Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е хибриден режим затоа што нема ниту еден случај против врвот на власта

Македонија е хибриден режим затоа што нема ниту еден случај против врвот на власта, а индиции и докази насекаде, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
„Угледниот магазин ‘Економист’ повторно ја вброи Македонија во групата хибридни режими исто како и лани, со фактот што годинава имаме и полоша оценка од минатата година. Светските агенции, медиуми и организации гледаат дека во Македонија нема правда и нема демократија. Македонија е хибриден режим затоа што кога Бојан Јовановски во судница рече дека парите од ‘Рекет’ завршиле кај Зоран и Вице Заеви, Обвинителството не отвори постапка против нив. Македонија е хибриден режим затоа што нема истрага за Дончев кого целата јавност го виде како става пари во чанта“, велат од партијата.
Од таму додаваат дека Македонија е хибриден режим затоа што нема истрага против Рашковски, кој го слушнавме како бара аванта за набавка на систем за летање во М НАВ, затоа што нема истрага за Заев за случајот со „ШИК Јелак“, за што го слушнавме контроверзниот бизнисмен Дака како вели дека му дал на Заев 300.000 евра мито, затоа што локалните функционери се шерифи и тепаат народ, затоа што нема правда, не се почитуваат законите ниту, пак, се работи чесно.
„Македонија ќе биде хибриден режим сè додека е Заев на власт“, се наведува во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Маричиќ ја криел информацијата дека Мијалков ќе бегa

Mинистерот за правда Бојан Маричиќ ја криел информацијата дека Мијалков ќе бега и помагал да се реализира планот Заев -Мијалков, обвинуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„Мијалков кој бил помаган од власта, на крај со црн владин ‘пасат’ стигнал до ЈО, од каде правеше циркуз за потребите на Заев и глумеше изненаден. Во режијата на Заев за Мијалков учествувало и ЈО, кое дозволило Мијалков 40 минути откако се пријавил, наместо да оди во куќен притвор да парадира пред камери и да го пере Заев“, стои во партиското соопштение.
Според ВМРО-ДПМНЕ, поради ваквиот скандал, или Русковска треба да си даде оставка или Маричиќ да си оди.
Соопштенија
СДСМ: Започна процесот на попишување на граѓаните

Од владеачката СДСМ потсетуваат дека процесот на попишување на граѓаните започна, а со учество во пописот, како што додаваат од партијата „секој граѓанин придонесува за развој и подобра иднина на државата“.
„Започна попишувањето на одделни категории на лица како што е предвидено во методологијата и од вчера се попишуваат лицата кои за време на пописот се наоѓаат во странство, во служба на Армијата, во казнено- поправни и воспитно-поправни установи, лицата кои се на служба во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија и членовите на нивните семејства кои престојуваат со нив, како и бездомните лица“, информираат од СДСМ.
До 21 април ќе се спроведе и самопопишување на дијаспората коешто се одвива електронски, преку веб страницата на Дджавниот завод за статистика.
„Пописот е најважната и најголемата статистичка операција со којашто ќе се обезбедат податоци коишто ја даваат основата за креирање ефикасни јавни политики со цел создавање услови за економски раст и развој, искоренување на сиромаштијата, зголемување на еднаквоста меѓу граѓаните, рамномерен регионален раст и поголема заштита на животната средина“, велат од СДСМ.
Оценуваат дека, „обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека Законот е неевропски и собирањето на потписи за наводно одложување на пописот е само лош партиски маркетинг, на којшто граѓаните не смеат да подлегнат“.
Апелираат, граѓаните активно да се вклучат во пописот со што ќе дадат свој личен придонес за подобра иднина на државата .
Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче треба да одговараат за вакцините

Дека наскоро ќе стигнат вакцините граѓаните слушаат секој ден, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„И додека Венко Филипче и Зоран Заев велат дека ако е вратен авансот за кинеските вакцини, бројката на заразени се зголемува. Филипче и Заев уште велат ако е вратен авансот, сепак вакцините ќе стигнат наскоро. Но, што значи тоа наскоро? Ништо! Во ситуацијата во Македонија едно е јасно, вакцини нема“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од оваа партија додаваат дека „Филипче и Заев не само што покажаа, туку и докажаа дека не се способни и дека не се заинтересирани“ за набавка на вакцини.
„Филипче и Заев тераа одмор минатата година во август додека сите преговараа и договараа вакцини за годинава. За вакцини „ќе има наскоро“, а ги нема, иако сите земји вакцинираат од декември минатата година, одговорност мора да има“, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа6 дена
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер