин

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, од денеска е во карантин по утврдувањето дека еден од неговите телохранители има...

Македонија20 часа

Владата даде согласност – во 169 училишта може да има настава со физичко присуство

Владата на својата 5. седница, одржана на 22 септември, го усвои и извештајот за работата на Комисијата за разгледување поднесени...

Македонија21 час

(Видео) Пендаровски: Овој вител на кризи и закани генерира страв, потребна е солидарност меѓу државите

„Чест ми што имам можност првпат да се обратам од името на Република Северна Македонија на овој глобален форум, кој...

Македонија22 часа

Нови 183 заболени и петмина починати од Ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.769 тестирања, а регистрирани се 183 нови случаи на...

Македонија22 часа

Спотовите на ВМРО-ДПМНЕ со ликот на Русковска предизвикале болка и анксиозност кај обвинителката

Изборните спотови со ликот на Вилма Русковска кои се емитуваа по нарачка на ВМРО-ДПМНЕ предизвикале душевна болка и анксиозност кај...

Регион22 часа

Трите коалиции го поддржаа Кривокапиќ за мандатар на новата влада во Црна Гора

Здравко Кривокапиќ ќе биде мандатар за состав на новата влада во Црна Гора, одлучија пратениците на трите коалиции, пренесуваат црногорските...

Досие