Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Еве колку пратениците на СДСМ си ги заработуваат платите

Еве колку пратениците на СДСМ си ги заработуваат платите, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ трипати поактивни и со повеќе дискусии од СДСМ. Во периодот од 1.7.2021 година до 31.12.2021 година над 50 % од сите активности во Собранието се преземени од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата е убедливо најактивна и мотор на Собранието, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека во периодот јули – декември 2021 година пратениците на ВМРО-ДПМНЕ имале 109 дискусии наспроти 36 што ги имале пратениците на СДСМ, 10 на ДУИ и 27 сите други.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ имале трипати повеќе дискусии од тие на СДСМ.
Во истиот период пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имале 127 реплики наспроти 83 на СДСМ, 8 на ДУИ и 5 на сите други. Воедно, и според бројот на контрареплики пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се убедливо први, со 111 контрареплики наспроти 95 од СДСМ, 19 од ДУИ и 13 на сите други.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ дадоа свој значаен придонес во нормалното функционирање на Собранието и носењето закони за доброто на граѓаните, а во исто време силно се спротивставија на сите криминални закони на СДСМ и ДУИ.
ВМРО-ДПМНЕ во таа насока уште позасилено продолжува и сега со активната блокада во Собранието, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ: Мицкоски да одговори каде завршиле украдените пари од „Криминални парцели“

„Последните информации кои излегоа во јавноста покажуваат дека обвинетите и осомничени во аферата „Криминални парцели“ со која се проневерени 1,6 милиони евра се донатори на ВМРО-ДПМНЕ и на кампањата на Данела Арсовска.
Орце Тодоровски, Дарко Тодоровски, Влатко Илиевски, Мирослав Митрески се на листите на донатори на ВМРО-ДПМНЕ, а Орце Тодоровски и на листата на донатори на Данела Арсовска.
Мицкоски да не бега туку да одговори каде завршиле украдените пари од „Криминални парцели“?
Дали Мицкоски ја искористил познатата шема на неговиот ментор и преку својот телохранител ги прикрил трагите за испумпување на пари од ЕВН, како што Никола Груевски правеше со плацовите на Водно?
Мицкоски мора да даде одговори на овие прашања пред јавноста“.
Соопштение на СДСМ
Економија
Катастрофалното менаџирање на енергетската криза ќе доведе до уште повисоки сметки, велат од опозицијата

Енергетската политика на СДСМ и ДУИ е еднаква на енергетска катастрофа, заради таа катастрофа следи ново покачување на електричната енергија, порача опозициската ВМРО-ДПМНЕ утрово преку соопштение.
Од партијата коментираат дека намаленото домашно производство на електрична енергија е рекордно најниско изминативе години, и е причина за енормните сметки за струја на граѓаните, општините и стопанството.
ВМРО-ДПМНЕ предупреди дека „катастрофалното менаџирање на енергетската криза ќе доведе до уште повисоки сметки кои ќе ги плаќаат граѓаните наредниот период“.
„Наместо да произведуваат струја, владата на СДСМ и ДУИ единствено мислеше на криминалните тендери во РЕК Битола. Вчерашната хаварија со поплавата во РЕК Битола и сликата во која се наоѓа енергетскиот систем во Македонија. Со години хаварија во енергетскиот систем. Државата ги остави општините во долгови заради огромните сметки за електрична енергија. Наместо општините да решаваат инфраструктурни проблеми, преку реализација на проектите, тие мака мачат да ги платат огромните сметки за струја.
За разлика од сите енергетски компании во светот кои работат профитабилно, ЕЛЕМ е пред банкрот заради тоа што не произведува електрична енергија и увезува поскапа струја за 7-8 пати. Недоволното производство на струја, празните акумулации, криминалните тендери за фиктивен ископ, тендери во 4 очи и богатење на фирми блиски од фамилијата Заеви се причината за огромните високи сметки за струја на граѓаните и стопанството.
Оваа катастрофална состојба во енергетскиот систем треба што поскоро да запре. Премногу е!“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
СДСМ: Мицкоски да каже каде завршиле украдените пари од „Криминални парцели“

„Наместо да бега од одговори и да ја замајува јавноста, Христијан Мицкоски да излезе и да одговори пред граѓаните каде завршиле украдените пари од сметката на ЕВН Електрани и дали завршиле за финансирање на неговата партија ВМРО-ДПМНЕ?
Како што е веќе познато, дури шестмина од седумте осомничени за малверзации со ниви во Делчево се директно поврзани со ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.
Мицкоски како прв човек во ВМРО-ДПМНЕ треба да одговори дали осомничените работеле по негови инструкции, за ЕВН да плати 50 пати поскапо земјиште за соларни централи?
Дали Мицкоски ја искористил познатата шема на неговиот шеф и ментор Никола Груевски и преку својот телохранител ги прикривал трагите за испумпување на пари од ВМРО-ДПМНЕ?
Прашањата се јасни и едноставни, Мицкоски треба да одговори“.
Соопштение на СДСМ