Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Власта поради својата неспособност носи на душа 821 починато лице

Објавено пред

„Во борба против коронавирусот власта ништо не презема. Секојдневните драконски бројки на новозаразени од Ковид-19 ја потврдуваат неспособноста на Венко Филипче и власта. Власта ја искачи Македонија на врвот во регионот по новозаразени и починати.За недела дена имаме околу 2.000 заразени, а Филипче тврдеше дека таа бројка на заболени ќе биде во текот на целата криза“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, кога сите држави во светот имаа прекин во бранот на заразата ние бележевме рекорди во заразени.

„Сега сме на почетокот на кризата, допрва следува сезоната на грип и хаосот може да биде уште поголем, а власта ништо не прави за да спречи ескалација.СДСМ нема капацитет, да се справува, затоа што наместо да мисли како да го намали бројот на заразени, Филипче го зголемува семејниот имот.Власта поради својата неспособност носи на душа 821 починато лице.Поради неспособноста на СДСМ 821 семејство остана со помалку од еден член во нивното семејство“, се додава во соопштението.

Соопштенија

ФДМ: Во чие име преговара премиерот

Објавено пред

Форумот за демократска Македонија се приклучува кон критиките и бара извинување пред македонската јвност и објаснувања за анахроните изјави на Премиерот дадени во интервјуто за Бгнес.

„Врз основа на кои историски факти е изјавата за општа историја со Бугарија и лошoто влијание на Југославија во меѓусебното пријателство? Дали Премиерот со оваа изјава ја ревидира нашата најголема историска борба, ги сквернави спомените на нашите предци и го руши асномскиот темел на македонскиот народ и држава? Ние и ден денешен имаме живи жртви и сведоци на злосторствата од ‘бугарската администрација’. Врз основа на кој член од договорот се елиминирани некои од таблите и спомениците кои сведочат за антифашистичката борба и жртвите од “бугарските администратори”кои заслужуваат да бидат прогласени за историско и културно наследство“, се вели во соопштението.

ФДМ прашува врз основа на кој член од уставот би се донел закон за казнување на говор на омраза против странски народи и држави? Дали овој закон е дел од договорот и дали е со реципроцитет?

„Врз основа на кој член од договорот е изјавата дека немаме побарувања за малцинствата и “малцински” претензии. Дали се откажуваме од нив и кој е нивниот статус? Откажувањето од малцинствата е анти ЕУ.Влезот во ЕУ има смисла само ако преку реформи се подобри квалитетот на животот на македонските граѓани, и за таа цел нема потреба да докажуваме дали постоиме или не. Затоа го повикуваме Премиерот отворено и транспарентно, на чист литературен македонски јазик како што е обврзан според закон, да дообјасни со кои историчари се советувал за изјавите дадени во интервјуто, што е договорено со Бугарија и која е цената што треба да се плати за влез во ЕУ.Исто така, му даваме историска шанса во најмала рака да му се извини на сопствениот народ доколку во било кој дел од овој процес увидел дека згрешил и да си поднесе оставка“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Лагите и невистините што ги шири антиевропското ДПМНЕ ги поддржаа едвај 200 приврзаници

Објавено пред

„Секогаш, во сите клучни моменти за европската иднина на државата, Мицкоски излегува во јавноста и се обидува да ги поткопува државните позиции, да ја кочи државата, да шири лаги и да подгрева тензии во јавноста.Хистеријата што Мицкоски ја ширеше во обид да си ја спаси фотелјата во белиот дворец, во обид да се закочи државата, да стави уште една сопка, се издиша како балон“, соопшти СДСМ.

Според партијата, едвај 200 приврзаници на губитникот Мицкоски ги поддржаа лагите и невистините што ги шири антиевропското ДПМНЕ.

„Јавноста синоќа сведочеше на контрадикторно однесување, на навреди и клевети, на повици за насилство, а Мицкоски доживеа да биде исвиркан на протест, што самиот го организираше.Но, едно е јасно, граѓаните покажаа дека сакаат иднина, сакаат развој и напредок, сакаат членство во НАТО и ЕУ.

Граѓаните знаат што е вистина и кој се бори за македонската иднина, кој го заштити македонскиот идентитет, во најтешките преговори во историјата на земјата, кој ја одведе државата во полноправно членство на НАТО, а кој нема чувство за државен и национален интерес, кој ја држеше земјата 11 години во изолација.Затоа Мицкоски доживеа дебакл на својот протест, затоа беше казнет од граѓаните и затоа уште долго ќе остане во опозиција“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија се срами од Заев

Објавено пред

„Премиерот во заминување, Зоран Заев, е човекот од кој Македонија се срами. Неговата политика на свиткана кичма и пазарење со националните интереси е поразена. Осамен е и исплашен, бидејќи му е јасно дека и неговите сопартијци и сите граѓани ја прочитаа неговата погубна политика и се погласно се спротивставуваат“, соопшти ВМРО-ДПНЕ.

Според партијата, „никој во Македонија нема да му дозволи на Заев, за своите лични интереси и задржување на фотељата да тргува со идентитетот, македонскиот јазик и народ, со историјата. Тој го погази достоинството на Македонците и тоа не само на овие што се денес живи, туку и на илјадниците кои ги положиле животите за Македонија“.

„Со кое право ја негира антифашистичката борба, со кое право ја негира македонската борба во илинденскиот период?Затоа одговорот на народот е жесток и затоа стравот на премиерот во заминување, Зоран Заев, е голем.Народот од него бара прво извинување за навредите кон Македонија, кон народот и историјата, а потоа и оставка.Оставка на Заев, слобода за народот.Заев или Македонија“, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија34 минути

Филипче: Охрабрува бројот на оздравени

„Епидемијата го достигна пикот минатата недела, сега бројките се стабилизираат, а Р-факторот на преносливост е 1“, вели министерот за здравство,...

Свет51 минута

Трамп: Испораката на вакцина против коронавирус започнува следната недела

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека испораката на вакцина против коронавирус ќе започне следната недела, пренесува „Ројтерс“. Во разговор со...

Свет2 часа

Истражување: Тестирањето на антитела покажува помал број лица заразени со коронавирус

Тестирањето на антитела во крвта за да се утврди инфекцијата со коронавирус дава помал број во споредба со реалната состојба,...

Свет2 часа

СЗО: Вакцината ќе ни даде контрола над вирусот

Еден од главните експерти на Светската здравствена организација (СЗО), Мајк Рајан, рече дека почетокот на употребата на вакцината против коронавирусот...

Свет2 часа

Болсонаро: Не сакам да се вакцинирам

Бразилскиот претседател, Жаир Болсонаро, изјави дека нема да прими вакцина против коронавирусот. Тој во видеообјава преку социјалните мрежи вели дека...

Спорт3 часа

Погребан Диего Армандо Марадона

Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона, кој почина во средата е погребан во Буенос Аирес. Илјадници навивачи низ улиците на...

Свет3 часа

За еден ден потврдени повеќе од 577.000 нови случаи на Ковид- 19

Повеќе од 577.000 нови случаи на Ковид-19 се потврдени за еден ден во светот, објави Светската здравствена организација (СЗО), со...

Свет3 часа

(Видео) Трамп: Ќе ја напуштам Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе ја напушти Белата куќа доколку Изборниот колеџ ја потврди победата на демократскиот кандидат...

Свет3 часа

Милиони Американци отпатувале на семејни средби за Денот на благодарноста и покрај предупредувањето да не се групираат

Mилиони Американци отпатуваа на семејни средби на Денот на благодарноста и покрај предупредувањата на експертите да не го сторат тоа...

Македонија15 часа

Во Македонија 1.160 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа

Во последните 24 часа потврдени се 1.160 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа, а 1.094 оздравеа, соопшти Министерството за...

Македонија16 часа

Рот: Северна Македонија запиша историја со договорот со Бугарија, тоа сега треба и да се награди

Северна Македонија запиша историја со Договорот за пријателство со Бугарија, но и со решавањето на спорот за името со Грција,...

Македонија17 часа

Захариева: Бугарија ги блокира преговорите за Северна Македонија поради говорот на омраза

Бугарија ќе го блокира почетокот на преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија  сè додека не го напушти говорот...

Европа17 часа

Италија го воведува првиот „ковид-фри“ воздушен мост меѓу Европа и САД

Италија ќе го пушти првиот „ковид-фри“ воздушен мост меѓу Европа и САД за патниците со негативен тест на коронавирус, со...

Регион19 часа

Хрватска воведува строги мерки – се затвораат рестораните, училиштата, фитнес-центрите…

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, ги претстави новите строги мерки за борба против коронавирусот, кои ќе траат најмалку до 21...

Македонија19 часа

На вработените во МВР ќе им бидат исплатени заостанатите бонус плати за 2017 и 2018 година

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска имаше он лајн состанок со претставници на Македонскиот полициски синдикат, предводени од претседателот...

Македонија21 час

Црвенковски: Го замрзнувам членството, изјавите на Заев направија огромна штета

Поранешниот претседател и основач и долгогодишен претседател на СДСМ, Бранкo Црвенковски, во јавно обраќање до раководството и членовите на СДСМ...

Македонија21 час

Заев: Фашистичката окупација била присутна, но не можете за цел народ да кажете дека бил окупатор

Македонскиот јазик и македонскиот идентитет не се на маса за преговори, вели премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарски прашања поврзани...

Македонија22 часа

На Клиниката за уво, нос и грло од денеска ќе се примаат пациенти заразени од коронавирус

Во текот на денешниот ден ќе се отвори и ковид-центарот на Клиниката за уво, нос и грло, каде што ќе...

Македонија1 ден

Ѓоргиев за „Дојче веле“: Историските прашања да не се користат како политичка алатка

Генерално, погрешен е пристапот историските прашања да се користат како политичка алатка, изјави македонскиот историчар Драги Ѓоргиев, претседател на македонскиот...

Топ1 ден

Запленета марихуана во Струшко, приведен дилер од Албанија

Полицијата вчера заплени марихуана во Струшко и приведе дилер од Албанија по претходно добиени оперативни сознанија. Од МВР информираат дека...

Досие