Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Зголемената социјална помош ќе ги направи луѓето пасивни и ќе им ја одземе мотивацијата

Објавено пред

Денешниот прес на Мила Царовска и веќе обвинетиот за поткуп Зоран Заев е нов обид за купување на гласови „за“ Северна Македонија, поточно поткуп за претстојниот референдум, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека јавноста слуша само паушални бројки, звучни за немоќните и ранливите граѓани, без конкретни услови и дефинирани критериуми и буџет.

„Спротивно на европските трендови, се најавува мерка за зголемена пасивизација на овие лица наместо активирање пазар на труд и зголемување на платите. Со оваа најавена лага ќе се зголеми пасивноста на лицата кои ќе паднат во длабок социјален ризик. Нема мотивација за барање работа, за преквалификација, ќе се чека само помош. Работодавците ќе немаат работници“, се наведува во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека СДСМ ветил решавање на статусот на сите стечајци, а по три законски измени и две години на власт, уште не го решил.

Соопштенија

(Видео) Арсовски: СДСМ секој месец им крати на професорите и наставниците по 5.660 денари

Објавено пред

Зоран Заев и СДСМ  им кратат на професорите во средните училишта и наставниците во основните училишта цели 5.660 денари од нивната плата секој месец, обвини Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Оваа власт, додаде тој, за само една година на еден професор од основно или средно образование му крати, односно му зема од неговиот џеб 67.920 денари или 1.100 евра вкупно.

„Наводното покачување од 10 отсто е само замачкување очи и прикривање на овој грабеж што го прават врз просветните работници. Имено, наставниците и професорите во основното и средното образование според колективниот договор од 2010 година имаа коефициент на сложеност за пресметка на плата од 2.533, кој се множи со минималната плата, која моментно изнесува 12.500 денари нето, при што се добива плата од 31.660 денари, односно 5.660 денари повеќе од сегашното покачување од 10 отсто. Доколку, пак, се земе предвид дека минималната плата ќе биде 14.500 денари, тогаш во согласност со законот и колективниот договор, наставниците и професорите треба да земаат плата од 36.700 денари, односно 10.700 денари повеќе од тоа што сега им го ветува Заев. Ова во превод значи дека Заев сака наставниците и професорите да ги манипулира. И не им ја дава платата што со закон им следува“, рече Арсовски.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Стоилковски: Нападнатите новинари се познати по своите остри јазици против заевизмот

Објавено пред

Вчеравечер физички се нападнати, тепани се тројца новинари, кои се познати по своите остри пера и јазици против заевизмот, криминалот и корупцијата на кланот на власт, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Нападот, вели тој, бил со јасна порака, изведен кукавички, без никаков повод или претходен контакт со напаѓачите, планиран со многубројна надмоќност и со закани за животот од страна на напаѓачите.

„Зоране Заев, прибери си ги гавазите. Готов си, на 3 јануари си одиш, страховладата ти завршува на 12 април. Собери си ги рацете од медиумите и од новинарите. Паниката и стравот од анкетите не истурај го врз нив. Тие не ти се виновни за криминалот, за корупцијата и за насилството што го спроведуваш. Владеење по теркот на Курто Дудуш, едноставно не смее да се дозволи. Твојата осуда на ваквите инциденти не е доволна“, рече Стоилковски.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ : Заев и Ангеловска место на развој, ќе трошат милијарди на популизам

Објавено пред

3.9 милијарди евра буџет, а ниту денар зголемување за капитални инвестиции. Зоран Заев и Нина Ангеловска наместо на развој, ќе трошат милијарди на популизам, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, власта одвојува за капитални инвестиции исто како лани, а буџетот е значително поголем.

„Власта првин им скрати на пензионерите 600 денари 3 години по ред, за сега да им дава само 700 денари и тоа од до година. Тоа се 1800 денари помалку за пензионерите кои им ги зема Зоран Заев доколку останеше старата пресметка и наместо за нив отидоа на тендери и милионски бизниси на луѓето блиски до врвот на власта.

Три години не одвоија пари за енергетиката, не одвојуваат ниту сега. Нема пари за Чебрен и Галиште, нема пари за РЕК Битола и Осломеј, нема пари за ништо.Зоран Заев ги излажа и земјоделците. Со новиот буџет нема пари за земјоделците. Се останува исто.Зоран Заев со овој буџет спрема потенцијален поткуп на гласачи пред избори. Лагите и популизмот од претходните избори нема да му поминат повеќе. На 12 април почнува обновата на Македонија со ВМРО-ДПМНЕ“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Минималната плата ги скара пратениците од власта и опозицијата

Минималната плата ги скара пратениците од власта и опозицијата, при што за едните е популистички чекор, а за другите решение...

Македонија1 час

Обвинителството: Случајот со катната гаража на „Никофон“ е во предистражна постапка

Случајот за кривичната пријава во врска со катната гаража, што „Никофон“ треба да ја гради кај „Аутомакедонија“, сè уште е...

Македонија4 часа

Нападнати двајца новинари во близина на угостителски објект во Скопје

Двајца новинари синоќа биле физички нападнати од страна на неколку 20-годишни лица. Од МВР информираа дека нападот се случил на...

Македонија5 часа

Сведочење на полицаец: Проверив 78 луѓе од Избирачкиот список, ниту еден не беше на пријавената адреса

Полицаецот Агрон Кранлиевски од Ресен во предметот „Титаник“ на СЈО сведочеше дека во 2012 година правел проверки на живеалишта на...

Македонија5 часа

Контрола на автобуси и комбиња во Тетово – 14 возеле патници со неисправни сопирачки, 8 без технички преглед

Вчера, во Тетово, била спроведена акциска контрола за техничка исправност на возилата што вршат јавен превоз на патници, најмногу автобуси...

Македонија5 часа

Заев заедно со Мицотакис и Борисов учествува на самит во Солун

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска учествува на годинашниот самит во Солун, кој е под покровителство на претседателот на Република...

Свет6 часа

Насилството во Хонгконг ескалира: демонстрантите со стрели ги гаѓаат полицајците

Полицијата во Хонгконг соопшти денеска дека демонстрантите со стрели ги гаѓале полицајците што патролирале во близина на Политехничкиот универзитет, а...

Европа6 часа

(Видео) Вонредна состојба во Венеција

Италијанската влада денеска ќе прогласи вонредна состојба поради поплавата во Венеција со цел што побргу да се мобилизираат средства за...

Македонија7 часа

Едно од девет возрасни лица во Северна Македонија има дијабетес

Во Северна Македонија едно од девет возрасни лица има дијабетес или околу 175 илјади луѓе, објави Асоцијацијата за детски дијабетес на...

Регион18 часа

Полициско куче откри рекордна количина хероин во Словенија, вредна речиси 90 милиони евра

Словенечката полиција и цариниците заплениле 730 килограми хероин во пристаништето Копер, што е најголема количина хероин запленета во историјата на...

Свет19 часа

(Видео) Трамп: Се обидуваат да ме спречат

Ова е најголема измама во историјата на американската историја, порача американскиот претседател Доналд Трамп, во врска со почетокот на јавните...

Македонија19 часа

(Видео) Пендаровски: Реформите се потребни за да ја вратиме довербата на граѓаните

Функционалната правна држава е основен услов за опстанок на поредокот и неговиот одржлив развој. Реформите во сферата на владеењето на...

Регион20 часа

Страшна сообраќајна несреќа во Словачка, најмалку 12 загинати и 20 повредени

Најмалку 12 лица, од кои четири деца, загинаа денеска во судир на автобус и камион во западниот дел на Словачка....

Македонија21 час

(Видео) Заев-Мас: Да се изнајде начин што побрзо до позитивна одлука за Северна Македонија

Претседателот на Владата, Зоран Заев и министерот за надворешни работи на СР Германија, Хајко Мас изразија жалење за одлуката на...

Македонија24 часа

„Никофон“ платил 1.800 место 5.000 денари за квадрат за гаражата кај „Аутомакедонија“, Центар бара раскинување на договорот

Заедно со граѓаните до крај ќе се бориме кај „Аутомакедонија“ да не се изгради катна гаража, туку парцелата да им...

Македонија1 ден

(Видео) Зеќир Рамчиловиќ изгласан за потпретседател на Собранието

Со 62 гласа „за“, 16 „против“ и без воздржани, пратеникот Зеќир Рамчиловиќ е изгласан за потпретседател на Собранието. За оваа...

Македонија1 ден

Во Швајцарија уапсени членови на „Пинк Пантер“, меѓу кои и еден Македонец, ограбиле златарница

Швајцарската полиција уапси двајца црногорски државјани, двајца германски државјани, едно лице од Босна и Херцеговина и едно од Северна Македонија...

Македонија1 ден

Груевски нема да одговара за „Траeкторија“ поради застареност на делото

Експремиерот во бегство, Никола Груевски, нема да одговара за кривичното дело во предметот „Траекторија“, кое се однесува на изградбата на...

Македонија1 ден

Закажано првото рочиште за „Рекет“

Првото рочиште за предметот „Рекет“, во кој се обвинети Бојан Јовановски – Боки 13, поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, и...

Македонија1 ден

Заев: „Југохром“ ќе биде затворен додека не се стават филтрите

„Југохром,“ додека не се стават филтрите, нема да функционира, истакна премиерот Зоран Заев пред вчерашната владина седница во Тетово зборувајќи...

Досие