Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Македонија со СДСМ и Заев секој ден доживува нов пик на заразени од Ковид-19

„Заев и Филипче, наместо да се грижат за здравјето на граѓаните, се грижат само за своите политички поени. Среде криза власта размислуваше политички, а не стручно. Ситуација е надвор од контрола уште од самиот почеток кога СДСМ не го послуша советот на ВМРО-ДПМНЕ и не спроведе масовен скрининг преку обемно тестирање на населението за навреме да ги одвои сите потенцијално заразени“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, вториот бран тргна кога во состојба на смирување на заразата активисти на СДСМ одеа и делеа поткуп во целата држава во ек на полициски час. Кршејќи ги полицискиот час и уредбите од вонредната состојба за држење растојание и носење заштитна опрема, директно го загрозија здравјето на граѓаните.
„Епилогот од игнорантскиот однос се нови 10 жртви. Со што бројот на граѓани што ги загубија животите од коронавирусот и поради несовесноста на власта се искачи на 432. Бројките се фрапантни и кога ќе се види бројот на заразени, кој се искачи на 9.249 лица. Тоа се 7.249 заразени повеќе од што прогнозира Филипче. Македонија оди кон абмис. Со СДСМ здравјето и животот на граѓаните се ставени на коцка“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
СДСМ: Пандемијата се стабилизира, следува вакцинацијата како последната фаза од борбата против коронавирусот

Пандемијата се стабилизира, следува вакцинацијата како последната фаза од борбата против коронавирусот, велат од СДСМ.
„Состојбата со пандемијата предизвикана од коронавирусот во државата се стабилизира, бројот на новорегистрирани случаи и на починати е намален, расте бројот на оздравени. Бројот на хоспитализирани пациенти во државата е намален двојно, со што значително се намалува притисокот врз здравствениот систем и медицинскиот персонал. Стабилизирањето на состојбата е благодарение на почитувањето на мерките од страна на мнозинството граѓани и засилените инспекциски контроли. Ова се позитивни трендови, но сепак не смееме да се опуштиме“, веат од СДСМ.
Напротив, додаваат од таму, сите треба, како и досега, да продолжиме доследно да ги почитуваме мерките за заштита од коронавирусот.
„Следува вакцинацијата како последната фаза од борбата против коронавирусот. Многу бргу ги очекуваме првите 8.000 вакцини од компанијата ‘Фајзер’, кои се обезбедени со помош на соседна Србија. Дополнително, во текот на следниот месец пристигаат и нови дози од вакцините, така што набргу може да почне имунизацијата. Институциите се подготвени, следува процес на имунизација на населението за конечна победа над пандемијата. Преку повеќе механизми државата обезбедува вакцинација за 1,2 милион жители на Северна Македонија, односно за 60-70 отсто од вкупното население. Сега кога сме блиску до почетокот на вакцинацијата, потребно е уште малку трпение и дисциплина од секој од нас. Заедно, преку почитување на мерките, да го заштитиме своето и јавното здравје за да ставиме конечен крај на пандемијата и што побргу да се вратиме на нормалното функционирање“, се наведува во соопштението.
Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Заев, наместо врз Бугарија, прави притисок врз историската комисија

Заев, наместо врз Бугарија, прави притисок врз историската комисија. Смената на членовите е со намена за притисок за прифаќање ново предавство, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Нетранспарентното менување на членот на историската комисија со Бугарија од страна на Заев е обид за замолкнување на вистината. Заев го замолкнува секој обид за спротивставување кон неговите политики и ги деградира сечие мислење и критика насочено кон обелоденување на историските факти. Со отстранување на членот на комисијата, Заев сака да ја претвори оваа историска комисија како и секоја друга институција во државата каде што има свои послушници. Наместо да се штитат професионализмот и националните интереси, премиерот предавник на својот народ и држава сега повторно ќе ја менува историската стварност во полза на Бугарија за да си ги задоволи своите сметки и бизниси“, се наведува во соопштението.
Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека Заев безобразно лаже за смената на членот на комисијата, кој, како што велат од партијата, беше критички настроен, а со тоа прави дополнителен притисок кон другите членови за казната што би ја добиле.
„Целта е јасна – да се потпишат и да се согласат сите членови на сè што ќе каже деспотот Заев за да може да се пазари со идентитетот. Повеќе од три месеци Владата молчи за анексот и за неговата содржина, која претставува нова капитулација за Македонија и одрекување од идентитетските обележја и историските вистини. Факт е дека историскиот ревизионизам на власта се спроведува по секоја цена не избирајќи средства и начини. Секое премолчување и скривање на вистината, како непојавувањето на Димитров во македонското Собрание, Заевата рамнодушност и неартикулисаност кон идентитетските прашања и тајните договори со Софија, ќе бидат повторно погубни за националните интереси затоа што очигледно дека пазарот со историјата, политичките калкулации и притисоци се поважни за бизнисот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Соопштенија
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ беше против НАТО

ВМРО-ДПМНЕ повторно покажува дека е против државните интереси и се обидува да ги дискредитира институциите и да го наруши угледот на државата и на армијата, реагира СДСМ на обвинувањата на Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ кој побара оставка од министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, и одговорност од претседателот, Стево Пендаровски, за, како што рече, срамот што ѝ го приредија на Македонија пред НАТО.
„ВМРО-ДПМНЕ кое правеше сè за државата да не стане членка на НАТО, а кога тоа се случи не собра сили ни да честитаат и да се израдуваат на исполнувањето на тридецениската стратешка цел на Република Северна Македонија. Токму Ковачки е последен кој може да зборува за доверба на НАТО во Република Северна Македонија, како воено лице кое континуирано се обидува да ја наруши таа доверба. Членството во НАТО, како и меѓусебната доверба меѓу нас и НАТО, беа недостижни во времето кога Ковачки и ВМРО-ДПМНЕ беа на власт“, се наведува во реакцијата.
Од СДСМ велат дека ДПМНЕ ја држеше земјата 11 години во изолација, ги држеше војниците на плата пониска од просечната, во бедни услови.
„Војниците сега од глава до петици се облечени во ново. За три години три пати се зголемени примањата во армијата. Примањата на војниците и подофицерите, заедно со додатокот за станбено обезбедување се зголемени за 50%, а на сите цивилни лица платите им пораснаа за најмалку 26%. Срамно е темата за НАТО да ја злоупотребува поранешен шеф на воено разузнавање за ситни партиски поени. Срамно е да се биде во редовите на Армијата, а да се работи против неа и против својата земја“, пишува СДСМ.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот