Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и СДСМ ја туркаат државата во уште поголема криза со несогледливи последици

Објавено пред

Власта одлучи со насилничко однесување да распише референдум за Договорот со Грција без да го послуша размислувањето на 455 000 граѓани на Република Македонија кои се претставени од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Свесни дека договорот е штетен за државата, тие се обидуваат со сила, без прифаќање на аргументите на опозицијата да протуркаат прашање што е бесмислено и повеќезначно.
Прашањето што се предлага од власта дали сте за членство во ЕУ и НАТО поддржувајќи го Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција е во целосна спротивност со законот. Истото е двосмислено и повеќезначно, и пред сè манипулативно.

СДСМ сака да ја изигра волјата на народот на начин што сака капитуланскиот договор да го поврзе со членството во НАТО и ЕУ, што, пак, е заедничка цел на сите граѓани во Република Македонија.
Доколку Заев беше убеден дека постигнал добар договор со Грција, тогаш само договорот ќе беше ставен во референдумското прашање и народот ќе го кажеше своето мислење за него.

Зоран Заев и СДСМ ја имаат целосната одговорност за антидржавниот и капитулантски договор со Грција.

Наместо Зоран Заев да измислува некои квази правни толкувања во случај референдумот да не успее и одговорноста да ја префрла на институциите, тој треба веднаш да си ги исполни своето ветување и да замине еднаш засекогаш од политичката сцена.

Единствените кои ја попречуваат европската иднина на граѓаните се Зоран Заев и СДСМ. Досегашното нивно владеење не донесе ништо освен корупција, криминал, неспособност и партизација на институциите и судството. Колку порано падне оваа капитуланска власт, толку подобро за граѓаните на Република Македонија“, стои во соопштението на партијата.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Никој во државата не знае на што се трошат милионите кои ги позајмува власта

Објавено пред

Од

Десетици милиони евра расипнички се фрлаат за Зоран Заев да го покрие капитулантскиот договор и да го оправда прифаќањето на грчките линии, наведуваат во соопштение од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека граѓаните сами ги плаќаат со десетици милиони евра манипулациите на Заев со кои, како што велат, се обидува да ги убеди дека е добро да се самоукинат и да ги сменат името, идентитетот, културата, традицијата и историјата кои ги наследиле од нивните претходници.

„Власта не запира со расипништвото, СДСМ вчера ја задолжи државата за нови 57 милиони евра. Владата се расфрла и купува гласови со пари на граѓаните, а веќе стигнуваат ратите за исплата од кредитите кои истите ги позајми пред година дена. Милионите, задолжувања се редат, а во реалноста не гледаме каде завршуваат парите. Нема проекти. Капиталните инвестиции се на децениско најниско ниво од 21.33% за првите 7 месеци од годината. Никој во државата не знае на што се трошат милионите позајмени, за кои годишно плаќаме огромни камати“, стои во партиското соопштение, во кое се додава дека со СДСМ на власт, јавниот долг за првпат во историјата на државата надминал 5 милијарди евра, а државниот 4 милијарди.

Од опозициската партија истакнуваат дека доколку ова темпо продолжи на среден рок, се доведува во прашање ликвидноста на државата.

 

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Заев: Македонија мора да носи одлуки, во кал сме поради калкуланството од изминатите години

Објавено пред

Од

Знам дека Кратово, како и цела Македонија, ќе донесе вистинска историска одлука за европска Македонија. Ова е неповторлива шанса и еден од оние моменти кога во прашање е што ние може да направиме за државата, порача премиерот Зоран Заев на трибината во Кратовo.

„Преку вас да допреме до сите, ова е моја, ваша и нивна Македонија, нема веќе причини, изговори, план Б или Ц. На Македонија ѝ треба економски раст, мора да направи квантен скок за да се крене стандардот. Македонија мора да носи одлуки. Поради калкуланството изминатите години, земјата остана во калта, додека светот стана глобално село, ние во кавги со соседите, никако да донесеме одлука. Оваа одлука што ја донесов не е затоа што Владата и парламентот застанаа зад мене, туку затоа што знам кој стои зад мене, дека зад мене стои мојот народ, кој сака живот овде во Македонија“, додаде Заев.

Тој пред присутните ги објасни придобивките од договорот од Преспа, кои, како што рече, вклучуваат осигурена држава, македонски идентитет и македонски јазик.

„Од Кратово, утре одам во Вашингтон на состанок со потпретседателот на САД, Пенс. Ваквото пријателство мора да го почитуваме, не смееме да го изневериме заради нас и нашата држава. Мора на 30 септември сите да излеземе“, рече премиерот во свoето обраќање.

По гласањето на референдумот, вратете се дома, гушнете си ги децата и знајте дека сте донеле државотворна историска одлука и за вашата земја и за вашите деца, повика претседателот на СДСМ и премиер на трибината во Кратово.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Николоски: Владата да не ги крие од народот пормените што ќе ги прави во Уставот

Објавено пред

Од

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, денеска беше во теренска посета на скопската општина Кисела Вода, поточно во населбата Драчево, селото Драчево и во Писојница.

Тој рече дека на средбите со граѓаните дискутирале за актуелните состојби, пред сè поврзани со референдумот, кој, како што кажа, се однесува на преименување на Република Македонија.

„Граѓаните се навистина загрижени за сето она што се случува, има огромен отпор кон овој договор. Граѓаните, пред сè, етничките Македонци, не го прифаќаат, тие се против преименувањето и промената на Уставот, како и промената на националниот идентитет на Македонците. Во исто време се отвора прашањето зошто на 10-ина дена до референдумот Владата не ги објавува уставните амандмани затоа што клучниот дел од договорот е промена на Уставот, промена на преамбулата, на членовите 3 и 49, како и промена секаде онаму каде што пишува Република Македонија во Република Северна Македонија“, рече Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ ја повика Владата да ги објави амандманите за да може да ги видат граѓаните и да се уверат што всушност се крие од нив.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија20 минути

Ристиќ: Против полицајците кои ме приведоа ќе бидат преземени сите правни мерки

Актерката Ирена Ристиќ и нејзиниот адвокат Јанаки Митровски најавија дека против полицајците кои во саботата ја приведоа и ја одведоа...

Македонија34 минути

Заев во Вашингтон на покана од потпретседателот Пенс

Премиерот Зоран Заев патува за Вашингтон каде утре (20 септември) ќе има билатерална средба со американскиот потпретседател, Мајк Пенс. Како...

Daily news2 часа

Уставните судии ќе расправаат дали ќе ја прифатат иницијативата за стопирање на референдумот

Од денешната седница на Уставниот суд ќе зависи судбината на референдумот за договорот со Грција, кој треба да се одржи...

Македонија20 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против Заев поради поткуп при избори

ВМРО-ДПМНЕ  достави кривична пријава во Јавното обвинителство против премиерот Зоран Заев, поради јавен повик на поткуп при избори. Димитар Димовски,...

Култура21 час

(Видеоинтервју) Адеми: Нулта толеранција за корупцијата во културата, нови комисии на претстојниот конкурс

Строги и јасни критериуми по кои ќе одлучуваат новооформените комисии на претстојниот конкурс за проекти во културата, нулта толеранција за...

Топ22 часа

Камион удри во баба и внуче на пешачки премин на булевар Србија

Почина бабата која со внучето вчера беше прегазена на пешачки премин на булеварот Србија во скопската населба Аеродром, информира полицијата....

Македонија23 часа

,,Море Миле, нити е сечено, нити е лепено”, му рече обвинителката на Миле Јанакиески

Во кривичниот суд во Скопје продолжува рочиштето за предметот на СЈО со кодно име ,,Траекторија”, за провизиите за кинеските автопатишта....

Македонија1 ден

Хан до Мицкоски: Референдумот не е момент за политички игри

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, му кажал дека референдумот не е партиски...

Свет1 ден

Флоренс направи невидена катастрофа, а допрва следат најголемите поплави во историјата

Ураганот Флоренс, и покрај тоа што ослабна, и натаму предизвикува огромни штети во американските сојузни држави Јужна и Северна Каролина,...

Економија1 ден

Државата ќе позaјми 50 милиони евра – утре со нив ќе врати стари долгови

Министерството за финансии објави дека денеска на домашниот пазар од банки и осигурителни друштва ќе побара заем од над 50...

Свет1 ден

(Видео) Јужнокорејскиот претседател пристигна на третиот самит со севернокорејскиот лидер во Пјонгјанг

Јужнокорејскиот претседател, Мун Џае-ин, пристигна во Пјонгјанг на третиот состанок оваа година со севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун. На меѓународниот аеродром...

Европа2 дена

Орбан: ЕУ сака да дозволи влез на мигрантите и да управува со нив

Европската Унија сака да ја преземе одбраната на надворешните граници на одделни земји за да овозможи влез на мигранти, изјави...

Свет2 дена

(Видео) Пожар на паркинг пред шопинг-центар во Њујорк, над 20 повредени

Најмалку 21 лице се повредени во пожар што избувнал пред паркинг на шопинг-центарот „Кингс плаза“ во Њујорк. Локалните медиуми пренесуваат...

Свет2 дена

Русија и Турција се договорија да формираат тампон-зона во Идлиб

Русија и Турција се договорија да создадат демилитаризирана тампон-зона во сириската провинција Идлиб за да ги разделат владините сили од...

Daily news2 дена

(Видео) Техничкиот директор на ЈСП: Старите автобуси ќе возат до идното лето

Поради недоволен број возила, ЈСП мора во сообраќај да ги пушта старите автобуси „санос“. Техничкиот директор, Васил Толевски, вели за...

Македонија2 дена

Актерката Ирена Ристиќ приведена па однесена во болницата во Бардовци оти чистела ѓубре пред Влада

Актерката и активистка Ирена Ристиќ со полициско комбе била приведена во полициска станица „Беко“ бидејќи, како што вели, чистела догорчиња...

Македонија2 дена

Ги уценувале со илјадници евра за да не објават текстови за Драган Даравелски и Минчо Јорданов

Во кривичниот суд во Скопје, повторно, од почеток почна судењето за случајот „Шпион“, кое го застапува специјалното јавно обвинителство. Во...

Свет2 дена

Милијардерот Марк Бениоф го купува магазинот „Тајм“

Списанието „Тајм“ повторно ја менува својата сопственичка структура, речиси осум месеци откако беше продадено на американската медиумска група „Мередит корпорејшн“....

Македонија2 дена

Американскиот секретар за одбрана допатува во Скопје, загрижен е за мешањето на Москва во резултатот на референдумот

Американскиот секретар за одбрана, Џејмс Матис, утринава слета на Меѓународниот аеродром  „Скопје“ и беше пречекан од министерката за одбрана, Радмила...

Регион2 дена

Тачи: До договор со Србија преку мирна корекција на границите

Заокружувањето на разговорите и постигнувањето конечен договор помеѓу Косово и Србија е неопходно да се случи во брзо време, а...

Досие