Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски молчи за средбата на Џафери со луѓе на Путин

Објавено пред

Ковачевски молчи за средбата на Џафери со луѓе на Путин исто како што молчеше за пцуењето вработени, уште што треба да се случи за да побара оставка?, прашуваат во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Талат Џафери имал средба во собранието на Македонија со Абдул-Вајед Нијазов, поранешен пратеник во Думата и основач на здружението ‘Муслиманите во поддршка на pретседателот Путин’. Истата средба Џафери не ја објавил на социјалните мрежи ниту, пак, известил преку прес-службата на Собранието за неа. Џафери ја криел оваа средба. Џафери мора да каже зошто криел за средбата и дали потоа ги известил службите дека има таква средба?“, посочуваат од опозициската партија.

Активностите ма Џафери, оценуваат од партијата на Мицкоски, може да бидат потенцијална опасност и за НАТО.

„И сето ова Ковачевски го премолчува, само за да не му падне Владата. Ковачевски не смее да побара одговорност за Џафери зашто знае дека така може да падне Владата, а со тоа и тој повеќе никогаш нема да биде премиер затоа што има рејтинг помал од стапката на инфлација.
Ковачевски не може вечно да се крие. Иако тој молчи, народот го гледа и се срами од срамот што ѝ го приредува Џафери на Македонија“, е наведено во писмената реакција од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Власта го ограбува народот, скапата струја ќе значи голема сиромаштија од есен

Објавено пред

Власта го ограбува народот, скапата струја ќе значи голема сиромаштија од есен, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Вистинското покачување на струјата, кое власта сака да го скрие, е над 18 %. Тоа значи, ако до вчера едно домаќинство плаќало 4.000 денари, од 1 јули ќе плаќа речиси 5.000 денари. Вистинскиот шок ќе следува во зимскиот период, особено за домаќинставата што се грејат на струја. А такви има голем број, особено ако се земе предвид дека власта и самата субвенционира купување инвертер-клими со цел замена на старите грејни тела на тврди горива.

Па, така, домќинство што се грее на грејно тело на струја и кое лани плаќало 13.000 денари месечно за струја, оваа година месечно ќе плаќа и над 28.000 денари.
Парите на граѓаните нема да стигнат буквално ниту за покривање на сметките. СДСМ и ДУИ ја задолжуваат државата и ги осиромашуваат граѓаните. Премногу е“, велат од партијата.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ удрија по народот, ја поскапеа струјата за да го покријат криминалот

Објавено пред

СДСМ и ДУИ удрија по народот, ја поскапеа струјата за да го покријат криминалот. СДСМ го крие енормното покачување зад таканаречените тарифи. Најголем број од народот ќе плаќа 18 % и 138 % поскапа струја, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Тие што до вчера плаќале 4.000 денари, ќе плаќаат 5.000 денари, а тие што плаќале 5.500 денари, ќе плаќаат над 13.000 денари. Најпогодени ќе бидат домаќинствата што се греат со грејни тела на струја. Седум месеци во ек на грејна сезона, ако лани плаќале 13.000 денари, сега ќе плаќаат и над 28.000 денари месечно за загревање на своите домови.

СДСМ и ДУИ ја зголемија цената на струјата за да ги покријат дупките оставени од крадење во РЕК и ЕЛЕМ. Над 200 милиони евра се потрошени за 7 месеци за скап увоз на струја затоа што власта не произведува и го уништи домашното производство поради крадење. Сега тие дупки ќе треба да ги покриваат граѓаните.

СДСМ и ДУИ го уништија енергетскиот систем. Сега сакаат да ги осиромашат и граѓаните. Премногу е“, порачаа од опозициската партија.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Ковачевски го бранеше македонскиот идентитет, Мицкоски прифати погубна резолуција на ЕПП

Објавено пред

Владата на чело со премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, се грижи за националните интереси, за достоинството на сите граѓани и силно го брани македонскиот идентитет и дома и надвор, соопшти СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„Од другата страна е Христијан Мицкоски, кој дома ги поткопуваше државните позиции со ширење невистини, а надвор прифати погубна резолуција на ЕПП со ставови на Бугарија. Запаметено ќе остане дека ниту ВМРО-ДПМНЕ ниту Мицкоски не се спротивставил на спорната резолуција на ЕПП, дека не направиле ништо против тоа.

Разликата е голема и граѓаните ја гледаат и препознаваат. Ковачевски го брани македонскиот идентитет, а Мицкоски премолчено прифаќа ставови на Бугарија“, велат од владејачката партија.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет12 минути

САД и испраќа нов пакет оружје на Украина во вредност од 820 милиони долари

САД вчера и официјално најавија дека на Украина ќе и испратат нов пакет оружје во вредност од 820 милиони долари....

Македонија13 часа

Османи: МНР ќе ѝ предложи на Владата да го прифати предлогот на ЕУ, за продолжување на нашите европски интеграции

„Имајќи ги предвид досегашните консултации, Министерството за надворешни работи ќе ѝ предложи на Владата да го прифати предлогот на Европската...

Регион14 часа

Асен Василев го доби мандатот за да формира нова Влада во Бугарија

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска му го врачи мандатот на Асен Василев, вицепремиерот и министер за финансии во оставка, за...

Македонија16 часа

Мицкоски: Предлогот што е на маса, а Владата го криеше, всушност е истиот што веќе еднаш беше одбиен

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повика на протест пред Владата. По објавувањето на предлогот, Мицкоски рече: „Предлогот што е на...

Македонија17 часа

Владата го објави предлогот на француското претседателство

Со цел транспарентно информирање на јавноста, Владата денеска на официјалната веб-страница интегрално го објави предлогот на француското претседателство, соопштија владините...

Македонија18 часа

(Видео) Ковачевски: Модифицираниот предлог е добра основа за разговори

Премиерот Димитар Ковачевски, по средбата со партнерите од владината коалиција, рече дека модифицираниот предлог е добра основа за разговори. „Во...

Економија20 часа

(Интервју) Дарко Димовски: Да кажеме стоп на партиските вработувања, има анархија во јавниот сектор

Сојузот на синдикатите на Македонија денеска пред Собранието ќе постави столчиња во знак на поддршка на Комисијата за финансирање и...

Регион21 час

Криптокралица од Балканот меѓу најбараните бегалци во САД: украла повеќе од 4 милијарди долари

Бугарката Руја Игнатова, позната и како криптокралица, се најде на листата на ФБИ со десет најбарани бегалци. Американските истражители ја...

Свет22 часа

Погодена станбена зграда во близина на Одеса: најмалку 17 загинати и 30 повредени

Украинските сили соопштија дека руски проектил погодил деветкатна станбена зграда и одморалиште во близина на украинското црноморско пристаниште Одеса, при...

Европа22 часа

Чешка денеска го презема претседавањето со ЕУ: Украина, климатската криза и мигрантите во фокусот на агендата

Чешка денеска го почнува шестмесечното претседавање со Советот на ЕУ, а според најавите од Прага, главниот фокус на европската агенда...

Македонија22 часа

Ковачевски најави лидерска средба по што на веб-страницата ќе биде објавен францускиот предлог

Предлогот од француското претседателство во интегрална форма ќе биде објавено денеска на официјалната владина веб-страница по средбата со владината коалиција,...

Економија23 часа

Од денес повисока цена на струјата

Од денеска поскапува струјата. Почнува пресметката на блок-тарифите, кои се поделени во четири групи, и според најавите од Регулаторната комисија...

Македонија23 часа

Од денеска почнува привремениот режим на сообраќај за тешките товарни возила

Почна со примена привремениот режим на сообраќај во летниот период од 1 јули до 31 август на државните патишта во...

Македонија1 ден

Мицкоски: Владата да го објави предлогот, да не го крие

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски побара новиот француски предлог веднаш да биде објавен на страната на Владата. „Барам веднаш без...

Македонија1 ден

Ковачевски: Историските прашања не се дел од францускиот предлог

„Францускиот предлог е стигнат после нашата интервенција во Брисел и нашата реакција на драфт-документите. Официјалните ставови ќе ги поминат филтрите...

Македонија2 дена

Османи: Објавените документи не се финалниот предлог што француското претседателство го сподели со Владата

„Со оглед на чувствителноста на моментот, сакам да посочам дека објавените документи во некои од медиумите не се финалниот предлог...

Македонија2 дена

Рама: Францускиот предлог е конечен, порака за моите браќа Македонци и Албанци, прифатете!

Премиерот Еди Рама се огласи на Твитер порачувајќи дека последниот француски предлог кој е испратен до владата на Северна Македонија...

Македонија2 дена

Петковски до Ковачевски – Тесно ви е мнозинството

Експретседателот на НСДП, Тито Петковски и се обрати на Владата и ѝ порача дека е со тенко мнозинство. Ваквата реакција...

Македонија2 дена

Бербок: Северна Македонија не смее да ја пропушти можноста што ја нуди францускиот предлог

Според шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок „Северна Македонија не смее да ја пропушти можноста“ која ја нуди францускиот предлог....

Македонија2 дена

Мишел за францускиот предлог: Сега е време да кажеме „да“

Претседателот на Еворпскиот совет, Шарл Мишел, го поздрави изнаоѓањето решение за спорот меѓу Македонија и Бугарија. Тој напиша на „Твитер“...