Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Манипулаторите Заев и Филипче заборавиле на ЕУ-фондовите зашто таму нема провизии

Објавено пред

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, обзнани дека Европската Унија од фондовите за солидарност на 19 земји ќе им подели 530 милиони евра за покривање на трошоци произлезени од потребата за справување со последиците од корона-кризата, а Македонија ја нема меѓу овие земји, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонија, како што почнуваат да излегуваат работите, како да не аплицилара за средства од солидарниот фонд.

А и да аплицилирала, зарем би ѝ дале европски пари на земја која се најде на црна листа, земја чиј премиер и министер сакале поради провизии да го излажат официјален Пекинг.

Заев и Филипче си решиле преку приватна, и тоа фантом фирма да набуваат кинески вакцини.

Токму Филипче, кој говореше за бесплатни здравствени услуги во ЕУ до кои ќе нè донесе членството во Унијата, ја стави Македонија на црна листа по број на починати од корона на милион жители, на дно на листите по набавени вакцини. И сето тоа поради личните интереси и алчност, сакал преку фантом фирми да набавува вакцини од Кина.

И, се разбира, Кина го врати авансот, а обвнителството во Македонија има работа токму со овој случај и со вклучените во истиот Филипче и Заев. Филипче и Заев направија една работа, го загрозија здравјето и животите на граѓаните. Помина прв бран без заштитна лична опрема, втор бран без медикаменти и болнички кревети, трет бран без вакцини. Поради сето тоа Заев и Филипче ќе одговараат!“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Соопштенија

СДСМ: Лицемерство без граници, ВМРО-ДПМНЕ поддржува угостители на кои досега им ги блокира мерките за помош

Објавено пред

Нема граница лицемерството на деструктивната и ненародна ВМРО-ДПМНЕ, порача владејачкиот СДСМ.

„До вчера оваа партија правеше сè за да ги блокира мерките за помош на компаниите, вклучително и на оние од угостителскиот сектор, а денеска глуми загриженост за угостителството.

Токму поради таквиот однос, граѓаните не ѝ веруваат на партијата предводена од Христијан Мицкоски и токму поради таквиот однос, ВМРО-ДПМНЕ шестпати е казнувана на избори и токму поради таквиот однос, уште долго ќе биде во опозиција“, велат од партијата.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Левица поднесуваат неосновани кривични пријави

Објавено пред

Фрустрирани што помошта конечно стигнува кај граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ и Левица поднесуваат неосновани кривични пријави, велат од владеачката СДСМ на најавите на овие две партии за поднесување на кривични пријави поради неодамнешните случувања во Собранието.

„Голема е фрустрацијата во ВМРО-ДПМНЕ откако им пропаднаа обидите Собранието да го држат закочено и во заложништво на својата деструктивност. Денешните неосновани кривични пријави поднесени од ВМРО-ДПМНЕ и од Левица се доказ дека овие партии не можат да се помират со фактот што Собранието конечно ги изгласа законите со кои помошта, по цели два месеци блокади и опструкции, деновиве конечно пристигнува кај работниците. ВМРО-ДПМНЕ и нивните соработници Левица не можат да се помират ниту со тоа што се донесени важни закони на 32 седница за кои тие не гласаат а се однесуваат на националната стратегија за спречување корупција, за набавка на вакцини, за заштита на животната средина“, потенцираат во писменото соопштение од оваа партија.

Според СДСМ, присуството и гласањето на пратениците кои беа позитивни на Ковид -19, а беа без симптоми и со целосна заштитна опрема, беше според посебен протокол за спроведување за гласање на пратеници кои се наоѓаат во домашна самоизолација.

„И ВМРО-ДПМНЕ и нивните соработници Левица можат да прават сè, да продолжат со деструкциите, но нема да ја закочат работата на Собранието, нема да спречат помошта да пристигне кај граѓаните и компаниите, нема да успеат да блокираат закони важни за развој на државата и економијата. Сите обиди на ВМРО-ДПМНЕ преку деструкции и блокади да им наштетат на граѓаните, пропаднаа. Но, сепак, оваа партија предводена од Мицкоски упорно не ја учи лекцијата и затоа ја чека нов пораз од граѓаните“, стои во писмениот допис од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ: Опозицијата продолжува со своите блокади и деструктивно однесување

Објавено пред

Соопштение на СДСМ

„Продолжува помошта кон работниците и компаниите, поразени се деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ.

Започнува реализацијата на мерките од петтиот пакет за справување со последиците од корона-кризата, откако по двомесечна блокада од страна на опозицијата Собранието ги донесе измените и дополнувањата на законите.

Овие денови почнува исплатата на финансиската поддршка за исплата на плати за февруари и март, која опфаќа 60.000 работни места, а обезбедена е и поддршка за самостојните вршители на дејност и за регистрираните занаетчии.

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ стави крај на уцените од парламентарната опозиција, обезбеди кворум и повторно го порази деструктивното, ненародно дејствување на опозицијата.

Пропаднаа сите нивни обиди народот да остане без помошта што е обезбедена од Владата, пропаднаа нивните обиди Собранието да биде нефункционално и закочено.

Меѓутоа, опозицијата продолжува со своите блокади и деструктивно однесување и ја откажа седницата на собраниската комисија за финансирање и буџет, на која требаше да се разгледува уште еден закон од интерес на работниците.

Со тоа ВМРО-ДПМНЕ покажа колку се грижи за работниците, за компаниите и за економијата.

Разликата е очигледна, додека парламентарното мнозинство во секакви околности и на секаков начин работи за граѓаните, опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ на секој начин работи против интересите на граѓаните, на државата, на економијата.

Затоа шест пати се казнети на сите избори во последните четири години, затоа ќе бидат поразени и на следните избори и уште долго ќе останат во опозиција“.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 минута

Израел подготвува нова рунда на вакцинација, сега и на децата

Израел планира нова рунда на вакцинација против коронавирус за шест месеци, во која ќе се вакцинираат и деца, најави премиерот...

Свет43 минути

(Видео) Дерек Човин прогласен за виновен за убиството на Џорџ Флојд, ова е моментот на изрекување на пресудата

Поротата синоќа донесе пресуда во врска со убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд. Полицаецот Дерек Човин е виновен по сите точки...

Свет48 минути

Зеленски му предложи на Путин да се сретнат во Донбас

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, преку видео-порака го повика рускиот претседател Владимир Путин да се сретнат каде било во Донбас....

Топ11 час

Стружанец си ја убил сопругата со нож и се обидел да се самоубие

Стружанец ја убил својата 34-годишна жена по расправија. Убиството се случило доцна вечерва. Според првичните информации од увидот на полицијата,...

Македонија12 часа

Продолжени мерките за ограничување на движењето до 27 април

Владата донесе одлука со која постојните мерки за ограничување на движењето и за другите рестрикции и мерки за примена на...

Македонија12 часа

Бесплатни ковид-тестови за туристи што ќе престојуваат во државата

Со мерката 7 од шестиот антиковид-пакет на Владата ќе бидат обезбедени бесплатни ковид-тестови за странски туристи што ќе престојуваат во...

Спорт13 часа

Навивачите на Челси ја добија битката – клубот подготвен да ја напушти Суперлигата?

Дел од навивачите на Челси јасно го кажаа своето мислење за новата Европска Суперлига, откако го блокираа автобусот на својот...

Македонија15 часа

Филипче: Капацитетот на производство на Институтот „Торлак“ е милион дози на месечно ниво

Министерот за здравство, Венко Филипче, во рамките на денешната посета на Белград имаше предвидено и посета на Институтот „Торлак“, каде...

Македонија17 часа

Нови 766 заболени и 31 починат од Ковид-19

Во последните 24 часа се направени 3.171 тестирање, а регистрирани се 766 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Македонија18 часа

„Ќе можете ли да ни помогнете?“ – угостителите, игротеките и туристичките агенции на протест побараа финансиска помош

Континуирана финансиска поддршка за спас на туристичко-угостителскиот сектор побараа попладнево на протест угостителите, претставници на ноќните клубови, рестораните за свадби,...

Македонија19 часа

Србите ќе бидат ослободени од плаќање патарини во Македонија поради благодарност за вакцините

Српските граѓани ќе бидат ослободени од плаќање на патарините во Македонија, во знак на благодарност поради донираните вакцини. Ослободувањето ќе...

Свет20 часа

Научникот кој ги поврза „Астразенека“ и згрутчувањето на крвта добивал пари од „Фајзер“

Норвешкиот научник кој ја открил врската помеѓу згрутчувањето на крвта и вакцината „Астразенека“ добивал пет години пари од конкурентската компанија...

Македонија21 час

Вработени во Агенцијата за вработување нелегално издале пријави за работа на над 80 странци

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Н.М.(48) од Скопје и В.З.(60) од Скопје,...

Македонија21 час

Османи во разговор со Кулеба: Даваме недвосмислена поддршка на територијалниот интегритет на Украина

Mинистерот за надворешни работи Бујар Османи, по повод 26-годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Македонија и Украина, оствари телефонски...

Македонија22 часа

Приватните специјализанти бараат здравствено осигурување и покачување на платата

Решавање на проблемот со здравственото осигурување на приватните специјализанти, покачување на платите, како и платени дежурства, се дел од барањата...

Европа22 часа

Чешка нема да набави „спутник В“ и го исфрла рускиот „Росатом“ од тендерот за нуклеарна централа

Чешката влада објави дека го исклучува рускиот „Росатом“ од тендерот за нуклеарна централа вредна повеќе милијарди евра и се откажа...

Свет24 часа

Научници за носењето маски на отворено: Престојот надвор е многу побезбеден

Пандемијата предизвика позната глетка во многу градови низ светот – луѓе кои шетаат, возат велосипед или седат во парк со...

Македонија1 ден

Македонија во мај добива 119.000 дози, ЕУ ќе испрати 651.000 вакцини за регионот

Австрија потврди дека ЕУ планира да дистрибуира 651.000 дози вакцини на „Фајзер“ и „Бионтек“ против коронавирус во шест земји од...

Македонија2 дена

Стигнаа 10.530 дози од „Фајзер“, од среда ќе бидат распределени на пунктовите за вакцинација

Попладнево стигна првата пратка од вакцините на „Фајзер“, која властите ја обезбедиjа cо директни преговори со овој производител, информираат од...

Европа2 дена

Прага бара руската амбасада да го ослободи објектот, на таа локација ќе се прави парк

Властите во Прага бараат руската амбасада во Чешка да го напушти просторот што моментно го зафаќа на површина од пет...

Досие