Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев го продава името без поддршка од народот 

Објавено пред

Зоран Заев го продава името без поддршка од народот, референдумот е јасна порака од народот дека не е за промена на името и Зоран Заев и секој политичар треба да ја почитува оваа порака, реагираа преку соопштение од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Костадин Костадинов од СДСМ. 

„Зоран Заев се надева дека со исполнување на агендата за промена на името ќе добие поддршка за прикривање на своите криминали, но тоа нема да се случи, сите криминали што ги направи оваа власт ќе подлежат на одговорност кога ќе се вратат демократијата и правната држава.

Зоран Заев ја уназадува државата. Македонија тоне во корупција. Според индексот на „Транспаренси“, во друштво сме со држави како Танзанија и Колумбија, убиства ни се случуваат секој месец, а МВР никако да ги расчисти, економијата тоне, а бизнисот им оди само на олигарсите во власта.

Зоран Заев ја уназадува Македонија, доказ за тоа се и податоците од ДЗС, според кои трошоците за живот во 2018 година се зголемени 1,5 отсто, а индексот на цените на мало е зголемен 2,7 отсто.

Зоран Заев ја уназадува државата, доказ за тоа се и пропустите во здравството и епидемијата со морбили, која директно е креирана од неодговорноста на власта, која како опозиција за ситни политички поени водеше кампања против вакцинирањето“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека биле ветувани 600 километри автопат, 550 километри магистрални патишта и 1.200 километри локални патишта, но, како што посочија, нема ниту еден километар од ветените автопати, магистрални и локални патишта. Во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ се посочува дека бил ветуван и чист воздух веднаш по промената на власта, а како што велат од опозицијата, нема направено ништо, повеќе пари одвојуваат за лубриканти отколку за мерки против загадениот воздух.

Соопштенија

(Видео) Стоилковски: Четири месеци нема ништо од наводната истрага за што се прислушувани 70 јавни обвинители

Објавено пред

Четири месеци минаа, а нема одговорност ниту одговор, кој и за што две години прислушкувал во Јавното обвинителство! Четири месеци нема ништо од наводната истрага за што се прислушувани 70 јавни обвинители, ниту каде завршиле нивните разговори, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Пазете, прислушувана е комуникација преку која биле повикувани сведоци, се разменувале податоци за предистраги, истраги и за конкретни судски предмети! За потсетување, Обвинителството, самиот Љубомир Јовески некаде околу 30 ноември објави дека биле прислушувани, дека биле снимани сите влезни и излезни разговори во Јавното обвинителство од 30 септември 2016 година, и како ништо да не било, се уште нема никаква информација за истрага која што беше најавена и која според молкот до сега, може да се нарече наводна! Нема никаква информации дали некој и кој имал пристап до податоците, дали ги изнесувал податоците, дали бришел, за што служеле податоците или пак биле користени тие податоци, дали тоа го правел некој или некои лица од внатре или пак некои од надвор. За сето ова молк, и од Обвинителството но и од МВР, кое како што беше најавено било вклучено во истрагата. Уште повеќе, што има на тие снимки од разговорите, што е договарано, што е тоа што го интересирало тој што ги прислушувал? Нема одговор. Дали има разговори за договорени сведочења, за договорени обвиненија, за договорени пресуди? Нема одговор.

Четири месеци минаа откако владата декларативно повика за брзо решавање на случајот, ама нема ништо од тоа. Уште едно оградување, уште едно фрлање прав во очите на јавноста.

Деновиве кога законското решение за јавнообвинителскиот систем е во фокусот на јавноста, Зоран Заев и СДСМ јавно посочија дека немаат намера да се откажат од Љубомир Јовески. Немаат намера да го испочитуваат договореното, Републички Јавен Обвинител да се избира по предлог на опозицијата. А, молкот од Обвинителството, од Јовески, за прислушувањето на обвинителите го дава одговорот и зошто Заев и СДСМ бегаат од договореното.

Почитувани, со вакво страшливо Јавно обвинителство, со ваков Републички јавен обвинител како Јовески, во Македонија се невозможни ниту право ниту правда. Ако постои и најмал сомнеж, а за жал тој е се поголем, дека обвинителите на чело со Јовески се ставени „во џеб“ заради нивните разговори, а Зоран Заев е главниот реформатор, тогаш на секоја пресуда може и се гледа како на политички мотивирана!

Почитувани, ова е срам за Македонија, ова е срам за јавнообвинителскиот систем, ова е срам за држава на територија на Европа, срам за држава која што го вее знамето на НАТО пред неименувана зграда!

Правото и правдата мора да се вратат во Македонија, граѓаните мора да веруваат во јавнообвинителскиот систем и во судскиот систем, а со Зоран Заев, Љубомир Јовески, Вилма Русковска, тоа е невозможно. Правото и правдата ќе се вратат со победата на Гордана Силјановска Давкова на претседателските избори, и со победата на ВМРО-ДПМНЕ на предвремените парламентарни избори. Пoбедува правдата, победува Македонија!“ порача Стоилковски.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Силјановска лаже, сама покажува дека не може да ѝ се верува, таа е кандидат на Мицкоски

Објавено пред

Гордана Силјановска лаже. ВМРО-ДПМНЕ јавно се пофали дека Игор Јанушев е шеф на изборниот штаб? Силјановска сама покажува дека не може да ѝ се верува, таа е кандидат на Мицкоски, соопшти СДСМ.

„Силјановска, која беше избрана на фарсична конвенција на ВМРО-ДПМНЕ, секојдневно посетува општински комитети на ВМРО-ДППМНЕ.

Силјановска не е натпартиски кандидат, туку кандидат на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Ако Силјановска се осмелува да лаже за работи што се очигледни и јавно познати, тогаш јасно е дека не може да ѝ се верува за што било што ќе го каже понатака“, се наведува во партиското соопштение.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Костадинов: Со кои пари синот на Иванов купил два стана кога не е вработен?

Објавено пред

Според јавно објавените информации, синот на Ѓорге Иванов купил два стана, над 200 метри квадратни, на атрактивна локација на Водно.Типично за сите нечесни политичари, молк по овие објавени информации, изјави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.

„Со кои пари синот на Иванов купил два стана кога не е вработен? Ако становите му ги купиле неговите родители, тогаш зошто не се пријавени во нивните анкетни листови? И уште поважно, со кои пари ги купиле становите, бидејќи во анкетниот лист нема наведено ниту еден подигнат кредит?

Добро е што Државната комисија за спречување корупциија отвори предмет за овој случај. Мора да се расчисти до крај, јавноста заслужува одговори. Иванов припаѓа на нечесна политичка структура позната по нечесниот однос кон законите, уставот и граѓаните.

На истата структура и припаѓа и Гордана Силјановска. Таа е горд застапник на деструктивните политики на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и Христијан Мицкоски.

Силјановска и Иванов и двајцата бранат насилсници и криминал, и двајцата работат против интересите на граѓаните и државата.

Затоа на претстојните избори, граѓаните ќе изберат чесен и правичен претседател, ќе го изберат Стево Пендаровски.

Граѓаните ќе изберат претседател кој ќе ја води државата напред и нема да дозволат нов Иванов во ликот на Силјановска кој ќе работи нечесно и спротивно на државните интереси“ порача Костадинов.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 минути

НАТО бара Русија да го врати Крим, Путин таму денеска отвори две нови електрани

Северноатланската алијанса по повод, како што велат од таму, петгодишнината од анексијата на Крим од страна на Русија, во соопштение...

Свет1 час

Еден загинат и повеќе повредени во пукање во трамвај во Холандија, напаѓачот е во бегство

Најмалку едно лице загина, а повеќе се повредени откако маж почнал да пука во трамвај во холандскиот град Утрехт, објави...

Свет2 часа

Напаѓачот од Нов Зеланд сам ќе се брани пред судот

Терористот кој во петокот во новозеландскиот град Крајстчрч нападна две џамии и уби 50 луѓе, а рани над 40, планира...

Владо Бучковски Владо Бучковски
Македонија3 часа

Бучковски ми кажа дека „Маѓар телеком“ е политички монтиран случај, рече сведокот

Професорот од Правниот факултет Дејан Мицковиќ во сведочењето за случајот „Маѓар телеком“ на прашање на обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова,...

Македонија4 часа

Мицковиќ: На Зврлевски му пријавив дека добивам закани да сведочам за „Маѓар телеком”

Дејан Мицковиќ, професорот од Правниот факултет во Скопје, сведочеше на денешното рочиште за случајот „Маѓар телеком”, како поранешен претседател на...

Топ4 часа

Двајца мотоциклисти загинаа во сообраќајни несреќи

Дваесет и едногодишен гостиварец вчера загина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат меѓу Гостивар и село Вруток, додека возел мотоцикл...

Свет5 часа

Австралиската полиција ги претресе куќите на сестрата и мајката на Брентон Тарант

Австралиската полиција извршила претрес во две куќи на подрачјето на Нов Јужен Велс во потрагата по материјал што би можел...

Регион6 часа

Вучиќ: Мора да има разграничување меѓу Србите и Албанците

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека мора да има разграничување меѓу Србите и Албанците на Косово бидејќи, како што...

Свет6 часа

Владата на Нов Зеланд поддржа построги закони за оружје

Премиерот на Нов Зеланд, Јакинда Ардерн, изјави дека владиниот кабинет ги поддржал измените на законот за оружје, по терористичкиот напад...

Регион18 часа

Грчката полиција: Брентон Тарант престојувал на Крит и Санторини

Грчката полиција соопшти дека осомничениот за нападите во двете џамии во Нов Зеланд, Брентон Харисон Тарант престојувал на грчките острови...

Избори 201919 часа

Силјановска: Да ја спречиме еколошката катастрофа во Охрид и Струга

„Македонијо, време е да ја спречиме оваа еколошка катастрофа што се случува во Охрид и Струга“, порача кандидатката за претседател, Гордана...

Свет20 часа

Масовен погреб за жртвите од авионската несреќа, во земјата спуштени празни ковчези

Илјадници граѓани и членови на семејствата се собраа на заедничкиот погреб за жртвите на настраданите во недамнешната авионска несреќа во...

Избори 201921 час

Пендаровски: Мојот концепт е за напред, а на Силјановска е за назад

Заедничкиот кандидат за претседател на нашата држава Стево Пендаровски по посетата на Охрид, попладнево се сретна и со граѓаните во...

Крвав четврток24 часа

Првпат во Македонија притворот се гарантира со гаранција, реагираат адвокатите на обвинетите за 27 април

Адвокатите на обвинетите за настаните од 27 април реагираат на определувањето притвор за нивните клиенти, бидејќи, како што пишуваат, судот...

Македонија1 ден

(Видео) Арсовски: Шилегов ќе ги труе скопјани со опасен отров од странство

Петре Шилегов нема намера да се откаже од труењето на скопјани, истакна денеска на прес-конференција Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ, кој...

Регион1 ден

Вучиќ за упадот во РТС: Нема да дозволиме насилство, наидоа на тврд орев

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, денеска напладне се обрати пред српската јавност во однос на вчерашните случувања, кога дел од демонстрантите...

Топ1 ден

Петмина млади повредени во тешка сообраќајка на влезот на Скопје

На влезот од Скопје, поточно на булеварот „Александар Македонски“, во вечерните часови на 16 март се случила сообраќајна незгода меѓу...

Бегството на Груевски1 ден

Груевски барал да му биде укинат притворот

Експремиерот Никола Груевски, бегалецот во Будимпешта, преку неговите адвокати изминатите 4 месеци го затрупал Апелацискиот суд во Скопје со жалби...

Свет1 ден

Почина 50 жртва во Нов Зеланд, од „Фејсбук“ отстраниле милион и пол снимки од нападот на џамиите

Комесарот на полицијата во Нов Зеланд, Мајк Буш, соопшти дека починала и 50-та жртва од нападот врз две џамии во...

Регион2 дена

(Видео) Почит кон загинатите во нападот: Стариот мост во Мостар осветлен во боите на Нов Зеланд

Во организација на Центарот за мир и мултиетничка соработка, вечерва Стариот мост во Мостар е осветлен со боите на знамето...

Досие