Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на Заев не го полнат буџетот на државата

Објавено пред

Економијата во Македонија секој ден тоне сè повеќе откако СДСМ е на власт, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на изјавата на Костадин Костадинов од владејачката партија, кој рече дека по 13 години, државата бележи подобрување на кредитниот рејтинг.

Меѓутоа, според опозициската партија, задолжувањето секој ден сè повеќе расте, a реализацијата на капиталните инвестиции за првите четири месеци од годинава е под 10 проценти.

„Со лагите на Зоран Заев не може да се скрие фактот дека во Македонија има над 500.000 граѓани што живеат под прагот на егзистенцијата. Со лагите на Заев буџетот на државата не се полни. Само во последните 5 месеци направија дупка од 3 милијарди денари од несобрани даноци“, се наведува во партиската реакција.

ВМРО-ДПМНЕ исто така порачува дека времето на оваа Влада забрзано истекува, односно доаѓа време на реални проекти, економски прогрес и нова влада.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ : Заев и Ангеловска место на развој, ќе трошат милијарди на популизам

Објавено пред

3.9 милијарди евра буџет, а ниту денар зголемување за капитални инвестиции. Зоран Заев и Нина Ангеловска наместо на развој, ќе трошат милијарди на популизам, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, власта одвојува за капитални инвестиции исто како лани, а буџетот е значително поголем.

„Власта првин им скрати на пензионерите 600 денари 3 години по ред, за сега да им дава само 700 денари и тоа од до година. Тоа се 1800 денари помалку за пензионерите кои им ги зема Зоран Заев доколку останеше старата пресметка и наместо за нив отидоа на тендери и милионски бизниси на луѓето блиски до врвот на власта.

Три години не одвоија пари за енергетиката, не одвојуваат ниту сега. Нема пари за Чебрен и Галиште, нема пари за РЕК Битола и Осломеј, нема пари за ништо.Зоран Заев ги излажа и земјоделците. Со новиот буџет нема пари за земјоделците. Се останува исто.Зоран Заев со овој буџет спрема потенцијален поткуп на гласачи пред избори. Лагите и популизмот од претходните избори нема да му поминат повеќе. На 12 април почнува обновата на Македонија со ВМРО-ДПМНЕ“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Мицкоски домаќин на грчкиот амбасадор: По преземањето на власта, ВМРО-ДПМНЕ ќе создаде силна економија

Објавено пред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска оствари средби со грчкиот и кинескиот амбасадор во земјава, Димитрис Јанакис, односно Жанг Зуо.

Како што информираат од опозициската партија, теми на двете средби биле актуелните политички случувања во земјава, предвремените парламентарни избори кои претстојат и предизвиците со кои Македонија се соочува на меѓународен план.

Мицкоски потенцирал дека клучна стратешка определба на Република Македонија останува членството во Европската Унија и во НАТО.

„Токму затоа веднаш по преземањето на власта, ВМРО-ДПМНЕ веднаш ќе се посвети на исполнување на значајните реформи, но и создавање на силна економија со која државата и граѓаните ќе може да ги достигнат европските стандарди“, посочил партискиот лидер.

Како што истакнал тој, актуелната власт предводена од СДСМ потфрлила на исполнување на клучните реформи и ги посочил заробеното судство, криминалот и високата корупција.

Мицкоски нагласил дека во земјата неопходно е итно враќање на владеење на правото и дека мора конечно да се расчисти со криминалот и корупцијата кои, како што рекол, го достигнале зенитот откако е СДСМ на власт.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

(Видео) Лазаревска: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не сакаат минималната плата да порасне на 14.500 денари

Објавено пред

„Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои членуваат во Комисијата за труд и социјална политика, вчера одбија да дискутираат за измени на законот кои предвидуваат зголемување на опфатот на стечајци што ќе бидат обесштетени од државата. Истовремено, по завршување на дискусијата за Законот за минималната плата, одбија да го стават предлогот на гласање за тој да продолжи во понатамошна расправа“, изјави Жаклина Лазаревска, пратеничка од СДСМ и коалицијата.

Според неа, ВМРО-ДПМНЕ, научена на земање од граѓаните, уште еднаш покажа дека е против ново зголемување на минималната плата, овој пат на 14.500 денари.

„ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не може да се помират со тоа што парите веќе не завршуваат во белиот дворец и затоа се против секоја мерка што носи пари кај граѓаните. Ништо ново од ВМРО- ДПМНЕ, опозициската партија останува заглавена во криминалната матрица на Груевски. 11 години ВМРО-ДПМНЕ беше против зголемување на платите, 11 години ги игнорира стечајците и ја злоупотребуваше нивната мака, а денес оваа партија го прави тоа и како опозиција.

Јасно е, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не сакаат минималната плата да порасне на 14.500 денари. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не сакаат да се зголеми опфатот на стечјани работници што ќе добиваат месечен надоместок до пензионирање за кончено да се реши долгогодишната неправда. Деструкција, грабање на парите на граѓаните и блокирање на секоја мерка што го унапредува животниот стандард на семејствата. Тоа е понудата на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски. Граѓаните, јавноста, го ценат таквото однесување на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа, на 12 април одново ќе ја поразат нивната антидржавна и деструктивна матрица. Граѓаните на 12 април ќе му дадат поддршка на концептот што носи повеќе пари во семејствата и ќе потврдат дека државата е на прав пат“, додаде таа.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет5 часа

(Видео) Трамп: Се обидуваат да ме спречат

Ова е најголема измама во историјата на американската историја, порача американскиот претседател Доналд Трамп, во врска со почетокот на јавните...

Македонија5 часа

(Видео) Пендаровски: Реформите се потребни за да ја вратиме довербата на граѓаните

Функционалната правна држава е основен услов за опстанок на поредокот и неговиот одржлив развој. Реформите во сферата на владеењето на...

Регион6 часа

Страшна сообраќајна несреќа во Словачка, најмалку 12 загинати и 20 повредени

Најмалку 12 лица, од кои четири деца, загинаа денеска во судир на автобус и камион во западниот дел на Словачка....

Македонија7 часа

(Видео) Заев-Мас: Да се изнајде начин што побрзо до позитивна одлука за Северна Македонија

Претседателот на Владата, Зоран Заев и министерот за надворешни работи на СР Германија, Хајко Мас изразија жалење за одлуката на...

Македонија10 часа

„Никофон“ платил 1.800 место 5.000 денари за квадрат за гаражата кај „Аутомакедонија“, Центар бара раскинување на договорот

Заедно со граѓаните до крај ќе се бориме кај „Аутомакедонија“ да не се изгради катна гаража, туку парцелата да им...

Македонија12 часа

(Видео) Зеќир Рамчиловиќ изгласан за потпретседател на Собранието

Со 62 гласа „за“, 16 „против“ и без воздржани, пратеникот Зеќир Рамчиловиќ е изгласан за потпретседател на Собранието. За оваа...

Македонија14 часа

Во Швајцарија уапсени членови на „Пинк Пантер“, меѓу кои и еден Македонец, ограбиле златарница

Швајцарската полиција уапси двајца црногорски државјани, двајца германски државјани, едно лице од Босна и Херцеговина и едно од Северна Македонија...

Македонија14 часа

Груевски нема да одговара за „Траeкторија“ поради застареност на делото

Експремиерот во бегство, Никола Груевски, нема да одговара за кривичното дело во предметот „Траекторија“, кое се однесува на изградбата на...

Македонија15 часа

Закажано првото рочиште за „Рекет“

Првото рочиште за предметот „Рекет“, во кој се обвинети Бојан Јовановски – Боки 13, поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, и...

Македонија16 часа

Заев: „Југохром“ ќе биде затворен додека не се стават филтрите

„Југохром,“ додека не се стават филтрите, нема да функционира, истакна премиерот Зоран Заев пред вчерашната владина седница во Тетово зборувајќи...

Европа16 часа

(Видео) Венеција под вода, регистриран вториот најголем бран во историјата

Венеција е погодена од вториот најголем бран на плима во историјата, кој ја поплави историската базилика и многу од градските...

Македонија17 часа

Игор Јанушев ќе биде шеф на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на синоќешната седница едногласно одлучи генералниот секретар Игор Јанушев да биде шеф на Републичкиот изборен штаб...

Македонија17 часа

Заев: Побогатите граѓани да ги сменат системите за греење за да помогнат против загадувањето

Премиерот Зоран Заев во изјава за медиумите пред почетокот на вчерашната владина седница во Тетово даде одговор на новинарски прашања...

Македонија17 часа

Пендаровски во Париз предаде копија од книгата на Глигоров „Македонија е се што имаме“

Претседателот Стево Пендаровски за време на посетата во Париз, во библиотеката на Парискиот мировен форум дал копија од книгата „Македонија е...

Свет17 часа

Хилари Клинтон : Под голем притисок сум да го предизвикам Трамп на изборите

Поранешниот државен секретар на САД и кандидат на последните претседателски избори во САД, Хилари Клинтон, вели дека е „под голем...

Свет18 часа

Жанин Анес и официјално стана наследник на Моралес во Боливија

Уставниот суд го призна решението опозициската сенаторка Жанин Анес да ја преземе функцијата привремен претседател на Боливија. Таа синоќа во...

Македонија18 часа

Шефот на германската дипломатија Хајко Мас во Скопје

Министерот за надворешни работи на Германија Хајко Мас во текот на денешната работна посета на Северна Македонија е планирано да...

Спорт18 часа

Лука Модириќ е „Golden Foot“

Капитенот на фудбалската репрезентација на Хрвтаска Лука Модриќ во Монте Карло доби уште едно големо признание во кариерата, наградата „Golden...

Македонија1 ден

Заев во Тетово: Владата заседава во 10 региони за одблиску да го слушне гласот на граѓаните

Премиерот Зоран Заев во изјава за медиумите пред одржувањето на редовната 165. седница на Владата во Тетово, истакна дека организацијата...

Регион1 ден

Рама: Приштина ја загрозува надворешната политика на Албанија

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека политичарите во Приштина, спротивставувајќи се на заедничката иницијатива за создавање на балканскиот мини шенген,...

Досие