Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев треба да одговара за своите постапки

Објавено пред

„Зоран Заев не е жртва, туку Република Македонија е жртва на неговиот криминоген карактер, неодговорноста и неспособноста. Република Македонија 3 години е држава која е загубена во корупција, нееднаквост пред законот и расипништво. Извинувањата за злоделата на Зоран Заев не помагаат да се исчисти срамот и конечно да се тргне напред. Заев треба да одговара за своите постапки”, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, Заев со своите несериозни и расипнички постапки ја срами земјава каде и да стигне и ризикува да ги влоши односите на земјава со меѓународните партнери.

„Одговорност мора да има не само поради последниот меѓународен срам со којшто ја засрами и Македонија и нашите партнери и пријатели, туку и поради низата погрешни политики и скандали коишто тој и неговите функционери ги прават во континуитет. Заев треба да понесе одговорност затоа што земјава не доби датум за преговори со Европската Унија. Македонија не доби датум поради немањето реформи од страна на власта, што го потврдија и странските дипломати во земјава. Затоа Заев наместо да бара изговори и да обвинува други, треба да ја понесе одговорноста за овој неуспех.

Одговорност треба да има и за високата корупција, криминалот, местените тендери на функционерите од врхушката на власт, но и непотизмот кој како канцер го зафати нашето општество. Заев треба да одговара затоа што ја уништи македонската економија која е на дното во Европа, граѓаните стануваат посиромашни, долгот вртоглаво расте, додека бизнисите на неговата фамилија од ден во ден сè повеќе се шират.

Одговорност мора да има и поради шерифското однесување на државните функционери кои киднапираат и тепаат граѓани, се закануваат, купуваат нелегални супстанци и шверцуваат цигари без да одговараат пред законите.
Заев треба да одговара и за заробеното судство и обвинителство кои единствено служат за прогон на неговите политички неистомисленици и амнестија на своите криминали и криминалите на соработниците. Република Македонија предводена од Зоран Заев и СДСМ не е ниту демократска ниту европска држава. Државата и граѓаните можат да имаат европска иднина и просперитет единствено кога Заев и СДСМ ќе си заминат од власт и ќе се вратат правото и правдата во Македонија”, се додава во соопштението.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија

(Видео) Костадинов: Мицкоски да каже дали имал средба со еден од осомничените во „Рекет“

Објавено пред

СДСМ работи во интерес на воспоставување на правната држава и она што значи наша граѓанска обврска пред законите и Уставот, а најмногу пред граѓаните, рече пратеникот од владејачката партија, Костадин Костадинов.

Тој посочи дека прв кој го пријавил случајот „Рекет“ бил токму премиерот Зоран Заев, што, според него, покажува дека правната дежава функционира.

„Од страна на СДСМ беа поставени две прашања во однос на овој случај и сметаме дека може драстично да ја променат ситуацијата – дали Мицкоски имал средба со еден од осомничените на кои им е одредена мерка притвор и дали посегнал по парите на еден од осомничените“, запраша Костадинов.

Во име на неговата партија рече дека очекуваат институциите детално да го разгледаат случајот, во интерес на правната држава и интересот на сите граѓани.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Министерот за животна средина домаќин на иранскиот и италијанскиот амбасадор во земјава

Објавено пред

Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, оствари одвоени работни средби со амбасадорите на Иран, Хосеин Карими и на Италија, Карло Ромеро.

Како што информираат од неговиот кабинет, министерот Нуредини на средбата со иранскиот амбасадор изразил подготвеност за изнаоѓање заеднички приоритетни теми за соработка во балансот помеѓу одржлив развој и економски бенефит.

На средбата со италијанскиот амбасадор Ромеро, Нуредини изразил почит и благодарност за поддршката што Италија ја дава во евроинтегративните процеси на нашата држава, како и спремност за соработка за долгорочни решенија во исполнување на ЕУ критериумите во областа на животната средина.

На средбата исто така била актуелизирана темата за потпишување на нацрт-меморандум за соработка во областа на ранливост на климатските промени, процена на ризик, адаптација и ублажување меѓу Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за животна средина, земја и море на Република Италија.

 

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Вистинската глава на криминалниот октопод е во Будимпешта и се вика Никола Груевски

Објавено пред

Кога Христијан Мицкоски зборува за глави и пипци на октоподи, знае и тој, како и целата јавност, дека единствената глава на криминалниот октопод е во Будимпешта и се вика Никола Груевски, велат во соопштение од владејачкиот СДСМ.

Од таму го повикуваат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да одговори дали со еден од осомничените на кои им е одредена мерка притвор имал неколку средби во позната дискотека, а потоа и во седиштето на партијата.

Според СДСМ, Мицкоски е против правдата затоа што единствена негова мисија е, како што се вели, одбрана на криминалот на вистинскиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, главатарот Никола Груевски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Северна Македонија и Јужна Кореја воспоставија дипломатски односи

Јужна Кореја официјално воспостави дипломатски односи со Северна Македонија, објави Министерството за надворешни работи во Сеул, пренесе новинската агенција „Јонхап“....

Свет34 минути

Осомничениот го запалил студиото за анимација во Кјото зошто му украле идеја

Четириесет и едногодишниот маж кој е осомничен дека го подметна пожарот во студиото за анимација во Кјото, Јапонија, во кој...

Македонија12 часа

Николовски по состанокот на СДСМ: Последните настани покажаа одлучна борба против криминалот и корупцијата

Заврши состанокот на Централниот одбор на СДСМ на кој во проширен состав, во присуство на повеќе градоначалници, министри, заменици и...

Свет12 часа

Во Мароко изречени смртни казни за убиството на скандинавските туристки, обезглавени во име на Исламска држава

Судот за борба против тероризам во мароканскиот главен град, Рабат, изрече смртни казни за три лица поради убиството на две...

Свет14 часа

Хаос во поплавените области во Индија, тигри влегуваат во семејни домови

Најмалку 40 села во северниот дел на Бангладеш се поплавени откако синоќа од коритото се излеа една од најголемите реки...

Топ17 часа

Тетовец со „голф“ влетал во десетмина пешаци, еден од нив тешко повреден

На локалниот пат село Горно Орашје – Тетово, во попладневните часови на 17 јули се случил посериозен сообраќаен инцидент во...

Регион18 часа

Дојавата за бомба на аеродромот во Белград е лажна

Министерството за внатрешни работи на Србија потврди дека дојавата за бомба во авионот на „Луфтханза“ на аеродромот „Никола Тесла“ во...

Македонија19 часа

Активистката Моника Ристеска осудена на една година затвор

Активистката за легализирање на марихуаната, Моника Ристеска, е осудена на една година затвор. Таа е осудена за неовластено производство и...

Македонија22 часа

ЗНМ: Случајот со „1ТВ“ е последен аларм за итни медиумски реформи

Последните случувања со приведувањето на Бојан Јовановски, менаџер во кабелската телевизија „1ТВ“, отвора сомнеж за сериозна злоупотреба на медиумите на...

Свет22 часа

(Видео) Бројот на жртви во пожарот во студиото за анимација во Јапонија се искачи на 23

Бројот на жртви во подметнатиот пожар во познатото јапонско студио за анимација во Кјото порасна на 23, објави Би-би-си. Постои...

Македонија23 часа

Панчевски: Утрово ме избркаа како партал од канцеларија

Поранешниот претседател на кривичниот суд, Владимир Панчевски, објави на „Фејсбук“ дека утринава бил, како што наведува, избркан како партал од...

Европа23 часа

Голема акција на германската полиција: приведени исламски екстремисти кои подготвувале терористички напади

Полицијата во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија утрово изврши рација во градовите Келн и Диран, при што изврши претреси на повеќе...

Европа2 дена

Шефот на кабинетот: Меркел е добро, планира да го отслужи целиот мандат

Здравјето на германската канцеларка Ангела Меркел е добро и таа планира да го отслужи целиот мандат до 2021 година во...

Македонија2 дена

Усвоена програмата за реконструкција на Универзалната сала и спомен-обележјето на Тоше Проески

Владата денеска ја усвои програмата за реализацијата на средствата предвидени во буџетот на Министерството за култура за 2019 година за...

Македонија2 дена

Боки 13 и Милевски остануваат во притвор, судот им ги одби жалбите

Кривичниот суд попладнево соопшти дека им ги одбил жалбите на осомничените во предметот за изнуда со трговија на влијаније. Тоа...

Македонија2 дена

Васко Ковачевски нов директор на ЕЛЕМ

Владата на денешната седница, по предлогот за разрешување на околу 40 директори во јавните претпријатија, донесе одлуки и за препораки...

Македонија2 дена

(Видео) Заев: Обвинителството ќе каже дали Катица Јанева е злоупотребена или има докази против неа

Премиерот Зоран Заев изјави дека не се слушнал со Катица Јанева по шпекулациите дека специјалната обвинителка контактирала со високи функционери пред...

Македонија2 дена

(Видео) Разрешени директорите на МЕПСО и ЕЛЕМ

Премиерот Зоран Заев соопшти дека на денешната седница ќе предложи разрешување на десетици директори на јавни претпријатија и членови на...

Европа2 дена

Лагард поднесе оставка: Тоа е во најдобар интерес на ММФ

Кристин Лагард поднесе оставка од лидерската позиција во Меѓународниот монетарен фонд, која ќе стапи во сила во средината на септември....

Македонија2 дена

(Видео) Нуркачи ја извадија кадата фрлена во Охридското Езеро

Нуркачи ја извадија кадата фрлена во Охридското Езеро. Нуркачкиот клуб „Акватек“ објави дека е извадена кадата што била забележана пред...

Досие