Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Земјоделците веќе две години си го фрлаат произведеното

Објавено пред

Земјоделците веќе две години по ред си го фрлаат произведеното на буниште затоа што нема никаков откуп, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Производителите на слива во Радовишко, Пијанечко и во Малешевско го фрлаа својот род на буниште затоа што килограм слива се продаваше за цена од катастрофално ниски 2 денара.

Јаболкарите во Ресен корнат и сечат десетгодишни јаболкници затоа што 100 килограми јаболка им го откупуваат за цена од 50 денари.

Производителите на бостан, домат, зелка и пиперка во Струмичкиот Регион го фрлаат родот во каналите затоа што немаше извоз.

Оризопроизводителите во Кочанско немаат откуп, а оризот им скапува во амбарите.

Нема подрачје во државата каде што земјоделците не се погодени. Заев ветуваше сигурен откуп, велеше дека откупувачите ќе се тепаат кој повеќе да плати. Сега не само што никој не се тепа да плати повеќе, туку откуп воопшто и нема.

Земјоделството изминативе години е ставено на страна. Селата во државата забрзано се празнат, а сè повеќе ниви остануваат необработени.

Потребна е метла што ќе ги измете Заев и неговите кадровски решенија во институциите. Потребна е промена на власта“, наведе опозицијата во соопштението.

Соопштенија

ДОМ: ЕСМ да инвестира во обновливи извори на енергија, а не во нуклеарки

Објавено пред

Зелената партија ДОМ се спротивставува на намерата на македонската државна компанија ЕСМ за учество во проектот за изградба на бугарската нуклеарна централа „Белене“.

„ДОМ е против изградба на нуклеарни електрани поради нивната опасност врз животната средина и здравјето на луѓето, на што укажуваат трагичните искуства од нуклеарните катастрофи во Чернобил и Фукушима. Не случајно Германија одлучи да ги затвори сите свои нуклеарни електрани до 2022 година.

Наместо во нуклеарки нашата држава треба да инвестира во производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија, како сонце и ветер“, велат од ДОМ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: По повикувањето на Кичеец на распит, кулуминира нервозата кај ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

Нервозни реакции доаѓаат од белиот дворец во моменти кога, според информации во медиумите, на распит за случајот „Рекет“ е повикан еден од осомничените, Зоки Кичеец, велат од владејачкиот СДСМ.

„Денеска кулминира нервозата во ВМРО-ДПМНЕ. Фрчат лажни вести, панични изјави, прес-конфернции“, се наведува во партиското соопштение во кое од СДСМ прашуваат дали нервозата во опозициската партија има врска со распитот на Зоран Милески.

Од таму додаваат дека ваквиот заклучок е уште пореален доколку се земе предвид дека Христијан Мицкоски пред неколку дена, како што велат, јавно признал дека се сретнал токму со Зоки Кичеец.

„Остана неодговорено прашањето што разговарале Мицкоски и Кичеец и дали нешто му дал? Ако му дал, што е тоа? Но, нервозата и паничните реакции на ВМРО-ДПМНЕ нема да им помогнат на оние што ги чека соочување со правдата“, истакнуваат од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Општина Карпош за Трнодол: Реакциите од граѓаните се потврда за нашата транспарентност

Објавено пред

Не се точни тврдењата дека се менува влезот на Трнодол, како што не беа точни ниту тврдењата дека на т.н. чатал ќе се гради нова зграда или, пак, дека каналот ќе се затвори, велат од скопската Општина Карпош.

„Токму денешната изјава на двајца од претставниците на граѓани од Трнодол е потврда за промените во начинот на носењето на детаљните урбанистички планови во Карпош.
Денеска, граѓаните имаат можност да ги посочат своите забелешки и предлози уште на почетокот кога се носи одреден ДУП, нешто што, за жал, не претставуваше пракса во минатото“, наведуваат општинските власти.

Од таму додаваат дека поканата за јавна презентација била објавена транспарентно, без намера нешто да се скрие.

„Затоа и посетеноста на првата јавна презентација беше голема, но, за жал, не постоеја услови и работна атмосфера за детаљно, од стручните служби, да се образложат дилемите што ги имаа засегнатите граѓани“, образложуваат од Општината.

Од таму ги охрабруваат граѓаните да дојдат и на втората јавна презентација во текот на есента, каде што стручни лица, заедно со претставници од Секторот за урбанизам, повторно ќе го образложат предлог ДУП-от за Градската четврт Ј 03 Блок 7.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) Јанева по распитот за „Рекет“: Сведок сум и не чувствувам вина

Катица Јанева, по распитот кај обвинителката Вилма Русковска, рече дека таа засега е сведок во случајот „Рекет”. Таа најави дека...

Македонија4 часа

ОЈО отфрли иницијатива на антикорупциската за вработување судски соработник, застарело делото

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе решение за отфрлање на иницијативата за кривично гонење поднесена од Државната...

Македонија4 часа

Спасени две лица што заталкале на Шар Шланина

Полициски службеници спасија двајца браќа на Шар Планина што заталкале упатувајќи се со мотоцикли кон Титов Врв по што планирале...

Македонија5 часа

Почнува трансформацијата на ординациите по општа медицина во ординации по семејна медицина

Специјалистите по семејна медицина од денеска може да почнат постапка за трансформација на своите ординации по општа медицина во ординации...

Македонија6 часа

Изгаснати пожарите кај селата Љубин и Кондово

Локализирани се пожарите што избувнаа вчера кај селата Љубин и Кондово, соопшти полицијата. До пожарот на потегот помеѓу селата Љубин и...

Свет7 часа

Епстејн потпишал тестамент два дена пред самоубиството

Новите судски податоци покажуваат дека милионерот Џефри Епстејн, кој беше вклучен во педофилија, потпишал тестамент само два дена пред самоубиството...

Свет7 часа

Макрон по средбата со Путин: Иднината на Русија е врзана за Европа

По средбата со рускиот претседател Владимир Путин во тврдината Брегансон, францускиот претседател Емануел Макрон истакна дека иднината на Русија е...

Свет7 часа

Коалициската влада на Џузепе Конте пред распаѓање

Италијанскиот премиер Џузепе Конте се очекува, денеска, во 15 часот, по локално време, да поднесе оставка пред Сенатот. Доколку Конте...

Свет7 часа

Британија најави укинување на слободата на движење

Во случај на тврд брегзит или брегзит без договор, на 31 октомври, Велика Британија најави дека ќе ја укине слободата...

Македонија8 часа

На дел од граничните премини задржување до 30 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, соопшти АМСМ во утринскиот извештај. На граничните премини...

Регион19 часа

Според Мета, Албанија не може да биде дел од дијалогот Косово – Србија

Албанскиот претседател Илир Мета вели дека „Албанија не може да биде дел од дијалогот Косово – Србија“. Во изјавата што...

Свет20 часа

Литванија со јод ќе се бори против радијацијата

Литванската влада соопшти дека ќе купи повеќе од четири милиони таблети јод во вредност од 900.000 евра, бидејќи соседна Белорусија...

Регион20 часа

Меркел: Европа ќе биде целосно обединета кога Западен Балкан ќе се приклучи на ЕУ

Европа ќе биде целосно обединета кога Западен Балкан ќе влезе во Европската Унија, рече германската канцеларка Ангела Меркел. Таа ја...

Европа21 час

Французи зеле 40 килограми песок од Сардинија, се соочуваат со казна до 6 години затвор

Туристи кои зеле како сувенир 40 килограми песок од плажа во Сардинија се соочуваат со затворска казна до 6 години....

Топ23 часа

Расправија за пасишта во Арачиново заврши со пукање, едно лице е рането

Расправија околу пасиштата во Арачиново завршила со пукање, при што едно лице е рането. Како што информира МВР, вчера во...

Топ1 ден

Полицајци фатиле струмичанец додека се обидувал да ограби куќа

Полицајци фатиле струмичанец додека се обидувал да ограби куќа. Според МВР, синоќа во 21:00 часот на улица Панче Пешев во...

Македонија1 ден

Во државата нема вештак што ќе оцени дали Исмет Гури преправал потписи

Нова пауза на денешното рочиште за предметот „Титаник 3“ даде судијката Марија Клетничка. Советот, по паузата, одлучи да не го...

Македонија1 ден

Катица не ги иззема Фетаи и Бубевски

  Шефицата на СЈО во оставка, Катица Јанева, не ги иззема обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски од застапување во...

Македонија1 ден

Адвокатот Миланов бара изземање на Јанева од „Титаник 3“ поради тензиите во СЈО

Адвокатот на обвинетиот Исмет Гури во предметот на СЈО, „Титаник 3“, Еленко Миланов, побара да бидат изземени Катица Јанева и...

Топ1 ден

Возач загина во сообраќајна несреќа кај Свети Николе

Четириесет и петгодишен возач од Куманово загина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Куманово – Свети Николе. Како што соопшти полицијата,...

Досие