Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Димитров да ги врати парите од стипендијата или да си поднесе оставка

Објавено пред

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров да ги врати парите од стипендијата за ќерката или да си поднесе оставка, порача опозициската ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Додека учениците немаат книги власта одвојува 40.000 долари за ќерката на Никола Димитров да учи во Холандија. Димитров наместо да покаже доблест и да ги врати парите на македонските даночни обврзници мува не го лази, дрско поигрувајќи си со интелегенцијата на граѓаните.
Додека секојдневно зборува за европски стандарди, на дело манифестира комунистички манири. Доколку Димитров навистина се залага за ЕУ стандарди тој треба да ги врати парите или да си поднесе оставка“, се вели во соопштението.

Понатаму опозицијата додава дека граѓаните очекуваат одговорност, а не затскривање. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека додека Димитрови земаат високи стипендии во Македонија студентите спиеја по дворови на студентски домови затоа што МОН ненавремено ги објави списоците со примени студенти.

„Додека Димитрови земаат 40.000 долари студентите го чекаат на големо најавуваниот студентски град, кој требаше веќе една година да се гради како што ветуваше СДСМ. Лажно декларираната ЕУ заложба граѓаните веќе јасно ја гледаат. СДСМ под превезот на ЕУ интеграции, врши непотизам и криминал“, додава опозицијата во соопштението.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија

Николоски: Заев со договорот ја понижи Македонија

Објавено пред

Од

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ заедно со својот тим вчера оствари теренска посета во Општина Сопиште.

На средбата со граѓаните се дискутираше за договорот со Грција.

„Владата на пред да дојдат на власт ветуваа се и сешто, но еве веќе година ипол тие не мрднаа со прст за државата. Граѓаните на Република Македонија ги презадолжија, секојдневно се соочуваат со криминал низ улиците, посочи Николоски“, рече Николоски.

Тој додаде дека Заев со договорот што го склучил со Грција ја понижил државата, бидејќи се направиле големи отстапки во кои и трајно се нарушени позициите на нашата држава.

„Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека граѓаните на Република Македонија треба сами и на своја волја да одлучат како ќе постапат на референдумот“, нагласи Николоски.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Јанушев: СДСМ е во паника, се обидуваат преку разни изјави да го заплашат народот

Објавено пред

Од

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев оствари теренеска посета во општина Свети Николе, каде што имаше и свое обраќање пред граѓаните. Покрај Свети Николе, Јанушев ја посети и општина Лозово.

„Се сретнавме со голем број на граѓани, разговаравме во врска со штетните последици од капитулантскиот договор кој што владата предводена од Заев го потпиша со соседна Грција. Она што можам да го истакнам е дека во огромен број граѓаните при овие посети се запознаени со текстот на договорот и истите не се согласуваат со нив, што всушност и како став и како партија се поистоветува и со ставот на ВМРО-ДПМНЕ. Бидејќи од самиот старт кажавме дека сме против овој договор и истиот нема да го прифатиме“, истакна Јанушев во својот говор.

Нормално разговаравме со луѓето, се обидовме да им објасниме некои нејаснотии кои што ги имаат. Исто така што може да се забележи особено последните денови е дека СДСМ е во паника се обидуваат преку разни изјави да го заплашат народот, додаде Јанушев.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев е единствен човек кој што се коцка не со свои пари, туку со сопствената држава и народ

Објавено пред

Од

Признанието на Заев дека при потпишувањето на капитулантскиот договор за промена на името, го ставил и народот “ол ин” е потврда дека договорот со Грција е договор за спас на кариерата на Заев, а не за доброто на државата и народот, бидејќи тие за него се само влог, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„Конечно по долго прикривање од граѓаните, Заев призна и дека свесно ги лаже и манипулира. Тој ги манипулираше граѓаните кога велеше дека нема да се менува Уставот, а сега гледаме дека ќе се менува, па незнаејќи како да ги објасни штетите ги крие амандманите од јавноста.

Заев ги манипулираше граѓаните и кога кажа дека името ќе биде само за надворешна употреба, за само по две недели откако ја даде таа изјава да застане зад име за севкупна употреба.

Заев ветуваше многу , а не реализира ништо. Се што вети се покажа дека е манипулација.

Зоран Заев по се што и направи на државата, надворешниот срам, проследен со рушење на сите меѓународни позиции градени со децении и понижувањето со договорите кои ги склучи, но и со економскиот дебакл кој и го приреди на државата , покажа дека нема капацитет да ја води државата.

Манипулаторот Зоран Заев мора да си замине пред штетите за државата да бидат преголеми“ порачуваат од опозициската партија.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија28 минути

НБРМ: Денарот е стабилен, не постои опасност за евентуална девалвација

Народната банка на Република Македонија информира дека, како институција надлежна за конципирање и спроведување на монетарната политика, цврсто стои на...

Регион1 час

(Видео) Четворица пожарникари повредени во ноќната битка со пожарот на Пељешац

Апокалипса на Пељешац по пожарот кој дивееше изминатото деноноќие, јавуваат хрватските медиуми. Огнената стихија на хрватскиот полуостров во текот на...

дијамант дијамант
Забава1 час

Најскапиот дијамант во светот проценет на 50 милиони долари на аукција во Женева

Розовиот дијамант од скоро 19 карати тргнува на светска турнеја пред да биде понуден на аукција во Женева, а се...

Свет1 час

(Видео) Макрон ја критикуваше политиката на Трамп и доби аплауз

Францускиот претседател, Емануел Макрон остро ги критикуваше во Њујорк светските лидери кои ги гледаат исклучиво своите интереси и порача дека...

Регион2 часа

Брутално убиство на 33-годишен геј активист ја бранува Атина

Геј активист почина во Атина откако брутално беше претепан. Зак Костопулос, 33-годишен активист на грчкиот ЛГБТИ, почина по брутален напад...

Свет14 часа

Бил Козби осуден на 3 до 10 години затвор за сексуален напад

Познатиот комичар Бил Козби е осуден на три до 10 години во државен затвор за дрога и сексуално малтретирање на...

Регион16 часа

(Видео) Пожар на Пељешац, гори борова шума – жителите ги бранат куќите

Во пожар што избувна кај местото Мокало на хрватскиот полуостров Пељешац гори густа букова шума. Според последните информации, огнот го...

Македонија18 часа

Се намалуваат трошоците во постапките пред нотарите и извршителите

На предлог на Министерството за правда, Владата ги прифати предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за извршување и на...

Македонија19 часа

Заев: Одлучуваат тие што гласаат, тие што не гласаат не се ни бројат

За успешноста одлучуваат тие што гласаат, а тие што не гласаат не се ни бројат, порача премиерот Заев пет дена...

sobranie, 27 april nasilstvo krvav cetvrtok sobranie, 27 april nasilstvo krvav cetvrtok
Крвав четврток20 часа

Чавков наредил да им ја отворам вратата на колегите од УБК, сведочеше собраниска полицајка за oдзмените харддискови

По наредба на директорот на БЈБ, обвинетиот Митко Чавков, било одземањето на дисковите со снимките од безбедносните камери во Собранието, потврди собраниската...

Крвав четврток20 часа

Судот им ги одби гаранциите на Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов да се бранат од слобода

Обвинетите пратеници Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов, како и активистот Богдан Илиевски и обезбедувачот Оливер Радулов, и натаму остануваат во...

Топ21 час

Градоначалникот на Куманово добивал закани, поднесена кривична пријава против едно лице

Градоначалникот на Куманово до СВР Куманово пријавил дека во два наврата му биле испратени СМС-пораки со заканувачки содржини кон него...

Крвав четврток22 часа

Се надевам дека ќе одговараат нарачателите за 27 април, рече обвинителката Русковска

По првиот дел од судењето во кривичниот суд за настаните од 27 април, обвинителката Вилма Русковска, на новинарско прашање, рече...

Investigative story23 часа

Антикорупциската комисија се сомнева во злоупотреби со монографии на Филозофскиот факултет

Антикорупциската комисија има доставено иницијатива за поведување постапка за кривично гонење поранешен декан на Филозофскиот факултет до Јавното обвинителство,поради сомневања...

Крвав четврток23 часа

„Влатко Ѓорчев ги молеше како Господ да не нè напаѓаат“, се расплака телохранителот на Оливер Спасовски

(Фото: Ацо Ангеловски во средина) „Лево од мене слушнав наредба – убијте ги! Масата одеднаш тргна кон нас. Бидејќи не...

Регион24 часа

Додик: Јавна тајна е дека опозицијата подготвува немири на улиците

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека е јавна тајна дека опозицијата во тој српски ентитет има план да...

Виница Виница
Македонија1 ден

Вонредни контроли по масовното труење со храна во Виница

Aгенцијата за храна и ветеринарство во наредните денови во Виница ќе изврши вонредни контроли кај сите оператори што произведуваат, подготвуваат...

Свет1 ден

Кина: САД ни ставаат „нож под грло“, губиме и едни и други

Продолжувањето на кинеско-американските трговски преговори е тешко откако САД на Кина и ставија „нож под грло”, рече заменик-министерот за трговија...

Свет1 ден

САД ја предупреди Русија: С-300 во Сирија ќе биде голема грешка

САД ја предупредија Русија дека распоредувањето на модерниот анти-ракетен систем С-300 во Сирија е голема грешка и дека одлуката треба...

Топ1 ден

Осумнаесетгодишно момче од Скопје загина во сообраќајна несреќа

На улицата „Јадранска магистрала“ во Скопје ноќеска се случила сообраќајна несреќа во која животот го загуби 18-годишниот Д.К. од Скопје....

Досие