Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Единствено што функционира е делењето на тендери, грантови и стипендии на функционерите од власт

Објавено пред

Криминалниот картел на власта на најбезобразен начин зад превезот на прашањето за името и референдумот врши грабеж на сопствениот народ и сопствената држава, обвини ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата порачуваат дека економијата е во целосен хаос, а единствено што функционира совршено е делењето на тендери, грантови и стипендии на функционерите од власт.

„Стопанството се гуши во овој економски колапс, граѓаните осиромашуваат, цените растат, а стандардот опаѓа. Само во шминканите статистики на владата економијата расте. Но и во таква ситуација тие не може да го одречат фактот дека македонската економија пораснала во вториот квартал со трет најнизок процент во споредба со останатите земји во Европа. Второ, овој процент кој криминалниот квартал го слави е во споредба со вториот квартал минатата година кога бележеше пад, што значи реалниот раст е незначителен. Третиот факт е дека и овој резултат е благодарение на економската активност на ТИРЗ-овите кои СДСМ во време кога беше опозиција ги ругаше“ се наведува во соопштението.

Загрижувачки е, како што велат од партијата, показателот дека освен што нема покачување на капиталните инвестиции, активноста во градежништвото и натаму е ниска, а постои и пад во ИТ секторот. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека тоа е само потврда дека отсуствува реална и развојна економска политика кај оваа власт. Тоа, според нив, граѓаните го чувствуваат по својот грб и по својот џеб, додека картелот на власт се богати.

„Ова мора да престане. Криминалниот картел на власт треба да падне, за на Македонија и тргне. Само така на Македонија и престои европска иднина, бидејќи оваа неспособна власт не може тоа да го обезбеди“ додаваат од опозициската партија.

Соопштенија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да престане со праксата да им се заканува на судии и обвинители

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ, партијата симбол на Сваровски-судството, е навикната да врши притисоци, да им се заканува и да им диригира на обвинителите и судиите како да работат, како што тоа го правеше за време на 11-годишното криминално владеење. Таквото време на притисоци, закани, уцени, нарачани предмети и пресуди заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ, соопшти СДСМ.

Според партијата, денес, обвинителствата и судовите работат професионално во заштита на законите и во интерес на граѓаните. Секој што постапувал незаконски, ќе одговара за своите постапки, никој не е и нема да биде над правдата.

„Антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски треба да престане со заканите и да ги остави обвинителските и судските органи да ја вршат својата работа професионално, независно и ослободени од секакви притисоци“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Неспособниот Мицкоски се гордее со криминалите и провизиите на Груевски

Објавено пред

Единствено нешто што ВМРО-ДПМНЕ реализира во инфраструктурата за време на 11-годишното криминално владеење беа договорените тендери и провизиите за автопатите што ги договорија Никола Груевски и неговата десна рака Миле Јанакиески, а со кои денес се гордее нивниот соработник, неспособниот Христијан Мицкоски, соопшти СДСМ.

Според партијата, за 11 години, неспособната ВМРО-ДПМНЕ изгради само 10 километри автопат, сè друго се криминали, пропусти, договорени тендери и провизии преку кои се богатеа поединци.

„Пропустите на автопатите Кичево-Охрид и Миладиновци-Штип направени заради криминалните интереси на ВМРО-ДПМНЕ, ги чинеа граѓаните дополнителни стотици милиони евра и тие се симбол за неспособноста, криминалот и корупцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

За разлика од таквиот криминален однос, Владата предводена од СДСМ и Министерството за транспорт и врски посветено работат на надминување на штетите наследени од криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ и инвестираат во развој на инфраструктурата. Преку одгововрен и домаќински пристап во 2018 беа изградени и реконтруирани над 60 патни правци во целата држава. Инвестицискиот циклус во инфраструктурата продолжува и се интензивира во 2019 година кога се предвидени изградба и рехабилитација на патишта и автопати во вкупна должина од над 770 километри со вредност од 1,2 милијарда евра. Владата предводена од СДСМ продолжува да инвестира во реални, одржливи инфраструктурни проекти, кои обезбедуваат побрз и посигурен транспорт и им го олеснуваат животот на граѓаните“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Шекеринска: Се посветивме на договорот со Грција, но не ги запоставивме реформите

Објавено пред

Заменик-претседателката на СДСМ и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, одржа работен состанок – брифинг со амбасадори и претставници на дипломатските претставништва на повеќе земји во Република Македонија.

Пред присутните, заменик-претседателката Шекеринска зборуваше за реформскиот процес, коментирајќи дека огромен дел од работата е завршен, но сè уште претстојат бројни предизвици и доста работа.

„Се посветивме на спроведување на договорот со Грција, но не ги запоставивме ниту обврските со зацртаните реформи. Многу од донесените закони се консултирани со Европската комисија, со Венециската комисија, но и со опозицијата во парламентот. Продолжуваме со консултации, со независните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, кои дадоа значаен придонес во досегашниот процес, но ќе продолжиме да правиме напори за вклучување и на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со цел да добиеме што поширока поддршка за законите што треба да се донесат, особено оние кои се однесуваат на правосудството. Ќе продолжиме посветено да работиме на реформскиот процес што е во интерес на граѓаните и државата“, посочи Шекеринска.

Таа пред амбасадорите изрази задоволство од усвојувањето на Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси со што оцени дека се создава нова силна и независна Државна комисија за спречување на корупцијата, која преку зголемените надлежности и независниот состав, вистински ќе се бори против корупцијата и судирот на интереси.

Шекеринска им се заблагодари на амбасадорите за поддршката што нивните земји ѝ ја даваат на Македонија во интегративниот процес кон ЕУ и НАТО и во спроведувањето на договорот од Преспа и изрази уверување дека договорот ќе биде ратификуван и во Парламентот во Грција, по што ќе следува усвојување на Протоколот за членство во НАТО.

Присутните амбасадори и претставници на дипломатски мисии во државата упатија честитки за успешното спроведување на договорот од Преспа и напредокот на Македонија во интегративниот процес и истовремено изразија уверување дека Владата предводена од СДСМ ќе продолжи посветено да работи на реформите што обезбедуваат силни и независни институции, владеење на правото и ја приближуваат државата кон ЕУ и НАТО.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Собранието објави оглас за aнтикорупциската комисија, Тасева обвинува дека добрите антикорупционери не се пожелни

Собранието го објави огласот за избор на новиот состав на Комисијата за спречување на корупцијата. Огласот ќе трае 7 дена...

Свет10 часа

Вес Мичел поднесе оставка, идниот месец заминува од Стејт департментот

Вес Мичел, помошник-државен секретар на САД, наредниот месец заминува од функцијата во Стејт департмент поради лични и професионални причини. „Две...

Македонија10 часа

(Видео) Десетина имиња во игра за претседателски кандидат на СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека десетина имиња се во игра за кандидат за претседателските избори на СДСМ. Тој најави...

Изборни измени13 часа

Малите партии бараат една изборна единица, па потоа избори

Малите партии ја реафирмираат идејата за промена на изборниот модел во една изборна единица и отворени листи на гласање. Тие...

Македонија13 часа

(Видео) Дејан од Ѓорче Петров: „Помогнете ми, ама не како Боки 13“

Дејан Костовски од Ѓорче Петров вели дека Бојан Јовановски, познат како Боки 13, не го испочитувал ниту договореното за плаќање...

Македонија13 часа

Теута Арифи за 300 илјади евра каскадно ќе ја уредува Пена

Општина Тетово за 17 милиони денари или речиси 300 илјади евра ќе става потпорни ѕидови на реката Пена во делот...

Македонија14 часа

СЈО испитува дали баџанакот на Ѕинго, Стојан Миланов, наместил тендер на кочанска фирма

Специјалното јавно обвинителство отворило предистражна постапка за злоупотреба на службената положба и овластување по кривичната пријава која ја поднесе СВР...

Македонија15 часа

Учениците од утре повторно на настава

Министерството за образование и наука информира дека второто полугодие од учебната година почнува утре и важи за сите ученици од јавните и...

Македонија16 часа

Владата го испрати Законот за употреба на јазиците до Венециската комисија

Владата ја испрати целосната содржина од Законот за употреба на јазиците на мислење до Венециската комисија, заедно со алтернативниот текст на...

Македонија16 часа

Во 18 часот се укинува бесплатниот јавен превоз во Скопје

Во 18 часот се укинува бесплатниот автобуски превоз во Скопје поради намалување на загаденоста во градот, соопштија од Град Скопје. И...

Спорт17 часа

Исчезнал авионот со кој летал најскапиот играч на Кардиф

Емилиано Сала (28), кој три и пол години играше за Нант, пред неколку дена потпиша за Кардиф за клупски рекорд...

Македонија17 часа

(Видео) Македонец си ја убил сопругата на паркинг во Австрија

Македонски државјанин кој живее во Австрија ја убил вчера напладне својата сопруга, пренесуваат австриските медиуми. Жената, истотака со потекло од...

Топ18 часа

На Табановце приведено лице кое се барало за издржување затворска казна

Лице кое се барало за издржување казна затвор во траење од една година, било приведено при пасошка контрола на граничниот премин...

Регион19 часа

Српски медиуми: По Путин, во Белград доаѓаат Трамп и Меркел

Претседателот на САД, Доналд Трамп, би можел во текот на оваа година да ја посети Србија, објавува во денешното издание...

Македонија20 часа

Расправата во грчкиот парламент за договорот од Преспа ќе трае четири дена

Претседателот на грчкиот парламент, Никос Вуцис, одлучи дека дебатата за преспанскиот договор со која ќе се стави крај на 27-годишниот...

Македонија1 ден

Трајковски: Дисциплинската постапка против мене е напад врз правата на пациентите

Царинскиот службеник Александар Трајковски, кој зеде боледување за да замине во Будимпешта, каде што беше фотографиран заедно со експремиерот Никола Груевски,...

Македонија1 ден

„Фајненшл тајмс“: Преспанскиот договор е достигнување за прослава на Балканот

Договорот за решавањето на 27-годишниот спор помеѓу Грција и Македонија, што неделава влезе во процедура за ратификација во грчкиот парламент,...

Македонија1 ден

Калајџиев и Цаца Николовска избрани да вршат надзор врз прислушувањето

Комисијата за избори и именувања одлучи да се објави оглас за избор на тројца членови за граѓанскиот совет за надзор...

Македонија1 ден

Уништена големата авионска бомба што беше пронајдена во центарот на Скопје

Дирекцијата за заштита и спасување соопшти дека успешно е уништена авионската бомба од Втората светска војна, која пред неколку дена...

Македонија2 дена

(Видео) Мицкоски: Владата да прогласи вонредна состојба поради загадувањето

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, преку видеообраќање побара од Владата да прогласи вонредна состојба поради загадувањето. Тој оцени дека состојбата...

Досие