Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Заев е најдобриот бранител на бугарските интереси во земјава

„Кога Бугарија би знаела дека ќе го имаа Заев немаше потреба да издадат ниту еден бугарски пасош. Заев е најдобриот бранител на бугарските интереси во земјава, тој по брусењето на сонцето од плоштадите, сега ќе ги бруси спомениците на кои пишува дека Бугарите биле окупатор и дел од фашистичкиот сојуз. Овој чекор е директно ретуширање на историјата, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, вистинско злосторство и антидржавен акт е кога Заев говори за историјата, бидејќи нема факт кој не го искриви и изобличи.
„Светската јавност се смее на неговите предавнички политики. Заев ја брука државава и надава со продажба на идентитетот при секоја негова изјава. Неговото свесно погрешно толкување на историјата претставува продолжување на додворувањето кон Бугарија зад кои стојат бизнис интереси. Заев за бизнис интереси го продава идентитетот на народот. Заев е премиер кој има концесии кон Бојко Борисов. Македонскиот идентитет за Заев чини колку рудникот Иловица, една телевизија, една банка, државни акции во телекомоникациска компанија, и оптички конекции и провизии. Ова се работите кои Заев му ги ветил на Бојко Борисов. Заев е срам за Македонија и треба да си оди. Заев нема ниту сила ниту кредибилитет за добар договор со Бугарија. Со Заев е можен договор само преку продажба на државните и национални интереси на Македонија. Заев треба да си оди за да се сочува Македонија“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ги манипулира граѓаните и ги поттикнува на прекршување на законите

Пописот на населението, кое за првпат по цели 19 години ќе се одржи на пролет, е од исклучителна важност за нашата држава и за креирањето на идните државни, економски, здравствени, образовни, културни политики и стратегии, суштински за напредокот на државата, соопшти СДСМ.
„Законот за попис, усвоен во Собранието, гарантира одржување на оваа значајна статистичка операција според меѓународните стандарди, според стандардите на Евростат. Деструктивното однесување на ВМРО-ДПМНЕ околу собирањето потписи и повикувањето на граѓаните да го бојкотираат пописот е крајно антидржавно однесување.
ВМРО-ДПМНЕ ги манипулира граѓаните и ги поттикнува на непочитување на законите, иако знае дека за лицата кои не сакаат да се попишат следуваат казни. Опозицијата да не го партизира пописот и да не ги инволвира граѓаните за нивни партиски поени, бидејќи на сите им е јасно колку е значајна оваа статистичка операција и колку е голема должноста на сите граѓани да се вградат во нејзиното спроведување.
Деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ повторно се поразени, им пропаднаа обидите државата да остане без важна статистичка операција, оваа пролет ќе има попис“, велат од партијата.
Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Заев е вистински „монструм“ кој свесно ја злоупотреби трагедијата кај Смилковско Езеро за сопствени политички поени

Зоран Заев е вистински „монструм“ кој свесно ја злоупотреби трагедијата кај Смилковско Езеро за сопствени политички поени. Зоран Заев без трошка срам злоупотреби еден трагичен случај, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
„Лажејќи ги семејствата на убиените деца, манипулирајќи со чувствата на граѓаните на Македонија, со цел да предизвика меѓуверска омраза го искористи овој случај за свои политички цели. Каде исчезнаа лажните вести на Заев, дека невини лица лежат во затвор, каде исчезнаа таканаречените бомби кои ќе ја откријат вистинската приказна на Зоран Заев.
По речиси 6 години од бруталните лаги од страна на „монструмот“ Заев, вистината испадна на виделина. Таа е иста како претходно, сторителите на овој грозоморен чин се пред лицето на правдата. Зоран Заев е ноторен лажго, кој е спремен на сè со цел да добие некој ситен политички поен или да си ја спаси сопствената кожа од одговорност.
Во минатото ширеше лажни вести и за несреќата на Никола Младенов, како и за убиецот на Мартин Нешковски, кој патем го пушти да побегне од затвор. „Монструмот“ Зоран Заев овие трагедии во минатото ги користеше во своја партиска агенда, поигрувајќи си со чувствата на многу фамилии.
За сите овие лажни вести, ширење меѓуверска нетрпеливост и играње со чувствата на многу Македонци, за многу брзо време Зоран Заев ќе се соочи со гневот на народот“, стои во партиското соопштение.
Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Пропаднат и фалсификуван попис ќе значи залуден трошок за граѓаните и одговорност за Заев

Пропаднат и фалсификуван попис ќе значи залуден трошок за граѓаните и одговорност за Зоран Заев, затоа е потребно повлекување на законот и целосен консензус, порача ВМРО-ДПМНЕ.
„ Законот за попис власта го донесе на насилен и криминален начин со злоупотреба на европското знаме. Стандардите за спроведување на овој попис кој што Собранието го донесе имаат застарена методологија и не се усогласени со стандардите на ООН и стандардите на Евростат.
Зоран Заев сака да спроведе попис со кои што однапред се договорени резултатите од овој процес. ВМРО-ДПМНЕ силно се спротивстави на ваквиот закон за попис, бидејќи овој процес нема да биде статистичка операција туку политичка операција и резултатот од овој попис се веќе договорени проценти од партиите на власта. За тоа говори и членот во законот каде што се предвидува двоен потпис за верификација или признавање на пописот, по неговото спроведување.
Од страна на СДСМ и Зоран Заев не беше прифатен ниту еден амандман поднесен од ВМРО-ДПМНЕ, ниту пак беше прифатен предлогот за време на пописот да се користат терминали за отисоци на прст. На граѓаните на Република Македонија не им треба политички попис, туку операција со вистински статистички бројки кои во иднина ќе ги отсликуваат економските, социјалните стратегии за развој на Република Македонија.
ВМРО-ДПМНЕ е за одржување на попис на населението и домаќинствата кои што ќе има вистинска рефлексија на демографските состојби во Македонија. Го повикуваме претседателот Стево Пендаровски, барем еднаш да испадне од сенката на Зоран Заев и овој штетен закон за попис да не го потпише. Доколку Пендаровски го потпише овој закон, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги преземе сите правни и институционални механизми за да се спречи одржување на овој политички процес, наречен попис“ се додава во соопштението.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот