Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Законот за двојазичност е уште една хипотека преку која Заев се обидува да ја плати цената за неговото доаѓање на власт

Објавено пред

Само Зоран Заев, Никола Димитров и Радмила Шекеринска може да слават и да се гордеат дека го промениле името на државата и ги продале националните интереси, порача ВМРО-ДПМНЕ.

„Заев и неговите 81 послушници ја донесоа најсрамната и најцрна одлука во историјата на нашата држава. Тие мислејќи само на сопствените кариери и џебови, им нанесоа огромна штета и неправда на државата, македонскиот народ , нашите предци, но и на идните генерации.

СДСМ се обидува насилно да го проурка и законот за двојазичност. Овој закон урива уште еден темел на Република Македонија кој ги поврзуваше сите етнички заедници што живеат тука.

Законот за двојазичност е уште една хипотека преку која Заев се обидува да ја плати цената за неговото доаѓање на власт и затоа ваквото однесување на СДСМ и ДУИ е срамно и неприфатливо.

Со објавување на законот во „Службен весник“, без потпис од претседателот на државата Ѓорге Иванов, Талат Џафери, директорот на „Службен весник“, како и сите инволвирани, ќе одговараат.

СДСМ и Заев во мандат од две години не сработија ништо за да го подобрат животниот стандард на граѓаните.
Граѓаните се разочарани поради губење на името, идентитетот, историјата и културата, а Заев тоа го прогласува како херојство. Зоран Заев ја зави Република Македонија во црнило. Заев, единствено што може да биде, е предавник на сопствената држава и граѓаните на Република Македонија.

На Република Македонија ѝ се потреби предвремени парламентарни избори заедно со претседателските за да може граѓаните да одлучат во каква Македонија сакаат да живеат.

Македонија со СДСМ и Заев само оди назад и губи. За државата да оди напред, мора криминалниот картел, наречен Заев и СДСМ, да замине што побргу“ се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Соопштенија

Грчева: Дескоска со изјавата врши притисок врз огромен број граѓани кои не сакаат да гласаат

Објавено пред

Неодговорната изјава на министерката за правда, Рената Дескоска, има цел да изврши притисок врз огромниот број граѓани кои немаат намера да излезат на овие избори, каде што понудата доаѓа од партиите што нè обесчестија пред целата јавност менувајќи ги името на државата и атрибутите на македонскиот народ, реагира Солза Грчева во име на нејзината партија Глас за Македонија.

Партијата смета дека изјавата е крајно недолично и несериозно однесување во период на веќе актуелен предизборен процес.

„Ова претставува насилство врз правниот и политичкиот систем во државата, но и лична неодговорност на министерката за правда“, вели Грчева во соопштението.

Нејзината партија го осуди ставот и истакна дека очекува критика и неприфаќање на оваа намера и од другите политички субјекти.

Претходно, министерката за правда изјави дека ако не се постигне цензус за избор на претседател на претстојните избори, постојат две можности – шефот на државата да се избира непосредно од граѓаните, без потребното мнозинство во вториот круг, или да се избира во Собранието.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Исплатата на субвенциите за тутунот е во согласност со програмата

Објавено пред

Исплатата на субвенциите за тутунот е во согласност со програмата, ВМРО-ДПМНЕ да престане да бара алиби за извесниот пораз на изборите, реагира Социјалдемократскиот сојуз на Македонија преку соопштение.

„ВМРО-ДПМНЕ во паника од слабата поддршка од граѓаните во секоја редовна и позитивна мерка бара алиби за извесниот пораз в недела. Исплатата на субвенциите за тутунот е според календарот за исплата на програмата за директни плаќања и е во истиот период како и минатата година, лани на 17, а оваа година на 16 април, а со единствена цел земјоделците субвенциите да ги добиваат тогаш кога им се најпотребни, пред почетокот на производствената сезона.

Бидејќи со години ги малтретира, ги понижуваше и уценуваше земјоделците, денес ВМРО-ДПМНЕ е против навремена и неселективна исплата на субвенциите.

ВМРО-ДПМНЕ да престане да бара алиби за бојкот на претседателските избори и да се подготви за пораз на претстојните локални и претседателски избори“, наведе СДСМ во реакцијата.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

ВМРО-ДПМНЕ: Изјавата на Костадинов најверојатно ја пишувал Бајруш Сејдиу

Објавено пред

Апсурдната изјава на Костадин Костадинов најверојатно ја пишувал Бајруш Сејдиу или некој друг осуден криминалец кој му слугува на Зоран Заев, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„На собирите на СДСМ за поддршка на Стево Пендаровски секојдневно гледаме осуденици или познати криминалци кои се едни од најголемите должници на државата и притоа осудени за малверзации и злосторничко здружување.

Впрочем, јавноста токму вчера беше сведок на малтретирање, напад и насилно внесување новинарска екипа во Општина Арачиново, чијшто градоначалник е токму од редовите на СДСМ. Ова е уште еден напад на новинар од страна на власта, претходно бевме сведоци како владини служби и вицепремиер јавно се закануваа и напаѓаа новинари.

На партиски собир на СДСМ членови на партијата се закануваа дека ќе ја нападнат ДИК со пиштол и притоа никој од власта не реагираше.

Лицемерието на власта не запира тука. Бараат осуда за настаните од 27 април, а сите знаеме дека власта направи селективна амнестија за овој случај, со цел да добие уставни измени. Тие кои ги отворија вратите и дозволија да се случи насилството беа амнестирани на барање на Зоран Заев, деспотот и шефот на Костадинов и Пендаровски.

Позади партиите кои го избраа Пендаровски стојат бројни нерасчистени убиства, слобода за убијците од Смилковско, напади на полицајци од страна на функционери, слобода за над 800 криминалци и секојдневни нерасчистени мафијашки пресметки и убиства во центарот на Скопје.

Откако е СДСМ на власт криминалот и насилниците царуваат со улиците, а токму власта се стави во заштита на криминалот.

На Република Македонија и на граѓаните не им е потребен Пендаровски кој ќе му слугува на Заев во заштита на криминалот. На Република Македонија и треба бескомпромисен борец за правдата, законите и Уставот, а токму таков борец е професорката Гордана Сиљановска-Давкова. Татковината повикува“, се наведува во партиското соопштение.

Прикажи повеќе...

Најново

Избори 20197 часа

Дескоска: Ако не се избере претседател, во игра се две опции

Во игра се две опции доколку на претседателските избори не биде постигнат потребниот цензус, изјави министерката за правда, Рената Дескоска....

Македонија9 часа

На интернет објавени четири прислушувани разговори

На интернет пред неколку часа објавени се четири телефонски прислушувани разговори. Зад објавата стои извесен корисник „Илија громовник“, а разговорите се...

Македонија10 часа

Од утре теренска вакцинација во училиштата против морбили

Медицински персонал утре ќе тргне по училиштата и теренски ќе ги вакцинира оние што не ја примиле вакцината против морбили....

Избори 201911 час

Силјановска во штабот на Пендаровски

Гордана Силјановска-Давкова денеска го посети изборниот штаб на својот противкандидат Стево Пендаровски. Таа на „Твитер“ објави дека со присутните разговарале...

Македонија11 час

(Видео) Поплава во средното уметничко училиште во Скопје

Во средното уметничко училиште „Лазар Личеноски“ во Скопје вчера настанала поплава, откако избил вентилот за парно греење за време на...

Македонија13 часа

Нови 30 дена куќен притвор за Стевчо Јакимовски

Кривичниот суд во Скопје му определи нови 30 дена куќен притвор на поранешниот градоначалник на општина Карпош Стевчо Јакимовски во...

Свет14 часа

„Фејсбук“ без дозвола собрал адреси на е-пошта од 1,5 милион корисници

„Фејсбук“ призна дека собрал адреси на е-пошта од 1,5 милион корисници без нивно знаење и дозвола, објави Си-ен-ен. Најголемата социјална...

Свет15 часа

(Видео) Девојка во Бангладеш запалена зашто пријавила сексуална злоупотреба

Студенти ја полиле со керозин и ја запалиле нивната колешка Нусрат Џахан Рафи во училиште во Бангладеш бидејќи две недели...

Свет17 часа

Маж со канистери полни бензин и запалки сакал да влезе во катедралата во Њујорк

Триесет и седумгодишен маж e уапсен откако се обидел да влезе во катедралата Свети Патрик во Њујорк со два канистери...

Македонија17 часа

Репортери без граници: Земјава на 95. место според слобода на медиумите

Северна Македонија е на  95. место според последниот светски индекс за слободата на медиумите на Репортери без граници (РСФ), со...

Свет17 часа

„Тајм“ објави листа на највлијателни луѓе во светот

Пејачката Тејлор Свифт, телевизиската новинарка Гејл Кинг и фудбалската ѕвезда Мохамед Салах се меѓу шесттемина познати и највлијателни луѓе според...

Европа18 часа

(Видео) Португалија: Загинаа 29 германски туристи во автобус кој излета од патот на островот Мадеира

Најмалку 29 туристи од Германија загинаа синоќа во несреќа на португалскиот остров Мадеира, кога препол автобус излета од патот и...

Свет1 ден

(Видео) Светските знаменитости во боите на Франција

Многубројни светски споменици минатата ноќ светнаа во боите на Франција како знак на поддршка и солидарност по повод трагичниот пожар...

Македонија1 ден

Вклучен аларм во училиштата по случаите на деца што се самоповредувале поради интернет-игри

Во врска со информациите поврзани со учеството на ученици во игри објавени на глобалната интернет-мрежа, кои се карактеризирани како ризични...

Македонија1 ден

(Видео) Антикорупциската ќе поднесе прекршочни постапки против градоначалниците Бочварски и Георгиевски

ДКСК делумно ги прифати приговорите на ВМРО-ДПМНЕ против општините Гази Баба и Штип и одлучи да поведе прекршочни постапки за...

Македонија2 дена

Епидемија на морбили има, вакцини во Кичево нема

Речиси цел месец во Здравствениот дом во Кичево нема вакцини против морбили. Родителите реагираат бидејќи иако сакале да ги вакцинираат...

Македонија2 дена

(Видео) Фазлиу: Градоначалниците да објават како ги трошат парите на нивните веб-страници

Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу, им порача на градоначалниците дека ќе бара одговорност доколку парите ги трошат недомаќински и...

Македонија2 дена

(Видео) Франција треба да каже како да ѝ помогнеме

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски изјави дека сè уште нема конечна одлука на кој начин ќе ѝ се помогне на Франција...

Крвав четврток2 дена

До крајот на мај, обвинение за организаторите на крвавиот четврток

Вилма Рускоска, шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, рече дека најдоцна до крајот на мај очекува да...

Македонија2 дена

(Фото) Барокниот летниковец на плоштадот стана нужник

Барокниот летниковец од проектот „Скопје 2014“ стана нужник. Околу летниковецот, кој чинеше 350 илјади евра и се наоѓа меѓу недоизградените...

Досие