Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев ја втурна Македонија во енергетска криза

Објавено пред

Заев ја втурна Македонија во енергетска криза, а МЕПСО само за еден месец треба да плати 15 милиони повеќе, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„Неизвесно е како ќе се произведува струја во зимскиот период. Хидроакумулациите се празни. Термоелектраните ќе увезуваат скап јаглен за кој уште не знаеме дали и по која цена ќе биде увезен. А ТЕЦ „Неготино“ е неподготвена.

Заев ги испразни хидроакумулациите и тие се под минимумот.

Во РЕК не се копаше јаглен и претпријатието е оставено без резрева со јаглен за само неколку дена до две недели. Сега таа своја неспособност и трчање по тендери ќе ја плаќаме со увоз на скап јаглен од странство, кој ќе треба да се транспортира со камиони до РЕК „Битола“, тоа се 400-500 камиони на ден, кои ќе го оштетуваат патот, но и ќе влијаат лошо на животната средина поради целата прашина што ќе биде присутна при превозот на јагленот.

ТЕЦ „Неготино“ не е подготвена и сѐ е оставено на случајности.

Власта нема план, а тоа се гледа и по кражбата на струја од европскиот систем, која само за еден месец ќе нѐ чини 15 милиони евра како држава. Со оваа власт нѐ чека енергетска неизвесност и криза. Оваа Влада нема капацитет да се справи со кризата“, се наведува во соопштението.

Соопштенија

За политички поени се напаѓа работењето на ФИТР, велат од Комитетот за одобрување инвестиции

Објавено пред

Комитетот за одобрување инвестиции при Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) во обраќање до јавноста реагира на, како што велат од таму, изнесените невистини и шпекулации за дел од нивните одлуки.

„Во последните неколку дена беа доведени во прашање квалитетот и одржаноста на проектите избрани од Комитетот за одобрување на инвестиции (КОИ), во рамките на јавниот повик ‘Стартапувај 3’“, стои во соопштението.

Обвинувањата за кои реагираат од ФИТР стигнаа и од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, чиј портпарол критикуваше некои од финансираните проекти, меѓу кои, како што рече, и рецепт за пица на одредена фирма од Гостивар доделен е грант од 2.400.000 денари (40.000 eвра).

Во реакцијата од КОИ се вели дека членовите на комитетот имаат огромно меѓународно искуство во спроведување такви проценки за бројни владини агенции.

„Со своето професионално искуство и меѓународна експертиза, пред сè  сакаме да помогнеме за унапредување на иновативните проекти во државата на транспарентен и правичен начин“, наведуваат од комитетот.

Исто така, потсетуваат дека никој од вработените на ФИТР не учествува во процесот на селекција на компаниите кои ќе добијат финансиски средства, односно дека сите пријавени компании поминуваат процес на претселекција спроведена од 3 домашни стручни лица.

„При носењето на финалната одлука, проектите ги евалуираме според следните критериуми:

– Степен на иновативност (25 поени);
– Квалитет на проектот (25 поени);
– Капацитет на проектниот тим (15 поени);
– Потенцијал на пазарот (25 поени) и
– Влијание (10 поени)

Целиот процес на одлучување, го правиме комплетно независно, без какви било надворешни импути или притисоци. Секој од петте членови на КОИ индивидуално го оценува секој, проект по што на крајот се собираат оценките и се вади просечниот број поени“, стои во соопштението.

Во него членовите на комитетот изразуваат жалење што поради, како што се вели, собирање на политички поени се напаѓа работењето на ФИТР.

„Но, ние ќе продолжиме своето знаење и време да ги инвестираме во одличните идеи и иновации, бидејќи сметаме дека Северна Македонија има навистина одличен стартап потенцијал“, нагласуваат членовите на комитетот Вибу Шарма, Ноел Грегор Петерсон-Џоунс, Ашер Сидики, Гунтер Фелингер и претседателот Марвин Лиао.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Соработка помеѓу институциите и невладиниот сектор за заштита на жртвите од семејно насилство

Објавено пред

Заштитата на жртвите на семејното насилство, проблем со кој нашето општество се соочува и, за жал, има нагорен тренд во последните три децении, треба да се заснова за интензивна, планска и координирана соработка помеѓу институциите и невладиниот сектор. Бројот на осудени лица за семејно насилство е мал, што значи дека потребно е поголемо подигање на свеста за охрабрување на жените, но и на сите членови на семејството, да го пријават ваквото девијатно однесување.

Ова е заклучокот од денешната конференција на тема „Жената како жртва на насилство – механизми за заштита и помош од институциите“, што ја организира Американскиот универзитет на Европа – ФОН во рамките на кампањата „СТОП на домашното насилство. Биди храбра!“

„Разбирањето на факторите што придонесуваат за семејно насилство и факторите што влијаат на жената да остане во насилна врска е важно за програмата за превенција, како и за изготвување план за третман на жените жртви на семејно насилство. Анализирајќи ги сите карактеристики на жртвата, всушност се поставува основата и за институционално дејствување. Тоа подразбира сеопфатна институционална соработка во насока на приближување на жртвата кон остварување на правдата и оневозможување за нејзино повлекување под страв и закани“, истакнаа во своето излагање Александра Србиновска-Дончевски, професор по комуникации и масовни медиуми, и Наташа Тодоровска, професор по казнено-процесно право на Американскиот универзитет на Европа – ФОН.

Според последните податоци, во казнено-поправните установи во Република Северна Македонија казната затвор ја издржуваат вкупно 2.045 осудени лица, од кои 26 се осудени лица поради семејно насилство во повеќе облици. Во КПД „Идризово“ казната затвор ја издржуваат и 2 жени што извршиле кривично дело како резултат на семејното насилство.

Сите осудени лица, па и оние за семејно насилство, поминуваат низ процес на ресоцијализација со цел нивно полесно реинтегрирање не само во семејството туку и во општеството. Па, така, според Марјан Спасовски, директор на Управата за извршување санкции во изминатиот период во КПД „Идризово“, жените, меѓу кои осудени и за насилство, биле вклучени во повеќе активности за ресоцијализација.

„Во соработка со УНДП организирани се стручни обуки со кои жените се стекнуваат со валидни сертификати за шивачки или фризерки, а некои од нив беа вклучени и во дооформување на основното образование. Овие активности, односно стручното оспособување на жените, ќе им овозможи нивно полесно осамостојување и реинтегрирање во општеството по излегување од казнено-поправната установа, со што ќе доведе и до намалување на можноста да бидат жртви на семејно насилство“, истакна Марјан Спасовски, директор на Управата за извршување санкции, говорејќи за третманот на лицата осудени за семејно насилство.

Полицијата најчесто прва доаѓа во контакт со жртвите на семејно насилство и постапува во случаите на семејно насилство. Затоа, според Јулијана Станчова, главен инспектор за семејно насилство во Единица за криминалистички работи при СВР Скопје, од исклучителна важност е да се работи на полето на сензибилизирање на полициските службеници за препознавање на семејното насилство и постапување со жртвите на семејно насилство, како и меѓуресорската соработка и вмрежување на институциите, сè во интерес на жртвите.

Конференцијата „Жената како жртва на насилство – механизми за заштита и помош од институциите“, што ја организира Американскиот универзитет на Европа – ФОН во рамките на кампањата „СТОП на домашното насилство. Биди храбра!“, е на иницијатива на Билjaна Ангелова, сопруга на амбасадорот на Република Бугариjа во Скопје. Ангелова на денешната конференција истакна дека домашното насилство се случува 365 дена во годината и затоа за овој проблем општeството треба да биде гласно. Таа ги охрабрува жртвите на насилство отворено да зборуваат за проблемот со кој што се соочуваат, без страв, срам или осуда од околината. Ангелова на денешната конференција ги повика сите заинтересирани граѓани на 12 декември да се приклучат на маршот против насилството со мотото „Заедно сме посилни“ и тивко да им дадат поддршка на жените и децата жртви на насилство, а кој ќе се организира во неколку поголеми градови во Македонија.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Мицкоски ист како Груевски, за него – почетокот на преговорите било уништување на државата

Објавено пред

Христијан Мицкоски продолжува по стапките на својот ментор Никола Груевски, тие двајца одлучноста да се европеизира земјата преку почетокот на преговорите и пријателството со соседите секогаш ја претставувале како уништување на државата, велат од опозициската СДСМ.

Додаваат дека европскиот пат ја носи земјата напред, но само за Мицкоски, како што напоменуваат, тоа било уништување.

„Лицемерниот Мицкоски пред неполн месец кога Алтернативата ја повикуваше во коалиција, тоа го претставуваше како коалиција за спас на државата, а денеска кога му е јасно дека останува во опозиција, за Алтернативата вели дека е партија што ќе ја уништела државата. Ова е лицемерно, неодговорно, несериозно и нечесно однесување на Мицкоски, ова е неговото вистинско лице“, се потенцира во напишаното соопштение од страна на СДСМ.

Со таков однос, додаваат од партијата на власт, Мицкоски уште долго ќе биде опозиција затоа што секому му е јасно дека тој едно мисли, друго зборува, а сосема трето прави.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Вкупно 16 починати и 375 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.744 тестирања, а регистрирани се 375 нови случаи на...

Европа2 часа

Објавени нови сателитски снимки од руска војска на украинската граница

Американските медиуми продолжуваат да презентираат докази за руска акумулација на сили по должина на границата со Украина и подготовки за...

Економија5 часа

За еден месец, гасот поскапел повеќе од 5 отсто, а лебот 3,8 проценти

Кај гасот за домаќинствата, лебот и житото и кај туристичките аранжмани во ноември бил забележан најголем пораст на трошоците во споредба...

Македонија6 часа

Лажен оџа и неговите соработници осомничени за полов напад врз 9-годишно девојче и за измами во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, кое лажно се претставувало како оџа и...

Македонија6 часа

Тетово привремено го укина јавниот превоз, од Општината велат дека претпријатието е во хаос

Јавниот автобуски превоз во Тетово е привремено стопиран по четири месеци. Општина Тетово како причини за прекинот го наведе работењето...

Македонија7 часа

Ангел Димитров: Република Северна Македонија не е подготвена да почне преговори за членство во ЕУ

Тешко е дека постои земја што повеќе од Бугарија би посакувала пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија. Но,...

Европа7 часа

Компанијата „Фајзер“ обвинета за ширење лаги за вакцината на „Астра зенека“, дури и дека предизвикува рак

Фармацевтскиот гигант „Фајзер“ е обвинет дека подмитувал експерти за да ја дискредитираат вакцината против Ковид-19 на „Астра зенека“, пренесуваат светските...

Македонија8 часа

Заев ги информираше коалиционите партнери за постигнатиот договор со Алтернатива

Претседателот на Владата, Зоран Заев имаше средба со лидери на партии од владината коалиција на која ги запозна со постигнатиот...

Свет8 часа

СЗО: Крвната плазма да не се користи во третманот на болните од Ковид-19

Крвната плазма земена од оздравени пациенти не треба да се користи во третманот на луѓе заболени од Ковид-19, а кои...

Свет9 часа

Путин и Бајден преку видеоврска за многубројни прашања

Рускиот и американскиот претседател, Владимир Путин и Џо Бајден, денеска ќе имаат виртуелен самит на кој ќе разговараат за многубројни...

Свет10 часа

САД ги предупреди граѓаните за Божик да не патуваат во Франција и Португалија

САД ги повикаа своите граѓани да избегнуваат да патуваат во десетина земји, вклучително и Франција и Португалија, поради зголемениот број...

Свет10 часа

(Видео) Силно невреме направи хаос на Хаваите – поплавени улици, откорнати далноводи

Силно невреме проследено со силен ветер и екстремно силен дожд денеска ги поплави патиштата и ги откорна далноводите на Хаваите....

Топ22 часа

Пронајдена лабараторија за производство на дрога во викендичка во Катланово

Лабораторија за производство на дрога е пронајдена во викендичка во с.Градмановци, Катланово. „Полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена...

Регион23 часа

Прв ковид-отказ во Хрватска, наставник одбил да се вакцинира и останал без работа

Прв отказ поради одбивање вакцина против коронавирус во училиште во Хрватска. Се работи за наставник од Техничкото училиште во градот...

Свет23 часа

Кортунов: Не е веројатен компромис помеѓу Бајден и Путин

Андреј Кортунов, претседател на рускиот совет за надворешни работи, кој е близок до Министерството за надворешни работи, рече дека двете...

Регион24 часа

Пропадна владината одлука – во Словенија нема да има задолжителна вакцинација

Словенечкиот Уставен суд пресуди дека владиниот декрет со кој се воведува задолжителна вакцинација за државните службеници е неуставен. Новото правило...

Македонија1 ден

Деспотовски ги покани Ковачевски и Ременски, заедно да ги презентираат програмите

Јован Деспотовски, еден од тројцата кандидати за лидер на СДСМ, ги покани другите двајца Димитар Ковачевски и Фросина Ременски заеднички...

Свет1 ден

Објавен документ на американските служби: Русите ќе ја нападнат Украина со 175.000 војници?

Не стивнуваат тензиите меѓу Москва, Киев и Вашингтон поради шпекулациите дека рускиот претседател Владимир Путин подготвува инвазија на Украина. Сега...

Македонија1 ден

Нови 101 случај на коронавирус, починаа 13 лица

Во последните 24 часа направени се 1.299 тестирања, а регистрирани се 101 нови случај на Ковид-19: Скопје – 59, Кавадарци...

Македонија1 ден

Димитар Ковачевски почна со презентација на програмата пред членовите на СДСМ

Актуелниот кандидат за претседател на Социјалдемократскиот сојуз, Димитар Ковачевски, пред членството на партијата во Општина Карпош ја презентира својата изборна...

Досие