Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ ги осудува изјавите на грчката академска фела

Објавено пред

Македонската нација не е производ на антагонизам, ниту на комунистите. Македонската нација е производ на македонскиот народ, кој живее на овие простори со векови. ВМРО-ДПМНЕ ги осудува навредите искажани од професорот Сафетас, кој е дел од грчката комисија, која благодарение на аболицираниот Зоран Заев ќе ја прекројува македонската историја и учебниците, сооопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, Македонија нема територијални претензии кон Грција, ниту некогаш ги имала.

,,СДСМ и Зоран Заев треба веднаш да реагираат и да ги осудат ваквите ставови кои доаѓаат од грчката академска фела, а се креатори на јавното мислење во Грција. Доколку владата навистина се залага за добрососедски односи и заемно почитување, треба да се избори и за почит на Република Македонија и нејзината историја, традиција, култура и археологија.

Срамно и недозволиво е што СДСМ со неговото антидржавно делување ја донесе државата до дереџе да биде негирана и понижувана. СДСМ противправно и против волјата на народот го смени името на државата и дозволи национална катастрофа. Последиците кои СДСМ ги предизвика врз државата се огромни. СДСМ мора да си замине. Понижувањата не смеат да продолжат. Потребни се итни и неодложни предвремени парламентарни избори заедно со претседателските избори. Народот ќе му каже НЕ на СДСМ, се додава во соопштението.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо велосипедски патеки, скопјани со Шилегов добија урбан бетон и диви паркиралишта

Објавено пред

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје изразува загриженост и револт поради хроничната неработа на Шилегов и урбаниот и сообраќајниот хаос поради што се загрозува безбедноста на велосипедистите и пешаците. Наместо велосипедски патеки, скопјани со Шилегов добија урбан бетон и диви паркиралишта, порачаа од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

„Додека секаде низ Европа велосипедистите уживаат привилегии, само во град Скопје, под управа на Шилегов, тие се загрозена категорија учесници во сообраќајот. Две години Шилегов потроши на планирање и правење стратегија, а велосипедски патеки има сè помалку, а урбан бетон сè повеќе.

Сè што вети крадоначалникот Шилегов не исполни за велосипедистите.

– Пред изборите вети и не изгради нов велосипедски и пешачки надвозник кај „Алкалоид“ во Гази Баба.
– Вети и не исполни велосипедска патека на улицата Орце Николов.
– Шилегов вети и не исполни нова велосипедска патека кај реката Лепенец и реката Вардар во делот на Ѓорче Петров.
– Шилегов вети и не исполни велосипедски и пешачки мост во Аеродром.
– Шилегов вети и не исполни нов железнички надвозник за велосипедисти и пешаци во Даме Груев.
– Шилегов вети и не исполни изградба на велосипедски рути од Кисела Вода кон Карпош и Ѓорче Петров, од една страна, и од Бутел низ Чаир до Центар.

Наместо да мавта со документи и планови, Шилегов треба да си ги засука ракавите и да почне да работи. 2 години крадоначалник Шилегов, 2 години лаги, криминал, неработа“, велат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: За 2 години, обезбедени се 5 нови лекови, а буџетот за ретки болести е зголемен

Објавено пред

Привршуваат подготовките на мерката преку која веќе од 1 октомври граѓаните ќе ги добиваат потребните лекови во кој било ден од месецот. Со укинувањето на квотите за лекови на рецепт, конечно, го решаваме деценискиот проблем со недостигот на лекови во интерес на нашите граѓани лековите да се препишуваат порационално, контролата е поголема, нема повеќе паника, метеж и чекање во редици пред аптеките, соопшти СДСМ.

„Воведени се три нови инсулини и набавени дополнителни 10 инсулински пумпи. Дијабетичарите сега имаат обезбедени лекови со сертификат за квалитет, укинат е паралелниот увоз и тие ја имаат најквалитетната терапија. Се грижиме и за лицата заболени од ретки болести, вложуваме во нови лекови за ретки болести.

За 2 години, обезбедени се 5 нови лекови, а буџетот за ретки болести е зголемен. За споредба, во 2016 година буџетот за оваа намена изнесувал 203 милиони денари, оваа година тој е 380 милиони денари, а со ребалансот на буџетот обезбедивме дополнителни 193 милиони денари.

Денес, никој не чека лек ниту, пак, некој е надвор од регистарот.

Ова се само дел од мерките што ја докажуваат грижата за граѓаните и пациенитие. СДСМ како одговорна партија останува посветена на заложбата за унапредување на здравствениот систем и обезбедување квалитетна и ефикасна здравствена заштита за сите граѓаните“, се вели во партиското соопштение.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Арсовски: Ангеловска по нарачка на Заев ќе потпише ново задолжување од 61,7 милион евра

Објавено пред

Новата министерка за финансии, Нина Ангеловска, во вторник ќе потпише ново задолжување по нарачка на Зоран Заев, овој пат во висина од најмалку 61,7 милион евра, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Со тоа, додаде тој, Нина Ангеловска ќе ја преземе улогата на спроведувач на погубните економски политики на Заев, со кои државата забрзано се задолжува, а притоа нема никаков ефект врз стандардот на граѓаните, нема ефект врз економијата и стопанството, кои сè повеќе од ден на ден пропаѓаат.

„Оваа нова аукција на државни хартии од вредност во износ од најмалку 61,7 милион евра доаѓа во време кога реализацијата на капиталните инвестиции изнесува рекордно ниски 24,5 отсто заклучно со јули кога износот на странски директни инвестиции за 6 месеци е мизерни 48,7 милиони евра, кога бројот на вработени во индустријата драстично опаѓа и кога над 500 илјади граѓани живеат на прагот на сиромаштијата, кога германските стопанственици нè оценуваат со нула. За што се трошат овие пари со кои секој месец Владата на Зоран Заев нè задолжува“, прашува Арсовски.

Тој рече дека јавниот долг надминал пет милијарди евра и дека драматично соборува рекорди, односно ја руши границата од над 50 отсто од БДП, а Владата не престанува да ги задолжува идните генерации без јасна стратегија и без јасен план што потоа.

„Парите од буџетот гледаме дека се трошат на партиски вработувања, на сомнителни и коруптивни јавни набавки, на лубриканти, цвеќиња, службени возила или мебел. Друг ефект од задолжувањето нема и не гледаме. Министерката Ангеловска и Заев треба да сфатат дека народните пари не се купони за попуст со кој може да купат еднодневен социјален мир или начин како да се искупат за криминалот во кој од ден на ден оваа Влада сè повеќе и повеќе навлегува“, рече Арсовски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Нов пожар во околината на Прилеп, гори шумата над манастирот во село Селце

Нов голем пожар денеска се појави кај село Селце, во непосредна близина на манастирот „Св.Димитрија“. Со пожарот е зафатена густа...

Македонија3 часа

Иванов: Антикорупциска манипулира, закупот е 1.950, а не 4.500 евра

Експретседателот Ѓорге Иванов реагира откако антикорупциската комисија даде препорака до Владата да се раскине договорот за закуп на неговите деловни...

Македонија4 часа

ВМРО-ДПМНЕ предлага анкетна комисија за работењето на СЈО

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска до Собранието поднесе предлог-одлука за основање анкетна комисија за утврдување на евентуалното нестручно, несовесно и...

Македонија5 часа

Апелациониот суд ги потврди доживотните затворски казни за „Диво Насеље“

Апелациониот суд Скопје ги одби жалбите на обвинетите во предметот „Диво Насеље“ и во целост ја потврди првостепената пресуда за...

Македонија5 часа

Антикорупциската комисија ќе побара Иванов да ја пресели канцеларијата од „Џеваир“

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе побара од Службата за општи и заеднички работи при Владата (СОЗР) да...

Македонија5 часа

(Видео) Туск: Северна Македонија направи сè што се очекуваше за влез во ЕУ

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, по денешната средба со премиерот, Зоран Заев, изјави дека Северна Македонија направила сè што...

Македонија6 часа

(Видео) Заев: „Рекет“ е силен тест за судството

„Рекет“ е силен тест за судството и успехот во правосудните реформи. Со решавање на овој случај и законот за Јавното...

Македонија8 часа

„02 Иницијативата“: Ништо не е реализирано од програмата за намалување на загадувањето за 2019 година

Од програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 со два милиона евра нема ништо реализирано, а објавена e само една...

Свет9 часа

Путин, Ердоган и Рохани: Да се формира одбор за изработка на нов Устав во Сирија

Лидерите на Турција, Русија и на Иран, Реџеп Таип Ердоган, Владимир Путин и Хасан Рохани, се согласија на состанокот во...

Свет9 часа

Трамп: Иран стои зад нападот на Саудиска Арабија, но ќе почекаме да се докаже

Треба да се почека додека со сигурност не се дознае извршителот на нападот на Саудиска Арабија, изјави американскиот претседател Доналд...

Свет9 часа

Хамнеи: Никогаш нема да преговараме со САД

Иран никогаш нема да преговара со САД, политиката на Вашингтон заснована на максимален притисок ќе пропадне, изјави врховниот ирански верски...

Македонија10 часа

Пратеници формираа иницијатива за една изборна единица

Во Собранието на Северна Македонија се формира иницијатива за една изборна единица, во која се вклучија 12 пратеници од 10...

Македонија10 часа

Почнува внатрешното уредување на собите во студентскиот дом „Гоце Делчев“

Државниот студентски центар преку Министерството за образование и наука почнува со внатрешното  уредување на собите во В и Г-блоковите во...

Свет21 час

Путин ѝ понуди оружје на Саудиска Арабија

Рускиот претседател Владимир Путин во Анкара ѝ понуди на Саудиска Арабија да ѝ продаде свое оружје, по нападите на нафтените...

Свет22 часа

(Видео) Еруптира најактивниот вулкан во Јапонија, исфрли пепел до 4.000 метри висина

Еруптира еден од најактивните вулкани во Јапонија, Сакуријам, и над кратерот исфрла облак од пепел на најмалку 1.000 метри висина,...

Македонија24 часа

(Видео) Активисти за заштита на животните упаднаа на собир на Шилегов и Марин

Активисти за заштита на животните упаднаа на собир во скопската населба Аеродром каде што средба со граѓаните имаа градоначалниците на...

Македонија1 ден

Укинат притворот на Стевчо Јакимовски

Судот му го укина куќниот притвор на поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, и му определи мерки на претпазливот....

Македонија1 ден

(Видео) Фатиме Фетаи се враќа во скопското Обвинителство, Лиле Стефанова во Радовиш

Советот на јавните обвинители на денешната седница им го прекина мандатот во СЈО на десетте помошници на поранешната специјална обвинителка,...

Македонија1 ден

Колевски: Јанева повеќе не е ниту гевгелиски обвинител

Поранешната шефица на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, повеќе не е ниту гевгелиски обвинител. Советот на јавните обвинители го стави...

Свет1 ден

Две семејства настрадаа во пожар во зграда во Сибир

Осум лица, меѓу кои и четири деца, загинаа во пожар во станбена зграда во сибирскиот град Краснојарск, соопшти руското Министерство...

Досие