Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Спасовски ја пропаднаа државата, МВР не издава лични карти, пасоши и регистарски таблички

Објавено пред

Оливер Спасовски беспрекорно брзо издаваше пасоши на криминалци, а граѓаните сè потешко доаѓаат до патни исправи и регистарски таблички, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Спасовски наместо во служба на народот очигледно е само во служба на мафијата. Откако на сомнителен тендер, со многу жалби и нарушување на постапката, беше одлучено набавката на регистарски таблички да се додели на фирма која не располага со сертификат од Меѓународно акредитирана лабораторија, кој потврдува дека регистарската табличка е во целост усогласена со меѓународните стандарди, таблички за возила нема“, стои во писменото соопштение од опозициската партија.

Тие велат дека Оливер Спасовски упорно ја лаже јавноста дека сите станици за технички преглед имаат добиено таблички за регистрација, ситуацијата на терен е сосема поразлична.

„И ако издавањето на лични документи за светските криминалци одеше беспрекорно, граѓаните сè потешко доаѓаат до пасош или лична карта. Колапс во најава имаме и на систем за издавање лични документи и тоа спроти сезоната на летни одмори кога интересот за вадење документи е голем, а дополнително се очекува истиот да се зголеми со враќањето на иселениците“, пишуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според тврдењата на оваа партија, пред просториите на управните служби во Скопје колони луѓе чекаат за вадење лични документи, на голем број луѓе им се поместени термините, а голем број преку ред се обидуваат да добијат термин бидејќи и закажувањето преку телефон оди со тешкотии и речиси е невозможно да се добие слободна линија на бројот за закажување.

„Хаосот со кој се соочуваат граѓаните не допира до Спасовски, кој упорно тврди во јавноста дека проблем со издавање на документи и таблички нема“, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму бараат министерот Спасовски да ги зајакне и екипира секторите и одделенијата кои пружаат основни граѓански услуги.

„Изминативе 6 години за повеќе од тројно е зголемен бројот на негови советници и лица со измислени функции во МВР, со што само се вдомени партиски поддржувачи и ПР-активисти. Граѓаните и нивната потреба од важечки личен документ, регистерска табличка или каква било дозвола која ја издава МВР е тотално небитна за Оливер Спасовски. Спасовски да си ја врши работата за која е платен од граѓаните. Народот не е должен да ја трпи неспособноста на СДСМ“, е напишано во соопштението од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев од 2019 најавува фотонапонска електрана во Осломеј

Објавено пред

На 4 јануари 2019 година, пред две и пол години најавуваа дека е потпишан договор за изградба на фотонапонска централа на поранешните наоѓалишта на јаглен во Осломеј и дека истата инвестиција ќе биде готова за една година, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ откако премиерот Заев објави дека денеска и официјално се потпишaни договорите за изградба на електраната.

Од опозициската партија посочуваат дека од првичните најави минало многу време, а, како што велат, ниту фотонапонска централа има, ниту се произведени првите мегават часови електрична енергија.

„Денес Зоран Заев повторно промовирајќи еден ист проект, не кажа ни збор за над 450 вработени во рудникот на РЕК Осломеј, дали и каде воопшто ќе работат овие луѓе. Тоа само говори за површноста во пристапот на оваа влада по вака сериозни енергетски и социјални прашања“, се наведува во партиската реакција.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека во ситуација на пад на рејтингот и како што велат, секојдневни корупциски скандали, Заев е спремен да ветува и рециклира стари ветувања за да ја дефокусира јавноста од своите неуспеси.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Костадинов го премолчува предавството на Заев и не кажува што се преговара со Бугарија

Објавено пред

Костадин Костадинов и СДСМ продолжуваат слепо да го следат Зоран Заев во распродавањето на националните интереси, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, откако портпаролот на владејачката партија денеска обвини дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски целосно се загубиле во деструктивноста.

Од опозициската партија прашуваат зошто СДСМ и двоецот Заев – Бучковски молчи и на одговара дали во преговорите со Бугарија е ставена бугарската декларација како основа на новиот анекс.

„Зошто бегаат од одговорот дали историскиот континуитет на македонскиот јазик и народ се дел од преговорите со Бугарија? Дали подготвуваат ретуширање на историјата, газење на антифашистичката борба на македонскиот народ и асномските идеали врз кои е градена Македонија?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според оваа партија, Заев е подготвен на секакви концесии и отстапки за да ја зачува власта бидејќи, како што велат, се чувствува заштитен од одговорност за својот криминал.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов потроши половина милијарда евра за 4 години, а не направи ниту еден капитален проект

Објавено пред

Шилегов потроши 4 години мандат и ништо не направи од она што го ветуваше, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Додаваат дека Шилегов пред крајот на мандатот потпишува меморандуми, дава, како што велат, рециклирани ветувања и повторно говори дека нешто ќе направи.

„Вистината е дека Шилегов ќе остане запомнат како најнеспособниот, најарогантен и најнедомаќински градоначалник што Скопје го имало, кој ветувал брда и долини, а зад себе има огромна НУЛА. За волја на вистината, набави едно противпожарно возило со скала, кое чини двојно поскапо од идентично возило набавено од Град Загреб, поставува клупи, кои чинат неверојатни 500 евра за една, и успеал да го зголеми долгот на Град Скопје 8,5 пати“, стои во писмената реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија посочуваат дека тој е единствениот градоначалник што нема почнато капитален проект во својот мандат, а патем потрошил 4 годишни буџети, кои заедно чинат речиси половина милијарда евра.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија41 минута

Наместо пресуда, повторно судење на Мијалков за „Тортура“

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, и шестемина поранешни припадници на полициската единица „Алфа“, денеска требаше да ја слушнат пресудата...

Македонија2 часа

Бројката на хоспитализирани поради Ковид-19 падна на 90 лица

Вкупно 90 лица сомнителни и потврдени на Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија, и тоа 26 во Скопје и 64...

Топ3 часа

Двајца браќа истепале полицајци во Струга

Двајца браќа со тупаници и шлаканици нападнале полицајци во Струга.  Поради опасност од бегство, судот им определи притвор на напаѓачите....

Спорт4 часа

Против Украина одиме на победа

Македонската фудбалска репрезентација попладнево во Букурешт ќе го одигра еден од најзначајните натпревари во својата историја. Македонија во второто коло...

Македонија4 часа

(Видео) Запленети над 2.000 стебла марихуана во Виена во заедничка акција на македонската и австриската полиција

Во заедничка акција на македонската и австриската полиција запленети се над 2.000 стебла марихуана во околината на Виена, а приведени...

Македонија5 часа

(Видео) Борисов на средбата со Заев: Убеден сум дека Радев ќе ви каже дека ништо не може да се направи

Поранешниот премиер на Бугарија и актуелен претседател на партијата ГЕРБ, Бојко Борисов, на средбата со премиерот, Зоран Заев, рече дека...

Спорт5 часа

Ангеловски: Наша цел е пласман во втората фаза

Македонија е подготвена за најважниот натпревар на ЕП. Македонија, од 15 чадот ќе игра против Украина. Ова е дуел на...

Македонија6 часа

(Видео) Заев од Софија: Решението е околу нас, мора да го најдеме

Два пријателски и братски народа секогаш мора да разговараат и да бараат решение, изјави премиерот Зоран Заев на почетокот на...

Свет18 часа

Путин и Бајден согласни дека никогаш не смее да дојде до нукеарна војна во светот

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Џо Бајден, излегоа со заедничка изјава за прашањата на стратешката стабилност....

Свет18 часа

(Видео) Бајден: Мојата агенда не е против Русија, туку за американскиот народ

Американскиот претседател Џо Бајден на прес-конференција по состанокот со рускиот претседател Владимир Путин изјави дека неговата агенда не е против...

Свет20 часа

(Видео) Путин: Преговорите беа добри, амбасадорите се враќаат

Рускиот претседател Владимир Путин на прес-конференцијата по самитот со неговиот американски колега Џозеф Бајден рече дека преговорите биле „добри“. Toj...

Европа20 часа

EMA даде позитивна оценка на клиничките испитувања на „спутник В“

Европската агенција за лекови (ЕМА) објави позитивен извештај за резултатите од клиничките испитувања на руската вакцина „спутник В“ против коронавирус,...

Македонија24 часа

Заев: Изгубен е Мицкоски, ако некој го најде, нека го врати во ВМРО-ДПМНЕ

Премиерот Зоран Заев реагира на обвинувањата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека македонскиот идентитет е изгубен и дека утре...

Македонија1 ден

Регистрирани 15 нови случаи на Ковид-19, нема починати лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.802 тестирања, а регистрирани се 15 нови случаи на...

Македонија1 ден

Отфрлена пријавата за Џафери и за пратениците што се појавија во Собрание заболени од коронавирус

Основното јавно обвинителство Скопје ги отфрли кривичните пријави поднесени од ВМРО-ДПМНЕ и Левицата против претседателот на Собранието, Талат Џафери, и...

Македонија1 ден

ЕУ ја стави Македонија на листата безбедни земји за патување

Европската Унија одлучи да ја стави Република Северна Македонија на списокот на земји што се безбедни за патување, пренесуват европските...

Свет1 ден

Борел: Три принципи во новата стратегија на ЕУ кон Русија

Новата надворешнополитичка стратегија на ЕУ кон Русија ќе се заснова на три принципи: одбивање, воздржаност и соработка, изјави високиот претставник...

Регион1 ден

Нови мерки во Србија – дозволени се матурски прослави, угостителите може да работат и на затворено

Поради постабилната епидемиолошка состојба во Србија, од денес во сила се нови мерки, од кои повеќето се однесуваат на угостителските...

Македонија1 ден

Од денеска нема полициски час, дозволени се веселби и настани на отворено

Од ноќеска на полноќ престана да важи одлуката за полициски час, а се укина и ограничувањето на работното време на...

Свет1 ден

Средбата Путин – Бајден во Женева под строго засилени мерки

Денеска, во Женева, американскиот претседател, Џо Бајден, ќе се сретне со рускиот претседател, Владимир Путин, и тоа ќе биде нивна...

Досие