Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Да функционира системот, пожарите навреме ќе беа локализирани, Заев и половина Влада избегаа на одмор

Објавено пред

СДСМ е тотално изгубен. Да функционира системот за заштита, пожарите навреме ќе беа локализирани и немаше да бидат од толку големи размери да загрозуваат села и градови во Македонија, реагираaт од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за состојбата со пожарите во земјата.

Според нив, и помошта што пристига од Србија, Словенија, Австрија и од Бугарија, како што оценуваат, нема кој соодветно да ја координира.

„Буквално, поминуваат по 1.000 километри за да помогнат, а одговорните од Македонија ги нема нигде. Дополнително самите во СДСМ велат дека станува збор за катастрофа од големи размери со огромни штети, а врвот на власт никаде го нема. Народот е оставен сам да се снаоѓа, да се спасува и да ги гаси пожарите додека Заев, Шилегов, Спасовски, Николовски и другите тераат одмор“, стои во соопштението од оваа партија.

Од таму додаваат дека власта дозволила стихиите да се прошират, според нив, надлежните не интервенирале навремено, немаат сервисирано авиони за гаснење пожар во пресрет на ризичниот период за пожари, а капак на сѐ, како што велат, е дека заминале на одмор и го оставиле народот сам.

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Никој не верува дека дрогата стоела во возилото 5 години на автопаркот на МВР

Објавено пред

„СДСМ го институционализираше криминалот! Дали возила на МВР се користат за шверц на дрога?!

Колку и да се правда Спасовски и да дава банални изговори не може да го објасни фактот како црногорската полиција знаела дека токму во возилото на МВР имало дрога. Очигледно е дека станува збор за дојава и за возило кое претходно е очекувано.

На Спасовски не му поминуваат лагите. Никој нема да поверува дека дрогата стоела во возилото 5 години. Не е можно возилото 5 години да било возено, да минувало технички прегледи, контроли и граници и никогаш до сега да не е пронајдена дрогата.

Никој не верува дека дрогата стоела во возилото 5 години на автопаркот на МВР.

Спасовски да не се крие и да излезе со одговори.

Ова не е прв случај на шверц на дрога на луѓе на Спасовски. Претходно американската ДЕА го фати командирот на полициската станица Прилеп како шверцува заедно со шоферот на Заев, и тој наместо во затвор седи во домашен притвор.

Македонија со Спасовски стана наркомека“.

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Власта кон трагедијата со модуларната болница се однесува како кон пожар на летна тераса на некој ресторан

Објавено пред

„СДСМ и ДУИ бегаат од темата за трагедијата со модуларната болница. Се обидуваат да ја игнорираат, да дефокусираат, да блокираат собраниска расправа. За власта трагедијата со 14 жртви е банална тема. Со еден збор Заев, Филипче, СДСМ и ДУИ се однесуваат индолентно и неодговорно како да се работи за пожар на летна тераса од ресторан, а не модуларна болница во која живи изгореа 14 пациенти.

Власта бега од јавноста и дебатата затоа што ќе треба да даде одговори како е можно цел објект да изгори за 3 минути, зошто во тендерската постапка не се внимавало на огноотпорноста на материјалите од кои е градена, зошто немало противпожарни апарати и системи за заштита, зошто немало надзор, технички прием и градежна дозвола. Сите овие прашања власта е должна да ги одговори, но таа бега. Бега затоа што ќе мора некој да сноси и одговорност, прво морална, па потоа и кривична.

Да имаа грам доблест Филипче и останатите ќе поднесеа оставки од морални причини, но тоа што после 17 дена нема ништо, отвора сомнеж дека тие останаа на функциите за да прикријат докази, да влијаат на сведоци или да влијаат на истрагата. Народот будно ги следи и нема да дозволи ниту еден одговорен да се извлече без санкција. Може да бегаат, но одговорноста ќе ги стаса“.

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: Неодговорната ВМРО-ДПМНЕ во Собранието упорно блокира сѐ што е во интерес на граѓаните и на државата

Објавено пред

„Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието наместо да се посветат на интересите на граѓаните, посветени се на блокади, деструкции за лични и партиски интереси.

Во Комисијата за финансирање и буџет пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го кочат Законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавни претпријатија. Овој закон предвидува отпис на каматите од страна на доверителите, како и репрограмирање на долговите и трошоците на јавните претпријатија.

ВМРО-ДПМНЕ го кочи и Законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица во време на Ковид-19. Со овие законски измени на институциите од јавните дејности им се наредува да ги простат и избришат долговите на сите граѓани, по основ на камати во висина од 100%.

Во Комисијата за труд и социјална политика, деструктивната ВМРО-ДПМНЕ ги кочи измените на законот со кои недела станува неработен ден за 92 отсто од работниците.

ВМРО-ДПМНЕ во Комисијата за образование и наука ги кочи и измените кои треба да обезбедат трајно вработување на 4.700 наставници. Со овој закон се предвидува и зголемување на платите, како и исплата на додатоци.

ВМРО-ДПМНЕ се противи и на измените на Законот за служба во Армијата со кои војниците ќе имаат право на избор, ќе имаат можност да добијат и 20.000 евра отпремнина по навршување на 45 години, како и дополнителни можности при пензионирање.

ВМРО-ДПМНЕ е насочена директно против интересите на граѓаните и интересите на државата како ниту една друга опозиција во светот.

Таквото деструктивно однесување граѓаните го ценат и соодветно ќе го казнат и на овие избори“.

Соопштение на СДСМ

Прикажи повеќе...

Најново

Европа55 минути

Франција ќе донира двојно повеќе вакцини за сиромашните земји

Францускиот претседател, Емануел Макрон, најави дека Франција ќе им даде 120 милиони дози од вакцината против коронавирус на сиромашните земји,...

Свет1 час

(Видео) Воз излета од пругата во САД, најмалку тројца загинати

Најмалку три лица загинаа, а десетици се повредени кога воз излета од пругата во Монтана, САД. Националниот одбор за безбедност...

Регион2 часа

Труење, па давање е најверојатно причината за смртта на децата кои беа убиени од нивниот татко во Хрватска

Децата што во Хрватска беа убиени од страна на нивниот татко – Австриецот, Харалд Копиц, најверојатно првично биле отруени, пишуваат...

Европа2 часа

Германија бира наследник на Меркел

Околу 60,4 милиони Германци денеска на федералните избори, имаат можност да одлучат за идниот состав на парламентот, и индиректно за...

Македонија2 часа

Од утре изборна кампања

Од утре стартува изборната кампања за Локалните избори што се закажани на 17 октомври. Кампањата ќе заврши на 15 октомври...

Македонија18 часа

Регистрирани 392 нови случаи на коронавирус, починаа 20 лица

Во последните 24 часа направени се 4.633 тестирања, а регистрирани се 392 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 180, Куманово...

Македонија20 часа

Заев за виенски „Стандард“: ЕУ треба да го забрза процесот на донесување одлуки

„Понекогаш членките на ЕУ ја забораваат причината зошто работиме заедно, а тоа е затоа што сме заемно корисни. ЕУ е...

Европа20 часа

(Видео) Ерупцијата на вулканот на шпанскиот остров влезе во најинтензивната фаза

Реки лава течеа низ вулканот на шпанскиот остров Ла Палма ноќта помеѓу петокот и саботата, поради што локалниот аеродром беше...

Регион1 ден

Татко си ги задавил трите деца во Загреб, oставил писмо на „Фејсбук“

Три малолетни деца биле задавени од страна на нивниот татко во стан во Загреб, во населбата Млинови. Полицијата на местото...

Европа1 ден

Кој ќе ја наследи Меркел: Изборите се неизвесни, постизборните сојузи се уште понеизвесни

Околу 60,4 милиони Германци в недела, 26 септември на федералните избори, имаат можност да одлучат за идниот состав на парламентот,...

Македонија1 ден

Заклучен избирачкиот список, кампањата почнува в понеделник

Државната изборна комисија го заклучи избирачкиот список, со што од понеделник почнува кампањата за локалните избори закажани на 17 октомври....

Македонија1 ден

Досега се попишани околу 1,4 милион граѓани, пописот ќе заврши во четврток

Заклучно до вчера до 12 часот попишани се вкупно 1.395.000 граѓани, над 435.000 домаќинства и над 600.000 станови, а се...

Македонија2 дена

Нови 525 случаи на коронавирус, починаа 12 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 525 нови случаи на коронавирус, 449 оздравеа, а 12 лица починаа, информира...

Македонија2 дена

Осумдесет oтсто од хоспитализираните со Ковид-19 се невакцинирани

Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани од позитивни случаи на Ковид-19 во периодот од 6 август заклучно со...

Македонија2 дена

Еврејската заедница во Македонија смета дека со бришењето на терминот „бугарски“ се искривува историската вистина

Eврејската верска заедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија велат дека не се согласуваат со намерата за бришење...

Европа2 дена

Норвешка од утре ги укинува сите ковид-мерки

Норвешка ќе ги укине сите рестриктивни мерки воведени поради пандемијата на коронавирус, објави владата. „Поминаа 561 ден откако ги воведовме...

Европа2 дена

„Епл“ реагира на одлуката дека во ЕУ ќе мора да има универзален полнач за сите мобилни телефони

Европската Унија денеска објави дека ќе нареди воведување на универзални полначи за мобилните телефони. Овој потег го налути „Епл“, кој...

Топ2 дена

Работник од Скопје почина при пад од зграда во изградба

Градежен работник паднал и починал додека работел на зграда во изградба во Гази Баба. Според информациите, се работи за М.Ц....

Македонија2 дена

Јавни обвинители ќе следат дали има нерегуларности на локалните избори, формирана е привремена комисија

Јавниот обвинител донесе одлука за формирање привремена Комисија за следење на евентуални нерегуларности поврзани со локалните избори закажани за 17...

Македонија2 дена

Притвор за кумановската докторка која барала поткуп од 200 евра од пациенти за да ги оперира

Кумановското обвинителство поведе постапка против кумановска докторка на возраст од 51 година, вработена во „Општа болница Куманово“- очно одделение, поради злоупотреба...

Досие