Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Загинатите македонски херои во Диво Насеље ќе останат запишани со златни букви во историјата

Објавено пред

Вечна им слава на македонските херои што ги загубија животите во Диво Насеље. Тие ќе останат запишани со златни букви во историјата бидејќи со своја лична жртва покажаа дека Македонија и нејзините граѓани биле и ќе останат над сè, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ по повод четиригодишнината од вооружениот судир во Куманово.

„Денеска навршуваат четири години од терористичкиот напад на кумановско Диво Насеље кога со брза и навремена акција македонските херои ги одбранија мирот, безбедноста и територијалниот интегритет и суверенитет. Во борбата против терористичката група, во одбрана на Република Македонија и нејзините граѓани, животите ги загубија: Жарко Кузмановски (роден 1981) од с. Брвеница, Тетово, Ненад Серафимовски (роден 1987) од с. Зубовце, Гостивар, Сашо Самојловски (роден 1982) од с. Брвеница, Тетово, Бобан Ивановиќ (роден 1968) од с. Стајковци, Скопје, Горан Илијевски (роден 1974) од Гостивар, Исамедин Османи (роден 1983) од с. Студеничани, Скопје, Љубиша Аранѓеловиќ (роден 1966) од Скопје и Горан Стојменовиќ (роден 1970) од Миладиновци, Скопје. Вечна им слава. Тие ќе останат запишани со златни букви во историјата бидејќи со своја лична жртва покажаа дека Македонија и нејзините граѓани биле и ќе останат над сè.

Нема да бидат заборавени ниту нивните семејства, кои за Македонија ги загубија своите најблиски. Посебна почит заслужуваат и другите припадници на безбедносните сили, кои покажаа невидена храброст, пожртвуваност и професионализам бранејќи ја Македонија на 9 и 10 мај во Куманово“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Црните сценарија кои ги најавува Заев нема да поминат кај граѓаните

Објавено пред

Исплашен од поразот кој му следи, Заев се обидува да ги заплаши граѓаните дека доаѓа крајот на светот ако не се согласуваат со неговиот капитулантски договор, велат од ВМРО-ДПМНЕ коментирајќи дека се ближи денот кога Заев ќе треба да одговара за тргувањето со државните и национални интереси, за продажбата на јазикот и историјата.

„Тој се служи со апокалиптични сценарија претставувајќи дека единствениот начин за преживување е неговото виткање на кичма. Македонските граѓани се свесни дека единствената причина поради која Заев го потпиша капитулантскиот Преспански договор беше за да ги покрие сопствените криминали преку кои тој го оштети државниот буџет за стотици милиони евра. Граѓаните знаат дека тој договор беше обид за спас на Зоран Заев и неговите пајташи, а не за спас на Македонија и граѓаните.

Преспанскиот договор наместо подобар живот на граѓаните им донесе заробени институции, секојдневни престрелки по улиците и афери како „Рекет“, „Сархемс“, „Леонардо“, но и крвави тендери и концесии за марихуана од кои единствена корист има Заев и врхушката на власт околу него.

Ни трага ни глас нема од нови болници, училишта, студентски домови и студентски град, 500 километри автопати, големи инвестиции како „Гугл“ и „Фејсбук“, а нема ни почист воздух. Нема ништо од тоа што го ветуваше кога по плоштадите ветуваше живот за сите, а животот дојде само за него и функционерите на власт.

Наместо живот донесе сиромаштија и беда, јавниот долг вртоглаво расте а повеќе од половина милион граѓани на Македонија едвај преживуваат. Затоа граѓаните ќе го казнат Заев. За сите овие злодела и порази кои ги испорача изминативе три години.

Доколку ВМРО-ДПМНЕ освои двотретинско мнозинство ќе стори се што е можно за да ги коригира штетите кои Зоран Заев и ги направи на Република Македонија. Toa не значи дека Македонија нема да биде дел од НАТО или дека ќе има помалку странски инвестиции. Напротив, Македонија ќе биде горд сојузник на нашите стратешки партнери, а странски инвестиции ќе има многу повеќе отколку сега. Црните сценарија кои ги најавува Заев нема да поминат кај граѓаните. Заев повеќе никогаш нема да биде премиер и ќе биде жестоко поразен на 12 април, а после тоа следува обновата на Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, велат од опозициската партија преку соопштение.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Законските измени обезбедуваат подобри услови за работа во Армијата

Објавено пред

Измените во Законот за служба во Армијата усвоени на предлог на Владата обезбедуваат подобра армија, подобри услови за работа во армијата и градење кадри по стандардите на НАТО, велат од СДСМ.

Од партијата велат дека со законските измени вработените во армијата ќе добиваат месечен додаток вo висина од 7.000 денари за решавање на станбеното прашање, стипендирање на дефицитарни кадри, можност за воено-медицинскиот персонал да работи во државното цивилно здравство, повисоки плати за сите цивилни лица во Армијата.

„Измените даваат можност за порано заминување во пензија со износ од 80 отсто од десетте најдобри години, како и повисоки отпремнини при пензионирање. Овој закон го регулира и прашањето на војниците кои полнат 45 години, на кои им се дава дополнителна сигурност дека нема да останат на улица, ниту дека ќе бидат префрлени во некоја институција без прашање“, појаснуваат од СДСМ.

Владејачката партија оценува дека измените на Законот овозможуваат Армијата да биде наша гордост, ценета, почитувана и рамноправна како армија на 30-та земја членка на НАТО.

 

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде да го ревидира преспанскиот договор доколку освои двотретинско мнозинство

Објавено пред

Зоран Заев ја најави победата на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните парламентарни избори. Зоран Заев знае дека граѓаните не ја поддржуваат неговата антидржавна политика, изјави потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

„Заев е соочен со одговорноста за пазарењето со највисоките национални и државни интереси и затоа се обидува да ги заплаши граѓаните дека ги чека крајот на светот доколку не го прифатат неговото виткање на ‘рбетот како единствен начин да се преживее. Вистината е сосема поинаква. Зоран Заев, за да ги покрие криминалите, наместените тендери, скандалозните вработувања и уште поскандалозните договори, концесии и лиценци со кои се испумпаа стотици милиони евра од буџетот, се согласи да го потпише преспанскиот договор, кој директно задира во идентитетот на македонскиот народ. Зоран Заев се колнеше во жицата македонска, во внуците, во таткото и во дедовците дека немало да го менува Уставот и дека не се родил таков човек што би се откажал од името Република Македонија“, рече тој.

Зборот, додаде Мисајловски, му траеше сè додека неговите послушници не почнаа да рекетираат сè живо во државата и сè додека не почнаа да се штанцаат крвави тендери и да излегуваат на површина афери како „Леонардо“, „Сархемс“ и други.

„Вистината е дека ВМРО-ДПМНЕ жестоко ќе ги порази овие криминални политики. Доколку ВМРО-ДПМНЕ освои двотретинско мнозинство, ќе стори сè што е можно за да ги коригира штетите што Зоран Заев ѝ ги направи на Република Македонија. Да, ВМРО-ДПМНЕ ќе се обиде да го ревидира преспанскиот договор доколку освои двотретинско мнозинство и тоа не значи дека Македонија нема да биде дел од НАТО или дека ќе има помалку странски инвестиции. Напротив, Македонија ќе биде горд сојузник на нашите стратешки партнери, а странски инвестиции ќе има многу повеќе отколку сега бидејќи странските инвеститори нема да ја заобиколуваат земјава притиснати од рекетот на соработниците на Заев“, рече тој.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет21 минута

Почнува судењето за импичмент на Трамп, адвокатите повикаа веднаш да се ослободи претседателот

Во Сенатот на американскиот Конгрес почнува судскиот процес за импичмент на претседателот Доналд Трамп. Минатата недела Претставничкиот дом ги испрати...

Економија28 минути

Отворен 50. Светски економски форум во Давос

Педесетиот Светски економски форум во Давос беше отворен синоќа со концерт на Младинскиот оркестар на Европската унија, Симфонискиот оркестар од...

Регион36 минути

Во БиХ секоја година умираат по 3 300 луѓе како последица на загадениот воздух

Во Босна и Херцеговина секоја година прерано умираат околу 3 300 луѓе како последица на изложеноста на воздух загаден со...

Забава3 часа

Автомобилите на Пол Вокер продадени на аукција за 2,33 милиона долари

Дваесет и едно возило во сопственост на трагично починатиот актер Пол Вокер, најпознат по улогата во популарната филмска франшиза „Брзи...

Македонија13 часа

Атиџе од „Медена земја“ добива работа во Општина Лозово и ќе сними две песни

Градоначалникот на општина Лозово, Ацо Велковски, објави дека Атиџе Муратова од филмот „Медена земја“ по турнеите ќе биде работно ангажирана...

Македонија17 часа

Царинска управа: Го подигнавме степенот на проверка на секаков отпад

Во контекст на актуелизирањето на увозот на отпад во земјава, посебно по случувањата во соседството, Царинската управа дополнително го подигнала...

Економија18 часа

Дизелот поевтинува

Од ноќеска на полноќ дизелот ќе поевтини 1,5 денар, а цената на бензините ќе остане иста, соопшти Регулаторната комисија за...

Македонија19 часа

Командир од Полициската станицата Гази Баба сексуално вознемирувал полицајки

Командир во полициската станица Гази Баба сексуално вознемирувал три колешки. Против него ќе биде поведена постапка за утврдување дисциплинска одговорност...

Македонија19 часа

(Видео) Горан Ангелов ќе биде сменет, ќе се истражува каков отпад бил согоруван на „Дрисла“

Утре ќе биде разрешен досегашниот директор на депонијата „Дрисла“, а на 29 јануари на седница на Советот ќе бидат избрани...

Свет20 часа

Во светот има 2.153 милијардери со богатство поголемо од 4,6 милијарди луѓе

Во светот има 2.153 милијардери со поголемо богатство од 4,6 милијарди луѓе, што претставува 60 проценти од светската популација, се...

Македонија21 час

(Видео) Заев: Укинувањето на договорот од Преспа е опасност за државата

„Како што се наближуваат изборите, сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ продолжува да заговара опасни идеи за укинување или поништување на договорот...

Македонија23 часа

(Видео) Рочиштето за „Рекет“ одложено, се разболеле адвокатите на Јанева

Поради влошена здравствена состојба на адвокатите на ексшeфицата на СЈО, Катица Јанева, Дељо Кадиев и Ирена Фрчкоска, утринава се одложи...

Македонија23 часа

Одложено судењето против Елизабета Канческа-Милевска

Поради новото закажано рочиште за ТНТ, се одложи судењето за „Тендери“, во кој првообвинета е ексминистерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска....

Топ23 часа

Еден загинат и тројца повредени во сообраќајна незгода во Струмичко

Еден човек загина, а тројца се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне кај крстосницата кај Габровските...

Свет24 часа

Хари: Меган и јас немавме избор, одлуката не беше лесна

„Меган и јас продолжуваме кон непознато, но навистина немавме избор“, порача принцот Хари на првиот настап во јавноста по најавите...

Свет1 ден

Шестмина загинати во поплави во Бразил

Најмалку шест лица загинаа, а едно е пријавено за исчезнато по силните поплави во јужниот дел на Бразил, соопштија властите....

Македонија1 ден

Албанија, Црна Гора, Србија и Северна Македонија со рекорден број затвореници во регионот

Албанија, Црна Гора, Србија и Македонија имаат рекорден број затвореници во регионот. Ова го покажуваат податоците на Евростат, според кои...

Свет1 ден

Берлин: Постигнат договор да се почитува ембаргото за оружје во Либија

Земјите кои имаат интереси во долгогодишната граѓанска војна во Либија се договорија во Берлин да го почитуваат ембаргото за оружје...

Свет1 ден

Пожарите би можеле да го чинат австралискиот туризам 3,1 милијарди долари

Разорните пожари во Австралија би можеле да го чинат туристички сектор најмалку 3,1 милијарди американски долари до крајот на годината....

Свет1 ден

Како ќе заработуваат Хари и Меган по заминувањето од кралското семејство

Многу прашања остануваат отворени за иднината на принцот Хари и Меган по одлуката да не користат кралски титули и да...

Досие