Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Голем број на домашни компании се на прагот на затворање поради лошите политики на Владата

Објавено пред

Додека двоецот Заев и Анѓушев се шетаат по регионални бизнис форуми и се појавуваат на домашни бизнис собири каде ветуваат решавање на сите проблеми на бизнис сектори, сведоци сме дека голем број на домашни компании се на прагот на затворање поради лошите политики на Владата. Заев и Анѓушев ветуваат незапаметена помош за домашните компании преку сет на мерки и инструменти што на крајот видовме дека биле креирани за да блиски луѓе до нив ги земаат парите, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев ветуваше во 2016 на парламентарните избори и 2017 на локалните избори дека ќе ги реши проблемите со „Југохром“ и дека вработените во „Југохором“ ќе се вратат на работа во 2018 година. Да не заборавиме каков е економскиот ефект од работењето на „Југохром“ за регионот. Денес гледаме во изјава на премиерот дека тоа нема да се случи и дека ќе барал други инвеститори за комбинатот што само ги потврдува неговите лаги и неостварени ветувања. Да не заборавиме дека Вицепремиерот Анѓушев ветуваше решавање на проблемите на „Еурокомпозит“ од Прилеп што исто така се покажа дека е уште една манипулација.

Во периодот на владеење на Заев и СДСМ нема инвестиции на домашните компании, нема нови работни места во приватниот сектор, нема странски инвестиции во ТИРЗ низ земјата кои тој и Анѓушев ги најавуваа со влезот на земјата во НАТО, нема капитални инвестиции кои ќе ги подобрат условите на бизнис секторот и граѓаните. Оваа владата на СДСМ предводена од Зоран Заев е способна само да лаже, да манипулира и да се шета низ бизнис форуми ветувајќи дека само што во земјата не започнал економски бум. Единствено нешто што испорача оваа Влада се повисоки даноци за бизнис секторот и креативните млади претприемачи во земјата, правна несигурност и непредвидливост на законската регулатива што на крај резултира во нарушување на конкурентноста и забавување на економската активност во земјата. Најдобар аргумент за тоа е фактот што додека сите земји во регионот остваруваат рекорди стапки на економски раст, Заев и Анѓушев се фала со 0% стапка на раст.

Не можете повеќе да ги лажете и манипулирате граѓаните и бизнис секторот затоа што веќе видоа и се уверија дека сте неспособни да ги решавате економските проблеми во земјата и затоа мора што поскоро да си заминете за да може економијата повторно да почне да расте и развива“ порача опозициската партија.

Соопштенија

Директорот на „Проаква“ ги демантира обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

По обвинувањата на охридскиот огранок на ВМРО-ДПМНЕ упатени директно кон директорот на МЈП „Проаква“, Владимир Алексијоски, за тоа како троши државни пари, се огласи Алексијоски со тврдење дека изнесени се лаги и неаргументирани информации. преку кои, како што вели, лично е нападнат неговиот кредибилитет и угледот на МЈП „Проаква”.

Тој смета дека треба јавно да ги образложи и демантира изнесените невистини, со цел, како што наведува, јавноста и граѓаните на Охрид да бидат точно информирани.

„На функцијата ВД Директор на ова претпријатие стапив на ден 17.11.2017 година со одлука на покојниот Градоначалник,Проф.д-р Јован Стојаноски што значи дека за периодот 2017, 2018 и првите три месеци од 2019 година немам потрошено 1 милион денари. Сумата од 320.000 денари за 2017 година од вкупната сума од 1 милион воопшто не е моја, ниту е направена во мојот период во споменатата година. Во 2018 година, согласно извештајот кој според Законот за Јавни претпријатија сме должни да го објавиме на официјалната страна на претпријатието, а истиот е одобрен од страна на Надзорен и Управен орган и од страна на Советите на општините Охрид и Струга, МЈП „Проаква”, РЕ Водовод-Охрид како фирма, а не јас како поединец има трошоци за репрезентација во износ од 453.081 денари од кои 234.940денари се репрезентативни ручеци, 134.693денари се набавки за бифе и 83.448денари се за спортски игри Комуналијада. Во првите три месеци во 2019 година во кои по повод празникот „Богојавление-Водици” и манифeстацијата „Денот на рибарите”, а согласно одлуката на УО, Водовод Охрид беше домаќин на сите деловни соработници на овапретпријатие. На оваа средба учество зедоа 72 претставници од земјава и странство и за истата имаме потрошено 125.082 денари за репрезентативни ручеци и 50.241 денар за набавки за бифе или вкупно за 2018 и првото тромесечие од 2019 година имаме потрошено околу 600.000 денари. Оваа сума е речиси половина од сумата која ВМРО-ДПМНЕ ја изнесува во јавноста и за која потенцираат дека јас лично сум ја потрошил.

Што се однесува до поскапувањето на цената на водата сакам да Ве известам дека на 19.11.2017 година, односно само два дена по стапувањето на функцијата, од страна на Регулаторната Комисија добив решение по кое бевме задолжени да постапиме. Тоа решение е произлезено согласно пресметките кои беа правени во периодот од 2016 до 2017 година, кои се влезени во Бизнис Планот, кој уредно е потпишан од страна на претходниот градоначалник кој ја водеше Локалната самоуправа во периодот од 2013 до 2017 година, согласно задолжението според Законот за одредување на цената на водните услуги и истото важи за период од три години (2018-2020). Ние како и сите останати Јавни комунални претпријатија на ниво на целата држава, бевме задолжени да ги спроведеме тие одлуки најдоцна до месец мај-2018 година но кога и да беа спроведени, одлуката ќе важеше од 01.01.2018 година. Само неколку претпријатија во државата заедно со општинските совети постапија од 01.01.2018 година. Во таа група на општини и претпријатија, бевме и ние, а останатите тоа го направија најдоцна до месец мај истата година, бидејќи во спротивно следеа ригорозни казни и кривични пријави. Бидејќи ние бевме во гупата на првите претпријатија кои уредно постапија по ова решение, корекцијата за оваа година почна да се спроведува во сметките кои се издадени за месец мај.

Во оваа јавна реакција би сакал да објаснам и за тоа какви резултати има постигнато „аздисаниот” директор, како што ме нарекуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Кога стапив на оваа раководна функција, затекнав речиси 4 неиспалтени плати во РЕ Водовод Охрид, 10 неисплатени плати за РЕ Водовод и канализација Струга и 9 неисплатени плати за РЕ Колектор. Воедно и неможност за користење на здравствени услуги и прегледи за 5 години и 6 месеци. Во само една година и три месеци во МЈП Проаква како целина, исплатата на личниот доход на вработените за тековен месец се врши најдоцна до 5-ти во месецот, заедно со редовно подмирување на сите придонеси по основ на плата, што не било пракса со децении наназад. Во само една година од моето назначување на функцијата, загубата на РЕ Водовод Охрид која за 2017 година беше 36.235.000денари се сведе на загуба од само 3.660.000 денари.Истата беше намалена за цели 32.575.000денари,а на ниво на цела МЈП Проаква од загуба за 2017 година од 58.717.000, 2018 година ја заврши со добивка од 15.570.000денари или во позитивно салдо 74.287.000 денари. Овде би ги споменал и исплатените 10 милиони денари, правосилни судски пресуди кои воопшто не беа прокнижени во книговодствената евиденција, а за што следат кривични одговорности и за кои од моја страна преку Надзорниот и Управниот Одбор е побарано да се спроведе истрага од соодветни институции.Овие резултати не се постигнуваат со „аздисано”, туку со посветено, домаќинско и одговорно работење, а трошењето на народните пари е во согласност со интересите на сите граѓани.

На крај од оваа јавна реакција сакам да потенцирам дека со сета моја одговорност, стојам на располагање за сите овие изнесени податоци и во секое време сум подготвен да образложам детали за работењето на претпријатието со кое раководам“ додаде Алексијоски.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ:Додека фекалиите завршуваат во Охридско Езеро на Алексијоски му се поважни кафаните

Објавено пред

Откако СДСМ е на власт во Охрид, ниту животот дојде, ниту Охрид тргна напред. Скандалите на функционерите од СДСМ никако да запрат кога е во прашање трошењето народни пари.
Владимир Алексијоски, директорот на МЈП „Проаква“ – Р.Е. „Водовод“ треба да чувствува одговорност каде и како ги троши парите на граѓаните, соопшти охридскиот огранок на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ Охрид го охрабрува Алексијоски да излезе и да им објасни на охриѓани колку потрошил за угостителски услуги во 2017, 2018 и првите три месеци од 2019?

,,Кога претпријатието има милиони денари загуба, тој прави милиони денари расходи на работи кои не се неопходни.Додека недомаќински се трошат парите, поскапувањето на водата никако да престане. Веќе втор месец охриѓани добиваат повисоки сметки за вода и од веќе претходно покачените. Милионите потрошени за непотребни работи и лични интереси требаше да бидат за ветените проекти кои ќе значат поквалитетна и поздрава вода за пиење.

Со измена на развојната програма за изградба на системи за водоснабдување на предлог на градоначалникот Константин Георгиески се кратат 4.400.000 денари, меѓу останатите минус средства за преприклучување на водоводна мрежа за Абас Емин и водоводни линии во Лескоец.
Додека фекалиите завршуваат во Охридското Езеро и дел од пумпите не работат на Алексијоски му се поважни кафаните. Градоначалникот Георгиески да побара одговорност и да го разреши аздисаниот директор Алексијоски. Сведоци сме дека градоначалникот Георгиески и Јавните претпријатија личните интереси ги ставаат пред интересите на граѓаните и се расфрлаат со пари за работи кои воопшто и не се потребни.СДСМ работи недомаќински и против интересите на граѓаните. Со СДСМ Охрид и охриѓани се враќаат назад”, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ГДУ: Потребно е кратење на администрацијата и на министерствата

Објавено пред

Моделот „Лика” и „40-те советници” има тенденција да биде бетониран во нашиот политички систем.Утре, претседателот на Владата Зоран Заев, треба да го достави до Собранието предлогот за реконструкција на Владата и притоа да ги соопшти деталите околу имињата на новите министри и ресорите со кои тие ќе раководат.Предлогот треба да биде усвоен на собраниска седница во наредната седмица. Ние од ГДУ не се сомневаме дека предлогот на Заев ќе биде усвоен во парламентот, но имаме огромни сомневања за тоа дали „Моделот Хазби Лика“ ќе остане во минатото, соопшти Граѓанско Демократска Унија-ГДУ.

Според партијата, најверојатно Лика нема да биде министер, но според нив проблемот е системски.

,,Системот со својата тромавост и органска неподносливост на реформи не може да биде сменет на подобро со промената на неколку имиња на клучни позиции, кои од директори ќе станат министри или пак обратно.Потребна е структурна реформа со пирамидално кратење на администрацијата од врвот па надолу, намалување на бројот на министрите (голем дел од сегашните се именувани само за да се задоволат коалиционите апетити на помалите партии), намалување на бројот на советници, намалување на бројот на целата таа државна машина, којашто се задвижува од луѓе кои дури не сметаат дека е важно да се појават на работа, каков што е случајот и самиот Лика. Наместо кратење, Владата на Заев ќе се збогати со уште едно министерство.После тоа, како да му веруваме на Заев дека со нешто е поразличен од неговите претходници?!

Мира Дизел е новата Силвана Бонева, Амди си е истиот шмекер, Крсто и неговата дружина стојат достоинствено до вратата за преговори со ЕУ и чекаат знак за да ја „отворат“. Директорите директоруваат со надеж дека ќе станат министри, а министрите не се оптеретуваат премногу, бидејќи и да ги фати „метлата“ ќе им се најде некое директорско или заменик директорско место. Нели затоа се воведе и оваа мерка со замениците директори, операција за мир во куќа. Сè е исто само Груевски замина за Будимпешта и понекогаш нè потсетува за своето постоење во азил со статусите на Фејсбук. Сè е исто и ќе остане така сè додека власта не се охрабри да ги направи првите и најважни чекори: кратење на администрацијата почнувајки од министрите и министерствата во владата, намалување на бројот на пратеници и промена на изборниот модел. Само така ќе ја ограничиме можноста од појава на нови министри кои не одат на работа и од нови пратеници кои одат на работа само за да ги полнат своите џебови со пари од патни трошоци. Само така ќе тргнеме барем за милиметар напред и ќе направиме промена, бидејќи истата е потребна”, соопшти ГДУ.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион57 минути

Топлотен бран и се заканува на Европа со температури над 40 степени

Европејците следната недела ги очекува топлотен бран со температури кои ќе достигнат над 40 степени, кои се невообичаени за јуни,...

Македонија6 часа

Нови министри во Владата се Димковски, Нуредини, Исмаили и Милевски

Премиерот Зоран Заев, денеска од Валандово, го соопшти предлогот со имињата за нови министри како дел од реконструкцијата на Владата...

Македонија6 часа

(Видео) За 24 часа регистрирани два случаи на незаконско исфрлање медицински отпад

Инспекторатот на град Скопје и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, по дојава од граѓани, на 20.06.2019 и 21.06.2019 извршија вонреден...

Македонија6 часа

Заев ќе биде и министер за финансии и премиер

Премиерот Зоран Заев го соопшти предлогот на новите имиња на министри, што ќе го достави до Собранието во текот на...

Македонија6 часа

(Видео) Учесниците на Парадата на гордоста ќе бидат безбедни, гарантира МВР

Организаторите на првата парада на гордоста која треба да се случи идниот викенд во Скопје, заедно со портпаролот на МВР,...

Свет8 часа

Ким Џонг-ун доби „одлично“ писмо од Трамп

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, доби лично писмо од американскиот претседател Доналд Трамп, објавија државните медиуми. Ким го пофалил...

Регион8 часа

Повторни избори за градоначалник во Истанбул

Граѓаните на Истанбул денеска повторно избираат градоначалник, откако беа поништени претходните изборни резултати, од изборите на 31 март. На претходните...

Свет9 часа

САД изведоа хакерски напади врз одбранбениот систем на Иран

САД изминатата недела извеле компјутерски напади на иранскиот систем за лансирање ракети и на шпионската мрежа, по што Техеран го...

Топ9 часа

Кривична против 18-годишник поради дистрибуција на детска порнографија

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Б.М.(18) од село Русиново, беровско, поради постоење основи на сомнение...

Свет23 часа

(Видео) Трамп му се закани на Иран со уништување ако дојде до војна

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не сака војна, но го предупреди Иран дека ако дојде до војна ќе се...

Топ1 ден

Свирепо убиство на уличен продавач на девизи во Струмица, убиецот зад решетки

Министерството за внатрешни работи во координација со јавното обвинителство информира дека го расчистиле случајот со пронајденото тело во метално буре...

Македонија1 ден

Дипломатскиот кор на филџан кафе и чај во Скопската чаршија

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, заедно со заменик – градоначалникот на град Скопје, Енвер Малиќи,...

Свет1 ден

(Видео) Се урна авион на Хаваи, загинаа сите патници

Девет лица загинаа во авионска несреќа што се случи ноќеска на Хаваи. Како што јавуваат медиумитe, мал двомоторен авион од...

Топ1 ден

Воз прегази мигрант кај Демир Капија

Мигрант загина на пругата кај Демир Капија откако го прегазил воз. Како што информира МВР, синоќа во 22,50 часот било...

Топ1 ден

МВР со детали за сообраќајката на обиколница во која загина и полицаец

МВР соопшти детали околу сообраќајната несреќа која се случи вчера околу 16,30 часот на обиколницата ,,Мајка Тереза“, кај клучка Приштина...

Македонија1 ден

На Богородица и Табановце се чека по половина час

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен....

Економија1 ден

Над 70 министри за финансии и гувернери на состанок во Скопје

Преку седумдесет министри за финансии, гувернери на централни банки, високи претставници на министерства за финансии и централни банки, високи претставници...

Економија1 ден

Хрватска ќе увезува градежни работници, лекари и сестри од Бангладеш

Хрватска е подготвена да увезе работници од Бангладеш, објави хрватската амбасада во Хаг по средбата на амбасадорот на Бангадеш со...

Спорт1 ден

Кинезите тргнаа по Перишиќ, на Интер му нудат 25 милиони евра!

Хрватскиот фудбалски репрезентативец, член на Интер, Иван Перишиќ доби понуда кариерата да ја продолжи во Кина, јавуваат италијанските медиуми. Кинески...

Македонија2 дена

Еден загинат и повредени полицајци откако камион удрил во патрола на скопската обиколница

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево на скопската обиколница, во која едно лице го загуби животот, а три се повредени....

Досие