Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ за резолуцијата: Jа водиме Македонија во насока на национално единство и просперитет

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да обединува и да ја води Македонија во насока на национално единство и просперитет, велат од опозициската партија откако од СДСМ вчера порачаа дека ќе ја прифатат резолуцијата за македонските идентитетски линии.

„Резолуцијата што ја предложивме, а е плод на заедничките ставови на МАНУ, УКИМ и МПЦ – ОА, ќе ги заштити националните црвени линии за кои не смее да има компромиси“, велат од ВМРО-ДПМНЕ, од каде што додаваат и дека станува збор за документ што го отсликува ставот на народот.

Во партиската реакција се наведува дека позитивно е што голем број парламентарни партии се подготвени да ја поддржат резолуцијата, при што се посочува дека на тој начин ќе се изгради национален став и стратегија.

„Македонскиот јазик, идентитет и историја и национална посебност не смеат да бидат дел од никакви преговори. Се надеваме дека СДСМ ќе остане доследен на она што вчера го изјави и ќе ја поддржи резолуцијата, без да се обидува преку собраниски процедури да ја закочи и опструира“, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Соопштенија

ЛДП И ДОМ остро реагираат кон власта и опозицијата со поднесени амандмани за отворените листи

Објавено пред

За нас е неприфатлив предложениот праг од два процента за независни кандидати на локалните избори, нашиот предлог е прагот да изнесува 0,5 проценти, само така ќе се овозможи олеснато вклучување на независните кандидати во единиците на локалната самоуправа, остро реагираат ЛДП и ДОМ со поднесување на амандмани на предложениот изборен законик од страна на пратениците Моника Зајкова, Маја Морачанин и Боби Мојсоски.

„Во однос на останатите поднесени амандмани ние за отворените листи бараме наместо прагот со преференца од 3 проценти од вкупниот број избирачи на избирачкиот список да биде 10 проценти од бројот на вкупно освоени гласови на листата или пак воопшто да нема праг. Финансирањето од буџетот предложено во предложените измени на изборниот законик ги фаворизира големите партии со што тие ќе добиваат по 45 проценти од средствата, за нас е тоа некоректно бидејќи се ставаат во поповолна положба четирите големи партии од власта и опозицијата“, истакнуваат пратениците од ЛДП и ДОМ.

Тие додаваат дека за сите други помали политички партии кои што не се делови од пратенички групи во парламентарни политички партии и независни кандидати наменети се само 10 проценти од средствата.

Затоа пратениците од двете партии предлагаат распределба во соодносот на средствата од 35 проценти за двете најголеми партии на власт, 35 проценти за двете најголеми опозициски парти и 30 проценти за политичките партии кои што се помали и немаат пратеничка група во парламентарните партии и независните кандидати.

Тие велат дека доколку власта и опозицијата сакаат демократски локални избори и ефикасни совети каде ќе се слуша гласот на граѓаните, амандманите треба да се прифатат во целост.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ поддржува измени на Изборниот законик во согласност со препораките на ОБСЕ-ОДИХР во консензус со партиите

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ поддржува измени на Изборниот законик во согласност со препораките на ОБСЕ-ОДИХР во консензус со партиите, соопштија од партијата.

„ВМРО-ДПМНЕ поддржува измени и дополнувања на Изборниот законик во согласност со препораките на ОБСЕ-ОДИХР, со кои ќе се овозможи поголема транспарентност на изборниот процес и поголема ефикасност на изборните органи, но, пред сѐ, поголема можност за избор на граѓаните со непосредно гласање за посебно по една личност – кандидат од секоја предложена листа на партиите и независните листи на кандидати“, се наведува во соопштението.

Според ВМРО-ДПМНЕ, ваквата опција за отворени листи овозможува поголема демократија во која личноста на кандидатот, а не само партијата, ќе бидат избирани од страна на граѓаните да одлучуваат за нивната општина.

„Дополнително, со измените на законот се доуредуваат аспектите на изборната кампања, времето на рекламирање, роковите, содржината и постапката на доставување на финансиските извештаи и други процеси поврзани со изборниот процес. Измените на Изборниот законик во согласност со препораките на ОБСЕ-ОДИХР се пракса пред секои избори во консензус со партиите да се подобри изборниот процес со крајна цел фер и демократски изборен процес, пред сѐ, во интерес на опозициските партии“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ГРОМ: Вработен во Општина Карпош со нож нападнал сопруг на негова колешка

Објавено пред

Вработен во Општина Карпош со нож нападнал сопруг на негова колешка, велат од партијата ГРОМ. Од таму велат дека сторителот е другар на градоначалникот Стефан Богоев, кој, како што велат, во моментов се одмора во Африка.

„Неработењето, јавашлакот, доведе до неодговорно однесување на админастрацијата во Oпштина Kрпош. Отуѓеноста од граѓаните под водство на Стефан Богоев доведе до незаинтересираност и умисленост кај дел од општинската администрација дека тие се над сите и наместо да им служат на граѓаните тие уживаат во својата раскалашеност. Врв на таа неодговорност е вчерашниот љубовен четириаголник, кој, за среќа, немаше трагичен епилог. Вербалната расправија меѓу вработена во Општина Карпош со сопругата на нејзиниот колега кулминираше со физичка пресметка меѓу сопругот на вработената во општината и нејзиниот колега. Пресметката меѓу општинскиот службеник и сопругот на неговата колешка заврши со повеќекратни убоди од нож во телото на несреќниот сопружник“, велат од ГРОМ.

Од партијата прашуваат од што се уморил Богоев па отишол да одмора во Африка.

„Од што се умори градоначалнику? Од непримање странки? Од собирање арач? Од играње кантер страјк? Или, пак, од дружбите со твоите раскалашени другари  на Златибор, Халкидики, Бали или Тајван? За жал, градоначалникот Стефан Богоев е вистински пример на уморен градоначалник од неработење и затоа на овие локални избори граѓаните на Карпош ќе го пратат во принудна пензија поради јавашлакот, неодговорноста, застојот, уназадувањето на општината, енормната корупција и рекетот кој го собира по фирмите заедно со неговите другари, како и во неповрат потрошените скоро 30 милиони евра за овие четири години“, велат од ГРОМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Нови 47 лица заразени од коронавирус, во Македонија активни 359 случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.593 тестирања, а регистрирани се 47 нови случаи на...

Македонија3 часа

Груевски ќе развива бизнис во Унгарија, на 15 јули регистрирал фирма со широк опсег на дејности

Поранешниот македонски премиер, Никола Груевски, регистрирал фирма со широка деловна активност во гратче во близина на Будимпешта, три години по...

Топ3 часа

(Видео) Полицаец бил дел од скопска банда за шверц на дрога и оружје, користеле и блиндирано возило

По повеќемесечно криминалистичко истражување, денеска Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал во координација со Единицата за специјални полициски операции...

Свет5 часа

Кинезите бараат СЗО да испита дали коронавирусот настанал во Америка

Повеќе од 15 милиони корисници во Кина потпишаа онлајн петиција за истрага на лабораторијата „Форт Детрик“ во Соединетите Американски Држави...

Домашен9 часа

Државата ќе ги награди Дејан Георгиевски и неговиот тренер со 2,4 милиони денари за среброто на Олимписките игри

Државата ќе ги награди Дејан Георгиевски и неговиот тренер со 2,4 милиони денари за освоениот сребрен медал во дисциплината теквондо...

Македонија9 часа

Заев и Тачи договорија соработка за локалните избори

Лидерите на СДСМ и на ДПА, Зоран Заев и Мендух Тачи, договорија соработка за локалните избори. Заев соопшти дека СДСМ...

Македонија11 час

Бремените жени и лицата над 60 години да се ослободат од работа, владата со препораки за заштита од топлотниот бран

Владата издаде препораки како заштита на населението од топлотниот бран и од денеска-среда до недела (29.07-01.08.2021 година) се препорачува: ослободување...

Свет12 часа

Бајден: Mаските и вакцините најдобра заштита од делта-сојот

Американскиот претседател Џо Бајден истакна дека носењето заштитни маски и вакцинирањето во области во кои доминира делта-сојот на коронавирус се...

Македонија1 ден

Maкедонците сè уште се вакцинираат на белградскиот саем

Македонските граѓани и понатаму се вакцинираат на белградскиот саем. „Меѓу 300 и 500 граѓани се вакцинираат дневно на саемот во...

Македонија1 ден

Напад врз новинар ќе се смета како напад врз службено лице, се воведува и кривично дело демнење

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, објави дека во Владата поминале измените на Кривичниот законик, со кои заштитата на медиумските работници...

Македонија1 ден

Заев по повод 20 години од Рамковниот договор: Успешна историја благодарение на партнерите ЕУ, САД и НАТО

Владата денеска одржа тематска седница посветена на 20-годишнината од Охридскиот рамковен договор. Во своето обраќање на седницата премиерот Заев потенцира...

Македонија1 ден

Дејан Георгиевски ѝ донесе олимписко сребро на Македонија

Дејан Геoргиевски го прекина 20-годишниот пост на Македонија и од Олимписки игри ќе го донесе досега најблескавиот медал во 30-годишната...

Топ1 ден

Тетовец лажно се претставувал како лекар, измамил повозрасен охриѓанец и добил 40.000 денари

45-годишен тетовец лажно се претставувал како лекар и на тој начин измамил повозрасен жител од Охрид од кого добил 40.000...

Македонија1 ден

Регистрирани 39 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.839 тестирања, а регистрирани се 39 нови случаи на...

Македонија1 ден

Заев: 17 октомври е датумот за локалните избори

И покрај дилемите за тоа дали кампањата за локалните избори ќе се поклопи со претстојниот попис, премиерот Зоран Заев денеска...

Европа1 ден

(Видео) Силна експлозија го потресе Леверкузен: Жителите добиле предупредување за екстремна опасност

Силна експлозија ги потресе куќите во германскиот град Леверкузен. Снимките од социјалните мрежи покажуваат како се крева огромен облак од...

Македонија1 ден

Само 0,02 отсто од вакцинираните со две дози во Македонија заболеле од коронавирус

Вкупно 92 лица од 330.000 кои се ревакцинирани заболеле со коронавирус, објави министерот за здравство, Венко Филипче. Ова, додаде тој,...

Европа1 ден

Во ЕУ вакцинирани 70 отсто од возрасните, две дози примиле 57 отсто

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објави дека целта од 70 проценти вакцинирани од возрасните лица во Европската...

Спорт1 ден

Георгиевски обезбеди сребро на ОИ во Токио

Дејан Георгиевски избори пласман во финалето на олимпискиот турнир во таеквондо, во категоријата над 80 килограми. Во полу-финалето, Георгиевски го...

Македонија1 ден

Спасени планинари од Чешка на Шар Планина

Група планинари од Чешка вчера вечер се спасени од Шар Планина. Тие залутале, а околу 18 и 30 часот се...

Досие