Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Да не крадеше СДСМ, сега со 900 милиони евра ќе се направеа автопати од Велес преку Прилеп до Битола и од Гостивар до Кичево

Ковачевски им ја краде иднината и на неродените – 900 милиони евра се доволни за 3 автопати, а се трошат за покривање на загубите на СДСМ, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
„900 милиони евра, колку што Владата ќе се задолжи за овозможување буџетска ликвидност, се пари со кои можеа да се направат над 200 километри автопат. Со 900 милиони евра, кои Ковачевски ги троши за покривање на својата неспособност, ќе имаше автопат од Велес преку Прилеп до Битола и втор автопат од Гостивар до Кичево или од Штип до Струмица.
Автопат со Ковачевски нема зашто СДСМ, наместо да работи, крадеше и несовесно се однесуваше со буџетот, па потроши стотици милиони на матни тендери во РЕК, на тендерите на Рашковски, договорите во четири очи на Мухамед Зекири, диловите на Филипче и Дончев, бизнисите на Заеви.
Криминалот на СДСМ сега нè чини сите нас, граѓаните на Македонија, 900 милиони евра, кои, наместо на над 200 километри автопат, одат на покривање на расипништвото на СДСМ“, се додава во партиското соопштение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски молчи за средбата на Џафери со луѓе на Путин

Ковачевски молчи за средбата на Џафери со луѓе на Путин, исто како што молчеше за пцуењето на вработени, уште што треба да се случи за да побара оставка?, прашуваат во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
„Талат Џафери имал средба во собранието на Македонија со Абдул-Вајед Нијазов, поранешен пратеник во Думата и основач на здружението „Муслиманите во поддршка на Претседателот Путин“. Истата средба Џафери не ја објавил на социјалните мрежи, ниту пак известил преку прес службата на собранието за неа. Џафери ја криел оваа средба. Џафери мора да каже, зошто криел за средбата и дали потоа ги известил службите дека има таква средба?“, посочуваат од опозициската партија.
Активностите ма Џафери, оценуваат од партијата на Мицкоски, можат да бидат потенцијална опасност и за НАТО.
„И сето ова Ковачевски го премолчува, само за да не му падне владата. Ковачевски не смее да побара одговорност за Џафери, зошто знае дека така може да падне владата, а со тоа и тој повеќе никогаш нема да биде премиер, затоа што има рејтинг помал од стапката на инфлација.
Ковачевски не може вечно да се крие. Иако тој молчи, народот го гледа и се срами од срамот кој и го приредува Џафери на Македонија“, е наведено во писмената реакција од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
Економија
ВМРО-ДПМНЕ: Ребалансот е доказ за лошата политика на СДСМ, долгот ќе се зголемува, а проекти нема

Ребалансот е доказ за лошата политика на СДСМ, долгот ќе се зголемува, а проекти нема. Владата оди со ребаланс на буџетот, кој пред 6 месеци кога го креира им беше идеален. Ребалансот што го бара сега Ковачевски е на буџетот што самиот тој како заменик-министер го креирал. Владата планира нови задолжување, а во изминатите 3 години нѐ задолжи 2,4 милијарди евра, без ништо да изгради. Само за споредба, претходните влади на ВМРО-ДПМНЕ за 10 години креираа долг од 2,8 милијарди евра, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека со новите задолжувања овие две влади на СДСМ ќе бидат владите што најмногу ја задолжиле Македонија, а немаат ништо направено.
Капиталните расходи во периодот јануари – април во 2022 година се само 100 милиони евра или 16,3 %. Со вакво темпо Владата едвај ќе надмине 50 % реализација на првично предвидените пари за капитални инвестиции.
Каде одат парите што утре народот ќе треба да ги враќа? Што направија до сега? Одговорот на овие прашања е причина зошто мора да има предвремени парламентарни избори што побргу, се вели во соопштението.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Додека владее тешка криза, службеници на Владата се луксузираат под покритие како новинари

Вработени во службата за општи и заеднички работи при Владата, како новинари, на државен трошок, престојувале во Софија, Бугарија, три дена од 24 до 26 јануари. Кај ги прикривале како новинари, па и скапо го плаќале нивниот престој. За шест лица вработени во Владата, според написите на медиумите, биле обезбедени шест хотелски соби со полн пансион за три дена, иако посетата била дводневна, плус дополнителен превоз со возила од Владата, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Ете ова е луксузот на Власта во време на криза. Додека ги убедуваат просветните работници дека нема доволно пари за законското покачување што им следува, нема исплатени субвенции во образованието, нема ефективни мерки за зауздување на инфлацијата, оваа власт продолжува со трошењето народни пари за хотелски услуги, патувања и слично.
Од партијата потсетуваат дека стотици милиони евра од буџетот се наменети за непродуктивни трошења, луксузи и задоволства на власта. Во време на криза потрошија 2,5 милиона евра за службени возила, а дополнителни 2 милиона евра само на мебел, кафиња и режени цвеќиња.
Народот го плаќа скапо луксузот на власта. Ова мора да престане. Оваа власт е извор на скандали и кризи и мора да си замине, се вели во соопштението.