Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ Демократска фракција: Сега е последен момент ВМРО-ДПМНЕ да се врати на патот на пристојноста

Објавено пред

Сега е вистински и последен момент ВМРО-ДПМНЕ со претседателски кандидат од вмровска провиниенција и профилација да се врати на патот на пристојноста, патриотизмот и достоинството потпрени на вредносен компас препознатлив по личната чест и посветеноста кон татковината и нацијата, кои ги обединуваат мислата, зборот и делото, а не личните и егоистични или туѓите намери и интереси, велат од ВМРО-ДПМНЕ Демократска фракција.

„Калкултантските, непринципиелните и погубни политики на актуелното раководството на ДПМНЕ по сè изгледа свое финале ќе добијат со претседателските избори. Сè погласните информации од членови на најтесното партиско раководство на партијата, за можни кандидати на ВМРО ДПМНЕ на претседателските избори главно членови на поранешната Демократска алтернатива, Демократската, Либералната и Социјалистичката партија, го исфрла на виделина сценарио за згаснување и заминување во историјата на ВМРО-ДПМНЕ“, велат од таму.

Од ВМРО-ДПМНЕ Демократска фракција порачуваат дека нема да го дозволат тоа по вторпат.

„Таквите наметнати персони во партијата (првпат во обидот партијата да стане движење) ги видовме во минатото, а последиците ги трпиме сега. Ја изгубивме идеологијата, ја загубивме препознатливоста, го убивте патриотизмот и станавме партија за поткусурување и потсмев.
Под закрила на името на партијата таквите невмровски функционери и структури цела една деценија заедно со нивниот ментор во егзил ја пустошеа државата, ја обезличија партијата и ненаситно ги полнеа своите банкарски сметки. За истите тие невмровски структури сега да се водат судски постапки, дел од нив се пазарат и го продаваат името за сопствен спас, а цената највеќе ја плаќаат чесните патриотски и искрени вмровски членови и симпатизери“, велат од ВМРО-ДПМНЕ Демократска фракција.

Македонија

Демократски сојуз бара да се нормализира работата на здравствениот систем

Објавено пред

Демократски сојуз смета дека со почитување на здравствените мерки и препораки треба полека да се нормализира животот во целина.

„Прво, треба здравствениот систем да започне со работа со сите капацитети, за граѓаните да можат да добиваат здравствена заштита во сите јавни здравствени установи, посебно во врвните установи. Второ, да се подготви образовниот систем за да може наставата за учениците и студентите да се одвива во специфични здравствени услови и со највисоки стандарди за заштита на учениците, студентите и професорите.Трето, надлежните државни институции да ги зголемат кадровските потенцијали и остваруваат целосна контрола за спроведување на здравствените мерки“, соопшти партијата.

Демократски сојуз апелира и до сите компании и граѓани да ги почитуваат здравствените мерки и препораки, со што во голема мерка ќе придонесат за спречување на ширење на коронавирусот.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ го осудува зголемувањето на цената на струјата

Објавено пред

„За тоа колку е способен Ковачевски за да ги санира штетите од поплавите во РЕК Битола за ископ и транспорт на јаглен говори фактот што сеуште нема набавка за неопходни технички ресурси, па помош се чека да стигне дури од соседните земји.Изјавите на Ковачевски наликуваат на прес конференции од седиштето на СДСМ, каде наместо признание дека власта во заминување не може да ги санира последиците од поплавата, каде е поплавен речиси целиот систем во РЕК Битола, директорот ја обвинува опозицијата за сопственото неработење и за невидената катастрофа во енергетскиот сектор во државата“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, ненавремената санација и неработењето на багерите на РЕК Битола го доведува во прашање производството на електрична енергија кое нема да произведува со ист капацитет.

„Ковачевски попусто бара изговори и ја префрла вината, тоа нема да го спаси од одговорност за погубните политики кои ги спроведуваше во енергетскиот сектор.Факт е дека директорувањата на штитениците на СДСМ не знаат како да се справат со хаваријата во РЕК Битола, чие неодговорно однесување ќе предизвика неможност да се озезбеди потребна количина на јаглен за производство на електична енергија“, се вели во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш посочува дека досегашната власт наместо грижа за објектите на РЕК Битола, со нестручниот кадар кој тера пи-ар наместо да работи резултира со тотална негрижа, колапс на производството на електрична енергија во земјава и историско поскапување на цената на електричната енергија.

„Поради неспособоста навремено да се одржуват објектите од значење на енергетскиот систем, директорите на СДСМ со негрижата и расипничкото трошење, сега ќе потрошат дополнителни суми на пари од џебот на граѓаните за санација на постројките за ископ на јаглен, како и дополнителни поскапувања на струјата. Ова резултира со катастрофа во управувањето со енергетскиот систем, како и дополнителна неизвесност во економијата како во домаќинствата со зголемување на сметките, така и со ненадоместливиот економски колапс во кој се наоѓа државата“, се додава во реакцијата на партијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Сигурна иднина во Македонија ќе обезбеди владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

На Република Македонија ѝ е потребна сигурна иднина, а тоа ќе го овозможи владата преводена од ВМРО-ДПМНЕ, наведуваат од партијата преку соопштение. Оттука велат дека владата на Социјалдемократскиот сојуз во својот мандат обезбедила сигурна сиромаштија.

„Над 700.000 граѓани се на работ на егзистенција. Граѓаните во време на криза немаат пари, а СДСМ се залага сметките за струја да се покачат. Ова што СДСМ им го стори на македонските граѓани не ветува сигурна економија и подобра иднина. Ова ветува единствено сигурен банкрот на државата.

СДСМ и Зоран Заев единствено се грижат за ограбување на народот и поскапување на електричната енергија, која во сите европски земји ја задржа цената или беше намалена. На Република Македонија не ѝ е потребна уште една влада како минатата за граѓаните да осиромашат“, наведуваат од партијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија33 минути

Регистрирани 109 нови случаи на Ковид-19, починало едно лице, а оздравеле 422 пациенти

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 762 тестирања, а регистрирани се 109 нови случаи на...

Свет1 час

Падна либанската влада

Либанската влада поднесе оставка, потврди министерот за здравство Хамад Хасан. „Целата влада си поднесе оставка“, рече Хасан. Либанската влада падна...

Свет1 час

(Видео) 13 лица повредени во пожар на бензинска пумпа во Русија

13 лица се повредени во пожар на бензинска пумпа во рускиот град Волгоград, јави АПА повикувајќи се на ТАСС. Според...

Свет2 часа

Бројот на заразени од коронавирус надмина 20 милиони

Бројот на луѓе што се заразиле од коронавирусот во светски рамки надмина 20 милиони и сега изнесува 20.023.522, објави страницата...

Македонија3 часа

МВР: Актите за двојазичните унифoрми треба да се достават до Владата

Министерството за внатрешни работи се повикува на Законот за употребата на јазиците откако денеска министерот Агим Нухиу потпиша правни акти...

Македонија5 часа

„Повторно ќе го живеам животот со полни гради“, вели Иван кому му беше трансплантирано срце

Насмеан и полн со енергија, утрово Иван беше на контрола на Клиниката за државна кардиохирургија. Тој е првиот пациент во земјата...

Македонија5 часа

Состанокот за протоколите за училиштата ќе продолжи утре

Утре ќе продолжи состанокот на Комисијата за заразни болести со претставници на Министерството за образование и наука, на кој се...

Македонија6 часа

Министерот Нухиу го потпиша актот за двојазични натписи на полициските униформи

Држејќи двојазична плакета, министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, соопшти дека ги потпишал актите, со кои полициските униформи ќе добијат...

Свет8 часа

(Видео) Насилни протести во Белорусија, полицијата уби најмалку еден човек

Најмалку еден човек е убиен, а десетици се повредени за време на антивладините протести во Белорусија. Како што пренесуваат светските...

Македонија8 часа

Министерот Адеми се излекува од коронавирусот

Министерот за образование, Арбер Адеми, соопшти дека се излекувал од Ковид-19. „Конечно заврши предизвикот со Ковид-19! По две негативни последователни...

Свет9 часа

Младите во светот со неодговорното однесување го шират коронавирусот

Здравствените власти што се борат со пандемијата на коронавирусот се соочени со нов проблем – однесувањето на младите, кои ги...

Регион10 часа

Пет лица загинаа во поплавите на грчкиот остров Евија, меѓу нив и бебе

Пет лица, меѓу кои и бебе, загинаа, а уште едно исчезна во неделата кога поројни дождови и поплави го погодија...

Македонија10 часа

Само во Пехчево нема ниту еден заразен од коронавирус

Пехчево е единствениот град во Македонија, во кој во моментот нема ниту еден активен случај со коронавирус. Во Пехчево, досега...

Свет21 час

Европска комесарка: Вакцината против Ковид-19 може да биде достапна до крајот на годинава

Европската комесарка за здравство, Стела Киријакидес, рече дека вакцината против Ковид-19 може да биде достапна до крајот на оваа година....

Македонија21 час

Директорката на санитарниот и здравствен инспекторат во самоизолација, имала контакт со заболено лице

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Сотирова – Бухова, ќе помине 14 дена во самоизолација затоа што имала...

Македонија22 часа

Македонија на второ место по стапката на смртност од Ковид-19 во регионот

Во регионот, најголема стапка на смртност од коронавирус е регистрирана во Словенија, а потоа следат Северна Македонија и Албанија, објави...

Регион1 ден

Синот на убиената новинарка на Малта: Мајка ми го истражуваше и Ѓукановиќ

Синот на Дафне Каруанa Галиција рекол дека неговата мајка ја истражувала и врската на Мило Ѓукановиќ во случајот „Можура“. Синот...

Македонија1 ден

Четворица починати и 85 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа четири лица починаа од коронавирус, а потврдени се 85 нови случаи. Оздравеле 45 заболени, соопшти Министерството...

Свет1 ден

(Видео) На Трамп не му се допадна прашање од новинар и ја напушти прес-конференцијата

Американскиот претеседател, Доналд Трамп, ја напуштил вчерашната прес-конеференција откако новинарка го прашала за неговата изјава за здравствената заштита за ветераните,...

Регион1 ден

Силно невреме во Грција – тројца загинати, меѓу кои и бебе

Најмалку тројца луѓе, меѓу кои и бебе се најдени мртви во невремето кое го зафати грчкиот остров Евија во централна...

Досие