Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Молкот за тајните средби во Софија е доказ дека Заев преговара за идентитетот

„Заев молчи и не кажува за што се преговара на тајните разговори во Софија овој викенд. Според нас, Заев сакал да прифати ретуширана историја, откажување од јазикот и македонското малцинство. Тоа значи дека Заев е спремен на ново предавство“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, молкот на премиерот во заминување Заев, но и на Димитров, Османи, Шекеринска, и цела влада и цел СДСМ, гласно говори дека оваа однародена власт преговара за идентитетот, јазичната и национална посебност, историјата и антифашистичките столбови на македонската државност.
„Власта на шверцерски начин сака на и така штетниот договор од 2017 да накалеми ново раскрчмување на националните интереси. Самиот премиер во заминување, Зоран Заев, сето ова го навести во скандалозното интервју, а сега со молкот и сето тоа се потврдува. Никој му нема дадено право на Заев да тргува со народот, јазикот и историјата, бидејќи тие припаѓаат на сите минати, сегашни и идни генерации Македонци и останати граѓани на Македонија. Ова не е тезга, ниту Еленица, па да ја распродава. Ова е Македонија, суверена и независна држава.
Народот остро се спротивставува и уште поостро ќе одговори на ваквите штетни и анационални политики на премиерот во заминување Зоран Заев. Работата е дојдена до таму, или Заев или Македонија. Затоа оставка на Заев, слобода на Македонија“, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Соопштенија
СДСМ: Деструкциите на Мицкоски и неговиот шеф Груевски ќе бидат поразени, пописот ќе се одржи

„Република Северна Македонија не е држава на проценти како што тврди ВМРО-ДПМНЕ, туку држава на еднакви, рамноправни граѓани. Пописот на населението, што ќе се одржи напролет, е клучна статистичка операција, со која, по речиси две децении, во државата ќе се приберат релевантни податоци за планирање натамошен социоекономски развој. Јавноста е сведок дека како и секогаш кога се случуваат клучни работи во државата ВМРО-ДПМНЕ е против напредокот на оваа земја, а сега тоа го потврдува со обидите да го политизира пописот, за своите партиски агенди“, соопшти СДСМ.
Според партијата, најавите за собирање потписи против пописот покажуваат неискрен однос на ВМРО-ДПМНЕ кон граѓаните, бидејќи само со потписи не се става законот надвор од сила, туку треба нов закон. А нов предлог-закон може да поднесе секој пратеник во собранието, вклучувајќи ги и тие од ВМРО-ДПМНЕ.
„Од друга страна со повиците за бојкотирање на пописот, опозицијата ги поттикнува граѓаните на прекршување на законите.ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и неговиот шеф Груевски не сакаат ова земја да успее, а колку се способни да организираат попис, покажаа во 2011 година со неуспешниот обид за попис.Нивните деструктивни политики уште еднаш ќе бидат поразени. Оваа пролет по цели 19 години Северна Македонија ќе спроведе попис по сите меѓународни стандарди и по критериумите на Евростат, бидејќи тоа е во интерес на граѓаните и на државата“, се додава во соопштението.
Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Четири пакети антикризни мерки, а резултати нула

„Четири пакети на антикризни мерки досега донесе оваа неспособна власта, резултатите се една голема нула, а економијата е во рецесија. Економијата во Македонија е во катастрофална состојба, секојдневните лаги и фалења на криминалецот Зоран Заев повеќе не поминуваат кај граѓаните“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, досегашните таканаречени антикризни мерки не даваат никакво подобрување во економијата, напротив секој ден тонеме сè повеќе. Државата е во рецесија, сите економски анализи говорат дека 2021 година ќе биде полоша година за економијата од 2020 година.
„СДСМ брутално излажа дека до сега кај стопанството и кај граѓаните се вратени на 1.2 милијарди евра. Според пресметките и анализите, до сега во овие 4 пакета на таканаречни антикризни мерки во економијата се вбризгани едвај 340 милини евра. Најпрвин лажеа дека реализацијата достигнала над 1 милијарда, па сега 1.2 милијарди, а немаат реализација ни една третина од своите лаги. Зоран Заев мува не го лази за апелите на малите бизниси, угостителите, хотелиерите, туристичките работници за помош во оваа економска криза за да не ги затворат своите бизниси.
Дел од мерките кои неспособната власт ги предложи до сега не ни се започнати, дел од мерките поминаа неславно, а дел власта ги искористи само за поткуп на гласачи за време на предвремените парламентарни избори.
Стопанските комори јасно ѝ порачаа на власта дека голем дел од мерките доцнат, а дел ниту се спроведуваат. Мерката која ја предвидоа за намалување на парафискални давачки, како и мерката за државна кредитна гаранција се едни од мерките кои не се започнати со никаква реализација.Лошата економска политика на власта се гледа и во доцнењето на мерката за бескаматна кредитна линија со грант-компонента преку Развојната банка. Исто така, власта абер нема за реализирање на над 100 милиони евра преку развојна банка кои ги ветија преку чевртиот сет на мерките.
Земјоделците ништо не видоа од ветените 3 милиони евра за финансирање на микро земјоделски субјекти кој власта го вети со третиот сет мерки.Лажните ветувања на Заев и СДСМ им послужија само за пред избори, помош за стопанството нема, секојдневно фирми се затвораат и над 140 луѓе на ден ги губат своите работни места.
Додека граѓаните живеат сè потешко и не знаат како да го поминат месецот, Зоран Заев и мала клика од власта секојдневно се богати на грбот на секој граѓанин.Граѓаните повеќе не им веруваат на шарените лаги на Зоран Заев и СДСМ“, се вели во соопштението.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Заев на маса во ресторан во Полошкиот Регион ги договорил точните проценти од пописот

Костадин Костадинов и СДСМ очигледно се нервозни, па штом ќе се најдат во офсајд или наидат на отпор во јавноста заради погрешните политики, веднаш го споменуваат Груевски, велат од ВМРО-ДПМНЕ, по денешната прес-конференција на портпаролот на владејачката партија кој го обвини поранешниот премиер за вмешаност во, како што кажа, саботажата на пописот.
Од опозициската партија воедно го повикуваат Костадинов да одговори дали е вистина дека Зоран Заев точните проценти од пописот ги договорил на маса во ресторан во Полошкиот Регион и дали, како што велат, сè друго е фарса која ќе ги чини граѓаните 10 милиони евра.
„Јавноста јасно виде дека СДСМ прави политичко-пазарџиски договор наречен попис, за кој веќе јавно се лицитира со резултати, бројки и проценти. Ваквиот насилен попис кој е продукт на стандарди и пазари на Заев, создава конфликти во јавноста и за тоа одговорност има само СДСМ“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, постојат и факти дека се работи за гола политика, а не статистика.
„Пописот се спроведува со врзан потпис на директорот и заменик-директор на ДСЗ, пописот се спроведува надвор од европските стандарди и предвидува попишување на нерезиденти, пописот ќе се прави без јасна методологија со обично диктирање матични броеви, без приложување документи, па уште се оди до таму податоците на отсутните да ги диктираат лица кои најдобро ги познаваат“, велат од опозициската партија.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Свет3 месеци
Нова студија – кај болните од Ковид-19 пред температура се јавуваат други два симптома