Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ го осудува малтретирањето на новинарската екипа на „ТВ 21“

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ најостро гИ осудува нападот и малтретирањето на новинарската екипа на „ТВ 21“. Насилното внесување на новинарската екипа во општинската зграда е мафијашки обид за грабнување, кој покажува колку криминалците се чувствуваат моќно и колкава заштита имаат во власта, соопшти партијата.

„Заканите за бришење на снимките се закани врз слободата на говорот и обид да се замолкне секоја критика врз ненародната власт. Нападот врз екипата на ‘ТВ 21’ е одраз на недемократскиот амбиент во Македонија во кој медиумите се под постојан притисок од власта или структури блиски до власта. Денешниот молк на министерот Оливер Спасовски и Министерството за внатрешни работи е доказ дека централната и локалната власт стојат зад насилниците”, се вели во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ инсистира власта веднаш да ги обелодени виновниците за скандалот и тие да бидат изведени пред лицето на правдата. Јавноста треба да знае кои се партиските моќници што се обиделе да бришат новинарски снимки. „Кому му пречи објавување на критиките на жителите на Арачиново за неостварените ветувања на Зоран Заев на претходните избори? Кому му пречи да се слушне гласот на обичниот граѓанин од Арачиново дека бил излажан и за ветената канализација, и за водоводот и за целосната локална инфраструктура? Тоа што Зоран Заев и Стево Пендаровски цел ден не спомнуваат ниту збор за инцидентот покажува дека заштитата на локалните насилници за нив е поважна од заштитата на демократијата и правото на слобода на говор“, се додава во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува медиумите да не подлегнуваат на политичките притисоци од страна на власта или насилници што уживаат институционална поддршка.

Соопштенија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го уништи земјоделството, а денеска субвенциите се исплаќаат редовно, неселективно и навремено

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ 11 години го уништуваше земјоделството во земјава, а земјоделците беа мета на притисоци, закани, уцени заради остварување на личните бизнис интереси на раководството на тогашната власт, порача СДСМ.

„Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека аграрните реформи кои ги спроведува Владата предводена од СДСМ се реални и земјоделците конечно имаат придобивки од својот труд, а не зијан како во времето на ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ може само да гледа и да учи што значи вистинска грижа за земјоделците и земјоделството. Официјалните податоци ја докажуваат успешноста на земјоделските политики на СДСМ.

Денес, субвенциите се исплаќаат редовно, неселективно и навремено тогаш кога им се најпотребни на земјоделците. Бележиме пораст на откупните цени на голем број земјоделски производи. Имаме раст на цената кај лубеницата од 89,1 отсто, а споредено со 2015 година, за 116 отсто. Откупната цена на белото грозје во 2016 година била 30 денари за килограм, а оваа година 50 денари, значи раст од 67 отсто.

Кај сливите, откупната цена е зголемена за 18,8 отсто или за 23 отсто споредено со јули 2016 година.

Раст на откупните цени се забележува и кај зеленчукиот и тоа кај краставицата бележи пораст за 145,8 отсто, а споредено со 2013 година за 240 отсто.

За 85,5 отсто е зголемена откупната цена на доматот или за 143 отсто споредено со јули 2015 година,а за 31 отсто расте откупната цена на пиперката и оризот за 8,7 отсто.

Оваа година пченицата се откупува за 10,4 денари, за разлика од 2016 година кога била 8,48 денари за килограм, што е пораст од 23 отсто.

Денес, немаме интервентни мерки како што имаше во времето на ВМРО-ДПМНЕ ,затоа што денес се следи реалната состојбата во земјоделството.

Владата предводена од СДСМ посветува големо внимание на земјоделството бидејќи тоа е еден од носечките столбови на македонската економија, затоа се става посебен акцент на развојните мерки и проекти, но и нови инвестиции кои ќе придонесат кон забрзан раст на оваа стратешка економска гранка“ се вели во партиското соопштение.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМО-ДПМНЕ:Замешаноста на Заев во случајот „Рекет“ е се поочигледна

Објавено пред

Замешаноста на Заев во случајот „Рекет“ е се поочигледна.Системот во Република Македонија е нападнат од силна криминална ерозија до тој степен што не функционира. Во државата имаме згазени закони, згазено обвинителство кое што наместо да гони, го штити и прикрива криминалот. Имаме безброј конкретни примери каде владата и премиерот се ставени во функција да заштитуваат криминал, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, сомнежите дека Заев го штити овој криминал, се:Катица Јанева не е во притвор, а истата може да избега, може да влијае на сведоците и може како прв човек на СЈО да го повтори делото. Сведоци сме дека истото ова обвинителство барало притвор и за несразмерно помали случаи кои ги воделе. Се разбира Катица Јанева е само продолжена рака на главниот во овој октопод.

,,Зоран Заев е свесен дека „Меѓународниот сојуз“ на еден од обвинетите важи на извесен начин за чедо на СДСМ. Во тие структури се луѓе од оваа партија, а сомневањата се дека тоа е параванот и за многу други случаи на криминал, уцени, изнуда и рекет.
Заев во моментите кога ќе го притисне оваа афера со евидентни докази, е во состојба да се откаже од сите, само да се спаси себе си. Сега е јасно зошто Заев инсистира на катастрофалниот предлог за реформите за обвинителство. Тој сака ова компромитирано СЈО да го преслика во новиот обвинителен сектор. Да добиеме ново СЈО но со зголемени овластувања за зголемени злоупотреби.

Народот и ВМРО-ДПМНЕ ќе победат убедливо, зошто таква победа е неопходна, за да Македонија ја обновиме од овој криминален ураган на власта. Одговорност, мора да има. Заев е на колена, а оваа влада веќе нема кредибилитет бидејќи тоне во корупција. Неговиот пад и заминувањето на оваа влада не е избор на Заев, туку одлука на народот.Октоподот е во слободен пад, доаѓа обнова на Македонија”, додава партијата.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Нови четири градинки со капацитет да згрижат 552 деца

Објавено пред

Вложувањето во развојот на децата во предучилишна возраст е вложување во нашата иднина. Затоа, СДСМ како одговорна партија продолжува со реализација на мерките кои обезбедуваат поквалитетно предучилишно образование, соопшти СДСМ.

Според партијата, се потпишаа првите четири договори за општините Кочани, Неготино, Кисела Вода и Кавадарци кои добија грант за изградба на нови градинки во кои ќе се згрижуваат вкупно 552 деца.Вкупниот износ е над 3,5 милиони евра и обезбеден од Светска банка.

,,Покрај овие 4 договори, во периодот кој следува, договори за грантови за нови градинки ќе потпишат уште 13 општини.Со тоа се исполнува зацртаната цел, опфатот на деца во градинките за четири години да се зголеми за 50%.

Во периодот од мај 2017 до мај годинава Владата предводена од СДСМ преку Министерството за труд и социјална политика изгради и опреми вкупно 31 објект од кои 24 се градинки, а 7 Центри за ран детски развој.Дополнително во тек е изградба и опремување на уште 12 објекти од кои 8 се градинки и четири центри за ран детски развој.Тоа се вкупно 43 градинки низ целата територијата на државата.

Освен во изградба на нови објекти, се зајакнува кадарот во градинките, им се враќа достоинството на воспитувачите, се зголемуваат платите и се подобруваат условите за работа.Денес, стручниот кадар или над 3.100 вработени имаат повисока плата за 16 % што е околу 3.000 денари во нето износ по вработен.Развојот и унапредување на системот на детска заштита за СДСМ останува врвен приоритет, се додава во сопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија16 минути

Продолжува гаснењето на пожарот над скопските села

Пожарот кој вчера изби над скопските села Буковиќ, Раовиќ и Ласкарци, синоќа беше делумно ставен под контрола, а за денеска...

Свет23 минути

„Сандеј Тајмс“ објави таен владин документ за ризиците од брегзит без договор

Ако нема договор за брегзит со ЕУ, Велика Британија ќе се соочи со недостиг од гориво, храна и лекови, објави...

Свет39 минути

Работници во Пенсилванија добиле понуда или да присустуваат на митинг на Трамп или да не земат плата

На вработени во нафтено-хемиски комплекс во Пенсилванија им било кажано дека ако не присуствуваат на говор на американскиот претседател Доналд...

Свет1 час

Во бомбашки напад на свадба во Кабул убиени над 60 луѓе, меѓу нив и деца

Најмалку 63 луѓе се убиени а над 180 се ранети во бомбашки напад на свадбена веселба во Кабул, пренесуваат светските...

Свет13 часа

Ново убиство на метро станица во Германија, маж и жена избодени до смрт

Маж и жена се избодени до смрт на преполна метро станица во германскиот град Изерлон, соопшти полицијата, наведувајќи дека се...

Свет14 часа

Салвини попушти, ќе ги прими малолетните мигранти

Италијанскиот министер за внатрешни работи, Матео Салвини потклекна под политичкиот притисок, и од меѓународната заедница, но и од внатрешно-политичкиот, околу...

Регион14 часа

Бугарија на второ место во НАТО според буџет за одбрана

Бугарија е на второто место во НАТО според буџетот за одбрана во однос на бруто домашниот производ и веднаш зад...

Регион15 часа

Српски полицајци го спасија животот на 9-годишно дете на автопатот Ниш-Белград

Двајца сообраќајни полицајци од Србија станаа вистински херои во медиумите и на социјалните мрежи, откако успеаа да го спасат животот...

Свет17 часа

Јункер итно пренесен на операција

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер го прекинал одморот и ќе биде итно опериран, соопшти ЕК. Според информациите, Јункер...

Свет18 часа

Незадоволен гостин уби келнер во ресторан во Париз

Келнер во француски ресторан бил убиен од страна на гостин, бидејќи предолго чекал сендвич, пренесуваат фарнцуски медиуми. Инцидентот се случил...

Регион22 часа

(Видео) Авион слета на автопатот Загреб – Риека откако му откажал моторот

На автопатот Загреб-Риека помеѓу Врбоско и Равна Гора, помал спортски авион слета на патот. Граѓани кои се возеле во автопатот...

Топ23 часа

Гори планината над Буковиќ

Пожар избувна изутринава на тешко пристапен терен над селото Буковиќ, во близина на Сарај. Како што дознава ,,Макфакс”, пожарот избувнал...

Свет23 часа

„Не сме на продажба“ – му порача Гренланд на Трамп

Владата на Гренланд соопшти дека нејзината територија не е на продажба, по извештаите дека претседателот на САД Доналд Трамп бара...

Свет1 ден

(Видео) Осум лица загинаа, а десет се повредени во пожар во хотел во Одеса

Осум лица загинаа, а десетина се повредени во пожар кој рано утрово изби во хотел во украинскиот град Одеса, соопшти...

Свет1 ден

Трамп планира да им продаде борбени авиони на Тајван за осум милијарди долари

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го информираше Конгресот дека планира да му продаде борбени авиони Ф-16 на Тајван, во...

Култура1 ден

Почина актерот Питер Фонда, ѕвездата на филмот „Голи во седло“

Актерот Питер Фонда почина на 79-годишна возраст на својот имот во Лос Анџелес. Тој боледуваше од рак на белите дробови....

Македонија1 ден

Ленче Ристоскa: Со панични движења подлабоко се тоне во живиот песок

„Интересен феномен. Со продолжено или панично движење подлабоко се тоне во живиот песок“, напиша на Фејсбук обвинителката Ленче Ристоска, без...

Економија1 ден

„Алибаба“ прва на листата на 100 најдобри кинески интернет-компании

Кинескиот гигант за електронска трговија „Алибаба“ е прв на листата на 100 најдобри кинески интернет-компании. Веднаш зад „Алибаба“ се наоѓаат...

Македонија2 дена

Пациент со западнонилска треска хоспитализиран на Инфективна клиника

Пациент заразен со западнонилска треска е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Од Центарот за јавно здравје соопштија...

Топ2 дена

Расветлено и второто убиство кај браната Турија – го застрелал, го ставил во резервоар за гориво и го фрлил во водата

Полицијата соопшти детали за убиството на струмичанецот кој се водеше за исчезнат, а неговото тело потоа беше пронајдено во водите...

Досие