Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Заев преку Мијалков покажа дека постои мафија во државата

Во која земја бегалец од правдата откако ќе биде вратен, завршува со домашен притвор и низа други екстра поволности, реагира преку соопштение опозициската ВМРО-ДПМНЕ за случајот со Сашо Мијалков.
„Циркусот што го приреди власта на Заев, во содејство со правосудните органи под негова контрола, покажа уште еднаш дека во Македонија не владее правна држава, туку мафијата и криминалот. Бегството на Мијалков и неговото враќање е само една обична театарска претстава која не поминува веќе ни кај членовите на СДСМ“, велат од оваа партија.
Според нив, целиот договор, заедно со анексите е разобличен од јавноста и сите знаат, како што велат, дека се работи за евтин пазар со правдата, нешто што Заев, според нив, во континуитет го прави.
„Резултатите од таквиот договор се наѕираат и јавноста ги претпоставува. Затоа е нервозата кај власта толку голема. Затоа се хаотични во своите постапки, па час распишуваат потерници, час се жалат на системот, час глумат одлучност, час симнуваат телесна температура, час зборуваат за координирани акции. Вистината е дека реакцијата на јавноста и други фактори влијаеја да се пишманат и да се предоговараат“, велат од опозициската партија.
„Зоран Заев покажа дека е врвот на коруптивната и мафијашката пирамида во Македонија, а неговата единствена улога е да координира меѓу криминалните релации“, се додава во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Нема вакцини, а Филипче зборува за континуирана, дури и масовна вакцинација

Нема вакцини, а Филипче зборува за континуирана, дури и масовна вакцинација, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Според нив, Филипче покажал дека не може да обезбеди вакцини навреме.
„Фактот е еден – вакцинацијата во Македонија доцнеше! Додека сите веќе вакцинираа во декември, Македонија почна да вакцинира со донацијата од Србија во втората половина на февруари. Во меѓувреме, нема ни доволно реагенси, нема ни тестови на коронавирус. За Филипче, мерките дале резултатите и тој повторно се враќа на својата омилена, ама сосема погрешна констатација – ситуацијата е под контрола“, стои во писмената реакција од оваа партија.
За сето ова, велат од ВМРО ДПМНЕ,Филипче треба да замине од функцијата и да одговара.
Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Дали Шилегов од ЈСП прави фирма за вдомување партиски активисти?

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираат на најавата на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, за отворање оглас за нови вработувања во ЈСП „Скопје“.
„Дали неспособниот Шилегов од Скопје од ЈСП прави фирма за удомување партиски активисти? Огласот за 175 нови вработувања во ЈСП, од кој повеќето не се шофери, кои се дефицитарни, е полнење на администрацијата на оваа претпријатие. Во ек на пандемија, кога секој денар е важен и наместо тој да се искористи за таблети, тестови или вакцини, се троши за партиски вработувања“, велат од оваа партија.
Тие сметаат дека ЈСП има недостиг на шофери, но, како што велат, тоа за Шилегов не е проблем, „негова преокупација е како да вработи оперативен директор, советник за примена на јазиците и инженер за инвестиции во ЈСП“, стои во писменото соопштение од партијата.
„Шилегов го претвори ЈСП во фирма за удомување партиски кадри, а Скопје има делови каде што нема канализација, имаме нечисти улици, диви депонии насекаде, градот буквално тоне. И сѐ додека е Шилегов, градот ќе тоне“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Соопштенија
СДСМ: Институциите во неселективна борба против корупцијата, ВМРО-ДПМНЕ на браникот на криминалот

Последните полициски акции за разбивање на организираната група, која незаконски издавала патни исправи, како и заплената на огромна количина на дрога што ги презеде Министерството за внатрешни работи за владејачкиот СДСМ, се неоспорлив доказ за неселективна и бескомпромисна борба против организираниот криминал.
„Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ, наместо да го поздрави неселективниот пристап на полицијата, повторно застанаа на страна на криминалот и криминалните структури. За времетраење на сложената полициска акција ‘Двојник’, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски направија неуспешен обид да ја саботираат акцијата преку пласирање информации во тек на активна истрага. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски работат по иста разработена шема на лажни вести и неосновани напади кон МВР и полицијата и за акцијата во соработка со нашиот стратешки партнер САД и нивната ДЕА, каде што беше запленета огромна количина марихуана“, реагираат од СДСМ.
Според нив, ВМРО-ДПМНЕ не може да разбере дека законите важат еднакво за сите и дека никој не е над правдата.
„ВМРО-ДПНЕ и Мицкоски, колку и да се обидуваат, нема да успеат во намерите да одбранат криминалци и криминал. Денес, нема недопирливи, секој одговара за своите дела, стои во писменото соопштение од СДСМ.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш