Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Димитров или да ги врати парите или да даде оставка

Објавено пред

Добро е што владата денес ја призна грешката и се извини затоа што го згрешија знамето на Австрија со знамето на Латвија, но подобро ќе беше да згрешат и стипендијата од 40.000 долари наместо на ќерката на Димитров да ја доделат на некој друг студент кој не може да си дозволи студирање на престижен универзитет во Холандија.Министерот за надворешни работи или да ги врати парите на граѓаните или да си даде оставка, изјави Данијел Апостолоски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Недозволиво е во итна процедура, на ден или два пред локални избори, надлежната комисија во Министерството за образование да одлучува да и додели 40 000 долари на ќерката на Димитров. Што е итноста и зошто таа би била привилегирана во однос на било кој друг студент ?Додека студенти спијат по дворови на студентски домови, додека учениците немаат книги, иако учебната година е почната, ќерката на Никола Димитров добива стипендија од 40.000 долари за студирање на престижен универзитет во Холандија во непосредна близина на нејзиното семејно живеалиште.40.000 долари на даночните обврзници на Република Македонија ќе завршат за потребите на ќерката на Никола Димитров, човекот кој стави потпис на капитулантскиот договор со Грција“, рече тој.

Доколку  Димитров навистина се залага за европски вредности и практики, истакна Апостолоски, треба да поднесе оставка и да преземе одговорност.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е против тоа парите да завршат кај граѓаните

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ е против враќање на повеќе пари назад кај граѓаните, не може да се помири што парите завршуваат кај граѓаните а не во нивниот скапоцен дворец или во џебовите на фамилијата, соопшти СДСМ.

„Токму ВМРО ДПМНЕ 11 години ги крадеше парите од граѓаните заради лично богатење додека граѓаните тонеа во долгови и сиромаштија.

За разлика од таквиот однос на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ реализира серија мерки и се повеќе пари се враќаат кај граѓаните, во семејствата.

Со мерката поврат на 15 отсто од ДДВ се обезбедува дополнителен приход на крајот од годината кај секое семејство.

Ова е последна од низата мерки кои обезбедуваат помали трошоци и повеќе пари кај граѓаните.

Со укинувањето на радиодифузната такса, воведувањето на евтината тарифа на струјата, намалувањето на извршителските, адвокатските, нотарските и катастарските трошоци, како и воведувањето на европската младинска картичка се намалуваат трошоците но и се обезбедуваат повеќе пари во секое семејство.

Само со мерката за воведување евтина тарифа над 11 милиони евра заштедуваат граѓаните на годишно ниво.

Колку и да не им се допаѓа на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ парите ќе продолжат да се враќаат назад кај граѓаните“ се наведува во партиското соопштение.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Беса: Сè уште нема потврда дека оваа година сигурно ќе добиеме датум за преговори

Објавено пред

Северна Македонија, за жал, не успеа да добие датум за почеток на преговорите овој месец, но исто така спорен е фактот дека сè уште нема потврда дека оваа година сигурно ќе го добиеме датумот за почеток на преговорите, велат од Беса. Партијата апелира дека во следниот период Владата и сите други институции да се посветат максимално и да работат на долгоочекуваните реформи, а особено во делот на забелешките од извештајот на Европската комисија.

„Судскиот систем во Северна Македонија е нефункционален, крајно партиски и, генерално, политизиран. Дури и денес судските постапки во речиси сите судски случаи се решаваат преку партиски компромиси кои имале и имаат влијание врз судството. Ако до 2016 година имавме судии на тефтерчиња, денес имаме судови на партиски коалиции. Сведоци сме дека германскиот Бундестаг и холандскиот парламент, како и многу амбасадори на земји со големо влијание врз одлучувањето во ЕУ, го условија евентуалниот датум со законот за специјално јавно обвинителство како институција што треба да се бори против криминалот и корупцијата во рамките на институциите направени во минатото, но и во иднина. Со други зборови, може да назначиме дека овие важни земји ѝ рекоа на Северна Македонија дека сè уште не расчистила со криминалот од поранешниот режим, има развлекување на судските маратонски процеси, кои останаа без епилог“, изјави Кастриот Реџепи, потпретседател на Беса.

За да биде уште полошо, велат од таму, дел од поранешниот режим денес е дел од оваа Влада, која дури и не заврши вистинска истрага, особено од доказите што произлегуваат од снимениот материјал.

„Затоа, Движењето Беса бара да биде вклучена во изготвувањето на законот за специјалното јавно обвинителство предлагајќи да нема рокови за поднесување обвиненија или поведување истраги, како и сите прислушувања поврзани со злоупотреба на службената положба, штета на државниот буџет, да бидат како доказ во сите фази од истрагата, без ограничување. Кој било друг обид да се ограничи работата на специјалното јавното обвинителство ќе биде доказ дека некој се обидува да го скрие криминалот, а тоа не само што ќе влијае негативно на нашите европски партнери туку може да биде и едно од клучните прашања за одолжување на приемот на датумот за почеток на преговорите со Европската Унија“, рече Реџепи.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ повторно е фатен како ги лаже граѓаните

Објавено пред

Антонијо Милошоски повторно е фатен како ги лаже граѓаните, ниту една земја членка не била против нашата земја да почне преговори со ЕУ, реагираат од СДСМ, по твитот на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, во кој наведе дека седум земји членки на Европската Унија се против отворање преговори со Северна Македонија.

„Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, повторно е фатен како ги лаже граѓаните. Тоа е ВМРО-ДПМНЕ на Христијан Мицкоски, немаат идеја, немаат програма, шират лажни вести, безобрано и дрско лажат. Не е точно дека која било држава e против Република Северна Македонија да почне преговори за влез во ЕУ како што лаже Милошоски. Напротив, ниту една земја членка не била против нашата земја“, велат од партијата.

Во заклучоците на Советот на министрите на ЕУ, велат од СДСМ, одредена е точна временска точка во која ќе се донесе и потврди одлуката за почеток на преговорите за членство ЕУ, а тоа нема да биде подоцна од октомври оваа година.

„Заклучоците на Советот, како и најпозитивниот извештај на Европската комисија се јасно и недвосмислено признание за постигнатите успеси на Владата предводена од СДСМ. Недостојно и недозволиво е пратеник да ги лаже граѓаните за теми што се поврзани со остварувањата на врвните национални и државни интерес како интеграцијата во ЕУ. Милошоски треба да си поднесе оставка од функцијата пратеник за која не е достоен да ја извршува“, велат од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Захариева: Можно е до октомври да биде донесена одлуката за почеток на преговори со ЕУ за Северна Македонија и Албанија

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева изјави дека е можно до октомври да биде донесена одлуката за почеток...

Топ8 часа

Три години затвор за жената што прегази 13-годишно дете на Илинденска

Основниот кривичен суд денеска ја објави пресудата за предметот со сообраќајната несреќа, која на 18 септември 2015 година се случи...

Топ9 часа

Татко и љубовник сексуално експлоатирале 15-годишно девојче

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против пет лица за трговија со дете. Меѓу нив...

Свет9 часа

Тројца Руси и еден Украинeц обвинети за уривањето на малезискиот авион во Украина

Четири мажи се обвинети за убиство при уривањето на авионот на „Малезија ерлајнс“ во источна Украина во 2014 година, при...

Свет10 часа

Кашоги е жртва на намерна, претходно испланирана егзекуција – покажа независната истрага на ОН

Саудискиот новинар Џамал ​​Кашоги е жртва на намерна, претходно испланирана егзекуција, заклучи специјалниот известувач на Обединетите нации, Агнес Каламард, по...

Екологија11 час

Арктичкиот вечен лед се топи 70 години порано од очекувањата на научниците

Пермафрост или трајно замрзнатата почва во канадскиот дел на Арктикот почнала да се топи 70 години порано од прогнозите на...

Македонија11 час

Заев: Ниту една земја членка на ЕУ не е против отворањето преговори со Северна Македонија

Ниту една земја членка на Европската Унија не е против отворањето преговори со Северна Македонија, изјави премиерот Зоран Заев на...

Топ12 часа

Откриени злоупотреби со службени возила во општина Велес

Поранешен градоначалник и поранешен претседател на Советот на Општина Велес се обвинети за злоупотреба на службената положба. Според велешкото Обвинителство,...

Свет12 часа

Русија претстави доказ дека терористите се обидуваат да добијат биолошко оружје

Меѓународните терористи се обидуваат да добијат пристап до нуклеарно и биолошко оружје, а и до токсични хемикалии за да ги...

Свет14 часа

Во земјотресот во Јапонија повредени 26 лица

Најмалку 26 лица се повредени, од кои едно критично, кога земјотрес со јачина од 6,7 степени го погоди во вторникот...

Свет15 часа

(Видео) Запленети 16,5 тони кокаин во Филаделфија вреден една милијарда долари

Американските власти открија 16,5 тони кокаин во товарен брод „МСЦ Гајан“ во пристаништето во Филаделфија. Станува збор за една од...

Македонија1 ден

Заев очекува формален почеток на преговорите со ЕУ до крајот на годинава

Задоволни сме од денешниот заклучок на Советот на министри, но тој ќе значи целосен успех во октомври, кога ќе се...

Свет1 ден

Трамп на „Твитер“ најави масовни апсења на мигранти

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на „Твитер“ најави масовни апсења на мигранти. Иронично за објавата на Трамп е дека големите миграциски...

Топ1 ден

Маж и жена од Тетово сексуално експлоатирале 15-годишно девојче

Жена од Тетово и нејзиниот сосед сексуално експлоатирале 15-годишно девојче. Тие договарале сексуални услуги на интернет и го носеле девојчето...

Македонија1 ден

ЕУ не определи датум за почеток на преговори со Северна Македонија

Министрите за надворешни работи на Европската Унија на Советот за општи работи на Унијата во Луксембург не се согласија околу доделувањето...

Европа1 ден

(Видео) Меркел, поради дехидрација, неконтролирано се тресеше на пречекот на Зеленски

Германската канцеларка, Ангела Меркел, изгледаше како да не ѝ е добро и нејзиното тело неконтролирано се тресеше додека денеска во...

Македонија1 ден

Грујевски наредил опремата за прислушување да се сече на парчиња

Ни беше кажано од Горан Грујевски дека опремата за следење на комуникациите ќе ја исечка на парчиња од 5 сантиметри,...

Македонија1 ден

УБК прислушувала од аероклубот во Центар

Сведокот Сашо Трајковски во продолжението на сведочењето за предметот за масовното прислушување на СЈО – „Таргет – Тврдина“, рече дека,...

Свет1 ден

ОН: Светското население ќе порасне на 9,7 милијарди до 2050 година

Населението во светот старее и иако бројот на жители расте со побавно темпо, сепак се очекува негово зголемување од сегашните...

Регион1 ден

(Видео) Тројно убиство во Белград, жртвите биле мачени и фрлени во септичка јама

Во текот на изминатата ноќ по пријава на граѓани, српската полицијата открила три тела во септичка јама зад шопинг-центар во...

Досие