Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалникот на Гази Баба да почне со изградба на градинката во Стајковци

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ го повика градоначалникот на Општина Гази Баба, Борче Георгиевски, веднаш да отпочне со изградбата на градинката во Стајковци.

„Како што и самиот Борче Георгиевски изјави, советот на Општина Гази Баба во коешто мнозинство има коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со ребалансот на буџетот обезбеди средства за овој проект, кој е ветен и за кој е отпочната целокупната процедура уште во периодот кога локалната власт ја предводеше ВМРО-ДПМНЕ“, рече Тони Симоновски.

Тој додаде дека опозицијата бара од Георгиевски да ги тргне на страна неговите партиски и бизнис интереси и без одлагање да започне со изградба на градинката, која досега требаше да биде изградена и во неа да бидат сместени 120 дечиња.

Соопштенија

СДСМ: Платите во здравството продолжуваат да растат

Објавено пред

Владата предводена од СДСМ го рехабилитира здравството урнисано од ВМРО-ДПМНЕ, се набавува медицинска опрема, растат платите на лекарите и медицинскиот персонал, реагира СДСМ на обвинувањата од Ленче Нелоска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Владата предводена од СДСМ со огромна сериозност и одговорност го почна процесот на рехабилитација на здравството коешто се наоѓаше во катастрофална состојба поради погубните и криминални политики на ВМРО ДПМНЕ. Во изминатиот период интензивно се инвестира во осовременување на медицинската опрема, набавени се и 12 нови возила за итната помош, а направен е и одржлив план за изградба на нов клинички центар“, се наведува во реакцијата.

СДСМ додава дека за да се обезбедат достојни услови за работа, за да се зголеми мотивацијата и ефикасноста, над 19 илјади вработени во здравствените установи добија покачување на платите за 5 отсто со исплата на септемвриската плата, а беа зголемен и надоместокот за прекувремена работа, дежурство и ноќен труд,.

„Платите во здравството ќе продолжат да растат. Со предлог-буџетот за 2019 година, докторите специјалисти добиваат зголемување на платите за 10 отсто, почнувајќи веќе од јануари 2019 година, а останатиот медицински персонал добива повисоки плати за 5 отсто“, најави Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Со ваквите мерки, како што уверува СДСМ, се постигнува плата повисока од 90 илјади денари за специјалистите, со тенденција до крајот на наредната година таа да биде 100 илјади денари, онака како што беше ветено пред граѓаните, а со цел вистински да се вреднува трудот на докторите и тиe да останат да работат во јавното здравство.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Буџетот обезбедува економски развој и повеќе пари за граѓаните

Објавено пред

СДСМ преку соопштение реагира на обвинувањата изнесени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, дека со новиот буџет, паралелно со кој ќе биде воведен и прогресивниот данок, директно се осиромашуваат граѓаните.

„За разлика од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, кога парите на граѓаните се трошеа на барок, споменици, луксуз и криминални тендери преку кои се богатеа поединци, денес парите од буџетот се враќаат директно кај граѓаните. Со предлог-буџетот за 2019 година, изготвен од Владата предводена од СДСМ, се обезбедува социјална еднаквост, економски развој и повеќе пари кај граѓаните“, се вели во соопштението.

СДСМ додава дека со реформата на системот за социјална заштита се воведува минимален загарантиран приход, примателите на социјална помош ќе добиваат и до 300 отсто зголемена поддршка, а над 60 000 деца ќе добиваат детски и образовен додаток, со што ќе се воспостави систем што трајно ќе извлекува од сиромаштија.

„Платите ќе растат во сите сектори, со што сериозно ќе се зголеми расположливиот доход во домаќинствата, што позитивно ќе влијае врз зголемување на потрошувачката. Продолжува и зголемената поддршка од државата кон претпријатијата што ќе обезбеди раст на платите во приватниот сектор и отворање нови подобро платени работни места“, се вели во реакцијата за буџетот.

Невработеноста, како што тврди СДСМ, дополнително ќе се намалува преку пакетот активни мерки за вработување во историски највисок износ од 1,1 милијарда денари со што се очекува намалување на невработеноста на околу 20 отсто.

 

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ до ВМРО-ДПМНЕ: Парите од буџетот се враќаат директно кај граѓаните

Објавено пред

За разлика од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кога парите на граѓаните се трошеа на барок, споменици, луксуз и криминални тендери преку кои се богатеа поединци, денес, парите од буџетот се враќаат директно кај граѓаните, реагираа од владејачкиот СДСМ на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Со предлог-буџетот за 2019 година, изготвен од Владата, се обезбедува социјална еднаквост, економски развој и повеќе пари кај граѓаните, велат од СДСМ.

„Со реформата на системот за социјална заштита се воведува минимален загарантиран приход, примателите на социјална помош ќе добиваат и до 300 отсто зголемена поддршка, а над 60.000 деца ќе добиваат детски и образовен додаток, со што ќе се воспостави систем што трајно ќе извлекува од сиромаштија. Платите ќе растат во сите сектори, со што сериозно ќе се зголеми расположливиот доход во домаќинствата, што позитивно ќе влијае врз зголемување на потрошувачката. Продолжува и зголемената поддршка од државата кон претпријатијата, што ќе обезбеди раст на платите во приватниот сектор и отворање нови подобро платени работни места“, стои во соопштението на СДСМ.

Невработеноста, додаваат од СДСМ, дополнително ќе се намалува преку пакетот активни мерки за вработување во историски највисок износ од 1,1 милијарда денари, со што се очекува намалување на невработеноста на 20 отсто. Ова е шанса и за ВМРО-ДПМНЕ да научи еден сегмент од економијата, велат од СДСМ и додаваат како преку реални мерки парите од буџетот се враќаат назад кај граѓаните.

Прикажи повеќе...

Најново

Uncategorized2 часа

Амнестија во текот на судскиот процес, прекин на постапката за тие што не тепале на 27 април?

Кој ќе се спаси од кривична одговорност за инцидентите од 27 април, најверојатно ќе се утврдува според обвинителниот акт, односно...

Македонија2 часа

Влада: Очекуваме Будимпешта да го предаде Груевски во Македонија

Владата соопшти дека официјално покрај протестната нота доставена вчера за улогата на амбасадите на Унгарија во бегството на Груевски од земјата,...

Бегството на Груевски3 часа

Груевски: Добив азил во Унгарија, продолжувам да ја барам правдата

Поранешниот премиер Никола Груевски, на неговиот „Фејсбук“ профил, ги потврди информациите дека добил политички азил во Унгарија. Тој себе си...

Македонија3 часа

Кривична за директор на јавно претпријатие кој незаконски си зел аванси од над 2 милиона денари

Гевгелиската полиција поднесе кривична пријава против 29-годишен директор од Дојран поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Како...

Бегството на Груевски4 часа

Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Никола Груевски

Министерството за правда го испрати барањето за екстрадиција на Никола Груевски до Министерството за правда на Република Унгарија. „Барањето за...

Македонија6 часа

Сведокот ги препозна двајцата напаѓачи што го претепаа Никола Саздовски

На денешното рочиште за убиството на 20-годишниот навивач на групата „Комити“ повеќе од два часа сведочи сведокот Миле Алексовски, кој...

Свет7 часа

(Видео) Девојка со српско потекло меѓу убиените во Чикаго

Една од трите жртви на пукањето во болницата „Мерси“ во Чикаго е 25-годишна девојка со српско потекло, пишуваат српските медиуми....

Македонија7 часа

При апсењето на Бошкоски пронајдени се пиштол и хрватски пасош

Денешното рочиште за случајот „Тортура“, кој се однесува на апсењето на претседателот на партијата ОМ, Љубе Бошкоски, продолжи со репродуцирање...

Афера „Банки“8 часа

(Видео) Афера „Банки“ – како банката му ја одзеде болницата на доктор Адил Мустафа!?

Приватната болница „Шендети“ во Мала Речица, Тетово, неколку години по отфрлената кривична пријава од Обвинителството, остана со катанец на вратата....

Бегството на Груевски8 часа

(Видео) Дескоска: Ќе бараме екстрадиција на Груевски и да му е доделен азил

Македонија, денеска, или најдоцна утре ќе го достави барањето за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски. Министерката за правда, Рената...

Бегството на Груевски8 часа

Груевски добил азил во Унгарија?

Канцеларијата за имиграција и азил во Унгарија донела одлука за барањето на бегалецот Никола Груевски, но оттаму, нема детали дали...

Европа9 часа

(Видео) Избоден полицаец во напад во Брисел, напаѓачот повреден

Во историскиот центар во Брисел утрово непознат напаѓач со нож нападна еден полицаец кој се збоди со повреди. По нападот...

Македонија10 часа

Дисциплинска за полицаец кој употребил сила врз актерката Ирена Ристиќ

Одделот за внатрешна контрола при МВР поведе постапка за дисциплинска одговорност на полицаец од полициската станица Центар, кој пред два...

Македонија10 часа

Вучиќ: Груевски во Србија влезе со важечки документи, прашање е како ја напуштил Македoнија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави синоќа дека поранешниот премиер Никола Груевски со регуларни документи влегол во Србија, дека во...

Македонија22 часа

ДЗС: Спасени четири лица завеани на Пелистер

Подрачното одделение Битола при Дирекцијата за заштита и спасување од СВР Битола доцна синоќа, во 00:30 часот, добило известување дека...

Свет22 часа

Путин: Повлекувањето на САД од договорот не може да остане без наш одговор

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека Кремељ ќе има одговор доколку САД се повлечат од договорот за нуклеарните сили со...

Македонија1 ден

„Груевски е ВИП-мигрант на Орбан“ – унгарската опозиција постави транспарент на зградата на парламентот

Унгарската опозиција ги критикуваше потезите на владата на премиерот Виктор Орбан во врска со барањето  азил на поранешниот македонски премиер...

Македонија1 ден

МНР му врачи протестна нота на унгарскиот амбасадор поради бегството на Груевски

Во Министерството за надворешни работи денеска беше повикан амбасадорот на Унгарија во Република Македонија, Ласло Дукс, на средба кај државниот...

Македонија1 ден

Министерот Филипче и градоначалникот Темелковски ќе се соочат со граѓаните за дислокација на Центарот за зависници

Решение на проблемот со Центарот за зависници е најдено, а на граѓаните заеднички ќе им го презентираат градоначалникот на општината,...

Регион1 ден

Дармановиќ: Кога Груевски помина низ Црна Гора, немаше потерница по него

Македонија не издаде никакви сигнали со кои на другите земји ќе им даде до знаење дека експремиерот, Никола Груевски, е...

Досие