Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните се за европска Македонија, но не ги поддржуваат криминалите на Заев
Зоран Заев и СДСМ тргнаа во кампања за референдум за капитулантскиот договор, а се срамат да спомнат збор за заштита на Уставот, историјата, традицијата, наведуваат во соопштение од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму велат дека Заев се согласил да ги прифати грчките црвени линии со кои се брише името Република Македонија и се брише македонскиот идентитет.
„Заев молчи околу тоа како ќе се вика државата доколку му помине референдумот, дали ќе има македонско малцинство во Грција и македонски топоними. Заев и СДСМ бесрамно ги злоупотребуваат македонските евроинтеграции за да го оправдаат капитулантскиот договор кој го потпишаа со Грција, со кој се откажуваат од се што е македонско“, се наведува во партиското соопштение.
Како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, картелот на власт се обидува да ги изманипулира граѓаните дека нивното криминално и расипничко работење е работа по европски стандарди и ги потценува граѓаните, односно ги дели на проевропски и антиевропски.
„Штетниот и срамен договор со Грција, СДСМ го претставува како европска вредност. Доделувањето на крвави тендери и грантови на роднини на функционерите на Владата и партијата на власт, за СДСМ е европска вредност. Држава во која премиерот е два пати аболициран и целата јавност го виде како бара мито, за СДСМ е држава по европски стандард. Држава во која ввицепремиерот ненаситно секојдневно си доделува државни тендери во неговите фирми за СДСМ е европски стандард“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата подвлекуваат дека македонските граѓаните не се против и НАТО и ја поддржуваат евроинтеграцијата на Македонија, но не ги поддржуваат криминалите на СДСМ и Заев и распродажбата на државните и национални интереси.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
„Тиквеш“ триумфира во Јапонија: Две гран-при од вкупно девет награди на натпреварот SAKURA
Македонското вино сè поубедливо го освојува глобалниот вински простор, а најновата потврда доаѓа од Јапонија. Винарската визба „Тиквеш“ освои девет престижни награди на 13. издание на меѓународниот вински натпревар SAKURA – Japan Women’s Wine Awards, еден од највлијателните вински настани во Азија.
Меѓу деветте признанија се две Гран-при награди, како и два двојни златни медали, четири златни и еден сребрен медал, што претставува јасен сигнал за конзистентниот квалитет и глобалната релевантност на вината на „Тиквеш“.
Највисоките награди на натпреварот ги понесоа вината Barovo Rosé 2024 и Vranec Luda Mara 2022. Притоа, Barovo Rosé 2024 освои двоен златен медал и Гран-при награда за најдобро розе вино, а Vranec Luda Mara 2022 освои златен медал и Гран-при награда за вино што најдобро се комбинира со корејската кујна.
Останатите наградени вина се: Bela Voda Red 2021, кое освои двоен златен медал, Domaine Lepovo Chardonnay 2023, Babuna Red 2022 и Alexandria Premium Cuvée Rosé 2024, кои освоија златни медали и Barovo Red 2021, кое освои сребрен медал.
„Овие признанија се резултат на нашата долгорочна посветеност, како кон квалитетот, така и кон создавањето вина со јасен идентитет и тероарска автентичност. Нашата амбиција е македонското вино да биде препознаено не само по вкусот, туку и по карактерот што го носи“, истакнуваат од „Тиквеш“.
Винскиот натпревар SAKURA е специфичен по својот уникатен пристап во кој вината ги оценуваат повеќе од 400 сертифицирани жени сомелиери и вински експерти од Јапонија, со особен фокус на нивната компатибилност со азиската гастрономија. Со над 4.000 вина пријавени секоја година, овој натпревар претставува релевантна платформа за позиционирање на вината на еден од најдинамичните светски пазари.
Со овој резултат, „Тиквеш“ дополнително ја зацврстува својата позиција како еден од најрелевантните вински производители од регионот и значаен претставник на имиџот на македонското вино на глобалната сцена.
(ПР)
Соопштенија
За зелена иднина – Mozzart повторно засадува надеж!
Mozzart по втор пат реализира голема еко акција и ја потврди својата посветеност кон здрава животна средина.
Овој пат, вработените со заеднички сили засадија 2990 садници во селото Кучково, на површина која беше зафатена од пожар.




Во соработка со ЈП Национални Шуми, беа засадени даб, црн бор, јасен и багрем – симбол на нов живот и свежа енергија.
„Со оваа акција не само што придонесуваме за пошумување, туку и градиме зелена иднина за новите генерации. Тимската енергија и заедништвото уште еднаш покажаа дека Mozzart е победнички тим – и на теренот, и во општествената одговорност,“ изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.



За својата заложба, компанијата доби благодарница од ЈП Национални Шуми – признание за искрена грижа и вложен труд.
Mozzart со вакви акции ја зацврстува својата лидерска позиција и испраќа силна порака: кога работиме заедно, создаваме подобро утре.
(ПР)
Соопштенија
„Ај реално“ – HALK EZ караван на кој ќе се слуша гласот и изборот на младите
Халкбанк АД Скопје, преку пакетот за млади Halk EZ, го започнува караванот „Ај реално“ – иницијатива што има за цел да им даде простор на младите да зборуваат отворено, без притисок и без страв од осуда. Првата станица на караванот е СОУ „Јосип Броз Тито“ во Битола. Караванот ќе го води младата Кики Мукаетова, која со искрен младешки пристап ќе разговара со средношколците на теми блиски до нивната реалност. Модератор на средбите ќе биде младиот актер Дејан Димоски.
„Ај реално“ не е класично предавање. Наместо тоа, средбите се замислени како отворен разговор, каде младите не се само слушатели, туку активни учесници. Преку лични приказни, искуства и интеракција, се отвораат теми што секојдневно ги засегаат – притисокот од околината, стравот од погрешни избори, дилемите околу иднината и првите чекори кон самостојноста.
Во време кога од младите се очекува да имаат одговори, „Ај реално“ тргнува од поинаква перспектива – дека е во ред да не си сигурен, но да имаш храброст да го пронајдеш сопствениот пат. Наместо да наметнува решенија, иницијативата отвора простор за прашања, размислување и личен избор.
За Кики, како една од бренд амбасадорите на Халк, ова е голем и искрен предизвик да се сретне со свои врсници и заедно, искрено да рушат бариери и предрасуди.
– Важно е да сме искрени и да разговараме. Ние припаѓаме на генерации што многу повеќе време поминуваат онлајн, отколку во живо. А тој контакт сфаќаме се повеќе дека ни е многу потребен. Да си се погледнеме во очи, да се прегрнеме, да си споделиме дека ни се случуваат слични работи, дека не е најстрашно нешто што ни се случува, да сфатиме дека не сме единствени. Како правиме избори? Колку е важно низ грешки да учиме? Да разговараме искрено? Колку често си го слушаме сопствениот глас? Ова се важни прашања што ќе се обидеме да ги отвориме низ караванот „Ај реално“. Се радувам на претстојните средби со моите врсници – вели Мукаетова.
Со караванот „Ај реално“, Халкбанк дава порака дека младите не треба да бидат само слушатели, туку гласови што се слушаат. Оваа иницијатива е дел од пошироката посветеност на банката да создава вредност за младата
генерација, не само преку финансиски производи, туку и преку поддршка на нивниот развој, самодоверба и право на избор.
Караванот ќе продолжи во повеќе градови низ Македонија, со цел да допре до што повеќе млади и да поттикне отворен дијалог за теми што ги обликуваат нивните одлуки и иднина.
(ПР)
