Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Зградата дивоградба на Шилегов ќе биде урната по смена на власта

Објавено пред

Зградата дивоградба на Шилегов ќе биде урната веднаш по смена на власта, општеството треба да се исчисти од криминалци, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Според оваа партија, институциите со денови молчат за луксузната дивоградба на Петре Шилегов.

„Да беше дивоградба на обичен граѓанин досега ќе беше срушена, но кога станува збор за функционер на СДСМ инспекторите никаде ги нема. Институциите се неми пред криминалот на градоначалникот во заминување Петре Шилегов. Дваесетина дена јавно се посочува дека Петре Шилегов менува документи во Катастар во неработен ден во сабота“, пишува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ, дополнуваат од партијата, посочува со денови дека Петре Шилегов пријавил имот изградена луксузна вила од 300м² со 4 пати помала вредност. Дваесетина дена секој ден јавно се посочува дека Петре Шилегов има коли од 130.000 евра, кои што не се пријавени во анкетниот лист, додаваaт од таму.

Велат, дека освен што институциите молчат, дури и Петре Шилегов се крие од камери и бега од одговори.

Јавното обвинителството мора да почне да работи по допрен глас, потенцираат од опозициската партија, додавајќи дека молчењето на институциите единствено значи соучество и злоупотреба.

„Петре Шилегов е веќе завршена приказна. Шилегов не смее да избега од одговори и одговорност“, стои напишано во писмениот допис од ВМРО-ДПМНЕ.

Соопштенија

Алијанса за Албанците: Ги поддржуваме кандидатите на Беса во општините каде што се соочуваат со ДУИ

Објавено пред

Веднаш по објавувањето на резултатите, ние како коалиција го искажавме нашиот став дека треба да се поддржат сите кандидати на албанската опозиција што се борат против ДУИ, информираат од Алијанса за Албанците.

Во писменото соопштение нагласуваат дека го поздравуваат повикот на Движењето Беса за поддршка на кандидатите на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернативите и го повторуваат како што велат нивниот конзистентен став дека нивните членови и симпатизери и сите други гласачи ги поддржуваат кандидатите на Движењето Беса во општините каде што се соочуваат со ДУИ.

„Во исто време продолжуваме да оценуваме дека ДУИ треба да падне од која било власт. Се надеваме дека Движењето Беса ќе има вистинско одвојување од злото, но потсетуваме дека тоа се прави само доколку ДУИ биде отстранета од власт и создадеме ново парламентарно мнозинство“, соопштија од Алијанса за Албанците.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Само пад на власта е гаранција за заштита на граѓаните од партиските параполициски структури на СДСМ

Објавено пред

Само пад на власта е гаранција за заштита на граѓаните од партиските параполициски структури на СДСМ, реагираат преку соопштение од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Славјанка Петровска од СДСМ.

„СДСМ не може поинаку освен да шири лаги и конструкции додека во јавноста излегуваат докази за насилство и терор против политички неистомисленици, а за таа цел злоупотребувајќи ја полициската униформа за своите криминални структури. Лагите и конструкциите повеќе не минуваат. МВР, чијшто дел беше и Славјанка Петровска, мора да ги истражи сите околности за параполициската партиска структура, наместо да шири конструкции и лаги“, пишува во соопштението.

За почеток, велат од ВМРО-ДПМНЕ, Славјанка Петровска нека даде одговор за нападот врз новинарска екипа во Прилеп.

„Петровска нека одговори за полициските функционери коишто следеле опозициски тогаш кандидат за градоначалник. Петровска нека одговори за пораките на партиски поставени високи полициски функционери коишто гласат ‘Убиј го’. Измислените конструкции на СДСМ и Петровска не може да ги покријат подмитувањата притисоците, насилствата. Народот точно знае кој е насилник и што се неговите права без разлика на притисоците, следењата, заканите за тепање, технички прегледи, укинување на социјална помош или бркање од работа од јавните комунални претпријатија“, потенцираат од партијата на Мицкоски.

Според нив, народот, како што додаваат, точно знае и ја препознва вистината пред конструкциите за покривање на скандал.

„Партиските параполициски структури нема да поминат без одговорност и нема да бидат покриени со некој нов ‘продолжен кабел’. СДСМ како партија повеќе не може ништо да ветува, сè додека не може и себе да се заштити додека со неа управува мафијата во полициска униформа меѓународно позната трговија со дрога и давање идентитетска заштита на белосветски мафијаши“, стои во писмената реакција од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Минималната плата од 1 јануари ќе биде 18.000 денари, просечната порасна на 28.642 денара

Објавено пред

Овие избори се од исклучителна важност за нашите општини, за државата, затоа што исходот го трасира патот кон напредокот и развојот или кон враќање назад во мрачното режимско време, соопшти СДСМ.

„Вистинскиот пат е со СДСМ бидејќи изминатите четири години поставивме високи економски стандарди. Минималната плата ја покачивме на 15.200 денари, а таа пред четири години беше 9.000 денари.

Од први јануари минималната плата ќе биде 18.000 денари или триста евра во согласност со економските движења и растот на економијата. Државниот завод за статистика објави дека просечната плата за август оваа година изнесува 28.642 денара, што е четири отсто повисока од истиот месец од претходната година.

Тоа е вистинскиот пат по кој треба да се движи нашата земја, нашата економија. За да продолжи овој тренд на економски раст и развој, за да продолжи помошта кон граѓаните, кон стопанството, треба да се даде гласот за опцијата што води напред.

А опцијата што води напред се СДСМ и коалицијата, тоа е најдоброто за нашите општини, за нашата држава. Затоа, на 31 октомври гласајте за бројот 12 за да продолжи напредокот“, порачаа од владејачката партија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

11 починати лица, 135 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа биле направени 1.514 тестирања,...

Македонија4 часа

Баравме лекари за да се стави вода во апаратот за кислород, сведочи семејството на 22-годишникот што почина од корона

Семејството на 22-годишното момче од Битола, кое почина како последица на коронавирусот, преку писмо се обрати од министерот за здравство,...

Свет5 часа

ОН: Толку високо ниво на јаглероден диоксид на Земјата имало пред дури 3 милиони години

Концентрацијата на стакленички гасови во атмосферата повторно достигна рекордно ниво, се вели во денешниот извештај на ОН. Концентрацијата на јаглероден...

Македонија6 часа

Антикорупциската сѐ уште чека одговори од Обвинителството за ДУП-от кај „Холидеј ин“ и тендерот на ДИК

Обвинителството сѐ уште не ѝ одговорило на антикорупциската комисија по иницијативите за кривична одговорност во однос на лицата што учествувале во детаљниот...

Топ7 часа

Тешка сообраќајна незгода во Битола помеѓу автомобил и мотор управуван од дете

Две малолетни деца се повредени во сообраќајната несреќа во Битола што се случи помеѓу автомобил и мопед. Едното од децата...

Македонија8 часа

(Видео) Ковачки: Во злосторничката група полицајци директно вмешани луѓе на Спасовски

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека полицајци на Заев и Спасовски договарале малтретирање граѓани за изборната кампања. Од партијата објавија докази дека група...

Свет9 часа

Ранетиот режисер открива детали за трагедијата на снимањето

Алек Болдвин вежбал да вади револвер од футролата по што го вперил во камерата за време на пробата на снимањето...

Свет9 часа

Колумбискиот наркобос не користел телефон и соработувал со криминалци од Балканот

Колумбискиот главен наркобос Даиро Антонио Усуга, познат по прекарот Отониел, кој беше уапсен вчера, е поврзан со балкански трговци со...

Свет10 часа

Тедрос: Пандемијата нема да се доведе до крај додека не заврши во целиот свет

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аденон Гебрјесус, изјави дека пандемијата на Ковид-19 е далеку од завршена. „Ги имаме...

Регион21 час

Словенечкиот премиер и министерот за одбрана добија писма со смртна закана

Словенечкиот премиер Јанез Јанша добил пратка со закана за смрт за нему и неговото семејство, а слична закана добил и...

Регион24 часа

Ердоган протерува десет амбасадори

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се закани дека ќе протера десет западни амбасадори, меѓу кои седум членки на НАТО. Во...

Македонија1 ден

16 починати и 227 новозаболени од Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 2.595 тестирањe,...

Топ1 ден

Тела на починати мигранти пронајдени во гевгелиско

Тела на две починати лица, најверојатно мигранти, вчера биле пронајдени на местото викано „Јаворица“, атар на с.Миравци, гевгелиско. По овластување...

Регион1 ден

Српски виролог: Ковид – пропусниците треба да важат 24 часа, а не само по 22 часот

Ковид – пропусниците во Србија се воведени доцна и неправилно бидејќи треба да важат 24 часа, а не само од...

Регион1 ден

Брнабиќ откри дека било планирано убиство на Вучиќ

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека било планирано убиство на претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Според неа, атентатот бил...

Свет1 ден

Во Кина вакцинирани 75 отсто од населението

Кина досега целосно вакцинираше 75,6 отсто од своето население против коронавирусот, изјави портпаролот на Националната здравствена комисија Ми Фенг. „Околу...

Топ1 ден

Автомобил излета од патот кај Ласкарци, едно лице загина, тројца тешко повредени

Едно лице загина, а три се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила на автопатот Тетово – Скопје. Според...

Македонија2 дена

Во Македонија 482 нови случаи на коронавирус, 12 починати

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 482 нови случаи на коронавирус, а 12 лица починаа, информира Министерството за...

Македонија2 дена

Мицкоски за Бугарија: Ние нема да им ветуваме сѐ и сешто

Ние нема како Заев да ги вовлекуваме во некои непринципиелни односи ветувајќи им се и сешто, од нас може да...

Македонија2 дена

(Видео) Заев најави дека во вториот круг СДСМ ќе ги поддржи кандидатите на своите коалициски партнери

Премиерот Зоран Заев кажа дека во вториот круг од локалните избори СДСМ ќе ги поддржи кандидатите на своите коалициски партнери....

Досие