Контакт

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да се фати за работа, Заев се радува на 8 илјади донирани вакцини

Објавено пред

Целиот регион се вакцинира, сите нарачуваат милионски количини, само Заев се радува на 8 илјади вакцини, кои ги добива како донација, наместо да се фати за работа и да набави вакцини за сите, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Партиската реакција следува откако здравствените власти соопштија дека денеска се регистрирани 21 починат пациент како последица од Ковид-19.

„Тоа се 21 семејство завиени во црно. Тоа се 21 лице, чии животи можеа да бидат спасени ако Заев и Филипче набавеа вакцини навраме“, стои во партиското соопштение.

Во него се додава дека секој поминат ден без вакцини е уште еден ден на загубени човечки животи, кои можеле да бидат спасени.

„Стоилковиќ рече дека ѝ се достапни 90.000 кинески вакцини на Владата за брза имплементација. Зошто досега Владата и Филипче не презеле никакви активности за набавка на вакцините? Заев и Филипче мора да одговараат за тоа што досега ја лажеа јавноста оти вакцините само што не стигнале. Вакцини нема, а сите во регионот се вакцинираат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Соопштенија

Мицкоски: Оваа влада не е способна да организира попис

Објавено пред

Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, новиот бран на Ковид-19 вирусот и „неспособната Влада“ како што ја нарекува „се гаранција дека или ќе биде одложен пописот на резидентното население, или ќе биде уште еден неуспешен обид на Владата“

„Оваа Влада не е способна прегорена улична сијалица да смени, а не пак да организира сложена статистичка операција попис. Уште при првиот ден на евидентирање на дијаспората се случи крах на апликацијата, прво системот падна, слично како и училишниот он-лајн систем, а потоа во истиот можеше да се попише било кој со лажни и измислени податоци“, реагира Мицкоски преку статус на социјалните мрежи.

Оваа Влада не е способна прегорена улична сијалица да смени, а не пак да организира сложена статистичка операција попис….

Posted by Hristijan Mickoski on Вторник, 02 март 2021

„Се покажа дека од дијаспората може да се попише секој граѓанин кој живее во Македонија, а тоа докажува дека Владата и Заев како и за сѐ друго не се способни да спроведат било каков процес. Не би ме зачудило ако на крај се евидентираат неколку десетици милиони нашинци од дијаспората. Полека но сигурно, пред очи имаме уште еден циркуз“, пишува Мицкоски.

Додава, дека пописот во Македонија е закажан да почне на 1 април.

Но она што се случува со евидентирањето на дијаспората е електронски метод, што како што вели е методологија која ја има предложено неговата партија.

„Мојот повик за евидентирање на дијаспората се однесува на регистрирање на државјанствата, и тие не влегуваат во резидентното население. Оттука треба да престанат сите спинови, подметнувања и манипулации на Владата. До почетокот на пописот во Македонија 1 април има можност, а ние ќе поднесеме закон за поништување на пописот. Овој закон кој ќе го поднесеме покрај потписите на пратениците поднесувачи ќе го има кредибилитетот и на над 100 илјади граѓани кои се потпишаа со име и презиме за запирање на пописот“, стои во писмената реакција од Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Маричиќ ја криел информацијата дека Мијалков ќе бегa

Објавено пред

Mинистерот за правда, Бојан Маричиќ, ја криел информацијата дека Мијалков ќе бега и помагал да се реализира планот меѓу Заев и Мијалков, обвинуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Мијалков, кој бил помаган од власта, на крајот со црн владин ‘пасат’ стигнал до ЈО, од каде што правеше циркуз за потребите на Заев и глумеше изненаден. Во режијата на Заев за Мијалков учествувало и ЈО, кое дозволило Мијалков 40 минути по пријавувањето, наместо да оди во куќен притвор, да парадира пред камерите и да го пере Заев“, стои во партиското соопштение.

Според ВМРО-ДПМНЕ, поради ваквиот скандал, или Русковска треба да си даде оставка или Маричиќ да си оди.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Почна процесот на попишување на граѓаните

Објавено пред

Од владејачкиот СДСМ потсетуваат дека процесот на попишување на граѓаните почна, а со учество во пописот, како што додаваат од партијата, „секој граѓанин придонесува за развој и подобра иднина на државата“.

„Почна попишувањето на одделни категории лица како што е предвидено во методологијата и од вчера се попишуваат лицата што за време на пописот се наоѓаат во странство, во служба на Армијата, во казнено-поправни и во воспитно-поправни установи, лицата што се на служба во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија и членовите на нивните семејства што престојуваат со нив, како и бездомните лица“, информираат од СДСМ.

До 21 април ќе се спроведе и самопопишување на дијаспората, што се одвива електронски преку веб-страницата на Дджавниот завод за статистика.

„Пописот е најважната и најголемата статистичка операција со која ќе се обезбедат податоци што ја даваат основата за креирање ефикасни јавни политики со цел создавање услови за економски раст и развој, искоренување на сиромаштијата, зголемување на еднаквоста меѓу граѓаните, рамномерен регионален раст и поголема заштита на животната средина“, велат од СДСМ.

Оценуваат дека обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ оти законот е неевропски и собирањето потписи за наводно одложување на пописот е само лош партиски маркетинг на кој граѓаните не смеат да подлегнат.

Апелираат граѓаните активно да се вклучат во пописот, со што ќе дадат свој личен придонес за подобра иднина на државата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија52 минути

На следниот конгрес СДСМ ќе го смени своето име, согласно Договорот од Преспа

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вели дека името на партијата се уште не е сменето поради пречките кои ги предизвикала...

Регион2 часа

Претседателот на Србија ѝ ги предаде вакцините на БиХ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска, во Сараево, предаде контингент од 5.000 вакцини од компанијата „Астра зенека“, што Србија ѝ ги...

Свет3 часа

Експертите на СЗО против употребата на лекот „хидроксихлорокин“

Лекот „хидроксихлорокин“, за кој поранешниот американски претседател Доналд Трамп тврдеше дека ќе го промени текот на пандемијата, не треба да...

Свет4 часа

Шок-бомби, кациги и импровизирани шлемови на протестите во Мјанмар

Полицијата во Мјанмар активира шок-бомби за да ги растера демонстрантите во Јангон, најголемиот град во Мјанмар. Тие се собраа пред...

Свет15 часа

Кина им забрани на наставниците да ги тепаат и навредуваат учениците

Кина воведе забрана за казнување во училиштата што може да предизвика физичка и психолошка траума, бидејќи неколку ученици починаа во...

Свет15 часа

Навални, Грета Тунберг, СЗО и Трамп номинирани за Нобелова награда за мир

Приближно 329 номинации пристигнаа за Нобеловата награда за мир оваа година, како одраз на бројни горливи прашања низ целиот свет...

Европа18 часа

(Видео) Франција и Германија сега уверуваат дека вакцината на „Астразенека“ е ефикасна

Поради бавниот напредок на вакцинацијата против Ковид-19, со оглед дека има недостиг на вакцини, француските и германските власти се обидуваат...

Свет18 часа

ОН: Русија е одговорна за труењето на Навални

Според меѓународното право, Русија е одговорна за труењето на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, наведуваат во прелиминарните наоди експертите за...

Македонија20 часа

234 нови случаи на Ковид-19 и седуммина починати

Според податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа регистрирани се 234 нови случаи на Ковид-19 од направени...

Македонија22 часа

(Видео) Oрганизаторите на настани протестираа пред Владата: Наместо да пуштаме гласна музика, една година сме тивки

Со мотото „ПОМЕН – една година тишина“, со транспаренти во рацете „Спасете ја ивент-индустријата“, вработените во продукциските компании за организирање...

Македонија22 часа

Од мај почнува реконструкцијата на Универзалната сала, идејното решение е донација од архитектот

Универзалната сала во Скопје ќе биде реконструирана во постојниот облик и габарит задржувајќи го својот автентичен изглед со цел и...

Регион1 ден

Во Хрватска помалку од 100 новозаразени од коронавирус, од денес попуштање на мерките

Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 91 нов случај на зараза со вирусот САРС-КоВ-2, а бројот на активни...

Македонија1 ден

Шекеринска: Можевме да не кажеме дека ни е вратен капарот за кинеската вакцина

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, вели дека, доколку сакале, можеле да скријат дека кинеската компанија за производство на вакцини ни...

Европа1 ден

Германија ги попушта мерките, се отвораат фризерските салони

Фризерите во Германија од денес ги отвораат салоните по двомесечна забрана, што е уште еден претпазлив чекор кон отворање на...

Свет1 ден

„Модерна“ почнува да ја испитува вакцината против јужноафриканскиот вид коронавирус

Испитувањата на вакцината што ја разви лабораторијата на „Модерна“ против јужноафриканскиот вид ќе почнат во средината на март во САД,...

Топ1 ден

Во Струмичко растурена свадба со 300 гости, МВР подготвува кривични пријави

Струмичката полиција на 28 февруари добила дојава по што службеници извршиле контрола во селото Банско, каде што била организирана свадба,...

Свет1 ден

Нетанјаху: Иран е нашиот најголем непријател, јас сум решен да го запрам и ќе удриме во целиот регион

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, денес го обвини Иран дека стои зад експлозијата што се случи минатата недела во израелски...

Македонија1 ден

Почнува попишувањето на иселениците, дипломатите, затворениците и бездомниците

Од денеска почнува првата фаза на пописот, со која ќе бидат опфатени дијаспората, армијата, дипломатските претставништва, бездомниците и затворениците. Попишувањето...

Свет2 дена

(Видео) Израел повторно ја гранатира Сирија

Израел повторно ја гранатира Сирија, соопшти сириската државна агенција. Израел ги гранатира иранските позиции во близина на Дамаск. Како што...

Регион2 дена

Карантин за Подгорица и уште неколку градови во Црна Гора 

Комисијата за заштита на населението од Ковид-19 на предлог на Институтот за јавно здравје, денеска донесе нови мерки. Според нив,...

Досие