Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски ги покачи струјата и парното и предизвика инфлација

Објавено пред

Пиунот Димитар Ковачевски ги покачи струјата и парното и предизвика инфлација, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Прва мерка на Ковачевски е покачената цена на струјата и парното за по 15%. Граѓаните веќе на крајот на овој месец ќе добијат сметки за струја и парно поскапи за најмалку 500 денари“, се наведува во партиската реакција.

Но, во неа се додава и дека стандардот е нагризен уште од порано.

„Ковачевски подолг период беше заменик министер за финансии, а со тоа и главен виновник за лошата економска слика и инфлацијата која ни се случува. Покачени се сите продукти, а според пишувањата на медиумите прехранбените производи за една година се покачени и до 30%, тоа значи дека тоа што пред една година можело да се купи за 20.000 денари, сега треба и над 25.000 денари“, велат од ВМРО-ДПМНЕ од каде порачуваат дека лошата ситуација во економијата не можат да ја поправат луѓето кои ја предизвикале и дека потребни се реални промени.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Бухова да го покаже резултатот од ковид-тестот на Зечевиќ

Објавено пред

Институциите, наместо да бидат во служба на СДСМ, да му поднесат кривична пријава на генералниот секретар на таа партија, Миле Зечевиќ, бараат од ВМРО-ДПМНЕ, од каде што обвинуваат дека тој бил позитивен на Ковид-19 и, како што велат, ширел зараза на настани во Охрид.

Од опозициската партија јавно повикуваат директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, доктор Ирина Бухова, како што велат, да се однесува како што ѝ прилега на позицијата што ја држи и да го покаже резултатот од тестирањето на Зечевиќ.

„Зечевиќ е позитивен и тој на Водици во Охрид ширел корона. Зечевиќ е неодговорен исто како и Зоран Заев и цел СДСМ, кои се виновни за 8.000 починати и за барање провизии од вакцини“, се наведува во партиската реакција.

Претходно, директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат изјави дека Зечевиќ не е во системот на тестирани лица од 19 јануари.

Според опозициската партија, тој официјално бил позитивен на корона од 20 јануари, што би значело дека требало да се тестира на 19 јануари за да добие позитивен тест ден подоцна.

Од друга страна, од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека Бухова дава политички изјави и се става во позиција на портпарол на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Пецаков е фатен како ги крши здравствените протоколи, затоа ВМРО-ДПМНЕ лаже за Зечевиќ

Објавено пред

Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ се фатени како не ги почитуваат законите и здравствените протоколи, партијата се дозакопува со нови невистини.

Не е точно дека генералниот секретар Миле Зечевиќ бил позитивен на празникот Водици, ниту, пак, дека со симптоми учествувал на настаните тој ден. Тоа е целосна невистина од кујната на очајната ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од СДСМ.

Ограмна е разликата помеѓу Миле Зечевиќ и неодговорноста на Кирил Пецаков.

Од СДСМ наведуваат дека Кирил Пецаков додека чекал резултати за Ковид-19, спротивно на протоколите, беше помеѓу граѓаните на одбележувањето на празникот Водици, наместо да биде во изолација и затоа Пецаков треба да понесе одговорност.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Пецаков да не глуми жртва и да не врши притисок врз институциите

Објавено пред

Скандалозно и неодговорно е однесувањето на градоначалникот на Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков, обвинуваат од СДСМ.

„Откако беше фатен како ги крши протоколите за заштита од коронавирусот и ги загрозува јавното здравје, Пецаков почна да глуми жртва иако факт е дека наместо да биде во изолација додека чекал резултати за Ковид-19, спротивно на протоколите, тој беше помеѓу граѓаните на одбележувањето на празникот Водици“, велат од владејачката партија.

Оттаму порачуваат Пецаков да престанел да врши притисок врз институциите, како што претходно правел неговиот шеф Христијан Мицкоски и да преземе одговорност за своите постапки.

Секој поединец кој свесно крши протоколи и го загрозува јавното здравје мора да одговара без разлика каква функција врши, додаваат од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Контингент од 8.500 војници во САД е во состојба на готовност поради ситуацијата во Украина

Американската војска денеска соопшти дека контингент од 8.500 војници е во целосна готвоност и е подготвен да биде распореден во...

Свет3 часа

СЗО: Условите се идеални за појава на нови варијанти на вирусот

Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Гебрејсус, денеска изјави дека би било опасно да се мисли дека екстремно заразниот...

Македонија7 часа

Вкупно 22 починати и 718 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 3.044 теста, а регистрирани се 718 нови случаи на...

Македонија7 часа

(Видео) Премиерот Ковачевски во Софија пречекан со највисоки почести

Со највисоки државнички почести и церемонија што се одржа попладнево на плоштадот Александар Невски во Софија, бугарскиот премиер Кирил Петков...

Европа7 часа

Кличко: Политиката на Германија кон Украина е предавство на пријател во тешка ситуација

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, поранешен светски шампион во бокс, ја обвини германската влада за предавство на пријател затоа што...

Македонија10 часа

Османи за БТВ: Резултати се очекуваат и од Македонија и од Бугарија

Резултати се очекуваат и од Северна Македонија и од Бугарија, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи во ексклузивно интервју...

Економија11 час

Повторно поскапување – од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените...

Македонија11 час

Мицевски: Поднесовме предлог за укинување на техничката Влада

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ до Собранието денес поднесе предлог на Законот за изменување и...

Македонија12 часа

Работна група од македонски и бугарски експерти ќе работи на железничкото поврзување

Владата го прифати усогласениот текст на Меморандумот за разбирање за развој на железничко поврзување меѓу Република Северна Македонија и Република...

Свет12 часа

Бродови и авиони во базите на НАТО – алијансата испраќа дополнителни сили во Источна Европа

Сојузниците на НАТО денеска ја ставија својата армија на подготвеност и ќе испратат дополнителни бродови и борбени авиони во нивните...

Македонија13 часа

Зимското одржување на патиштата оваа сезона ќе чини осум милиони евра

Државните институции склучиле договори за јавни набавки со приватни фирми за механизација, работници, сол и ризла за одржување на улиците...

Свет13 часа

Тедрос: Светот е во клучна пресвртница, земјите мора да работат заедно

Во екот на уривањето на рекордите на новозаразени луѓе во светот, СЗО ги повика сите земји да работат заедно за...

Македонија13 часа

(Видео) Јанакиески спроведен на судење со полициско возило

На патерици, легнат во полициско возило, Миле Јанакиески е земен од дома со судска наредба и спроведен на судење. Денеска...

Свет14 часа

По САД и Британија повлекува дел од персоналот во амбасадата во Киев

Велика Британија почна да го повлекува персоналот од амбасадата во Украина поради предупредувањата за руската инвазија. Според извештајот, официјалните лица...

Свет14 часа

Kазнети 3.600 долари зашто на една минута го напуштиле карантинот

Тајванските здравствени власти казнија индонезиски рибари со 3.610 долари затоа што ги напуштиле хотелските соби за време на карантин за...

Свет15 часа

СЗО најавува крај на пандемијата во Европа

Сојот омикрон на коронавирус, кој би можел да зарази 60 отсто од Европејците до март, започна нова фаза на пандемијата...

Македонија1 ден

Локализиран пожарот во „Жито Битола“

Локализиран е пожарот што избувна околу 17 часот во „Жито Битола“. Пожарникарите остануваат на терен, до целосно гасење на огнот....

Македонија1 ден

Нови 1.424 случаи на коронавирус, починаа 20 лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 5.604 тестови, а регистрирани се 1.424...

Свет1 ден

НАТО испраќа се’ повеќе оружје во Украина

Во последните денови, членките на НАТО испраќаат оружје и воен персонал во Украина, како и во блиските европски земји, во...

Македонија1 ден

„Преговорите ги диктира Софија, ова е пазар дипломатија“ – опозицијата со критики за начинот на кој Владата преговара со Бугарија

Остри критики за начинот на којшто се водат преговорите со Бугарија упатија говорниците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на трибината насловена „Заштита...

Досие