Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Кацарска-судството изрекува политички пресуди и ги држи Заев и бандата над законите и правдата
Во Република Македонија не постои судство ниту правен систем, постои Кацарска-џубокс за исполнување на нарачаните желби и пресуди на единствениот во Европа криминоген, однароден, аболициран, помилуван премиер Зоран Заев за организиран политички прогон, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
„Единствено нешто за што постои судската зграда е да ги брани криминогениот Зоран Заев и неговата банда додека ја разнебитуваат државата.
Кацарска-судството има за цел да спроведе селективна правда, да изрекува политички пресуди и да ги држи Заев и бандата над законите и правдата!
Антизападно е раководењето на државата со криминал, корупција и партизација и сето тоа да се прикрива со политички прогон.
За македонското несудство, повеќе не важи максимата „правдата е слепа“, туку во македонските судници под симболот на тасот слободно се чита „апсениот Заев рече живи луѓе ќе јадеме“. Нема аргументи, нема факти, нема докази – има само нарачка, диктат на властодржецот и желба на Kацарска-судството за што подлабоко задоволување.
Во налетот на одмаздољубивост и желба за изедначување, залудни се обидите на ова Кацарска-судство и СДССМ кого било од ВМРО-ДПМНЕ, од поранешното и актуелното раководство, да го изедначат во очите на јавноста со криминогениот Заев и однародената влада.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
