Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Власта сака имотот на АД „Славија“ да им го продаде на лица блиски до Заеви

Објавено пред

Власта сака имотот на АД „Славија“, кој вреди над 20 милиони евра, да им го продаде за 200 илјади евра на лица блиски до Заеви, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Имотот на АД „Славија“, додаваат од оваа партија, чија управна зграда и земјиште под и околу зградата вреди над 10 милиони евра, сака да го продаде за 200.000 евра.

АД „Славија“, покрај управната зграда, има и голем број други објекти на атрактивни локации. Продажбата на АД „Славија“ за 200.000 евра е грабеж на народот. Изговорот на власта дека се работи за продажба на акции не држи вода. Бидејќи целокупниот број акции се продава 200.000 евра, а со поседување на акциите се поседува и целокупниот имот, чија вредност е стопати поголема од сумата по која власта сака да го продаде претпријатието со целиот негов имот“, објаснуваат од партијата на Христијан Мицкоски.

Прашуваат дали зад оваа продажба, според нив, по багателна цена се кријат фирма и лица блиски до Заеви, а која треба да стане сопственик на имотот на АД „Славија“, и дали затоа власта толку жестоко го брани овој криминал?

Македонија

СДСМ: Доаѓа ново време, новата Влада веднаш почнува со работа

Објавено пред

Парламентарното мнозинство синоќа избра нов состав и програма на новата Влада предводена од СДСМ, соопшти владејачката партија.

„ Новата Влада со работа започнува веднаш. Веќе на првата седница, денеска, се очекуваат одлуки за енергетската криза.

Веднаш потоа, решенија за зголемување на пензиите и за поддршка на куповната моќ на граѓаните.

Владата ќе се посвети на ефикасна реализација и стимулирање на домашните јавни капитални и домашните и странски приватни инвестиции“ порачуваат од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија и во 2020 и во 2021 е на дното според странски инвестиции во регионот

Објавено пред

Македонија, поради корупцијата на власта, е закована на дното по прилив на странски инвестиции во однос на земјите од регионот. Албанија, Косово и Србија имаат далеку повеќе инвестиции отколку Владата на заевизмот, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонија во 2020 успеала да привлече речиси 239 милиони евра, Косово повеќе од 341 милион евра, Албанија успеала да привлече приближно 933 милиони евра, а соседна Србија успеала да привлече над три милијарди евра странски директни инвестиции. Ова покажува дека во 2020 година Македонија успеала да привлече само 1,9 % од БДП како странски директни инвестиции, а Косово 4 %, Србија 4,8 % од БДП, Албанија 5,7 % од БДП. Катастрофалната состојба продолжува и во 2021 година. Заклучно со септември 2021 година Македонија има прилив на странски директни инвестиции приближно 285 милиони евра, Косово има речиси 493 милиони евра, Албанија има околу 711 милиони евра, а Србија има над 2,9 милијарди евра прилив странски директи инвестиции“, велат од партијата.

Угледниот британски весник „Фајненшл тајмс“, каде што го мери индексот за успешност на странски директни инвестиции на секоја земја во светот, како што додаваат, сега ја нема рангирано Македонија ни во првите 50 места, а во 2016 беше на високото 3. место.

„Толку од блескавите успеси на заевизмот во економијата. Ова е резултат на криминалот и корупцијата на власта. Странските инвеститори бегаат од Македонија затоа што државата е рангирана на 111. место според ‘Транспаренси’ за борбата против корупцијата затоа што Стејт департментот укажува дека главен проблем за бизнис-климата се корупцијата и неефикасното судство бидејќи германските стопанственици во Македонија ја оценија со голема нула бизнис-климата“, се вели во соопштението.

Криминалот и корупцијата на заевизмот, чиј наследник и поклоник е пионот Ковачевски, ја тоне државата секој ден сѐ подлабоко во жив песок. Со заевизмот и пионот Ковачевски нема напредок. Затоа се потребни итни предвремени парламентарни избори за да се раскрсти со заевизмот, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Движење Беса: Новата власт е нелегитимна, изградена на пазарење со купопродажба на пратеници

Објавено пред

Очекувано, новата влада во претставувањето на програмата докажува дека нема ниту политички капацитет ниту изборен легитимитет да ја води државата, реагираат од Движењето Беса.

„Во време на политички, економски, социјални и образовни предизвици, наместо да понуди решенија за суштински проблеми, новиот премиер ја разоткрива идејата за декриминализација на канабисот и празната политичка реторика која не гарантира сигурна иднина на земјата.Сите забелешки што периодов ги даде Движењето Беса се докажани како точни, затоа најдобро решение за излез од кризата што ја предизвикува ова владата се предвремените парламентарни избори“, додаваат од таму.

Според нив, извртувањето на политичката волја, пазарењето со купопродажбата на пратеничките мандати, како што велат, ја делегитимираа оваа власт затоа сугерираат дека единствен излез од целата оваа состојба се прави само со враќање на мандатот на народот.

„Движењето Беса ќе ги искористи сите демократски механизми за дополнително да го прикаже вистинското лице на ова нелегитимна, недемократска власт која е изградена на интерес на пазарење со купопродажба на пратеници, а не на политички принципи кои треба да ги има една влада“, велат од Беса.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет12 минути

Десетте најбогати луѓе во светот си го удвоија богатството за време на пандемијата, а 160 милиони западнаа во сиромаштија

Богатството на 10-те најбогати луѓе во светот се удвои од почетокот на пандемијата, се наведува во извештајот објавен денеска од...

Македонија49 минути

(Видео) Ковачевски ги презеде функцијата и кабинетот од досегашниот премиер Зоран Заев

Новоизбраниот претседател на Владата Димитар Ковачевски денеска ги презеде функцијата и кабинетот од досегашниот премиер Зоран Заев. Премиерот во заминување...

Свет1 час

Англија ја намали изолацијата на пет дена за позитивните на ковид

Во Англија минималниот период на самоизолација за луѓето кои се позитивни на Ковид-19 е намален на пет дена, јавува Би-би-си....

Регион1 час

Од денеска сите Грци постари од 60 години мора да се вакцинираат или ќе платат казна

Во Грција од денеска стапуваат на сила мерките за изрекување казни за лица над 60 години кои не се вакцинирани...

Свет2 часа

Научниците утврдија зошто некој природно подобро се бори со вирусот

Утврдено е дека една третина од луѓето во Европа може полесно да се борат со инфекцијата со коронавирус. Идентификуван е...

Спорт2 часа

Македонија вечерва ќе игра против Данска

Ракометната репрезентација на Македонија, вечерва, ќе го одигра последниот натпревар на Европското првенство во Унгарија и Словачка. Данска, најголемиот фаворит...

Свет3 часа

Aвстриска министерка со босанско потекло осомничена за плагијат

Познатиот ловец на плагијати Стефан Вебер најде нова жртва во австриската политика – министерката за правда Алма Задиќ, кој тврди...

Свет3 часа

Вонредна состојба во повеќе американски држави – најави за невреме и поплави

Снежна бура донесе снег и мраз во делови од САД и Канада. Откажани се илјадници летови, а електричната енергија е...

Македонија12 часа

Собранието го изгласа новиот состав на Владата

Со 62 гласаа „за“, 46 „против“ и без возджани Собранието го избра новиот состав на Владата. Нов премиер ќе биде...

Македонија17 часа

Петков: Не постои македонско малцинство во Бугарија

Никогаш јас или други членови на бугарската влада немаат разговарано со амбасадата на САД во Бугарија за признавање на т.н....

Македонија17 часа

1.348 нови случаи на Ковид-19 и осуммина починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 6.141 тестови, а регистрирани се 1.348 нови случаи на...

Европа18 часа

Во Австрија од февруари задолжителна вакцинација, парични казни за оние што ќе одбијат

Австрија ќе воведе обврска за вакцинирање против коронавирус за возрасните граѓани на почетокот на февруари, а во исто време се...

Регион22 часа

(Видео) Ѓоковиќ ја напушти Австралија

Новак Ѓоковиќ е депортиран од Австралија. Во придружба на австралиската гранична полиција, тој денеска се качи на летот што требаше...

Топ23 часа

Инцидент на инфективно одделение во Охрид, физички нападната вработена

Едно лице физички нападнало вработена во Инфективното одделение во Охрид, информира полицијата. Имено денеска во 09.19 часот, во СВР Охрид...

Свет23 часа

(Видео) Значителни штети по цунамито во Тонга, САД и Нов Зеланд нудат помош

Цунамито предизвикано од вулканската ерупција во островската држава Тонга предизвика значителна штета во главниот град на архипелагот. Како што изјави...

Топ24 часа

Малолетници затекнати на забава во тетовски клуб, четворица биле под дејство на акохол

26 малолетни лица биле затекнати во угостителски објект во Тетово, кај дел од нив според полицијата бил констатиран алкохол во...

Свет1 ден

Премиерот на Австралија ја поздрави одлуката на судот за Ѓоковиќ : Сега е време за тенис

Премиерот на Австралија Скот Морисон изјави дека одлуката за укинување на визата за српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е донесена од...

Македонија1 ден

Продолжува расправата за избор на нова Влада, пратениците до полноќ треба да гласаат

Собранието на Македонија денеска, со почеток во 12 часот, треба да ја продолжи собраниската седница на која единствената точка на...

Регион1 ден

Судот одлучи, Ѓоковиќ мора да ја напушти Австралија

Сојузниот суд во Австралија донесе пресуда против Новак Ѓоковиќ. Со ваквата судска одлука Ѓоковиќ ќе остане без настап на турнирот...

Македонија2 дена

Регистрирани 1.635 новозаразени со Ковид-19, починати 9 лица

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа биле направени 7.564 тестови,...

Досие