Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Делчев е нашиот идентитет, oстануваме на браникот на татковината

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од генералниот секретар Ѓорѓи Сајкоски, заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, претседателката на Унијата на жените, Жаклина Пешевска, денеска положија свежо цвеќе по повод 149 години од раѓањето на македонскиот револуционерен деец Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.
„Оддавањето почит на ликот и делото на великанот на македонското револуционерно движење – Гоце Делчев, еден од најистакнатите водачи и идеолози на Македонската ослободителна борба, значи продолжување на нашата заедничка обврска за зачувување на македонската држава, македонската историја и јазикот“, велат од опозициската партија.
Од ВМРО-ДПМНЕ ја уверуваат јавноста дека и натаму остануваат на браникот на одбрана на татковината бидејќи, како што велат, Гоце Делчев е црвена линија и нашиот идентитет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ починатите од коронавирусот ги злоупотребува во партиски цели

ВМРО-ДПМНЕ починатите од коронавирусот ги злоупотребува во партиски цели сведувајќи ги на статистика, тоа е доказ за нивниот нечесен и неодговорен однос кон граѓаните, реагира СДСМ на прес-конференцијата на Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ, кој рече дека бројот на починати од коронавирус во Скопје е речиси ист со оној од скопскиот земјотрес.
„ВМРО-ДПМНЕ продолжува бесрамно да ги злоупотребува жртвите од коронавирусот и нивните семејства во дневнопартиски цели. За очајната ВМРО-ДПМНЕ, предводена од губитникот Христијан Мицкоски, човечките трагедии се само статистика таксативно наброена, која служи за неосновани напади и деструкции. Јавноста памети за некрофилските настапи на оваа партија кога се правеа мрачни перформанси, каде што се шегуваа со лицата почитани или заразени од Ковид-19“, се наведува во реакцијата,
Од почетокот на кризата предизвикана од коронавирусот, па сè до денеска, додаваат од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ предводена од губитникот Мицкоски не стори ништо за да им помогне на здравствените работници.
„Напротив, од белиот дворец свесно ширеа лажни вести во обид да го поткопаат здравствениот систем и да ги понижат здравствените работници, свесно ги кршеа мерките и забраните и се однесуваа опасно за јавното здравје. Тоа е само уште еден доказ за неодговорното и нечесно дејствување на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски. Поради тоа, шестпати губат на избори и поради тоа уште долго ќе се опозиција“, велат од СДСМ.
Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже дали дедо му бил во Занзибар и дали потоа отишол во карантин?

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ го повикаа министерот за здравство, Венко Филпче, да одговори дали неговиот дедо д-р Јорданчо Савески бил во Занзибар со заболените од африканскиот вид на Ковид-19 и дали после тоа отишол во карантин?
„Филипче да каже дали неговото семејство е ширач на Ковид-19, исто како што беше Цаца Билјановска? Додека народот се мачи со ковид, илјадници умреа, а фамилијата на Филипче шета по луксузни дестинации“ , велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Филипче до каде си со вакцините? Народ чека да се вакцинира, а ти една вакцина сам не набави“, реагираат преку соопштение од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.
Соопштенија
ЛДП: Секој ден е борба за унапредување на родовата еднаквост

Секој ден е ден на борба за унапредување на родовата еднаквост и кршењето на стереотипните родови улоги, ова како што информираат од ЛДП се главните пораки кои се произлезени од онлајн конференцијата ,,За женските права и родовата еднаквост”, која се одржа од страна на Форумот на жените на ЛДП како главна активност за одбележување на 8 Март, Меѓународниот ден на жената.
На конференцијата се обрати претседателот на ЛДП, Горан Милевски, а говор имааа и пратеничката и потпретседателка на ЛДП, Моника Зајкова, и претседателката на Форумот на жени на ЛДП, Билјана Аврамоска-Ѓореска.
„Либерално-демократската партија ја препознава важноста и влијанието од зголемена застапеност на жените во политиката и се залага за еднакво учество на жените и мажите, поттикнувајќи ги и имплементирајќи ги политиките за родова еднаквост. Се покажа дека многу постигнавме досега, но има уште многу нешта кои треба да се остварат до родова еднакавост. Единствено половина е еднаков дел, и единствено еднакво е доволно“, рече претседателката на форумот на жени на ЛДП, Билјана Аврамоска-Ѓореска.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија3 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа2 недели
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Економија4 недели
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“