Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Власта само брои заразени и починати и се забавува по кафулиња
Македонија е црна дупка во Европа во однос на справувањето со коронавирусот, велат од ВМРО-ДПМНЕ од каде се повикуваат на информации од Би-би-си, според кои земјава е црн рекордер по смртност.
„И последното деноноќие државата бележи црн биланс, односно над 15% од тестираните се заразени, а четворица се починати. Од почетокот на епидемијата заразени се 18.873 лица, а починале 760. Згора на сè, мафијашите на власт ниту знаат ниту умеат да спроведат мерки кои ваквата состојба ќе ја подобрат или спречат“, стои во партиското соопштение.
Во него се додава дека за власта ваквата катастрофална состојба е само обична статистика.
„Дури и без срам сакаат да ја прикажат ситуацијата како успешно справување со вирусот. Луѓе се разболуваат и умираат, а тие отвораат, си тераат забави во кафулиња, како во случајот од пред некој ден во Кочани. Македонија тоне од ден во ден. Не само поради здравствената криза, туку и поради последиците од неа. Образованието е во хаос, а економијата ни е во слободен пад, народот осиромашува, а мафијата на власт мува не ја лази“, сметаат од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Втора посета во рамките на проектот „Малите алкалоидовци го истражуваат ‘Алкалоид’“
Децата на вработените заедно со своите родители го посетија производството фармација.
Водени од грижата за човечките ресурси и од континуираните заложби за негување и јакнење на врската меѓу компанијата и вработените, со оваа иницијатива децата на вработените во „Алкалоид“ имаа ретка можност да го посетат производствениот објект фармација во Автокоманда и одблиску да се запознаат со производствените процеси и активности на работните места на нивните родители.
Низ организирана прошетка, малите алкалоидовци, преку наративно објаснување со лесен тон на раскажување приспособен на нивната возраст, имаа можност да се запознаат со сите процеси: од почетокот на производството, па сѐ до процесната контрола и пакувањето. Младите истражувачи учествуваа и во практични активности со симулирани контролни тестови и мерења и со мешање течности и бои, наменети да ја разбудат нивната љубопитност. Како и при претходната посета, децата уживаа и во забавниот аспект на настанот, при што се вклучија во групни игри и организирани активности за меѓусебно дружење и зближување, што дополнително го збогати нивното искуство.
Оваа иницијатива продолжува да биде значаен дел од корпоративната култура на „Алкалоид“, воведувајќи ги децата на вработените во светот на науката и технологијата на забавен и едукативен начин. Овие моменти на заедништво ја дополнуваат визијата на „Алкалоид“ за создавање средина во која вредностите на компанијата се живеат и се споделуваат со идните генерации.
ПР текст
Соопштенија
Анѓушев на Машинскиот факултет: Државата да одреди какви кадри ѝ се потребни да се образоваат за да може да се развива
Не може сите млади да бидат ИТ-инженери бидејќи на државата ѝ се потребни и архитекти, и градежници, и металурзи и технолози.
Вака проф. д-р Кочо Анѓушев се брати на дебатата на Машинскиот факултет во Скопје по повод 20 години од Институтот за мехатроника.
„Мора да се земе предвид дека стопанството денес не е истото што беше пред 30 или 40 години. Индустријата има потреба од друг тип на кадри и одговори и затоа и факултетите треба да продуцираат кадри на друг начин и со друг пристап, кој одговара на економијата денес.
Можеби е добро на факултет, уште по првата година, да се прави насочување на студентите во два правци: инженери што сакаат да работат во академија, на факултет, во наука и инженери што сакаат да работат апликативно машинство, односно што сакаат да работат во индустријата.
Така и двете групи подобро ќе се спремат за работните обврски во иднина.
Исто така, потребна е државна интервенција на пропишување колку студенти и каде да се запишат на факултетите, и тоа во согласност со потребите на државата и општеството.
Сега сè помалку има запишани студенти на градежен факултет, на архитектура, металургија, технолошки факултет итн. Не може сите млади луѓе да бидат информатичари, како што е сега мода и посакувана професија, бидејќи тоа не е одржливо затоа што државата, за да функционира, има потреба од стручни кадри во сите сфери. Треба некој да гради и патишта, на пример, а денес не можете да најдете градежни инженери ни да вршат надзор на градбата на патишта.
Една држава не може да постои и да се развива без инженери во индустријата“, рече проф. д-р Кочо Анѓушев, сопственик и извршен директор на групацијата „Феро инвест“, на панелот на Машинскиот факултет, на кој говореа и министерката за образование, Весна Јаневска, ректорката на Унверзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Билјана Ангелова, и директорот на КОСТАЛ, Виктор Мизо.
Соопштенија
Halk EZ со поддршка на првиот академски час на УКИМ
Халкбанк преку платформата за млади – Halk EZ, го поддржа одржувањето на првиот академски час на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ), на кој присуствуваа илјадници бруцоши од сите факултети. Настанот започна со свечена церемонија и заврши со традиционалната вечерна забава на платото на УКИМ.
Студентите на влезот на комплексот факултети на УКИМ овојпат ги пречека и новиот HalkEZ мурал кој беше изработен од страна на уметниците Ана Трајковска и Ивана Самандова. Муралот е инспириран од визуелниот идентитет на платформата за млади на Халкбанк, каде што централно место зазема фонтаната Лотос како симбол на дружење, заедништво и солидарност на многу генерации млади. Со испишаната моќна порака „Успехот почнува на УКИМ“, муралот не само што ги инспирира студентите, туку и ги мотивира да се стремат кон успех во своите студии.
Првиот академски ден на УКИМ заврши со богата музичка програма, која ја одбележа енергијата и креативниот дух на младите студенти. Преку оваа платформа, Халкбанк уште еднаш покажа дека е вистински партнер на младите, поддржувајќи ги не само финансиски, туку и во нивниот личен и професионален развој.
Пакетот Halk EZ (Halk Easy) е креиран за да одговори на секојдневните потреби на студентите, средношколците, младите претприемачи кои водат брз и динамичен живот и ги користат дигиталните технологии. Тој нуди бесплатно мобилно и електронско банкарство, Visa бесконтактна картичка со која може да се повлекува готовина без надомест на сите банкомати во земјата и во странство, платежна сметка без трошоци за водење, и иновативни услуги како GarminPay, SmartSend, SmartCash.