Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е пред банкрот, граѓаните се на питачки стап, а Заеви трпаат милиони

Објавено пред

Зоран Заев и СДСМ преку поскапената струја, која ќе ја плаќаат граѓаните, собираат свежи пари кои подоцна преку тендери треба да ги земат фирми блиски до власта и Заеви, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„ Додека граѓаните плаќаат поскапи сметки за струја, фирмите на Заеви нижат профити. Доколку во изминатиов период СДСМ се поставеше домаќински и наместо буџетите на РЕК Битола и ЕЛЕМ да ги гледа како средство за богатење на поединци и се насочеше кон инвестиции и штедење немаше овие компании да имаат намалена добивка.

Наместо да вработуваше партиски војници и да врши директен поткуп пред избори, СДСМ преку ЕЛЕМ можеше да влијае на цената на струјата, која секаде во регионот и Европа во период на пандемија се намалува, само кај нас се покачува.

СДСМ не се грижи за граѓаните, се додека се работи за интересот на поединци блиски до Заеви.

Македонија е колатерална штета на желбата за богатење на Заеви и луѓето околу нив и тоа на сметка на трудот и маката на 2 милиони луѓе“ велат од партијата.

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Мафијата на Заев и неговите слуги се покровители на обидот за убиство врз критичарот на власта Палевски

Објавено пред

Мафијата на Заев и неговите слуги се покровители на обидот за убиство врз критичарот на власта Љупчо Палевски, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека сторителите на таквиот грозоморен чин се познати, а инспираторите на тоа треба да се бараат во врвот на власта.

„Крвави се рацете на мафијашот Заев за чиј мандат се претепуваат политички неистомисленици, се линчуваат критички новинари, се води политичка хајка врз уредници и притисок врз медиуми. Сторителите на овие дела сè уште не се спроведени пред лицето на правдата зашто добиваат закрила од мафијата на Заев. Неискрени се извинувањата на СДСМ затоа што одговорите треба да ги побараат од нивниот лидер и мафијаш Заев и од тие што нему му слугуваат“, пишува во соопштението на ВМРО-ДМПНЕ.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Го осудуваме нападот врз Палевски, институциите да го расветлат случајот

Објавено пред

СДСМ остро го осудува физичкиот напад врз Љупчо Палевски од движењето „Трета“.

„Во модерно, демократско општество, недозволиво е какво било насилство врз кој било поединец. Очекуваме надлежните институции бргу да го расветлат случајот, да ги пронајдат сторителите и тие да бидат соодветно санкционирани.

Времето на неказнивост на насилството одамна заврши, сега е време на одговорност и секој што сторил насилство ќе се соочи со законите и правдата“, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Платформата за онлајн настава не е завршена, учениците немаат ниту електронски, ниту печатени учебници

Објавено пред

„На само две недели пред почетокот на новата учебна година на први октомври повторно хаос во образованието.До училиштата не е доставена скратена програма изработена од БРО, за да можат наставниците да се подготват“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, во август директорите на училиштата, назначени од Владата на СДСМ и ДУИ ги викаа наставниците итно од годишен одмор, за да го креираат годишниот училишен план, за сега да го поправаат. Се покажа дека дел од училиштата го предале, а дел не, но поважно од тоа е што тој поради скратување на училишната година за 138 училишна часа, сега треба да се преправа.

Почитувани,На само две недели пред почетокот на новата учебна година на први октомври повторно хаос во…

Posted by Комисија за образование и наука на ВМРО – ДПМНЕ on Четврток, 17 септември 2020

„Платформата за онлајн настава сè уште се изготвува, а наставниците, родителите и учениците се речиси во паника поради нејзино непознавање и потребата од обука. Колку за информација, во руралните средини и подрачни училишта наставниците им ја инсталираат платформата на учениците при што две до три деца користат еден компјутер.

Интернет-врските во огромен дел од училиштата се лоши и во огромен дел од училиштата наставниците немаат компјутери, лаптопи, па дури ни таблети. Сосема е јасно дека 30.000 компјутери не може да се набават за 30 дена.

Предупредувавме на време и потсетуваме на роковите за спроведување на набавките. Немаше кој да нè слушне, затоа што во тек на летото сè беше поважно освен образованието, изборите, кампањата, масовниот легален поткуп, сè друго, но не образованието.Нема печатени и нема електронски учебници. Од заштедите што училиштата ги остварија во претходното полугодие, директорите на СДСМ и ДУИ наместо да набават опрема, да го засилат интернетот, да набават средства за хигиена, фарбаа, менуваа врати, поправаа огради, поправаа фасади и менуваа светилки.Учебната година можеби и ќе почне на први или на петти октомври, ама учењето не, јасно е како бел ден“, додаваат од партијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион25 минути

(Видео) Редок циклон пристигна во Грција, јахти летаат на сите страни

Исклучително редок медитерански циклон, „медикејн“, кого Грците го нарекоа „Јанис“, погоди делови oд Грција. Медиумите јавуваат дека јахтите се удираат...

Свет1 час

Национален парк во Тајланд по пошта им го враќа на туристите ѓубрето што го оставиле зад себе

Посетителите на националните паркови во Тајланд, по враќањето дома, може да почнат да добиваат пакети во кои им е испратено...

Македонија1 час

Јанкулоска оди во затвор, Врховниот суд ја потврди пресудата

Врховниот суд по една година вонредно преиспитување на предметот „Тенк“, ја потврди четиригодишната затворска казна која ѝ беше изречена на...

Регион1 час

Балканот се подготвува за исклучително редок метеоролошки феномен

Грција започна со подготовки за редок вид бура, медитеранскиот ураган познат како „медиган“. Според хрватскиот „Јутарњи лист“, се очекува невремето...

Македонија1 час

Се расчистува дивата депонија кај СЦ „Борис Трајковски“

Општина Карпош започна со чистење на теренот во близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски”, кој изминатава недела гореше во два...

Свет2 часа

СЗО: Рекорден број нови случаи во Европа, пред нас е сериозна ситуација

Најновиот неделен биланс на бројот на нови случаи на коронавирус во Европа ги надмина бројките забележани кога пандемијата првпат го...

Свет2 часа

Кина спроведува клинички испитувања на 11 вакцини против Ковид-19

Кинескиот министер за наука и технологија, Ванг Џиганг, изјави дека земјата во моментот спроведува клинички испитувања на 11 вакцини против...

Економија2 часа

Жените сè уште значително помалку платени од мажите за иста работа

Надлежните институции во соработка со приватниот сектор и синдикатите да развијат ефикасен механизам кој ќе придонесе за изедначување на платите...

Топ3 часа

Тачи на Трамп ќе му додели Орден на слободата

Косово ќе му ја додели највисоката награда на американскиот претседател Доналд Трамп за неговата улога во помагањето на Косово и...

Европа3 часа

Чешка соборува рекорди: за еден ден 3.130 нови случаи на Ковид-19

Во Чешка се регистрирани 3.130 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, што е најголем број нови случаи за...

Свет3 часа

Повеќе од 200 озлогласени криминалци избегаа од затвор

Затвореници во Уганда успеале да ги совладаат чуварите и најмалку 219 од нив успеаја да избегаат од затворот со петнаесетина...

Регион4 часа

(Видео) Голем пожар во Мостар, состојбата е критична

Огромен пожар избувна синоќа во јужните предградија на Мостар, пренесуваат босанските медиуми. Според нив, пожарот зафатил површина од неколку километри,...

Македонија15 часа

Мајките на протест, бараат породилното отсуство да биде продолжено до крајот на годинава

Со барање за укинување на одлуката на 23 септември да се вратат на работа, мајките на деца до шестгодишна возраст...

Топ16 часа

Лажна дојава ја блокираше „Партизанска“ – место бомба, пронајдена вага

Голем број полициски екипи има пред познатата пекарница „Силбо“ во Скопје. Според досегашните информации од полицијата, станувало збор за дојава...

Свет16 часа

Навални номиниран за Нобелова награда

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални е номиниран за Нобелова награда за мир, најави Сергеј Ерофеев, професор на универзитетот „Рутгерс“ во...

Македонија16 часа

Мицкоски: Власта многу добро ги знае сторителите и нарачателите на нападот на Палевски

Власта многу добро ги знае сторителите и нарачателите на ваквиот крвав инцидент, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по веста...

Топ17 часа

Бизнисменот Љупчо Палевски претепан со метален предмет во Скопје

Бизнисменот Љупчо Палевски попладнево бил нападнат во Скопје. „Денеска околу 17:15 часот пријавено е дека на ул.Златко Шнајдер од страна...

Топ19 часа

Откриен случај на детска проституција, макро била 20-годишна велешанка

СВР Велес поднесе кривична пријава против Н.Д.(20) од Велес поради детска проституција. Во периодот од 4.7. до 13.7.2020 девојката во...

Култура19 часа

„Браќа Манаки“ ќе се одржи само еден ден во Битола и нема да има повеќе од 80 гости

Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ нема да се одржи во својата реална форма, но достојно ќе биде одбележан...

Економија21 час

Светската банка: Закрепнувањето на глобалната економија ќе трае пет години

Глобалното економско закрепнување од кризата предизвикана од пандемијата може да трае до пет години, изјави денеска главната економистка на Светската...

Досие