Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Инфлацијата ја зголемува сиромаштијата

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ реагираат дека лошите економски политики на Владата предводена од СДСМ и премиерот во заминување, Зоран Заев, ги донеле, како што велат, граѓаните до сѐ поголема сиромаштија.
„Освен за криминалот и полнењето на своите џебови, Зоран Заев и неговите пиони не мрднаа со прст за да се спречи оваа енергетска криза, која се одразува на целата економија во државата. Само оваа криминална власт не можеше да го види зголемувањето на цените на основните прехранбени продукти за граѓаните. Кога тие поскапеа повеќе од 30 % Владата на СДСМ реши да ги замрзне цените за некои од продуктите“, се посочува во соопштението од оваа партија.
Ова, според ВМРО-ДПМНЕ, е задоцнета мерка, која само ќе го ублажи ценовниот шок и нема да биде доволна за спречување на инфлацијата бидејќи се потребни многу повеќе мерки, кои треба да се донесат што побргу за да се заштити стандардот на граѓаните.
Граѓаните ги очекува и зголемување на цената на електричната енергија за повеќе од 20 %, а со тоа и уште поголема инфлација и зголемување на сиромаштијата, потенцираат од партијата на Мицкоски.
Додаваат дека, наместо енергетските капацитети во државата да произведуваат електрична енергија и да бидат подготвени за енергетската криза што и беше нејавувана, Зоран Заев и Васко Ковачевски гледаат само како повеќе да украдат од енергетскиот систем во државата.
Затоа, сега, како што нагласуваат, државата ќе треба да увезува двојно и тројно поскапа електрична енергија, а цената ќе ја платат единствено граѓаните преку повисоки сметки за струја и преку зголемената цена на основните прехрабени продукти и инфлацијата.
„СДСМ и премиерот во заминување, Зоран Заев, не се способни да се справат со еконоската и енергетската криза. Тие се способни само за местење тендери за фамилијата Заеви и за криминалот и корупцијата, кои ја уништија државата“, е истакнато во нивното соопштение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ: Ковачки го покажува грдото лице на ВМРО-ДПМНЕ, ништо не се менува во оваа партија

Драган Ковачки, со секој негов јавен настап во Собранието го открива најгрдото лице на неговата партија, ВМРО-ДПМНЕ и потсетува на таа нечовечност пред се во редовите на ВМРО ДПМНЕ од времето на Груевски. Клеветењето и нечовечноста во редовите на ВМРО-ДПМНЕ го достигна својот зенит, а особено омразата, злобата која ја манифестира Ковачки кон министерката за одбрана, но и на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кон други пратенички од парламентарното мнозинство, се вели во соопштението од СДСМ.
Од партијата наведуваат дека токму таквите методи на психичко и физизичко насилство кон противниците, беше одлика на 11 годишниот режим и токму таквото однесување резултираше со насилството и обидот за убиство по влегувањето во Собранието на топлите организирани од ВМРО-ДПМНЕ на 27ми април 2017 година.
Тој модел на однесување и тоа насилство во политиката, ВМРО-ДПМНЕ никогаш јавно не го осуди и не се огради од него.
Јавноста, граѓаните со право реагираат, Собранието не е и никогаш повеќе нема да биде место за омрза, навреди и омаловажувања.
Однесувањето на Ковачки е последниот во низата примери дека ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски, се вели во соопштението.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Додека братучедот на Груби гради дивоградба од 160 м2, граѓаните немаат пари да си ја бојадисаат ни оградата на терасата

Нема скандал во последниот месец од кој не излегува на виделина името на Артан Груби. Тоа само покажува дека овој човек заедно со Ковачевски се на врвот на една мафија на власт која умислила дека може да прави што сака, која ги злоупотребува функциите, крши закони и работи исклучиво во своја корист, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата наведуваат дека доколку Јавното обвинителство сака да ги забошоти сите скандали за Артан Груби, ќе треба да користи цел шкаф за криење на досиејата, а не само една фиока. Последниот скандал во низата, е информацијата дека братучедот на Артан Груби без дозвола и без соодветна документација почнал со изградба на хациенда од 160м2. Изградбата на оваа дивоградба е прекината од страна на општината Бутел и тоа го изнервирало Артан Груби, па почна со манипулации и лаги да подгрева етнички тензии. Но оваа карта веќе не му поминува кај граѓаните, а најмногу кај Албанците, кои видоа за каков лик станува збор.
Додека Груби и неговите блиски се богатат граѓаните едвај врзуваат крај со крај. Додека фамилијата Груби стекнува деловни простори и гради хациенди, обичниот граѓанин нема пари оградата на терасата да си ја бојадиса. Додека блиските на Груби стекнуваат хотели и добиваат лиценци за баждарење, стотици луѓе заминуваат во странство заради егзистенција. Додека Груби се радува на скандалозниот тендер од 22 милиони евра, половина милион луѓе живеат во сиромаштија.
Ова мора да престане. Владата на Груби и Ковачевски мора да понесе одговорност за криминалите кои се прават, се вели во соопштението.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ И СДС за косење трева плаќаат трипати поскапо од регионот, институциите веднаш да дејтсвуваат

Јавното претпријатие за државни патишта, кое е под владеење на ДУИ и СДС, плаќа најскапо косење на трева во регионот. Ова јавно претпријатие за договор за косење на трева на патиштата во Македонија, одвојува 2 милиони евра, а цените по кои ги тарифира услугите, се 3 пати поскапи од тие во регионот, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека ако ги споредиме цените во Македонија, со тие во соседна Србија, се доаѓа до фрапантна разлика. ЈПДП за косење на тревна површина на м2, според договорот цената е 12 денари, а додека српското претпријатие истото го плаќа 2,5 денари, што се однесува на делот, за косење на тревна површина со тежок пристап цената е 5 денари. Оттука излага дека ЈПДП плаќа 3 пати поскапа цена, за разлика од истото претпријатие во Србија.
Очигледен е криминалот кој го прават ДУИ И СДС, преку ова претпријатие. Институциите мора да се одважат и веднаш да реагираат, а не да бидат неми послушници, на оваа власт во заминување, се вели во соопштението.