Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: „Дрисла“ е мегдан за бизнис-интереси на власта

Објавено пред

Скопје се дави во смет и депонии, а Шилегов нема решение и печали на грбот на скопјани, обвинуваат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

„Скопје продолжува да биде најзагаден град во светот, без градска депонија, која ќе ги исполнува европските и светските стандарди. Откако два дена Шилегов се фалеше со прескапо платената опрема за собирање смет, никаде го нема да одговори зошто го оштети буџетот на Скопје за 16 милиони денари, пари што можеше да ги заштеди и инвестира за доброто на скопјани“, се наведува во соопштението.

Како што велат од опозициската партија, вредноста на набавката е 1,5 милион евра или околу 90 милиони денари од буџетот на Град Скопје, а на неа мора да се плати ДДВ во вредност од 18 отсто или околу 16 милиони денари.

„Ако парите преку Советот на Град Скопје му се префрлеа на Јавното комунално претпријатие и тоа со сопствени средства ја набавеше опремата за набавка на сметот, ќе се заштедеа парите од ДДВ бидејќи тоа е основна дејност на претпријатието. Со заштедените средства ќе можеше да се инвестира во нова опрема. Од друга страна, на депонијата „Дрисла“ се гледа како на мегдан за правење бизнис-интереси на луѓето од власта и оние блиски до Зоран Заев“, стои во соопштението.

Соопштенија

(Видео) Костадинов: Законот за ЈО е ефикасен против сите кои сториле криминал, нема никаква скриена амнестија

Објавено пред

Законот за Јавно обвинителство е гаранција за воспоставување правна држава и како партија тврдиме дека со законот нема никаква скриена амнестија, порача на денешната прес-конференција портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

Тој истакна дека Законот за Jавно обвинителство е ефикасен и применлив против сите кои сториле криминал.

„Продолжуваат предметите на СЈО кои се во фаза на судско постапување и нема законска пречка да им се суди на партиските криминалци од редовите на ВМРО ДПМНЕ. Затоа го повикуваме судот да престане со бескрајното одложување на процесите и конечно да создаде услови за секојдневни судења. Продолжуваат истрагите и предистрагите на СЈО кои беа запрени со mислењето на Врховниот суд, иницирано од судијата Јово Вангеловски, кој важеше за судски заштитник на криминалот на ВМРО-ДПМНЕ“, нагласи партискиот портпарол додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ не сака да се соочи со фактите затоа што целото нивно постоење и функционирање почива врз криминал и корупција.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Авзиу: ДУИ се грижи за административните службеници и напредокот на нивната кариера

Објавено пред

Изминатите години успеавме да создадеме можност за вработување на околу 25.000 административни службеници Албанци и ја зголемивме правичната застапеност од 2 во над 20%, изјави на прес-конференција Адем Авзиу од ДУИ.

Тој порача дека грижата за административните службеници продолжува со законските измени, со кои се олеснува можноста за унапредување и признавање на високото образование за административните службеници вработени со средно образование, кои во меѓувреме завршиле факултет.

„Секој административен службеник кој две години е на работно место на исто ниво и имајќи ја предвид и последната просечна оценка при оценувањето, ќе може да премине од пониската во повисока позиција на тоа работно место“, објасни Авзиу.

Тој нагласи дека почнувајќи од 1 декември годинава, административните службеници ќе имаат можност да поднесат барање до раководителите на институциите, за обезбедување на вреднување на адекватното ниво на образованието во основната компонента на плата.

 

 

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Ја покачивме пензијата за над 1.700 денари и социјалната помош за 300%

Објавено пред

Над 324.000 пензионери добија покачување на јануарската пензија од 722 денари. До крајот на 2020 година пензиите ќе пораснат за вкупно околу 900 денари, објави СДСМ.

„Сега просечната пензија изнесува 15.500 денари, за три години е зголемена за 1.746 денари. Водејќи сметка за сите категории граѓани воведовме и социјална пензија, која засега ја користат над 4 200 лица, кои немаат право на старосна пензија.

Донесовме закон за докуп на стаж на граѓани кои работеле, а не им биле плаќани придонесите за пензиско и инвалидско осигурување со цел и ним да им овозможиме полесен и подостоинствен живот.

Спроведуваме социјална реформа, со која целосно го менуваме начинот за грижа на ранливите категории и значително ја зголемуваме финансиската помош што ја добиваат.

Со 300 проценти зголемување на социјалната помош извлекуваме повеќе од 120.000 граѓани од сиромаштија. Социјалната помош е покачена од 3.000 на 11.700 денари.

Вкупно 27.000 семејства примаат гарантирана минимална помош, 27.130 деца земаат детски додаток, образовниот додаток го користат над 8.500 деца.

Секој граѓанин има право на достоинствен живот. Затоа продолжуваме интензивно да работиме на мерки и политики за подобрување на социјалната положба на граѓаните“, се вели во партиското соопштение.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 минути

Милошоски ја предаде „бомбата” за Заев во Обвинителствотo

„Она што го поседувавав како материјал, аудио и транскрипти во кои се слуша гласот на Зоран Заев, го предадов во...

Регион32 минути

Двајца Срби, членови на екипажот на крузерот, имаат коронавирус

Двајца државјани на Србија, членови на екипажот на бродот „Дајмонд принцес“, е потврдено дека се заразени со коронавирусот. Информацијата ја...

Македонија2 часа

ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира пред Обвинителството и Врховниот суд

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повика на протест во 18 часот, кој ќе почне пред Обвинителството, а ќе заврши пред...

Спорт2 часа

Џордан во солзи се прости од Коби Брајант (Видео)

Кошаркарската легенда Мајкл Џордан се прости од Коби Брајант, кој на 26 јануари заедно со својата ќерка Џијана и уште...

Македонија2 часа

Тестовите потврдија – нема заразен од коронавирус во земјава

Лицето кое синоќа беше примено на Инфективната клиника во Скопје е тестирано и нема коронавирус, потврдија од Министерството за здравство....

Свет2 часа

Почна процесот за екстрадиција на Асанж во САД

Првото рочиште во процесот на екстрадиција на Џулијан Асанж во САД се одржа пред судот во Лондон, при што двете...

Свет13 часа

Паника од коронавирусот, Италијанците ги испразнија супермаркетите

Во напад на паника поради коронавирусот Италијанците ги испразнија супермаркетите, а фотографиите на празни полици што ги објавија медиумите се...

Спорт13 часа

Ванеса Брајант ја тужи хеликоптерската компанија за трагичната несреќа

Ванеса Брајант поднела тужба против хеликоптерската компанија „Ајланд експрес хеликоптерс“ барајќи економска и казнена отштета по смртта на нејзиниот сопруг,...

Свет14 часа

Вајнштајн прогласен за виновен за сексуални напади

Поранешниот филмски продуцент Харви Вајнштајн е прогласен за виновен за две точки од обвиненијата за сексуален напад. Според Би-би-си, тој...

Македонија16 часа

Поради ужасните услови за живеење во Битола, Лука се враќа во Скопската зоолошка градина

Социјалните мрежи денеска беа преплавени од фотографии од тажното мајмунче Лука, сместено во валкан кафез во битолската Зоолошка градина, без...

Свет18 часа

Автомобил удри во карневалска поворка – 15 лица повредени во Германија

Полицијата уапси возач кој со сребрен караван се забил во карневалска поворка во Германија, пpи што се повредени 15 лица....

Европа19 часа

Бројот на починати од коронавирус во Италија се зголеми на седум лица

Во Италија почина и седмото лице од коронавирус. Станува збор за 80-годишен маж, кој претходно бил хоспитализиран, пренесоа локалните медиуми....

Македонија20 часа

Филипче апелира граѓаните да ги откажат патувањата во Италија

По петте смртни случаи од коронавирус во Италија, министерот за здравство, Венко Филипче, апелира граѓаните да ги одложат сите патувања...

Свет22 часа

Шведска – земја во која пратениците немаат привилегии, дури и кафето го плаќаат од својот џеб

Народните избраници во Шведска имаат право на канцелариски простор од седум квадратни метри, мали станови за службени лица и строги...

Македонија22 часа

Филипче најави засилени контроли на аеродромите и границите поради ширење на коронавирусот во Италија

Поради новонастаната состојба со коронавирусот и проширувањето на вирусот во областите Ломбардија, Венето и Емилија-Ромања во Италија, утрово министерот за...

Економија22 часа

Поскапуваат горивата

Горивата од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина, односно за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Цените на...

Македонија23 часа

Притвореничка од истражниот затвор каде што е Ангела ќе сведочи за убиството на Пино

На денешното рочиште за убиството на Пино Секондо сведочеше жената на која обвинетите првично ѝ признале дека сториле убиство. Адвокатката...

Топ1 ден

Двајца скопјани повредени од огнено оружје во Бутел

Доцна синоќа во 00:21 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата Ферид Бајрам во Бутел биле слушнати истрели...

Европа1 ден

(Видео) Полиците во повеќе италијански маркети се целосно празни, луѓето се подготвуваат за епидемија

Во неколку помали места во италијанските региони Ломбардија и Венето, со население од околу 50.000 луѓе, од вчера на сила...

Европа1 ден

Четврта жртва на коронавирусот во Италија

Бројот на жртви од коронавирусот во Италија се искачи на четири, а бројот на заразени надмина 150. Според статистиката, во...

Досие