Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: За два дена поради Ковачевски цените на горивата се зголемија за 12 денари

Поради Ковачевски за два дена цените на горивата се зголемија за 12 денари, го полни буџетот на грбот на народот, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.
„Само пред два дена литар дизел се чинеше 86 денари, а од денес истиот е 97.5 денари, литар бензин пред два дена се продаваше по цена од 97 денари, а сега се продава за 109 денари. Тоа е зголемување за 12 денари за два дена. Ова зголемување само 10% е поради растот на цената на нафтата на светските берзи, додека 90% поради високата акциза на владата, која ја зголемуваа неколку пати од 2017 до денес. Сега нашите граѓани точат гориво како во Германија, но со македонски плати. По најавените намалувања на даноците за горивата, цените во Германија ќе бидат и пониски од тие во Македонија.
Многу пати во минатото кога цената на нафтата на светските берзи се движела околу 140 долари за барел, цената на литар гориво во Македонија била околу 75 денари, но тогаш не беше СДСМ на власт, а зголемувањето на акцизата за горивата не беше начин да се полни буџетот. Сега СДСМ ја клекнаа економијата на колена. Буџетот нема од што да се полни и се удира по народот“ соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму додаваат дека СДСМ не знае како да се справи со кризата и дека се потребни предвремени парламентарни избори што поскоро. Новата влада на ВМРО-ДПМНЕ, како што велат од опозициската партија, ќе ја извлече државата од криза.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните ги очекува нов ценовен шок со новото покачување на струјата

„Граѓаните ги очекува нов ценовен шок со новото покачување на струјата, криминалната влада на СДСМ и ДУИ повторно удрија по џебот на граѓаните
Граѓаните ги очекува нов ценовен шок со новото покачување на електричната енергија, криминалната влада на СДСМ и ДУИ повторно удрија по џебот на граѓаните
Нема повисоки плати, повисоки пензии, социјална помош, нема ниту повисоки субвенции за земјоделците, ниту пак капитални инвестиции, ама затоа за граѓаните ќе има повисоки сметки за електрична енергија за над 20%.
Владата на Ковачевски заради својата неспособност ќе ги награди граѓаните со нови енормно повисоки сметки за струја.
Со ова покачување на цената на електричната енергија се очекува и зголемување и на така веќе двоцифрената инфлација, а со тоа и покачување на цената на сите основни прехранбени продукти.
Без конкретни мерки, без помош за стопанството за излез од кризата, секојдневно се затвараат компании, а граѓаните остануваат без работа заради неспособноста на владата на СДСМ и ДУИ.
Додека министрите во владата јадат од златниот прибор од над 40 илјади евра, граѓаните не можат да врзат крај со крај во месецот.
За работниците и вработените во јавниот сектор владата нема пари во буџетот за линеарно зголемување на нивните плати од 2.806 денари. ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува протестите на синдикатот за зголемување на платите и е од страна на работниците и нивните права.
Единствено што знаат функционерите на СДСМ и ДУИ е да работат за својот џеб и своите луксузирања, а не за доброто на државата и народот. Премногу е, избори“.
Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ да се извини за лагите за наводното распродавање на македонскиот јазик и идентитетот, велат од СДСМ

„ВМРО-ДПМНЕ лажеше и ги поткопуваше државните позиции со Бугарија
ВМРО-ДПМНЕ, во период кога се решаваше евроинтегративниот процес на државата, ширеа лаги преку со кои се обидуваа да ги поткопаат државните позиции со Бугарија, ја плашеа јавноста со наводно распродавање на македонскиот јазик, македонскиот идентитет и историја, лажеа за некаква асимилација и бугаризација на државата.
По сето тоа, најмалку што можат да направат во Белиот дворец е да им се извинат на граѓаните за тешките лаги што ги пласираа, а потоа и да побараат одговорност од Мицкоски.
Мицкоски мора да излезе од деструктивната матрица и наместо за интересите на неговиот ментор Никола Груевски, наместо за туѓи центри на моќ, конечно да почне да работи за интересите на граѓаните.
И покрај срамното, неодговорно и антидржавно однесување на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ продолжува да ги брани државните позиции и национални интереси, но и да работи на обезбедување на европската иднина на државата како клучна стратешка цел“.
Соопштение на СДСМ
Македонија
Опозицијата бара оставки од Османи и Маричиќ поради прегоравачките позиции со ЕУ

„Два дена молк од страна на Ковачевски, Османи и Маричиќ за тоа кој направил, кога направил и каков хибриден напад имало во Македонија.
Нема ниту одговорност зошто доколку имало хибриден напад во државава не бил спречен на време и зошто институциите дозволиле ова да се случи.
Логично се поставува прашање дали со дефокус на јавноста со наводниот хибриден напад во државата, Ковачевски, Османи и Маричиќ сакаат да избегаат од одговорноста за целосниот дебакл во преговорите со Европската унија и трајно уништените преговорачки процеси.
Лагите и манипулациите дека го немале видено или не го добиле францускиот предлогот се срушија како кула од карти, па под притисок на граѓаните и ВМРО-ДПМНЕ, мораше Ковачевски да се повлече и да глуми загрижен патриот.
Граѓаните добро знаат дека повеќе од 6 месеци овој штетен предлог кој ги руши сите државни интереси и позиции, го преговарале и договарале, Димитар Ковачевски, Бујар Османи и Бојан Маричиќ, но поради случувањата во Бугарија и откривањето на целиот предлог во Македонија мораше да се откажат од предавничката позиција.
Целиот план на владата на СДСМ и ДУИ беше разоткриен.
Одговорност и оставки за Бујар Османи и Бојан Маричиќ за рушење на македонските национални позиција, како и нарушување на преговорачките позиции со ЕУ.
Изборите се единствено решение за излез од оваа катастрофална политика на СДСМ и ДУИ во преговорачкиот процес“.
Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ