Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ ги повика сите партии да ги поддржат предлог-измените на Законот за средното образование

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите парламентарни партии да ги поддржат предлог-измените на Законот за средното образование што ги достави до Собранието.
„Матурантите изминатата година се соочија со големи проблеми, како неодржување настава и скратени часови во времетраење од 30 минути, сето тоа доведе до помал број часови на настава и поголеми тешкотии на учениците за совладување на материјата. Со цел да им се помогне тие да продолжат со своето образование без дополнителни стресови, ние сметаме дека нивните барања да полагаат два предмета матура се оправдани. Обединетото Кралство, Ирска, Франција и Белгија веќе го применија овој модел за намалување на бројот на предмети што матурантите ќе ги полагаат“, велат од партијата.
Од таму велат дека е време да се стават теснопартиските интереси настрана и да се поддржат измените во Законот за средното образование.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Заев преку Мијалков покажа дека постои мафија во државата

Во која земја бегалец од правдата откако ќе биде вратен, завршува со домашен притвор и низа други екстра поволности, реагира преку соопштение, опозициската ВМРО-ДПМНЕ за случајот со Сашо Мијалков.
„Циркусот кој што го приреди власта на Заев во содејство со правосудните органи под негова контрола, покажа уште еднаш дека во Македонија не владее правна држава, туку мафијата и криминалот. Бегството на Мијалков и неговото враќање е само една обична театарска претстава која не поминува веќе ни кај членовите на СДСМ“, велат од оваа партија.
Според нив, целиот договор, заедно со анексите е разобличен од јавноста и сите знаат, како што велат дека се работи за евтин пазар со правдата, нешто кое што Заев, според нив во континуитет го прави.
„Резултатите од таквиот договор се наѕираат и јавноста ги претпоставува. Затоа е нервозата кај власта толку голема. Затоа се хаотични во своите постапки, па час распишуваат потерници, час се жалат на системот, час глумат одлучност, час симнуваат телесна температура, час зборуваат за координирани акции. Вистината е дека реакцијата на јавноста и други фактори влијаеа да се пишманат и да се предоговараат“, велат од опозициската партија.
„Зоран Заев покажа дека е врвот на коруптивната и мафијашката пирамида во Македонија, а неговата единствена улога е да координира меѓу криминалните релации“, се додава во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Соопштенија
СДСМ: Mицкоски да се врати во основно, само 39 пратеници застанаа зад него, а тој вели имал мнозинство

Мнозинство во Собранието е 61 пратеник, а не 39 колку што се потпишаа за поддршката на губтиникот Мицкоски, велат во соопштение од СДСМ и додаваат дека парламентарното мнозинство е стабилно и тоа може само дополнително да расте.
„Бројот на пратеници на Мицкоски во Собранието варира од 39, колку што се потпишаа зад неговата поддршка, и 53 пратеници од целата опозиција во парламентот, кои гласаа за интерпелација на вицепремиерот Никола Димитров. Тоа е далеку од парламентарно мнозинство и со вакви математики Мицкоски треба да се врати во основно образование и да престане да шири лаги во кои не веруваат ниту во неговата партија“, нагласуваат од владејачката партија, од каде што му порачуваат на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да сфати дека 100 пати повторена лага не може да стане вистина.
Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Менувањето имиња на улици се прави по насилен пат

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ за Град Скопје со реакција за одлуката на градоначалникот Петре Шилегов за менување на имињата на улиците.
„Менувањето на имињата на улици се прави на насилен пат, без квалитетна јавна дебата и со многу политика. Од ветениот зиплајн, луна-парк, нови булевари, подземни сообраќајници, тунел под кале, Шилегов спадна главен проект да му се имиња на улици како Социјалистичка зора наместо Христо Батанџиев, 4 јули наместо Борис Сарафов, Бихакќа наместо Павел Шатев, Иво Лола Рибар наместо Теодосиј Гологанов“, реагираат од опозициската партија.
Од ВМРО-ДПМНЕ објаснуваат дека нивната партија бараше повлекување на предлозите за имиња на улици и нивна разработка со сите надлежни фактори и вклучување на општествени авторитети, градски јавни личности, и институтот за историја при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
„Шилегов овој предлог го одби. Предлозите за менување на имињата на улици сега чекаат одобрение од владата чиј идеен творец е. Апелираме истите да не се прифатат и да се прифати општествена јавна расправа“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер